The Quran in Macedonian - Surah Assaaffat translated into Macedonian, Surah As-Saaffat in Macedonian. We provide accurate translation of Surah Assaaffat in Macedonian - المقدونية, Verses 182 - Surah Number 37 - Page 446.
وَالصَّافَّاتِ صَفًّا (1) Се колнам во наредените во редови |
فَالزَّاجِرَاتِ زَجْرًا (2) и во тие што одвраќаат |
فَالتَّالِيَاتِ ذِكْرًا (3) и во тие што Опомената ја читаат |
إِنَّ إِلَٰهَكُمْ لَوَاحِدٌ (4) вашиот Бог навистина е Еден |
رَّبُّ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَمَا بَيْنَهُمَا وَرَبُّ الْمَشَارِقِ (5) Господар на небесата и на Земјата и на тоа што е меѓу нив и Господар на истокот |
إِنَّا زَيَّنَّا السَّمَاءَ الدُّنْيَا بِزِينَةٍ الْكَوَاكِبِ (6) Ние најблиското небо до вас со сјајни ѕвезди го украсивме |
وَحِفْظًا مِّن كُلِّ شَيْطَانٍ مَّارِدٍ (7) и го чуваме од секој бунтовен шејтан |
لَّا يَسَّمَّعُونَ إِلَى الْمَلَإِ الْأَعْلَىٰ وَيُقْذَفُونَ مِن كُلِّ جَانِبٍ (8) да не го прислушкува друштвото највисоко; нив од сите страни ги гаѓаат |
دُحُورًا ۖ وَلَهُمْ عَذَابٌ وَاصِبٌ (9) за да ги истераат: нив ги чека страдање непрекидно |
إِلَّا مَنْ خَطِفَ الْخَطْفَةَ فَأَتْبَعَهُ شِهَابٌ ثَاقِبٌ (10) а тој што нешто ќе зграби – огнена светилка ќе го стигне |
فَاسْتَفْتِهِمْ أَهُمْ أَشَدُّ خَلْقًا أَم مَّنْ خَلَقْنَا ۚ إِنَّا خَلَقْنَاهُم مِّن طِينٍ لَّازِبٍ (11) Прашај ги дали е потешко тие да бидат создадени или сето останато што сме го создале? – Нив ги создаваме од леплива глина |
بَلْ عَجِبْتَ وَيَسْخَرُونَ (12) Ти се восхитуваш, а тие се исмејуваат |
وَإِذَا ذُكِّرُوا لَا يَذْكُرُونَ (13) а кога им се упатуваат совети, тие не ги прифаќаат |
وَإِذَا رَأَوْا آيَةً يَسْتَسْخِرُونَ (14) и кога доказот ќе го видат, тие едни со други на исмејување се поттикнуваат |
وَقَالُوا إِنْ هَٰذَا إِلَّا سِحْرٌ مُّبِينٌ (15) и велат: „Ова не е ништо друго, туку вистинска магија |
أَإِذَا مِتْنَا وَكُنَّا تُرَابًا وَعِظَامًا أَإِنَّا لَمَبْعُوثُونَ (16) Зарем кога ќе изумреме и кога коски и земја ќе станеме, зарем ние навистина ќе бидеме оживеани |
أَوَآبَاؤُنَا الْأَوَّلُونَ (17) и нашите предци дамнешни?“ |
قُلْ نَعَمْ وَأَنتُمْ دَاخِرُونَ (18) Кажи: „Да, а ќе бидете и понижени!“ |
فَإِنَّمَا هِيَ زَجْرَةٌ وَاحِدَةٌ فَإِذَا هُمْ يَنظُرُونَ (19) Тоа ќе биде само еден глас и сите одеднаш ќе прогледаат |
وَقَالُوا يَا وَيْلَنَا هَٰذَا يَوْمُ الدِّينِ (20) и ќе речат: „Тешко нам, ова е Судниот ден!“ |
