The Quran in Macedonian - Surah Mutaffifin translated into Macedonian, Surah Al-Mutaffifin in Macedonian. We provide accurate translation of Surah Mutaffifin in Macedonian - المقدونية, Verses 36 - Surah Number 83 - Page 587.
وَيْلٌ لِّلْمُطَفِّفِينَ (1) Тешко им на тие што не мерат чесно |
الَّذِينَ إِذَا اكْتَالُوا عَلَى النَّاسِ يَسْتَوْفُونَ (2) кои полна мерка земаат кога купуваат од други |
وَإِذَا كَالُوهُمْ أَو وَّزَنُوهُمْ يُخْسِرُونَ (3) а кога им мерат на други (на литар или на кантар) – кратат |
أَلَا يَظُنُّ أُولَٰئِكَ أَنَّهُم مَّبْعُوثُونَ (4) Како не помислуваат дека ќе бидат оживеани |
لِيَوْمٍ عَظِيمٍ (5) на Денот голем |
يَوْمَ يَقُومُ النَّاسُ لِرَبِّ الْعَالَمِينَ (6) на Денот кога луѓето поради Господарот на световите ќе се кренат |
كَلَّا إِنَّ كِتَابَ الْفُجَّارِ لَفِي سِجِّينٍ (7) Навистина, книгата на грешниците е во Сиџџин |
وَمَا أَدْرَاكَ مَا سِجِّينٌ (8) А знаеш ли ти што е тоа Сиџџин |
كِتَابٌ مَّرْقُومٌ (9) Книга испишана |
وَيْلٌ يَوْمَئِذٍ لِّلْمُكَذِّبِينَ (10) Тешко им тој Ден на тие коишто негирале |
الَّذِينَ يُكَذِّبُونَ بِيَوْمِ الدِّينِ (11) коишто оној свет го негирале |
وَمَا يُكَذِّبُ بِهِ إِلَّا كُلُّ مُعْتَدٍ أَثِيمٍ (12) а него може да го негира само престапник, грешник |
إِذَا تُتْلَىٰ عَلَيْهِ آيَاتُنَا قَالَ أَسَاطِيرُ الْأَوَّلِينَ (13) кој, кога Нашите ајети му биле кажувани, говорел: „Измислици на народите древни!“ |
كَلَّا ۖ بَلْ ۜ رَانَ عَلَىٰ قُلُوبِهِم مَّا كَانُوا يَكْسِبُونَ (14) А не е така! Тоа што го правеле ги прекрило срцата нивни |
كَلَّا إِنَّهُمْ عَن رَّبِّهِمْ يَوْمَئِذٍ لَّمَحْجُوبُونَ (15) Навистина, тој Ден тие ќе бидат тргнати од милоста на својот Господар |
ثُمَّ إِنَّهُمْ لَصَالُو الْجَحِيمِ (16) потоа сигурно ќе влезат во огнот |
ثُمَّ يُقَالُ هَٰذَا الَّذِي كُنتُم بِهِ تُكَذِّبُونَ (17) па ќе им се рече: „Еве, ова е тоа што го негиравте!“ |
كَلَّا إِنَّ كِتَابَ الْأَبْرَارِ لَفِي عِلِّيِّينَ (18) Навистина, книгата на добродетелите е во Иллијјун |
وَمَا أَدْرَاكَ مَا عِلِّيُّونَ (19) А знаеш ли ти што е тоа Иллијјун |
كِتَابٌ مَّرْقُومٌ (20) Книга испишана |
يَشْهَدُهُ الْمُقَرَّبُونَ (21) Над неа бдеат оние блиските на Аллах |
إِنَّ الْأَبْرَارَ لَفِي نَعِيمٍ (22) Добрите, навистина, во задоволства ќе бидат |
عَلَى الْأَرَائِكِ يَنظُرُونَ (23) од диваните ќе гледаат |
تَعْرِفُ فِي وُجُوهِهِمْ نَضْرَةَ النَّعِيمِ (24) на лицата нивни ќе препознаеш радост од среќниот живот |
يُسْقَوْنَ مِن رَّحِيقٍ مَّخْتُومٍ (25) ќе им се даде, па пијалак запечатен ќе пијат |
خِتَامُهُ مِسْكٌ ۚ وَفِي ذَٰلِكَ فَلْيَتَنَافَسِ الْمُتَنَافِسُونَ (26) чиј печат мошусот ќе биде – и за тоа нека се натпреваруваат оние коишто сакаат да се натпреваруваат |
وَمِزَاجُهُ مِن تَسْنِيمٍ (27) Ќе биде помешан со водата од Тесним |
عَيْنًا يَشْرَبُ بِهَا الْمُقَرَّبُونَ (28) од изворот од којшто блиските на Аллах ќе пијат |
إِنَّ الَّذِينَ أَجْرَمُوا كَانُوا مِنَ الَّذِينَ آمَنُوا يَضْحَكُونَ (29) Грешниците им се смеат на тие што веруваат |
وَإِذَا مَرُّوا بِهِمْ يَتَغَامَزُونَ (30) Кога крај нив поминуваат, едни на други си намигнуваат |
وَإِذَا انقَلَبُوا إِلَىٰ أَهْلِهِمُ انقَلَبُوا فَكِهِينَ (31) а кога кај семејствата свои се враќаат, правејќи шеги се враќаат |
وَإِذَا رَأَوْهُمْ قَالُوا إِنَّ هَٰؤُلَاءِ لَضَالُّونَ (32) кога ќе ги видат, тогаш велат: „Овие навистина заталкале!“ |
وَمَا أُرْسِلُوا عَلَيْهِمْ حَافِظِينَ (33) а тие не се пратени да ги чуваат |
فَالْيَوْمَ الَّذِينَ آمَنُوا مِنَ الْكُفَّارِ يَضْحَكُونَ (34) Денес, тие што веруваа, на неверниците ќе им се потсмеваат |
عَلَى الْأَرَائِكِ يَنظُرُونَ (35) од диваните ќе гледаат |
هَلْ ثُوِّبَ الْكُفَّارُ مَا كَانُوا يَفْعَلُونَ (36) Зарем неверниците ќе бидат казнети поинаку, освен според тоа како што постапувале |