×

Surah Muhammad in Macedonian

Quran Macedonian ⮕ Surah Muhammad

Translation of the Meanings of Surah Muhammad in Macedonian - المقدونية

The Quran in Macedonian - Surah Muhammad translated into Macedonian, Surah Muhammad in Macedonian. We provide accurate translation of Surah Muhammad in Macedonian - المقدونية, Verses 38 - Surah Number 47 - Page 507.

بسم الله الرحمن الرحيم

الَّذِينَ كَفَرُوا وَصَدُّوا عَن سَبِيلِ اللَّهِ أَضَلَّ أَعْمَالَهُمْ (1)
Аллах ќе ги поништи делата на тие што не веруваат и од патот Негов што одвраќаат
وَالَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ وَآمَنُوا بِمَا نُزِّلَ عَلَىٰ مُحَمَّدٍ وَهُوَ الْحَقُّ مِن رَّبِّهِمْ ۙ كَفَّرَ عَنْهُمْ سَيِّئَاتِهِمْ وَأَصْلَحَ بَالَهُمْ (2)
А на тие што веруваат и што прават добри дела и што веруваат во тоа што му се објавува на Мухаммед – а тоа е Вистината од нивниот Господар – Тој преку нивните лоши постапки ќе мине и состојбите нивни ќе ги подобри
ذَٰلِكَ بِأَنَّ الَّذِينَ كَفَرُوا اتَّبَعُوا الْبَاطِلَ وَأَنَّ الَّذِينَ آمَنُوا اتَّبَعُوا الْحَقَّ مِن رَّبِّهِمْ ۚ كَذَٰلِكَ يَضْرِبُ اللَّهُ لِلنَّاسِ أَمْثَالَهُمْ (3)
затоа што неверниците ја следат невистината, а верниците ја следат Вистината од својот Господар. Така Аллах на луѓето им ги наведува нивните примери
فَإِذَا لَقِيتُمُ الَّذِينَ كَفَرُوا فَضَرْبَ الرِّقَابِ حَتَّىٰ إِذَا أَثْخَنتُمُوهُمْ فَشُدُّوا الْوَثَاقَ فَإِمَّا مَنًّا بَعْدُ وَإِمَّا فِدَاءً حَتَّىٰ تَضَعَ الْحَرْبُ أَوْزَارَهَا ۚ ذَٰلِكَ وَلَوْ يَشَاءُ اللَّهُ لَانتَصَرَ مِنْهُمْ وَلَٰكِن لِّيَبْلُوَ بَعْضَكُم بِبَعْضٍ ۗ وَالَّذِينَ قُتِلُوا فِي سَبِيلِ اللَّهِ فَلَن يُضِلَّ أَعْمَالَهُمْ (4)
Когасоневерниците воборба ќесе сретнете, по вратовите удрете ги сè додека не ги ослабнете, и тогаш врзете ги, а потоа, или великодушно ослободете ги од заробеништво или барајте откупнина, сè додека не престане борбата. Така направете! Дасака Аллах, Тој сам ќе ги совлада, но Тој сака да ве искуша едните со помош на другите. Тој нема да ги поништи делата на тие што ќе загинат на Аллаховиот пат
سَيَهْدِيهِمْ وَيُصْلِحُ بَالَهُمْ (5)
и Тој, сигурно, ќе ги упати и состојбите нивни ќе ги подобри
وَيُدْخِلُهُمُ الْجَنَّةَ عَرَّفَهَا لَهُمْ (6)
и во џеннетот ќе ги воведе, со којшто веќе ги запознал
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا إِن تَنصُرُوا اللَّهَ يَنصُرْكُمْ وَيُثَبِّتْ أَقْدَامَكُمْ (7)
О, верници, ако Го помогнете Аллах, и Тој вам ќе ви помогне и чекорите ваши ќе ги зацврсти
وَالَّذِينَ كَفَرُوا فَتَعْسًا لَّهُمْ وَأَضَلَّ أَعْمَالَهُمْ (8)