هَٰذَا يَوْمُ الْفَصْلِ الَّذِي كُنتُم بِهِ تُكَذِّبُونَ (21) Да, ова е Денот на судот во кој вие не верувавте |
۞ احْشُرُوا الَّذِينَ ظَلَمُوا وَأَزْوَاجَهُمْ وَمَا كَانُوا يَعْبُدُونَ (22) Соберете ги неверниците и тие што со нив се дружеа и тие коишто ги обожуваа |
مِن دُونِ اللَّهِ فَاهْدُوهُمْ إِلَىٰ صِرَاطِ الْجَحِيمِ (23) покрај Аллах, и покажете им го патот кој води кон џехеннемот |
وَقِفُوهُمْ ۖ إِنَّهُم مَّسْئُولُونَ (24) и сопрете ги. Тие ќе бидат прашани |
مَا لَكُمْ لَا تَنَاصَرُونَ (25) „Што ви е, зошто едни на други не си помогнете?“ |
بَلْ هُمُ الْيَوْمَ مُسْتَسْلِمُونَ (26) Но тој Ден тие сосема ќе се препуштат |
وَأَقْبَلَ بَعْضُهُمْ عَلَىٰ بَعْضٍ يَتَسَاءَلُونَ (27) и едни на други ќе си префрлуваат |
قَالُوا إِنَّكُمْ كُنتُمْ تَأْتُونَنَا عَنِ الْيَمِينِ (28) „Вие нè лажевте.“ |
قَالُوا بَل لَّمْ تَكُونُوا مُؤْمِنِينَ (29) „Не ве лажевме,“ – ќе одговорат – „туку вие не сакавте да верувате |
وَمَا كَانَ لَنَا عَلَيْكُم مِّن سُلْطَانٍ ۖ بَلْ كُنتُمْ قَوْمًا طَاغِينَ (30) а никаква власт над вас немавме, бунтовен народ бевте |
فَحَقَّ عَلَيْنَا قَوْلُ رَبِّنَا ۖ إِنَّا لَذَائِقُونَ (31) и зборот на Господарот наш дека навистина казна ќе искусиме - се исполни над нас |
فَأَغْوَيْنَاكُمْ إِنَّا كُنَّا غَاوِينَ (32) а во заблуда ве повикувавме бидејќи и самите бевме во заблуда.“ |
فَإِنَّهُمْ يَوْمَئِذٍ فِي الْعَذَابِ مُشْتَرِكُونَ (33) И тие тој Ден заедно на мака ќе бидат |
إِنَّا كَذَٰلِكَ نَفْعَلُ بِالْمُجْرِمِينَ (34) бидејќи Ние така ќе постапиме со злосторниците |
إِنَّهُمْ كَانُوا إِذَا قِيلَ لَهُمْ لَا إِلَٰهَ إِلَّا اللَّهُ يَسْتَكْبِرُونَ (35) Кога им се велеше: „Само Аллах е Бог!“ – тие беа вообразени |
وَيَقُولُونَ أَئِنَّا لَتَارِكُو آلِهَتِنَا لِشَاعِرٍ مَّجْنُونٍ (36) и говореа: „Зарем да ги напуштиме божествата наши поради еден луд поет?!“ |
بَلْ جَاءَ بِالْحَقِّ وَصَدَّقَ الْمُرْسَلِينَ (37) А не е така, тој дојде со Вистината и потврдува дека сите пратеници дошле со Вистината |
إِنَّكُمْ لَذَائِقُو الْعَذَابِ الْأَلِيمِ (38) а вие сигурно болно страдање ќе искусите |
وَمَا تُجْزَوْنَ إِلَّا مَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ (39) како сте работеле, така ќе бидете казнети |
إِلَّا عِبَادَ اللَّهِ الْمُخْلَصِينَ (40) А Аллаховите искрени робови |
أُولَٰئِكَ لَهُمْ رِزْقٌ مَّعْلُومٌ (41) посебно снабдување ќе имаат |
