وَالذَّارِيَاتِ ذَرْوًا (1) Се колнам во тие ветрови што креваат прашина |
فَالْحَامِلَاتِ وِقْرًا (2) и тие што носат товар |
فَالْجَارِيَاتِ يُسْرًا (3) и во тие што лесно пловат |
فَالْمُقَسِّمَاتِ أَمْرًا (4) и во тие што наредбите ги спроведуваат |
إِنَّمَا تُوعَدُونَ لَصَادِقٌ (5) Вистина е тоа што ви се ветува |
وَإِنَّ الدِّينَ لَوَاقِعٌ (6) Наградата и казната сигурно ќе бидат |
وَالسَّمَاءِ ذَاتِ الْحُبُكِ (7) Се колнам во небото со складна убавина |
إِنَّكُمْ لَفِي قَوْلٍ مُّخْتَلِفٍ (8) вие нееднакво зборувате |
يُؤْفَكُ عَنْهُ مَنْ أُفِكَ (9) Од Него се одвраќа тој за којшто се знаело дека ќе се одврати |
قُتِلَ الْخَرَّاصُونَ (10) Проклети нека бидат лажливците |
الَّذِينَ هُمْ فِي غَمْرَةٍ سَاهُونَ (11) кои потонаа во неверување, рамнодушни |
يَسْأَلُونَ أَيَّانَ يَوْمُ الدِّينِ (12) Тие прашуваат: „Кога е Судниот ден?“ |
يَوْمَ هُمْ عَلَى النَّارِ يُفْتَنُونَ (13) Тој Ден кога во огнот ќе се пржат |
ذُوقُوا فِتْنَتَكُمْ هَٰذَا الَّذِي كُنتُم بِهِ تَسْتَعْجِلُونَ (14) „Искусете ја казната своја – тоа е она што го избрзувавте!“ |
إِنَّ الْمُتَّقِينَ فِي جَنَّاتٍ وَعُيُونٍ (15) Тие кои од Аллах се плашеа – во џеннетските градини, меѓу изворите ќе живеат |
آخِذِينَ مَا آتَاهُمْ رَبُّهُمْ ۚ إِنَّهُمْ كَانُوا قَبْلَ ذَٰلِكَ مُحْسِنِينَ (16) Ќе го примаат тоа што Господарот нивен ќе им го дарува, бидејќи тие, пред тоа, правеле добри дела |
كَانُوا قَلِيلًا مِّنَ اللَّيْلِ مَا يَهْجَعُونَ (17) ноќе само малку спиеја |
وَبِالْأَسْحَارِ هُمْ يَسْتَغْفِرُونَ (18) и во мугрите прошка за гревовите молеа |
وَفِي أَمْوَالِهِمْ حَقٌّ لِّلسَّائِلِ وَالْمَحْرُومِ (19) а во богатствата нивни имаше дел и за тој што проси и за тој што е ускратен |
وَفِي الْأَرْضِ آيَاتٌ لِّلْمُوقِنِينَ (20) На Земјата има докази за тие што цврсто веруваат |
وَفِي أَنفُسِكُمْ ۚ أَفَلَا تُبْصِرُونَ (21) а и во вас самите – зарем не гледате |
وَفِي السَّمَاءِ رِزْقُكُمْ وَمَا تُوعَدُونَ (22) А на небото е снабдувањето ваше и тоа што ви се ветува |
فَوَرَبِّ السَّمَاءِ وَالْأَرْضِ إِنَّهُ لَحَقٌّ مِّثْلَ مَا أَنَّكُمْ تَنطِقُونَ (23) исеколнам во Господарот нанеботои Земјата дека тоае вистина, како што е вистина тоа дека зборувате |
هَلْ أَتَاكَ حَدِيثُ ضَيْفِ إِبْرَاهِيمَ الْمُكْرَمِينَ (24) Дали до тебе допре веста за почестените гости на Ибрахим |
إِذْ دَخَلُوا عَلَيْهِ فَقَالُوا سَلَامًا ۖ قَالَ سَلَامٌ قَوْمٌ مُّنكَرُونَ (25) Кога му дојдоа и му рекоа: „Мир со вас!“, и тој рече: „Мир со вас, луѓе непознати!“ |