А тие што не веруваат – пропаст за нив! Тој нема делата нивни да ги прифати
ذَٰلِكَ بِأَنَّهُمْ كَرِهُوا مَا أَنزَلَ اللَّهُ فَأَحْبَطَ أَعْمَالَهُمْ (9)
затоа што не го сакаат тоа што Аллах го објавува, и Тој делата нивни ќе ги поништи
۞ أَفَلَمْ يَسِيرُوا فِي الْأَرْضِ فَيَنظُرُوا كَيْفَ كَانَ عَاقِبَةُ الَّذِينَ مِن قَبْلِهِمْ ۚ دَمَّرَ اللَّهُ عَلَيْهِمْ ۖ وَلِلْكَافِرِينَ أَمْثَالُهَا (10)
Зошто тие неотидат по светот да видат каков беше крајот наоние пред нив? Нив Аллах ги истреби, а тоа ги чека и останатите неверници
ذَٰلِكَ بِأَنَّ اللَّهَ مَوْلَى الَّذِينَ آمَنُوا وَأَنَّ الْكَافِرِينَ لَا مَوْلَىٰ لَهُمْ (11)
затоа што Аллах е заштитник на тие што веруваат и затоа што неверниците заштитник немаат
إِنَّ اللَّهَ يُدْخِلُ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ جَنَّاتٍ تَجْرِي مِن تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ ۖ وَالَّذِينَ كَفَرُوا يَتَمَتَّعُونَ وَيَأْكُلُونَ كَمَا تَأْكُلُ الْأَنْعَامُ وَالنَّارُ مَثْوًى لَّهُمْ (12)
Тие што веруваат и што прават добри дела Аллах ќе ги воведе во џеннетските градини низ кои реки ќе течат, а тие што не веруваат – што се насладуваат и ждерат како што ждерат животните – нивно престојувалиште ќе биде Огнот
وَكَأَيِّن مِّن قَرْيَةٍ هِيَ أَشَدُّ قُوَّةً مِّن قَرْيَتِكَ الَّتِي أَخْرَجَتْكَ أَهْلَكْنَاهُمْ فَلَا نَاصِرَ لَهُمْ (13)
А колку градови уништивме, многу помоќни од твојот град кој те протера, и немаше никој да им помогне
أَفَمَن كَانَ عَلَىٰ بَيِّنَةٍ مِّن رَّبِّهِ كَمَن زُيِّنَ لَهُ سُوءُ عَمَلِهِ وَاتَّبَعُوا أَهْوَاءَهُم (14)
Зарем тој што има јасна претстава за Господарот свој е како тој на којшто неговите лоши дела му се чинат убави и кој по страстите свои се поведува
مَّثَلُ الْجَنَّةِ الَّتِي وُعِدَ الْمُتَّقُونَ ۖ فِيهَا أَنْهَارٌ مِّن مَّاءٍ غَيْرِ آسِنٍ وَأَنْهَارٌ مِّن لَّبَنٍ لَّمْ يَتَغَيَّرْ طَعْمُهُ وَأَنْهَارٌ مِّنْ خَمْرٍ لَّذَّةٍ لِّلشَّارِبِينَ وَأَنْهَارٌ مِّنْ عَسَلٍ مُّصَفًّى ۖ وَلَهُمْ فِيهَا مِن كُلِّ الثَّمَرَاتِ وَمَغْفِرَةٌ مِّن رَّبِّهِمْ ۖ كَمَنْ هُوَ خَالِدٌ فِي النَّارِ وَسُقُوا مَاءً حَمِيمًا فَقَطَّعَ أَمْعَاءَهُمْ (15)
Примерот за џеннетот, кој им е ветен на тие што се плашат од Аллах е: во него се реките од вода проточна и реки од млеко со непроменлив вкус, и реки од вино, пријатно за тие што ќе пијат, и реки од процеден мед, и има разновидно овошје и прошка од Господарот нивен – зарем тоа е исто со страдањето кое ги чека тие што во Огнот вечно ќе престојуваат, кои со зовриена вода ќе се појат, која цревата ќе им ги кине