فَوَاكِهُ ۖ وَهُم مُّكْرَمُونَ (42) разновидно овошје, и ќе бидат почестени |
فِي جَنَّاتِ النَّعِيمِ (43) во џеннетските градини за насладување |
عَلَىٰ سُرُرٍ مُّتَقَابِلِينَ (44) на диваните, едни кон други |
يُطَافُ عَلَيْهِم بِكَأْسٍ مِّن مَّعِينٍ (45) ќе бидат послужени со пијалак – од изворите кои постојано ќе течат |
بَيْضَاءَ لَذَّةٍ لِّلشَّارِبِينَ (46) бел и пријатен за тие што ќе го пијат |
لَا فِيهَا غَوْلٌ وَلَا هُمْ عَنْهَا يُنزَفُونَ (47) од него нема опиеност да има и од него умот нема да се губи |
وَعِندَهُمْ قَاصِرَاتُ الطَّرْفِ عِينٌ (48) Покрај нив ќе бидат тие што пред себе ќе гледаат, со прекрасни очи |
كَأَنَّهُنَّ بَيْضٌ مَّكْنُونٌ (49) како да се јајца заштитени |
فَأَقْبَلَ بَعْضُهُمْ عَلَىٰ بَعْضٍ يَتَسَاءَلُونَ (50) И тие еден со друг ќе се распрашуваат |
قَالَ قَائِلٌ مِّنْهُمْ إِنِّي كَانَ لِي قَرِينٌ (51) и едниот од нив ќе рече: „Имав еден другар |
يَقُولُ أَإِنَّكَ لَمِنَ الْمُصَدِّقِينَ (52) кој велеше: „Зарем ти веруваш |
أَإِذَا مِتْنَا وَكُنَّا تُرَابًا وَعِظَامًا أَإِنَّا لَمَدِينُونَ (53) дека навистина, кога ќе умреме и кога земја и коски ќе станеме, сметка ќе полагаме?“ |
قَالَ هَلْ أَنتُم مُّطَّلِعُونَ (54) „Сакате ли да погледнете?“ |
فَاطَّلَعَ فَرَآهُ فِي سَوَاءِ الْجَحِيمِ (55) И тој ќе погледне, и него среде џехеннемот ќе го здогледа |
قَالَ تَاللَّهِ إِن كِدتَّ لَتُرْدِينِ (56) „Се колнам во Аллах,“ – ќе рече – „за малку ќе ме упропастеше |
وَلَوْلَا نِعْمَةُ رَبِّي لَكُنتُ مِنَ الْمُحْضَرِينَ (57) да не беше милоста на Господарот мој, и јас сега ќе се мачев.“ |
أَفَمَا نَحْنُ بِمَيِّتِينَ (58) „А ние, нели, веќе нема да умираме |
إِلَّا مَوْتَتَنَا الْأُولَىٰ وَمَا نَحْنُ بِمُعَذَّبِينَ (59) Еднаш умревме – веќе нема да бидеме мачени |
إِنَّ هَٰذَا لَهُوَ الْفَوْزُ الْعَظِيمُ (60) тоа, навистина, голем успех ќе биде!“ |
لِمِثْلِ هَٰذَا فَلْيَعْمَلِ الْعَامِلُونَ (61) За вакво нешто нека се трудат трудбениците |
أَذَٰلِكَ خَيْرٌ نُّزُلًا أَمْ شَجَرَةُ الزَّقُّومِ (62) А дали е подобра таа гозба или дрвото Зеккум |
إِنَّا جَعَلْنَاهَا فِتْنَةً لِّلظَّالِمِينَ (63) кое на насилниците како казна им го одредивме |
إِنَّهَا شَجَرَةٌ تَخْرُجُ فِي أَصْلِ الْجَحِيمِ (64) Тоа е дрво кое расте среде џехеннемот |
طَلْعُهَا كَأَنَّهُ رُءُوسُ الشَّيَاطِينِ (65) плодот му е како главите шејтански |
فَإِنَّهُمْ لَآكِلُونَ مِنْهَا فَمَالِئُونَ مِنْهَا الْبُطُونَ (66) Тие со него ќе се хранат и стомаците свои со него ќе ги полнат |
