وَالنَّازِعَاتِ غَرْقًا (1) Се колнам во тие238 што (душите ги) корнат грубо |
وَالنَّاشِطَاتِ نَشْطًا (2) и во тие што (душите ги) вадат благо |
وَالسَّابِحَاتِ سَبْحًا (3) и во тие што пловат брзо |
فَالسَّابِقَاتِ سَبْقًا (4) па душите во одредиштата итајќи ги носат |
فَالْمُدَبِّرَاتِ أَمْرًا (5) и ги средуваат работите (со Аллахова дозвола) |
يَوْمَ تَرْجُفُ الرَّاجِفَةُ (6) На Денот кога Земјата (со звукот на рогот) ќе се затресе |
تَتْبَعُهَا الرَّادِفَةُ (7) по кој ќе се чуе следниот |
قُلُوبٌ يَوْمَئِذٍ وَاجِفَةٌ (8) срцата тој ден ќе бидат исплашени |
أَبْصَارُهَا خَاشِعَةٌ (9) а погледите нивни спуштени |
يَقُولُونَ أَإِنَّا لَمَرْدُودُونَ فِي الْحَافِرَةِ (10) Ќе прашуваат: „Зарем навистина ќе бидеме вратени во првобитната состојба |
أَإِذَا كُنَّا عِظَامًا نَّخِرَةً (11) Зарем и кога изгниени коски ќе станеме?“ |
قَالُوا تِلْكَ إِذًا كَرَّةٌ خَاسِرَةٌ (12) И уште велат: „Е, тогаш ние би биле изгубени!“ |
فَإِنَّمَا هِيَ زَجْرَةٌ وَاحِدَةٌ (13) Тоа ќе биде само еден повик |
فَإِذَا هُم بِالسَّاهِرَةِ (14) а тие веќе на површината на Земјата ќе бидат |
هَلْ أَتَاكَ حَدِيثُ مُوسَىٰ (15) Дали до тебе допре веста за Муса |
إِذْ نَادَاهُ رَبُّهُ بِالْوَادِ الْمُقَدَّسِ طُوًى (16) кога Господарот негов го повика во светата долина Тува |
اذْهَبْ إِلَىٰ فِرْعَوْنَ إِنَّهُ طَغَىٰ (17) „Оди кај фараонот, затоа што голем насилник станал |
فَقُلْ هَل لَّكَ إِلَىٰ أَن تَزَكَّىٰ (18) и кажи му: ,Дали сакаш да се очистиш |
وَأَهْدِيَكَ إِلَىٰ رَبِّكَ فَتَخْشَىٰ (19) кон Господарот твој да те упатам, па да се плашиш од Него?‘“ |
فَأَرَاهُ الْآيَةَ الْكُبْرَىٰ (20) И тогаш најголемото чудо му го покажа |
فَكَذَّبَ وَعَصَىٰ (21) но тој го негираше и не го послуша |
ثُمَّ أَدْبَرَ يَسْعَىٰ (22) туку се сврте и си замина брзајќи |
فَحَشَرَ فَنَادَىٰ (23) се собра и извика |
فَقَالَ أَنَا رَبُّكُمُ الْأَعْلَىٰ (24) „Јас сум господарот ваш најголем!“ – рече тој |
فَأَخَذَهُ اللَّهُ نَكَالَ الْآخِرَةِ وَالْأُولَىٰ (25) и Аллах на овој и на оној свет го казни |
إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَعِبْرَةً لِّمَن يَخْشَىٰ (26) Тоа е поука за тој што од Аллах ќе се плаши |
أَأَنتُمْ أَشَدُّ خَلْقًا أَمِ السَّمَاءُ ۚ بَنَاهَا (27) А што е потешко: вас или небото да го создаде? Тој го создаде |
رَفَعَ سَمْكَهَا فَسَوَّاهَا (28) сводот негов високо го крена и го усоврши |
وَأَغْطَشَ لَيْلَهَا وَأَخْرَجَ ضُحَاهَا (29) ноќите негови мрачни, а деновите светли ги направи |
وَالْأَرْضَ بَعْدَ ذَٰلِكَ دَحَاهَا (30) Потоа Земјата ја распростре |
أَخْرَجَ مِنْهَا مَاءَهَا وَمَرْعَاهَا (31) од неа вода и пасишта изведе |
وَالْجِبَالَ أَرْسَاهَا (32) и планините неподвижни ги направи |
مَتَاعًا لَّكُمْ وَلِأَنْعَامِكُمْ (33) за уживање ваше и за стоката ваша |
فَإِذَا جَاءَتِ الطَّامَّةُ الْكُبْرَىٰ (34) А кога ќе дојде најголемата неволја |
يَوْمَ يَتَذَكَّرُ الْإِنسَانُ مَا سَعَىٰ (35) Денот кога човек ќе се сеќава на тоа што го правел |
وَبُرِّزَتِ الْجَحِيمُ لِمَن يَرَىٰ (36) и кога џехеннемот на секој што гледа ќе му се покаже |
فَأَمَّا مَن طَغَىٰ (37) тогаш на тој што претерал |
وَآثَرَ الْحَيَاةَ الدُّنْيَا (38) и животот на овој свет повеќе го сакал |
فَإِنَّ الْجَحِيمَ هِيَ الْمَأْوَىٰ (39) џехеннемот сигурно ќе му стане престојувалиште |
وَأَمَّا مَنْ خَافَ مَقَامَ رَبِّهِ وَنَهَى النَّفْسَ عَنِ الْهَوَىٰ (40) А на тој што стравувал од стоењето пред Господарот свој и душата од страстите ја воздржал |
فَإِنَّ الْجَنَّةَ هِيَ الْمَأْوَىٰ (41) џеннетот сигурно живеалиште ќе му биде |
يَسْأَلُونَكَ عَنِ السَّاعَةِ أَيَّانَ مُرْسَاهَا (42) Те прашуваат за Крајот на светот: „Кога ќе се случи?“ |
فِيمَ أَنتَ مِن ذِكْرَاهَا (43) Ти не знаеш, па како да зборуваш за него |
إِلَىٰ رَبِّكَ مُنتَهَاهَا (44) само Господарот твој знае за него |
إِنَّمَا أَنتَ مُنذِرُ مَن يَخْشَاهَا (45) Твојата опомена ќе му користи само на тој што ќе се плаши од него |
كَأَنَّهُمْ يَوْمَ يَرَوْنَهَا لَمْ يَلْبَثُوا إِلَّا عَشِيَّةً أَوْ ضُحَاهَا (46) а ним, кога ќе го доживеат тој Ден, ќе им се пристори дека останале само една вечер или само едно утро нејзино |