وَمِنْهُم مَّن يَسْتَمِعُ إِلَيْكَ حَتَّىٰ إِذَا خَرَجُوا مِنْ عِندِكَ قَالُوا لِلَّذِينَ أُوتُوا الْعِلْمَ مَاذَا قَالَ آنِفًا ۚ أُولَٰئِكَ الَّذِينَ طَبَعَ اللَّهُ عَلَىٰ قُلُوبِهِمْ وَاتَّبَعُوا أَهْوَاءَهُمْ (16)
Има такви што доаѓаат да те слушаат, а штом ќе се оддалечат од тебе, ги прашуваат тие на коишто им е дадено знаење: „Што рече тој пред малку?“ Тоа се тие чиишто срца Аллах ги запечатил икоипострастите свои се водат
وَالَّذِينَ اهْتَدَوْا زَادَهُمْ هُدًى وَآتَاهُمْ تَقْوَاهُمْ (17)
А тие што се на Вистинскиот пат Тој Упатството и ќе им го зголеми и ќе им ја зацврсти нивната богобојазливост
فَهَلْ يَنظُرُونَ إِلَّا السَّاعَةَ أَن تَأْتِيَهُم بَغْتَةً ۖ فَقَدْ جَاءَ أَشْرَاطُهَا ۚ فَأَنَّىٰ لَهُمْ إِذَا جَاءَتْهُمْ ذِكْرَاهُمْ (18)
Зарем тие чекаат Крајот на светот ненадејно да им дојде, а веќе дошле предзнаците негови? А што ќе им користи нивната опомена кога тој ќе им дојде
فَاعْلَمْ أَنَّهُ لَا إِلَٰهَ إِلَّا اللَّهُ وَاسْتَغْفِرْ لِذَنبِكَ وَلِلْمُؤْمِنِينَ وَالْمُؤْمِنَاتِ ۗ وَاللَّهُ يَعْلَمُ مُتَقَلَّبَكُمْ وَمَثْوَاكُمْ (19)
Знај дека нема друг бог освен Аллах! Барај прошка за своите гревови и за верниците и за верничките! Аллах знае каде се движите и каде престојувате
وَيَقُولُ الَّذِينَ آمَنُوا لَوْلَا نُزِّلَتْ سُورَةٌ ۖ فَإِذَا أُنزِلَتْ سُورَةٌ مُّحْكَمَةٌ وَذُكِرَ فِيهَا الْقِتَالُ ۙ رَأَيْتَ الَّذِينَ فِي قُلُوبِهِم مَّرَضٌ يَنظُرُونَ إِلَيْكَ نَظَرَ الْمَغْشِيِّ عَلَيْهِ مِنَ الْمَوْتِ ۖ فَأَوْلَىٰ لَهُمْ (20)
А тие што веруваат велат: „Зошто не се објави едно поглавје?“ А кога ќе се објави јасно поглавје и во него ќе се спомне борбата, ќе можеш да ги видиш тие во чиишто срца има болест како те гледаат со поглед како пред смрт онесвестен! А подобра би им била
طَاعَةٌ وَقَوْلٌ مَّعْرُوفٌ ۚ فَإِذَا عَزَمَ الْأَمْرُ فَلَوْ صَدَقُوا اللَّهَ لَكَانَ خَيْرًا لَّهُمْ (21)
послушноста и разумниот говор! А кога за борбата ќе биде одлучено, подобро ќе им биде да се искрени кон Аллах
فَهَلْ عَسَيْتُمْ إِن تَوَلَّيْتُمْ أَن تُفْسِدُوا فِي الْأَرْضِ وَتُقَطِّعُوا أَرْحَامَكُمْ (22)
Можеби и вие, кога би се одметнале, неред на Земјата би правеле и роднинските врски би ги кинеле
أُولَٰئِكَ الَّذِينَ لَعَنَهُمُ اللَّهُ فَأَصَمَّهُمْ وَأَعْمَىٰ أَبْصَارَهُمْ (23)
Тоа се тие коишто Аллах ги проколнал и глуви и слепи ги направил
أَفَلَا يَتَدَبَّرُونَ الْقُرْآنَ أَمْ عَلَىٰ قُلُوبٍ أَقْفَالُهَا (24)
Како тие не размислат за Куранот, или на срцата имаат катанци
إِنَّ الَّذِينَ ارْتَدُّوا عَلَىٰ أَدْبَارِهِم مِّن بَعْدِ مَا تَبَيَّنَ لَهُمُ الْهُدَى ۙ الشَّيْطَانُ سَوَّلَ لَهُمْ وَأَمْلَىٰ لَهُمْ (25)