ثُمَّ إِنَّ لَهُمْ عَلَيْهَا لَشَوْبًا مِّنْ حَمِيمٍ (67) па со зовриена вода тоа ќе им се измеша |
ثُمَّ إِنَّ مَرْجِعَهُمْ لَإِلَى الْجَحِيمِ (68) а потоа, сигурно, пак во џехеннемот ќе се вратат |
إِنَّهُمْ أَلْفَوْا آبَاءَهُمْ ضَالِّينَ (69) Тие татковците свои во заблуда ги затекнаа |
فَهُمْ عَلَىٰ آثَارِهِمْ يُهْرَعُونَ (70) па и тие по стапките нивни продолжија |
وَلَقَدْ ضَلَّ قَبْلَهُمْ أَكْثَرُ الْأَوَّلِينَ (71) А и пред нив повеќето древни народи во заблуда беа |
وَلَقَدْ أَرْسَلْنَا فِيهِم مُّنذِرِينَ (72) иако Ние им ги праќавме тие што ги опоменуваа |
فَانظُرْ كَيْفَ كَانَ عَاقِبَةُ الْمُنذَرِينَ (73) затоа, погледни каков беше крајот на тие што беа опоменати |
إِلَّا عِبَادَ اللَّهِ الْمُخْلَصِينَ (74) не беше така само со Аллаховите искрени робови |
وَلَقَدْ نَادَانَا نُوحٌ فَلَنِعْمَ الْمُجِيبُونَ (75) А кога Нух нè повика, Ние убаво се одѕвивме |
وَنَجَّيْنَاهُ وَأَهْلَهُ مِنَ الْكَرْبِ الْعَظِيمِ (76) него и семејството негово од тешка неволја ги спасивме |
وَجَعَلْنَا ذُرِّيَّتَهُ هُمُ الْبَاقِينَ (77) и само потомците негови во живот ги оставивме |
وَتَرَكْنَا عَلَيْهِ فِي الْآخِرِينَ (78) и кај поколенијата подоцнежни споменот му го сочувавме |
سَلَامٌ عَلَىٰ نُوحٍ فِي الْعَالَمِينَ (79) „Мир за Нух од сите светови!“ |
إِنَّا كَذَٰلِكَ نَجْزِي الْمُحْسِنِينَ (80) Ете, така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела |
إِنَّهُ مِنْ عِبَادِنَا الْمُؤْمِنِينَ (81) тој беше Наш роб, верник |
ثُمَّ أَغْرَقْنَا الْآخَرِينَ (82) а другите потоа ги потопивме |
۞ وَإِنَّ مِن شِيعَتِهِ لَإِبْرَاهِيمَ (83) Со иста вера како него беше и Ибрахим |
إِذْ جَاءَ رَبَّهُ بِقَلْبٍ سَلِيمٍ (84) кога на Господарот свој со искрено срце Му дојде |
إِذْ قَالَ لِأَبِيهِ وَقَوْمِهِ مَاذَا تَعْبُدُونَ (85) кога на таткото свој и на народот свој му рече: „Што обожувате вие |
أَئِفْكًا آلِهَةً دُونَ اللَّهِ تُرِيدُونَ (86) Зарем лажни божества наместо Аллах сакате |
فَمَا ظَنُّكُم بِرَبِّ الْعَالَمِينَ (87) И што мислите за Господарот на световите?“ |
فَنَظَرَ نَظْرَةً فِي النُّجُومِ (88) И тој фрли поглед кон ѕвездите |
فَقَالَ إِنِّي سَقِيمٌ (89) и рече: „Јас сум болен, навистина.“ |
فَتَوَلَّوْا عَنْهُ مُدْبِرِينَ (90) а тие од него, вртејќи му грб, си отидоа |
فَرَاغَ إِلَىٰ آلِهَتِهِمْ فَقَالَ أَلَا تَأْكُلُونَ (91) а тој кај киповите нивни се прикраде, па рече: „Зошто не јадете |
