وَالْمُرْسَلَاتِ عُرْفًا (1) Се колнам во оние (мелеци) коишто еден по друг се праќаат |
فَالْعَاصِفَاتِ عَصْفًا (2) па како виор итаат |
وَالنَّاشِرَاتِ نَشْرًا (3) и во оние кои објавуваат |
فَالْفَارِقَاتِ فَرْقًا (4) па раздвојуваат |
فَالْمُلْقِيَاتِ ذِكْرًا (5) и Објавата ја доставуваат |
عُذْرًا أَوْ نُذْرًا (6) оправдување или опомена |
إِنَّمَا تُوعَدُونَ لَوَاقِعٌ (7) сигурно ќе биде тоа со што ви се заканува |
فَإِذَا النُّجُومُ طُمِسَتْ (8) Кога ѕвездите сјајот ќе го изгубат |
وَإِذَا السَّمَاءُ فُرِجَتْ (9) и кога небото ќе се отвори |
وَإِذَا الْجِبَالُ نُسِفَتْ (10) и кога планините во прав ќе се здробат |
وَإِذَا الرُّسُلُ أُقِّتَتْ (11) и кога пратениците во одредено време ќе се зберат |
لِأَيِّ يَوْمٍ أُجِّلَتْ (12) „До кој ден е одложено тоа?“ |
لِيَوْمِ الْفَصْلِ (13) „До Судниот ден!“ |
وَمَا أَدْرَاكَ مَا يَوْمُ الْفَصْلِ (14) А знаеш ли ти што е Судниот ден |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (15) Тешко им тој Ден на тие што негираа |
أَلَمْ نُهْلِكِ الْأَوَّلِينَ (16) Зарем Ние не ги уништивме древните народи |
ثُمَّ نُتْبِعُهُمُ الْآخِرِينَ (17) и по нив и оние коишто по нив доаѓаа |
كَذَٰلِكَ نَفْعَلُ بِالْمُجْرِمِينَ (18) Исто така ќе постапуваме со сите грешници |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (19) Тешко им тој Ден на тие што негираа |
أَلَمْ نَخْلُقكُّم مِّن مَّاءٍ مَّهِينٍ (20) Зарем од незначителна течност не ве создаваме |
فَجَعَلْنَاهُ فِي قَرَارٍ مَّكِينٍ (21) која на сигурно место ја ставаме |
إِلَىٰ قَدَرٍ مَّعْلُومٍ (22) до рокот одреден |
فَقَدَرْنَا فَنِعْمَ الْقَادِرُونَ (23) Таква е Нашата моќ; а како ли сме Ние само моќни |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (24) Тешко им тој Ден на тие што негираа |
أَلَمْ نَجْعَلِ الْأَرْضَ كِفَاتًا (25) Зарем не ја направивме Ние Земјата собиралиште |
أَحْيَاءً وَأَمْوَاتًا (26) на живите и мртвите |
وَجَعَلْنَا فِيهَا رَوَاسِيَ شَامِخَاتٍ وَأَسْقَيْنَاكُم مَّاءً فُرَاتًا (27) и на неа неподвижни високи планини поставивме, и зарем не ви даваме Ние слатка вода да пиете |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (28) Тешко им тој Ден на тие што негираа |
انطَلِقُوا إِلَىٰ مَا كُنتُم بِهِ تُكَذِّبُونَ (29) Одете кон тоа што за невистина го сметавте |
انطَلِقُوا إِلَىٰ ظِلٍّ ذِي ثَلَاثِ شُعَبٍ (30) одете кон чадот во три пламена раздвоен |
لَّا ظَلِيلٍ وَلَا يُغْنِي مِنَ اللَّهَبِ (31) кој ладовина нема да дава и кој од пламенот нема да заштитува |
إِنَّهَا تَرْمِي بِشَرَرٍ كَالْقَصْرِ (32) Тој како од кули ќе фрла искри |
كَأَنَّهُ جِمَالَتٌ صُفْرٌ (33) како да се камили жолти |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (34) Тешко им тој Ден на тие што негираа |
هَٰذَا يَوْمُ لَا يَنطِقُونَ (35) Ова е Денот во којшто тие нема ни да прозборат |
وَلَا يُؤْذَنُ لَهُمْ فَيَعْتَذِرُونَ (36) и правдањето нема да им биде дозволено |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (37) Тешко им тој Ден на тие што негираа |
هَٰذَا يَوْمُ الْفَصْلِ ۖ جَمَعْنَاكُمْ وَالْأَوَّلِينَ (38) Ова е Судниот ден, и вас и народите древни ќе ги збереме |
فَإِن كَانَ لَكُمْ كَيْدٌ فَكِيدُونِ (39) па ако знаете со некое лукавство да се послужите, обидете се против Мене |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (40) Тешко им тој Ден на тие што негираа |
إِنَّ الْمُتَّقِينَ فِي ظِلَالٍ وَعُيُونٍ (41) Богобојазните ќе бидат меѓу изворите, и под сенките |
وَفَوَاكِهَ مِمَّا يَشْتَهُونَ (42) и меѓу овошјето кое ќе го сакаат |
كُلُوا وَاشْرَبُوا هَنِيئًا بِمَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ (43) „Јадете и пијте, нека ви е пријатно, за тоа што го правевте.“ |
إِنَّا كَذَٰلِكَ نَجْزِي الْمُحْسِنِينَ (44) Така Ние ќе ги наградиме оние коишто прават добри дела |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (45) Тешко им тој Ден на тие што негираа |
كُلُوا وَتَمَتَّعُوا قَلِيلًا إِنَّكُم مُّجْرِمُونَ (46) „Јадете инасладувајте се, ноза кратко! – вие навистина сте грешници!“ |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (47) Тешко им тој Ден на тие што негираа |
وَإِذَا قِيلَ لَهُمُ ارْكَعُوا لَا يَرْكَعُونَ (48) А кога им се велеше: „Бидете понизни кон Аллах!“ - тие не сакаа да бидат понизни |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (49) Тешко им тој Ден на тие што негираа |
فَبِأَيِّ حَدِيثٍ بَعْدَهُ يُؤْمِنُونَ (50) Па во кој говор ќе веруваат, ако не во Куранот |