Навистина на тие што отпаднале од верата своја откако Упатството им беше јасно, шејтанот на грев ги наведуваше и лажна надеж им влеваше
ذَٰلِكَ بِأَنَّهُمْ قَالُوا لِلَّذِينَ كَرِهُوا مَا نَزَّلَ اللَّهُ سَنُطِيعُكُمْ فِي بَعْضِ الْأَمْرِ ۖ وَاللَّهُ يَعْلَمُ إِسْرَارَهُمْ (26)
Тоа е затоа што им велеа на тие кои не го сакаат тоа што Аллах го објавува: „Ние во некои работи ќе ви се покоруваме.“ - а Аллах добро ги знае нивните тајни
فَكَيْفَ إِذَا تَوَفَّتْهُمُ الْمَلَائِكَةُ يَضْرِبُونَ وُجُوهَهُمْ وَأَدْبَارَهُمْ (27)
А како ќе им биде дурикогамелеците душите ќе им ги земаат удирајќи ги по лицата и по грбовите нивни
ذَٰلِكَ بِأَنَّهُمُ اتَّبَعُوا مَا أَسْخَطَ اللَّهَ وَكَرِهُوا رِضْوَانَهُ فَأَحْبَطَ أَعْمَالَهُمْ (28)
Така ќе биде затоа што го следеа тоа коешто го предизвикува Аллаховиот гнев, а тоа од коешто Тој е задоволен го презираа; Тој делата нивни ќе ги поништи
أَمْ حَسِبَ الَّذِينَ فِي قُلُوبِهِم مَّرَضٌ أَن لَّن يُخْرِجَ اللَّهُ أَضْغَانَهُمْ (29)
Зарем тие со болни срца мислат дека Аллах нема да ги изнесе злобите нивни на виделина
وَلَوْ نَشَاءُ لَأَرَيْنَاكَهُمْ فَلَعَرَفْتَهُم بِسِيمَاهُمْ ۚ وَلَتَعْرِفَنَّهُمْ فِي لَحْنِ الْقَوْلِ ۚ وَاللَّهُ يَعْلَمُ أَعْمَالَكُمْ (30)
А да сакаме, Ние навистина би ти ги покажале, а ти по белезите нивни сигурно би ги познал. Но, ти ќе ги познаеш по начинот на нивниот говор, а Аллах ги знае постапките ваши
وَلَنَبْلُوَنَّكُمْ حَتَّىٰ نَعْلَمَ الْمُجَاهِدِينَ مِنكُمْ وَالصَّابِرِينَ وَنَبْلُوَ أَخْبَارَكُمْ (31)
Ние ќе ве проверуваме сè додека не укажеме на борците и постојаните меѓу вас, а и вестите за вас ги проверуваме
إِنَّ الَّذِينَ كَفَرُوا وَصَدُّوا عَن سَبِيلِ اللَّهِ وَشَاقُّوا الرَّسُولَ مِن بَعْدِ مَا تَبَيَّنَ لَهُمُ الْهُدَىٰ لَن يَضُرُّوا اللَّهَ شَيْئًا وَسَيُحْبِطُ أَعْمَالَهُمْ (32)
Тие што не веруваат и што одвраќаат од Аллаховиот пат, и што му се спротивставуваат на Пратеникот, откако им е пратено јасно Упатство, воопшто нема да му наштетат на Аллах и Тој делата нивни ќе им ги поништи
۞ يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا أَطِيعُوا اللَّهَ وَأَطِيعُوا الرَّسُولَ وَلَا تُبْطِلُوا أَعْمَالَكُمْ (33)
О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте Му се на Пратеникот, и не поништувајте ги делата свои
إِنَّ الَّذِينَ كَفَرُوا وَصَدُّوا عَن سَبِيلِ اللَّهِ ثُمَّ مَاتُوا وَهُمْ كُفَّارٌ فَلَن يَغْفِرَ اللَّهُ لَهُمْ (34)
На тие што не веруваат и од Аллаховиот пат што одвраќаат, па потоа како неверници умираат, Аллах навистина нема да им прости
