وَاللَّيْلِ إِذَا يَغْشَىٰ (1) Се колнам во ноќта кога темнините ги распостила |
وَالنَّهَارِ إِذَا تَجَلَّىٰ (2) и во денот кога ќе се раздени |
وَمَا خَلَقَ الذَّكَرَ وَالْأُنثَىٰ (3) и во Тој што машко и женско создава |
إِنَّ سَعْيَكُمْ لَشَتَّىٰ (4) вашиот труд навистина е различен |
فَأَمَّا مَنْ أَعْطَىٰ وَاتَّقَىٰ (5) На тој што дава и што не греши |
وَصَدَّقَ بِالْحُسْنَىٰ (6) и тоа најубавото што го смета за вистинито |
فَسَنُيَسِّرُهُ لِلْيُسْرَىٰ (7) нему џеннет ќе му подготвиме |
وَأَمَّا مَن بَخِلَ وَاسْتَغْنَىٰ (8) а на тој што е скржав и се чувствува независен |
وَكَذَّبَ بِالْحُسْنَىٰ (9) и тоа најубавото што го смета за лажно |
فَسَنُيَسِّرُهُ لِلْعُسْرَىٰ (10) нему џехеннемот ќе му го подготвиме |
وَمَا يُغْنِي عَنْهُ مَالُهُ إِذَا تَرَدَّىٰ (11) и имотот, кога ќе умре, нема да му користи |
إِنَّ عَلَيْنَا لَلْهُدَىٰ (12) Ние сме должни да укажеме на Вистинскиот пат |
وَإِنَّ لَنَا لَلْآخِرَةَ وَالْأُولَىٰ (13) и единствено Нам ни припаѓаат оној и овој свет |
فَأَنذَرْتُكُمْ نَارًا تَلَظَّىٰ (14) Затоа ве опоменувам со огнот распален |
لَا يَصْلَاهَا إِلَّا الْأَشْقَى (15) во којшто само несреќникот ќе влезе |
الَّذِي كَذَّبَ وَتَوَلَّىٰ (16) тој што ќе негира и главата од вистината ќе ја врти |
وَسَيُجَنَّبُهَا الْأَتْقَى (17) А далеку од него ќе биде богобојазниот |
الَّذِي يُؤْتِي مَالَهُ يَتَزَكَّىٰ (18) тој што од имотот свој ќе дава, за да се исчисти |
وَمَا لِأَحَدٍ عِندَهُ مِن نِّعْمَةٍ تُجْزَىٰ (19) не очекувајќи со благодарност да му се возврати |
إِلَّا ابْتِغَاءَ وَجْهِ رَبِّهِ الْأَعْلَىٰ (20) туку единствено копнеејќи по Лицето на Господарот свој Севишен |
وَلَسَوْفَ يَرْضَىٰ (21) и тој навистина задоволен ќе биде |