مَا لَكُمْ لَا تَنطِقُونَ (92) Што ви е, зошто не зборувате?“ |
فَرَاغَ عَلَيْهِمْ ضَرْبًا بِالْيَمِينِ (93) И скришно им пријде со десната рака удирајќи ги |
فَأَقْبَلُوا إِلَيْهِ يَزِفُّونَ (94) па народот со трчање му дојде |
قَالَ أَتَعْبُدُونَ مَا تَنْحِتُونَ (95) „Како можете да ги обожувате тие што самите ги резбате?“ – запраша |
وَاللَّهُ خَلَقَكُمْ وَمَا تَعْمَلُونَ (96) кога Аллах ве создава и вас и тоа што го правите?“ |
قَالُوا ابْنُوا لَهُ بُنْيَانًا فَأَلْقُوهُ فِي الْجَحِيمِ (97) „Подгответе за него клада,“ – повикаа – „па во оган фрлете го!“ |
فَأَرَادُوا بِهِ كَيْدًا فَجَعَلْنَاهُمُ الْأَسْفَلِينَ (98) И сакаа да го мачат, но Ние нив ги направивме понижени |
وَقَالَ إِنِّي ذَاهِبٌ إِلَىٰ رَبِّي سَيَهْدِينِ (99) „Одам таму каде што Господарот мој ми нареди.“ – рече - „Тој каде што треба ќе ме упати |
رَبِّ هَبْ لِي مِنَ الصَّالِحِينَ (100) Господару мој, подари ми честито потомство!“ |
فَبَشَّرْنَاهُ بِغُلَامٍ حَلِيمٍ (101) И Ние го израдувавме со момче со благ карактер |
فَلَمَّا بَلَغَ مَعَهُ السَّعْيَ قَالَ يَا بُنَيَّ إِنِّي أَرَىٰ فِي الْمَنَامِ أَنِّي أَذْبَحُكَ فَانظُرْ مَاذَا تَرَىٰ ۚ قَالَ يَا أَبَتِ افْعَلْ مَا تُؤْمَرُ ۖ سَتَجِدُنِي إِن شَاءَ اللَّهُ مِنَ الصَّابِرِينَ (102) И кога тој порасна толку што во работата почна да му помага, Ибрахим рече: „О, синко мој, на сон видов дека треба да те заколам, па што мислиш ти?“ – „О, татко мој,“ - рече – „постапи како што ти се наредува; ќе видиш, ако даде Бог, дека ќе бидам трпелив.“ |
فَلَمَّا أَسْلَمَا وَتَلَّهُ لِلْجَبِينِ (103) И кога двајцата послушаа, и кога тој со челото на земја го положи |
وَنَادَيْنَاهُ أَن يَا إِبْرَاهِيمُ (104) Ние го повикавме: „О, Ибрахиме |
قَدْ صَدَّقْتَ الرُّؤْيَا ۚ إِنَّا كَذَٰلِكَ نَجْزِي الْمُحْسِنِينَ (105) ти сонот свој оствари го; - а Ние вака ги наградуваме тие што прават добри дела |
إِنَّ هَٰذَا لَهُوَ الْبَلَاءُ الْمُبِينُ (106) тоа, навистина, беше очигледно искушение!“ |
وَفَدَيْنَاهُ بِذِبْحٍ عَظِيمٍ (107) Со голем курбан го искупивме |
وَتَرَكْنَا عَلَيْهِ فِي الْآخِرِينَ (108) и кај поколенијата подоцнежни спомен му сочувавме |
سَلَامٌ عَلَىٰ إِبْرَاهِيمَ (109) „Нека е во мир Ибрахим!“ |
كَذَٰلِكَ نَجْزِي الْمُحْسِنِينَ (110) Ете така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела |
إِنَّهُ مِنْ عِبَادِنَا الْمُؤْمِنِينَ (111) а тој, навистина, беше Наш роб, верник |
