إِذَا السَّمَاءُ انفَطَرَتْ (1) Кога небото ќе се расцепи |
وَإِذَا الْكَوَاكِبُ انتَثَرَتْ (2) и кога ѕвездите ќе испопаѓаат |
وَإِذَا الْبِحَارُ فُجِّرَتْ (3) и кога морињата едни во други ќе се влеат |
وَإِذَا الْقُبُورُ بُعْثِرَتْ (4) и кога гробовите ќе се испревртат |
عَلِمَتْ نَفْسٌ مَّا قَدَّمَتْ وَأَخَّرَتْ (5) секој ќе дознае што подготвил, а што пропуштил |
يَا أَيُّهَا الْإِنسَانُ مَا غَرَّكَ بِرَبِّكَ الْكَرِيمِ (6) О, човеку, што те измами толку та си Му непокорен на својот Благороден Господар |
الَّذِي خَلَقَكَ فَسَوَّاكَ فَعَدَلَكَ (7) Кој те создал – та направил да си складен и да си исправен |
فِي أَيِّ صُورَةٍ مَّا شَاءَ رَكَّبَكَ (8) и каков што сакал лик ти дал |
كَلَّا بَلْ تُكَذِّبُونَ بِالدِّينِ (9) А не чини така! Вие во Судниот ден не верувате |
وَإِنَّ عَلَيْكُمْ لَحَافِظِينَ (10) а над вас бдеат чувари |
كِرَامًا كَاتِبِينَ (11) кај Нас благородни писари |
يَعْلَمُونَ مَا تَفْعَلُونَ (12) кои знаат што правите |
إِنَّ الْأَبْرَارَ لَفِي نَعِيمٍ (13) Честитите сигурно ќе бидат во џеннетот |
وَإِنَّ الْفُجَّارَ لَفِي جَحِيمٍ (14) а грешниците сигурно во џехеннемот |
يَصْلَوْنَهَا يَوْمَ الدِّينِ (15) на Судниот ден во него ќе горат |
وَمَا هُمْ عَنْهَا بِغَائِبِينَ (16) и веќе од него изведени нема да бидат |
وَمَا أَدْرَاكَ مَا يَوْمُ الدِّينِ (17) А знаеш ли ти што е Судниот ден |
ثُمَّ مَا أَدْرَاكَ مَا يَوْمُ الدِّينِ (18) И уште еднаш: Знаеш ли ти што е Судниот ден |
يَوْمَ لَا تَمْلِكُ نَفْسٌ لِّنَفْسٍ شَيْئًا ۖ وَالْأَمْرُ يَوْمَئِذٍ لِّلَّهِ (19) Денот кога никој никому нема да може ни малку да му помогне, тој Ден власта единствено Аллах ќе ја има |