فَلَا تَهِنُوا وَتَدْعُوا إِلَى السَّلْمِ وَأَنتُمُ الْأَعْلَوْنَ وَاللَّهُ مَعَكُمْ وَلَن يَتِرَكُمْ أَعْمَالَكُمْ (35)
И не се истоштувајте и не нудете примирје кога сте посилни, бидејќи Аллах е со вас, Тој нема да ве лиши од наградата за делата ваши
إِنَّمَا الْحَيَاةُ الدُّنْيَا لَعِبٌ وَلَهْوٌ ۚ وَإِن تُؤْمِنُوا وَتَتَّقُوا يُؤْتِكُمْ أُجُورَكُمْ وَلَا يَسْأَلْكُمْ أَمْوَالَكُمْ (36)
Животот на овој свет е само игра и забава! А ако верувате и ако гревовите ги избегнувате, Тој ќе ве награди и имотите ваши од вас нема да ги бара
إِن يَسْأَلْكُمُوهَا فَيُحْفِكُمْ تَبْخَلُوا وَيُخْرِجْ أَضْغَانَكُمْ (37)
Кога би ги барал од вас и кога би бил упорен кон вас, би станале скржави, и тоа би ја покажало вашата злобност
هَا أَنتُمْ هَٰؤُلَاءِ تُدْعَوْنَ لِتُنفِقُوا فِي سَبِيلِ اللَّهِ فَمِنكُم مَّن يَبْخَلُ ۖ وَمَن يَبْخَلْ فَإِنَّمَا يَبْخَلُ عَن نَّفْسِهِ ۚ وَاللَّهُ الْغَنِيُّ وَأَنتُمُ الْفُقَرَاءُ ۚ وَإِن تَتَوَلَّوْا يَسْتَبْدِلْ قَوْمًا غَيْرَكُمْ ثُمَّ لَا يَكُونُوا أَمْثَالَكُم (38)
Вие, ете, се повикувате дека трошите на Аллаховиот пат, но некои од вас се скржави, а кој е скржав на своја штета е скржав, бидејќи Аллах е богат, а вие сте сиромашни. Аакоглавите ги свртите, Тој со друг народ ќе ве замени, кој тогаш нема да биде какви што сте вие
❮ Previous Next ❯

Surahs from Quran :

1- Fatiha2- Baqarah
3- Al Imran4- Nisa
5- Maidah6- Anam
7- Araf8- Anfal
9- Tawbah10- Yunus
11- Hud12- Yusuf
13- Raad14- Ibrahim
15- Hijr16- Nahl
17- Al Isra18- Kahf
19- Maryam20- TaHa
21- Anbiya22- Hajj
23- Muminun24- An Nur
25- Furqan26- Shuara
27- Naml28- Qasas
29- Ankabut30- Rum
31- Luqman32- Sajdah
33- Ahzab34- Saba
35- Fatir36- Yasin
37- Assaaffat38- Sad
39- Zumar40- Ghafir
41- Fussilat42- shura
43- Zukhruf44- Ad Dukhaan
45- Jathiyah46- Ahqaf
47- Muhammad48- Al Fath
49- Hujurat50- Qaf
51- zariyat52- Tur
53- Najm54- Al Qamar
55- Rahman56- Waqiah
57- Hadid58- Mujadilah
59- Al Hashr60- Mumtahina
61- Saff62- Jumuah
63- Munafiqun64- Taghabun
65- Talaq66- Tahrim
67- Mulk68- Qalam
69- Al-Haqqah70- Maarij
71- Nuh72- Jinn
73- Muzammil74- Muddathir
75- Qiyamah76- Insan
77- Mursalat78- An Naba
79- Naziat80- Abasa
81- Takwir82- Infitar
83- Mutaffifin84- Inshiqaq
85- Buruj86- Tariq
87- Al Ala88- Ghashiya
89- Fajr90- Al Balad
91- Shams92- Lail
93- Duha94- Sharh
95- Tin96- Al Alaq
97- Qadr98- Bayyinah
99- Zalzalah100- Adiyat
101- Qariah102- Takathur
103- Al Asr104- Humazah
105- Al Fil106- Quraysh
107- Maun108- Kawthar
109- Kafirun110- Nasr
111- Masad112- Ikhlas
113- Falaq114- An Nas