وَبَشَّرْنَاهُ بِإِسْحَاقَ نَبِيًّا مِّنَ الصَّالِحِينَ (112) и го израдувавме со Исхак, веровесник и човек добар |
وَبَارَكْنَا عَلَيْهِ وَعَلَىٰ إِسْحَاقَ ۚ وَمِن ذُرِّيَّتِهِمَا مُحْسِنٌ وَظَالِمٌ لِّنَفْسِهِ مُبِينٌ (113) и го благословивме и него и Исхак; а меѓу потомците нивни има верници и такви кои на себеси очигледно насилство чинат |
وَلَقَدْ مَنَنَّا عَلَىٰ مُوسَىٰ وَهَارُونَ (114) И на Муса и на Харун благодати им дадовме |
وَنَجَّيْنَاهُمَا وَقَوْمَهُمَا مِنَ الْكَرْبِ الْعَظِيمِ (115) па и нив и народот нивен од неволја голема ги спасивме |
وَنَصَرْنَاهُمْ فَكَانُوا هُمُ الْغَالِبِينَ (116) и им помогнавме и тие беа победници |
وَآتَيْنَاهُمَا الْكِتَابَ الْمُسْتَبِينَ (117) и Книга јасна им дадовме |
وَهَدَيْنَاهُمَا الصِّرَاطَ الْمُسْتَقِيمَ (118) и двајцата на Вистинскиот пат ги упативме |
وَتَرَكْنَا عَلَيْهِمَا فِي الْآخِرِينَ (119) и кај поколенијата подоцнежни спомен им сочувавме |
سَلَامٌ عَلَىٰ مُوسَىٰ وَهَارُونَ (120) „Нека се во мир Муса и Харун!“ |
إِنَّا كَذَٰلِكَ نَجْزِي الْمُحْسِنِينَ (121) Ете така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела |
إِنَّهُمَا مِنْ عِبَادِنَا الْمُؤْمِنِينَ (122) а тие двајца, навистина, беа робови Наши, верници |
وَإِنَّ إِلْيَاسَ لَمِنَ الْمُرْسَلِينَ (123) И Илјас беше Пратеник |
إِذْ قَالَ لِقَوْمِهِ أَلَا تَتَّقُونَ (124) Кога тој му рече на народот свој: „Зар не се плашите |
أَتَدْعُونَ بَعْلًا وَتَذَرُونَ أَحْسَنَ الْخَالِقِينَ (125) Зарем на Бал му се молите, а најубавиот Создател го оставате |
اللَّهَ رَبَّكُمْ وَرَبَّ آبَائِكُمُ الْأَوَّلِينَ (126) Аллах, Господарот свој и Господарот на вашите древни предци?“ |
فَكَذَّبُوهُ فَإِنَّهُمْ لَمُحْضَرُونَ (127) Тие лажливец го нарекоа и затоа, сигурно, сите тие во Огнот ќе бидат фрлени |
إِلَّا عِبَادَ اللَّهِ الْمُخْلَصِينَ (128) но не тие Аллахови робови кои Му беа предани |
وَتَرَكْنَا عَلَيْهِ فِي الْآخِرِينَ (129) И кај поколенијата подоцнежни спомен му сочувавме |
سَلَامٌ عَلَىٰ إِلْ يَاسِينَ (130) „Нека е во мир Илјас!“ |
إِنَّا كَذَٰلِكَ نَجْزِي الْمُحْسِنِينَ (131) Ете така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела |
إِنَّهُ مِنْ عِبَادِنَا الْمُؤْمِنِينَ (132) а тој беше роб Наш, верник |
وَإِنَّ لُوطًا لَّمِنَ الْمُرْسَلِينَ (133) И Лут беше Пратеник |
إِذْ نَجَّيْنَاهُ وَأَهْلَهُ أَجْمَعِينَ (134) Кога Ние него и целото негово семејство го спасивме |