فَرَاغَ إِلَىٰ أَهْلِهِ فَجَاءَ بِعِجْلٍ سَمِينٍ (26) И тој незабележливо отиде кај домашните свои и донесе испечено теле |
فَقَرَّبَهُ إِلَيْهِمْ قَالَ أَلَا تَأْكُلُونَ (27) И им го приближи: „Зарем не сакате да јадете?“ – запраша |
فَأَوْجَسَ مِنْهُمْ خِيفَةً ۖ قَالُوا لَا تَخَفْ ۖ وَبَشَّرُوهُ بِغُلَامٍ عَلِيمٍ (28) чувствувајќи во душата страв од нив. „Не плаши се!“ – рекоа, и го израдуваа со момче кое ќе биде учено |
فَأَقْبَلَتِ امْرَأَتُهُ فِي صَرَّةٍ فَصَكَّتْ وَجْهَهَا وَقَالَتْ عَجُوزٌ عَقِيمٌ (29) И се појави жената негова викајќи и по лицето удирајќи се: „Зарем јас стара, неротка?!“ |
قَالُوا كَذَٰلِكِ قَالَ رَبُّكِ ۖ إِنَّهُ هُوَ الْحَكِيمُ الْعَلِيمُ (30) „Така одреди Господарот твој“ – рекоа тие – „Тој е Мудар и Сезнаен.“ |
۞ قَالَ فَمَا خَطْبُكُمْ أَيُّهَا الْمُرْسَلُونَ (31) „А што имате да кажете о, гласници?“ – праша Ибрахим |
قَالُوا إِنَّا أُرْسِلْنَا إِلَىٰ قَوْمٍ مُّجْرِمِينَ (32) „Пратени сме кај злосторничкиот народ“ – рекоа |
لِنُرْسِلَ عَلَيْهِمْ حِجَارَةً مِّن طِينٍ (33) „да истуриме врз нив грутки од глина |
مُّسَوَّمَةً عِندَ رَبِّكَ لِلْمُسْرِفِينَ (34) обележано кај Господарот твој за тие што во развратот секоја мерка ја преминале.“ |
فَأَخْرَجْنَا مَن كَانَ فِيهَا مِنَ الْمُؤْمِنِينَ (35) И Ние од него ги изведовме верниците |
فَمَا وَجَدْنَا فِيهَا غَيْرَ بَيْتٍ مِّنَ الْمُسْلِمِينَ (36) а во него само една муслиманска куќа најдовме |
وَتَرَكْنَا فِيهَا آيَةً لِّلَّذِينَ يَخَافُونَ الْعَذَابَ الْأَلِيمَ (37) и во него оставивме знак за сите што од страдањето неиздржливо се плашат |
وَفِي مُوسَىٰ إِذْ أَرْسَلْنَاهُ إِلَىٰ فِرْعَوْنَ بِسُلْطَانٍ مُّبِينٍ (38) Иво Мусаовото случување има поука. Кога кај фараонот соочигледен доказ го пративме |
فَتَوَلَّىٰ بِرُكْنِهِ وَقَالَ سَاحِرٌ أَوْ مَجْنُونٌ (39) а тој, потпирајќи се на моќта своја, ја сврте главата и рече: „Маѓепсник е или е луд!“ |
فَأَخَذْنَاهُ وَجُنُودَهُ فَنَبَذْنَاهُمْ فِي الْيَمِّ وَهُوَ مُلِيمٌ (40) И Ние и него и војската негова ги фативме, па во море ги фрливме, бидејќи осудата ја заслужи |
وَفِي عَادٍ إِذْ أَرْسَلْنَا عَلَيْهِمُ الرِّيحَ الْعَقِيمَ (41) И во Адовото случување има поука, кога на нив пративме ветер во кој немаше никакво добро |
مَا تَذَرُ مِن شَيْءٍ أَتَتْ عَلَيْهِ إِلَّا جَعَلَتْهُ كَالرَّمِيمِ (42) Покрај штои да поминеше, ништо непоштеди, сè во гнилеж претвори |
وَفِي ثَمُودَ إِذْ قِيلَ لَهُمْ تَمَتَّعُوا حَتَّىٰ حِينٍ (43) И во Семудовото случување има поука, кога им беше кажано: „Уживајте уште извесно време!“ |
فَعَتَوْا عَنْ أَمْرِ رَبِّهِمْ فَأَخَذَتْهُمُ الصَّاعِقَةُ وَهُمْ يَنظُرُونَ (44) И тие беа глуви на наредбата на Господарот свој, па ги уништи страшен глас, а тие само гледаа |
فَمَا اسْتَطَاعُوا مِن قِيَامٍ وَمَا كَانُوا مُنتَصِرِينَ (45) и не можеа ниту да станат, ниту од казната да се одбранат |
وَقَوْمَ نُوحٍ مِّن قَبْلُ ۖ إِنَّهُمْ كَانُوا قَوْمًا فَاسِقِينَ (46) И претходно го уништивме Нуховиот народ; тоа навистина беше развратен народ |
وَالسَّمَاءَ بَنَيْنَاهَا بِأَيْدٍ وَإِنَّا لَمُوسِعُونَ (47) Ние небото со моќта Своја го создадовме, и Ние навистина го прошируваме |
وَالْأَرْضَ فَرَشْنَاهَا فَنِعْمَ الْمَاهِدُونَ (48) и Земјата ја раширивме – толку Сме прекрасни Ние што ја раширивме |
وَمِن كُلِّ شَيْءٍ خَلَقْنَا زَوْجَيْنِ لَعَلَّكُمْ تَذَكَّرُونَ (49) И од сè по пар создаваме за да бидете опоменати |
فَفِرُّوا إِلَى اللَّهِ ۖ إِنِّي لَكُم مِّنْهُ نَذِيرٌ مُّبِينٌ (50) „Затоа побрзајте кон Аллах, јас сум ви од Него опоменувач јасен |
وَلَا تَجْعَلُوا مَعَ اللَّهِ إِلَٰهًا آخَرَ ۖ إِنِّي لَكُم مِّنْهُ نَذِيرٌ مُّبِينٌ (51) И не прифаќајте друг бог покрај Аллах, јас сум ви од Него опоменувач јасен! “ |
كَذَٰلِكَ مَا أَتَى الَّذِينَ مِن قَبْلِهِم مِّن رَّسُولٍ إِلَّا قَالُوا سَاحِرٌ أَوْ مَجْنُونٌ (52) А така беше, ниту на тие пред овие не им дојде ниту еден Пратеник, а да не речeа: „Маѓепсник е!“ или „Луд е!“ |
أَتَوَاصَوْا بِهِ ۚ بَلْ هُمْ قَوْمٌ طَاغُونَ (53) Зарем тоа во аманет го оставале едни на други? Не, туку тие се луѓе кои во злото секоја мерка ја преминале |
فَتَوَلَّ عَنْهُمْ فَمَا أَنتَ بِمَلُومٍ (54) Ти сврти се од нив, нема прекорен да бидеш |
وَذَكِّرْ فَإِنَّ الذِّكْرَىٰ تَنفَعُ الْمُؤْمِنِينَ (55) Опоменувај! Опомената на верниците навистина ќе им користи |
وَمَا خَلَقْتُ الْجِنَّ وَالْإِنسَ إِلَّا لِيَعْبُدُونِ (56) Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат |
مَا أُرِيدُ مِنْهُم مِّن رِّزْقٍ وَمَا أُرِيدُ أَن يُطْعِمُونِ (57) Јас не барам снабдување од нив, ниту сакам да Ме хранат |
إِنَّ اللَّهَ هُوَ الرَّزَّاقُ ذُو الْقُوَّةِ الْمَتِينُ (58) Снабдувач е само Аллах, Моќниот и Силниот |
فَإِنَّ لِلَّذِينَ ظَلَمُوا ذَنُوبًا مِّثْلَ ذَنُوبِ أَصْحَابِهِمْ فَلَا يَسْتَعْجِلُونِ (59) А злосторниците ќе ги стигне слична казна како што ги стигна тие што беа како нив, и нека не Ме избрзуваат |
فَوَيْلٌ لِّلَّذِينَ كَفَرُوا مِن يَوْمِهِمُ الَّذِي يُوعَدُونَ (60) бидејќи, тешко на неверниците од Денот кој им се заканува |