إِلَّا عَجُوزًا فِي الْغَابِرِينَ (135) освен старицата, таа настрада со тие што настрадаа |
ثُمَّ دَمَّرْنَا الْآخَرِينَ (136) а останатите ги уништивме |
وَإِنَّكُمْ لَتَمُرُّونَ عَلَيْهِم مُّصْبِحِينَ (137) и вие покрај населбите нивни поминувате и дење |
وَبِاللَّيْلِ ۗ أَفَلَا تَعْقِلُونَ (138) и ноќе, па зошто не се вразумите |
وَإِنَّ يُونُسَ لَمِنَ الْمُرْسَلِينَ (139) И Јунус беше Пратеник |
إِذْ أَبَقَ إِلَى الْفُلْكِ الْمَشْحُونِ (140) Кога тој избега на бродот преполн |
فَسَاهَمَ فَكَانَ مِنَ الْمُدْحَضِينَ (141) и со нив фрли коцка и коцката падна на него |
فَالْتَقَمَهُ الْحُوتُ وَهُوَ مُلِيمٌ (142) и рибата го проголта, а беше заслужил прекор |
فَلَوْلَا أَنَّهُ كَانَ مِنَ الْمُسَبِّحِينَ (143) и да не беше еден од тие што Аллах Го слават и Го величаат |
لَلَبِثَ فِي بَطْنِهِ إِلَىٰ يَوْمِ يُبْعَثُونَ (144) сигурно ќе останеше во утробата нејзина до Денот на оживувањето |
۞ فَنَبَذْنَاهُ بِالْعَرَاءِ وَهُوَ سَقِيمٌ (145) И Ние го исфрливме на едно пусто место, а тој беше болен |
وَأَنبَتْنَا عَلَيْهِ شَجَرَةً مِّن يَقْطِينٍ (146) и сторивме над него да израсне една тиква |
وَأَرْسَلْنَاهُ إِلَىٰ مِائَةِ أَلْفٍ أَوْ يَزِيدُونَ (147) и го пративме на стотина илјади луѓе, и повеќе |
فَآمَنُوا فَمَتَّعْنَاهُمْ إِلَىٰ حِينٍ (148) и тие поверуваа, и ним им дадовме до рокот одреден да уживаат |
فَاسْتَفْتِهِمْ أَلِرَبِّكَ الْبَنَاتُ وَلَهُمُ الْبَنُونَ (149) А прашај ги: „Зарем за Господарот твој ќерки, а за нив синови |
أَمْ خَلَقْنَا الْمَلَائِكَةَ إِنَاثًا وَهُمْ شَاهِدُونَ (150) зарем во нивно присуство мелеците како жени ги создадовме?“ |
أَلَا إِنَّهُم مِّنْ إِفْكِهِمْ لَيَقُولُونَ (151) Ете, тие, поради тоа што лажат, говорат |
وَلَدَ اللَّهُ وَإِنَّهُمْ لَكَاذِبُونَ (152) „Аллах родил.“ – тие се навистина лажливци |
أَصْطَفَى الْبَنَاتِ عَلَى الْبَنِينَ (153) Зарем ги избра ќерќите пред синовите |
مَا لَكُمْ كَيْفَ تَحْكُمُونَ (154) Што ви е, како така расудувате |
أَفَلَا تَذَكَّرُونَ (155) Зарем нема да се вразумите |
أَمْ لَكُمْ سُلْطَانٌ مُّبِينٌ (156) Или вие можеби имате очигледен доказ |
فَأْتُوا بِكِتَابِكُمْ إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ (157) Донесете ја Книгата своја, ако вистината ја зборувате |
وَجَعَلُوا بَيْنَهُ وَبَيْنَ الْجِنَّةِ نَسَبًا ۚ وَلَقَدْ عَلِمَتِ الْجِنَّةُ إِنَّهُمْ لَمُحْضَرُونَ (158) Многубошците помеѓу Него и џинните сродство воспоставуваат, а џинните одамна знаат дека тие што зборуваат така ќе бидат фрлени во огнот |
سُبْحَانَ اللَّهِ عَمَّا يَصِفُونَ (159) чист е Аллах и далеку е од тоа како што тие Го опишуваат |
إِلَّا عِبَادَ اللَّهِ الْمُخْلَصِينَ (160) Аллаховите искрени робови тоа не го прават |
فَإِنَّكُمْ وَمَا تَعْبُدُونَ (161) Но, ниту вие, со тие што ги обожувате |
مَا أَنتُمْ عَلَيْهِ بِفَاتِنِينَ (162) не можете во врска со нив никого во заблуда да го заведете |
إِلَّا مَنْ هُوَ صَالِ الْجَحِيمِ (163) освен тој што и онака во огнот ќе гори |
وَمَا مِنَّا إِلَّا لَهُ مَقَامٌ مَّعْلُومٌ (164) „Секому од нас местото му е одредено |
وَإِنَّا لَنَحْنُ الصَّافُّونَ (165) ние сме во редови наредени |
وَإِنَّا لَنَحْنُ الْمُسَبِّحُونَ (166) и само Него Го славиме и Го величаме!“ |
وَإِن كَانُوا لَيَقُولُونَ (167) А тие велеа |
لَوْ أَنَّ عِندَنَا ذِكْرًا مِّنَ الْأَوَّلِينَ (168) „Да имавме ние Книга како што имаа претходните народи |
لَكُنَّا عِبَادَ اللَّهِ الْمُخْلَصِينَ (169) сигурно ќе бевме Аллахови искрени робови!“ |
فَكَفَرُوا بِهِ ۖ فَسَوْفَ يَعْلَمُونَ (170) Но, во Куранот не сакаа да поверуваат, и ќе знаат тие |
وَلَقَدْ سَبَقَتْ كَلِمَتُنَا لِعِبَادِنَا الْمُرْسَلِينَ (171) А зборот Наш е веќе претходно кажан на робовите Наши, Пратениците |
إِنَّهُمْ لَهُمُ الْمَنصُورُونَ (172) Тие ќе бидат, навистина, потпомогнати |
وَإِنَّ جُندَنَا لَهُمُ الْغَالِبُونَ (173) и војската Наша сигурно ќе биде победник |
فَتَوَلَّ عَنْهُمْ حَتَّىٰ حِينٍ (174) Затоа тргни се од нив некое време |
وَأَبْصِرْهُمْ فَسَوْفَ يُبْصِرُونَ (175) и набљудувај ги, и тие ќе набљудуваат |
أَفَبِعَذَابِنَا يَسْتَعْجِلُونَ (176) Зарем тие казната Наша да ја избрзуваат |
فَإِذَا نَزَلَ بِسَاحَتِهِمْ فَسَاءَ صَبَاحُ الْمُنذَرِينَ (177) Кога таа ќе ги стигне, лошо утро ќе им осамне на тие што беа опоменати |
وَتَوَلَّ عَنْهُمْ حَتَّىٰ حِينٍ (178) Затоа тргни се од нив некое време |
وَأَبْصِرْ فَسَوْفَ يُبْصِرُونَ (179) и набљудувај, и тие ќе набљудуваат |
سُبْحَانَ رَبِّكَ رَبِّ الْعِزَّةِ عَمَّا يَصِفُونَ (180) Славен е Господарот твој, Господар на достоинството, и високо над тоа што Му го припишуваат тие |
وَسَلَامٌ عَلَى الْمُرْسَلِينَ (181) И нека е селам на Пратениците |
وَالْحَمْدُ لِلَّهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ (182) и благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите |