إِنَّا فَتَحْنَا لَكَ فَتْحًا مُّبِينًا (1) Ние ќе ти дадеме да победиш со јасна победа |
لِّيَغْفِرَ لَكَ اللَّهُ مَا تَقَدَّمَ مِن ذَنبِكَ وَمَا تَأَخَّرَ وَيُتِمَّ نِعْمَتَهُ عَلَيْكَ وَيَهْدِيَكَ صِرَاطًا مُّسْتَقِيمًا (2) за Аллах да ти ги прости претходните и подоцнежните гревови, благодатта Своја кон тебе потполна да ја направи, на Вистинскиот пат да те упати |
وَيَنصُرَكَ اللَّهُ نَصْرًا عَزِيزًا (3) и Аллах со моќна помош да ти помогне |
هُوَ الَّذِي أَنزَلَ السَّكِينَةَ فِي قُلُوبِ الْمُؤْمِنِينَ لِيَزْدَادُوا إِيمَانًا مَّعَ إِيمَانِهِمْ ۗ وَلِلَّهِ جُنُودُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۚ وَكَانَ اللَّهُ عَلِيمًا حَكِيمًا (4) Тој влева смиреност во срцата на верниците за верувањето свое уште повеќе да го зголемат, а војските на небесата и на Земјата се Аллахови; Аллах сè знае и Мудар е |
لِّيُدْخِلَ الْمُؤْمِنِينَ وَالْمُؤْمِنَاتِ جَنَّاتٍ تَجْرِي مِن تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ خَالِدِينَ فِيهَا وَيُكَفِّرَ عَنْهُمْ سَيِّئَاتِهِمْ ۚ وَكَانَ ذَٰلِكَ عِندَ اللَّهِ فَوْزًا عَظِيمًا (5) за да ги воведе верниците и верничките во џеннетските градини низ кои реки течат, во кои вечно ќе престојуваат, и за да ги прекрие нивните лоши дела – а тоа кај Аллах е голем успех |
وَيُعَذِّبَ الْمُنَافِقِينَ وَالْمُنَافِقَاتِ وَالْمُشْرِكِينَ وَالْمُشْرِكَاتِ الظَّانِّينَ بِاللَّهِ ظَنَّ السَّوْءِ ۚ عَلَيْهِمْ دَائِرَةُ السَّوْءِ ۖ وَغَضِبَ اللَّهُ عَلَيْهِمْ وَلَعَنَهُمْ وَأَعَدَّ لَهُمْ جَهَنَّمَ ۖ وَسَاءَتْ مَصِيرًا (6) и за да ги казни лицемерите и лицемерките, и многубошците и многубошките, коишто за Аллах зло мислат – злото нека нив ги снајде! Аллах на нив се налути и ги проколна и им го подготви џехеннемот, а тој е грозно престојувалиште |
وَلِلَّهِ جُنُودُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۚ وَكَانَ اللَّهُ عَزِيزًا حَكِيمًا (7) Аллахови се војските на небесата и на Земјата; Аллах е Силниот и Мудриот |
إِنَّا أَرْسَلْنَاكَ شَاهِدًا وَمُبَشِّرًا وَنَذِيرًا (8) Ние те праќаме тебе како сведок и како носител на радосни вести и како опоменувач |
لِّتُؤْمِنُوا بِاللَّهِ وَرَسُولِهِ وَتُعَزِّرُوهُ وَتُوَقِّرُوهُ وَتُسَبِّحُوهُ بُكْرَةً وَأَصِيلًا (9) во Аллах и во Пратеникот Негов да верувате, и верата Негова да ја помогнете, да Го почитувате, и наутро и навечер да Го славите и да Го величате |
إِنَّ الَّذِينَ يُبَايِعُونَكَ إِنَّمَا يُبَايِعُونَ اللَّهَ يَدُ اللَّهِ فَوْقَ أَيْدِيهِمْ ۚ فَمَن نَّكَثَ فَإِنَّمَا يَنكُثُ عَلَىٰ نَفْسِهِ ۖ وَمَنْ أَوْفَىٰ بِمَا عَاهَدَ عَلَيْهُ اللَّهَ فَسَيُؤْتِيهِ أَجْرًا عَظِيمًا (10) Тие што тебе ти се заколнаа на верност – Му се заколнаа, навистина, на верност на самиот Аллах – Аллаховата рака е над рацете нивни! Тој што ќе ја прекрши заклетвата, на своја штета ја крши, а кој ќе го исполни тоазаштосеобврзал кај Аллах, Тој ќему даде големанаграда |
سَيَقُولُ لَكَ الْمُخَلَّفُونَ مِنَ الْأَعْرَابِ شَغَلَتْنَا أَمْوَالُنَا وَأَهْلُونَا فَاسْتَغْفِرْ لَنَا ۚ يَقُولُونَ بِأَلْسِنَتِهِم مَّا لَيْسَ فِي قُلُوبِهِمْ ۚ قُلْ فَمَن يَمْلِكُ لَكُم مِّنَ اللَّهِ شَيْئًا إِنْ أَرَادَ بِكُمْ ضَرًّا أَوْ أَرَادَ بِكُمْ نَفْعًا ۚ بَلْ كَانَ اللَّهُ بِمَا تَعْمَلُونَ خَبِيرًا (11) Бедуините коишто изостанаа ќе ти зборуваат: „Нè задржаа стадата наши и семејствата наши, па замоли прошка за нас!“ Тие со јазиците свои го зборуваат тоа што не е во срцата нивни. Кажи: „Па кој може да ја промени Аллаховата одлука ако Тој сака да ви наштети, или ако сака некакво добро да ви направи?“ Напротив! Аллах добро го знае тоа што го правите |
بَلْ ظَنَنتُمْ أَن لَّن يَنقَلِبَ الرَّسُولُ وَالْمُؤْمِنُونَ إِلَىٰ أَهْلِيهِمْ أَبَدًا وَزُيِّنَ ذَٰلِكَ فِي قُلُوبِكُمْ وَظَنَنتُمْ ظَنَّ السَّوْءِ وَكُنتُمْ قَوْمًا بُورًا (12) Вие мислевте дека Пратеникот иверниците нема никогаш да се врататкај своите семејства; вашите срца беа задоволни поради тоа и вие на најлошото помислувавте, вие сте расипан народ |
وَمَن لَّمْ يُؤْمِن بِاللَّهِ وَرَسُولِهِ فَإِنَّا أَعْتَدْنَا لِلْكَافِرِينَ سَعِيرًا (13) Тој што не верува во Аллах и во Пратеникот Негов – па, Ние за неверниците распламтен оган подготвивме |
وَلِلَّهِ مُلْكُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۚ يَغْفِرُ لِمَن يَشَاءُ وَيُعَذِّبُ مَن يَشَاءُ ۚ وَكَانَ اللَّهُ غَفُورًا رَّحِيمًا (14) Аллахова е власта на небесата и на Земјата, Тој простува кому сака, а казнува кого сака – Аллах многу простува и Милостив е |
سَيَقُولُ الْمُخَلَّفُونَ إِذَا انطَلَقْتُمْ إِلَىٰ مَغَانِمَ لِتَأْخُذُوهَا ذَرُونَا نَتَّبِعْكُمْ ۖ يُرِيدُونَ أَن يُبَدِّلُوا كَلَامَ اللَّهِ ۚ قُل لَّن تَتَّبِعُونَا كَذَٰلِكُمْ قَالَ اللَّهُ مِن قَبْلُ ۖ فَسَيَقُولُونَ بَلْ تَحْسُدُونَنَا ۚ بَلْ كَانُوا لَا يَفْقَهُونَ إِلَّا قَلِيلًا (15) Тие што изостанаа, кога ќе појдете пленот да го земете, сигурно ќе кажат: „Пуштете нè и нас да ве следиме!“ Тие сакаат да го изменат Аллаховиот говор. Кажи: „Вие нема да нè следите, тоа уште претходно Аллах го кажа!“, а тие ќе кажат: „Не етака, туку вие нам ни завидувате.“ А не е ни тоа, туку тие малку разбираат |
قُل لِّلْمُخَلَّفِينَ مِنَ الْأَعْرَابِ سَتُدْعَوْنَ إِلَىٰ قَوْمٍ أُولِي بَأْسٍ شَدِيدٍ تُقَاتِلُونَهُمْ أَوْ يُسْلِمُونَ ۖ فَإِن تُطِيعُوا يُؤْتِكُمُ اللَّهُ أَجْرًا حَسَنًا ۖ وَإِن تَتَوَلَّوْا كَمَا تَوَلَّيْتُم مِّن قَبْلُ يُعَذِّبْكُمْ عَذَابًا أَلِيمًا (16) Кажи им на бедуините кои изостанаа: „Ќе бидете повикани да се борите против народ со жестока сила, сè додека не примат ислам. Па ако послушате, Аллах убава награда ќе ви даде, а ако одбегнете, како и досега што одбегнувавте, ќе ве казни со болна казна.“ |
لَّيْسَ عَلَى الْأَعْمَىٰ حَرَجٌ وَلَا عَلَى الْأَعْرَجِ حَرَجٌ وَلَا عَلَى الْمَرِيضِ حَرَجٌ ۗ وَمَن يُطِعِ اللَّهَ وَرَسُولَهُ يُدْخِلْهُ جَنَّاتٍ تَجْرِي مِن تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ ۖ وَمَن يَتَوَلَّ يُعَذِّبْهُ عَذَابًا أَلِيمًا (17) Не е грешен ниту слепиот, ниту сакатиот, ниту болниот! Тој што Му се покорува на Аллах и на Пратеникот Негов, Тој во џеннетските градини низ кои реки течат ќе ги воведе, а тој што грбот ќе го сврти, со болна казна ќе го казни |
۞ لَّقَدْ رَضِيَ اللَّهُ عَنِ الْمُؤْمِنِينَ إِذْ يُبَايِعُونَكَ تَحْتَ الشَّجَرَةِ فَعَلِمَ مَا فِي قُلُوبِهِمْ فَأَنزَلَ السَّكِينَةَ عَلَيْهِمْ وَأَثَابَهُمْ فَتْحًا قَرِيبًا (18) Аллах е задоволен со тие верници кои под дрвото ти се заколнаа на верност. Тој знаеше што е во срцата нивни, па спушти спокој врз нив, и ќе ги награди со блиска победа |
وَمَغَانِمَ كَثِيرَةً يَأْخُذُونَهَا ۗ وَكَانَ اللَّهُ عَزِيزًا حَكِيمًا (19) и со богат плен што ќе го земат, а Аллах е Силниот и Мудриот |
وَعَدَكُمُ اللَّهُ مَغَانِمَ كَثِيرَةً تَأْخُذُونَهَا فَعَجَّلَ لَكُمْ هَٰذِهِ وَكَفَّ أَيْدِيَ النَّاسِ عَنكُمْ وَلِتَكُونَ آيَةً لِّلْمُؤْمِنِينَ وَيَهْدِيَكُمْ صِرَاطًا مُّسْتَقِيمًا (20) Аллах ви ветува броен плен што ќе го земете, а со ова побрза и рацете на луѓето од вас ги задржа – за тоа да биде знак за верниците и за да ве упати на Вистинскиот пат |
وَأُخْرَىٰ لَمْ تَقْدِرُوا عَلَيْهَا قَدْ أَحَاطَ اللَّهُ بِهَا ۚ وَكَانَ اللَّهُ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ قَدِيرًا (21) и другиот, што не бевте во состојба да го земете, – Аллах ви го даде, бидејќи Аллах може сè |
وَلَوْ قَاتَلَكُمُ الَّذِينَ كَفَرُوا لَوَلَّوُا الْأَدْبَارَ ثُمَّ لَا يَجِدُونَ وَلِيًّا وَلَا نَصِيرًا (22) А да ја почнеа неверниците борбата со вас, сигурно во бегство ќе се дадеа и потоа ни заштитник ни помошник немаше да најдат |
سُنَّةَ اللَّهِ الَّتِي قَدْ خَلَتْ مِن قَبْلُ ۖ وَلَن تَجِدَ لِسُنَّةِ اللَّهِ تَبْدِيلًا (23) Според Аллаховиот закон кој важи отсекогаш, а ти нема да видиш дека Аллаховиот закон се менува |
وَهُوَ الَّذِي كَفَّ أَيْدِيَهُمْ عَنكُمْ وَأَيْدِيَكُمْ عَنْهُم بِبَطْنِ مَكَّةَ مِن بَعْدِ أَنْ أَظْفَرَكُمْ عَلَيْهِمْ ۚ وَكَانَ اللَّهُ بِمَا تَعْمَلُونَ بَصِيرًا (24) Тој ги задржа рацете нивни од вас и вашите од нив среде Мека, и тоа откако ви пружи можност да ги победите, а Аллах добро го гледа тоа што го правите |
هُمُ الَّذِينَ كَفَرُوا وَصَدُّوكُمْ عَنِ الْمَسْجِدِ الْحَرَامِ وَالْهَدْيَ مَعْكُوفًا أَن يَبْلُغَ مَحِلَّهُ ۚ وَلَوْلَا رِجَالٌ مُّؤْمِنُونَ وَنِسَاءٌ مُّؤْمِنَاتٌ لَّمْ تَعْلَمُوهُمْ أَن تَطَئُوهُمْ فَتُصِيبَكُم مِّنْهُم مَّعَرَّةٌ بِغَيْرِ عِلْمٍ ۖ لِّيُدْخِلَ اللَّهُ فِي رَحْمَتِهِ مَن يَشَاءُ ۚ لَوْ تَزَيَّلُوا لَعَذَّبْنَا الَّذِينَ كَفَرُوا مِنْهُمْ عَذَابًا أَلِيمًا (25) Тие се тие штоневеруваат и ви забрануваат да пристапите во Светиот Храм, и курбаните кои ги водите со себе до местата свои да стигнат. И да немаше мажи верници и жени вернички, кои вие не ги познавате, па не знаејќи, да ги убиевте, и поради тоа срам да не би доживеале – Ние би ви ги препуштиле. А не ги препуштивме за Аллах во милоста Своја да го воведе тој што сака. А тие да беа одвоени, навистина со тешка казна ќе ги казневме тие меѓу нив што не веруваа |
إِذْ جَعَلَ الَّذِينَ كَفَرُوا فِي قُلُوبِهِمُ الْحَمِيَّةَ حَمِيَّةَ الْجَاهِلِيَّةِ فَأَنزَلَ اللَّهُ سَكِينَتَهُ عَلَىٰ رَسُولِهِ وَعَلَى الْمُؤْمِنِينَ وَأَلْزَمَهُمْ كَلِمَةَ التَّقْوَىٰ وَكَانُوا أَحَقَّ بِهَا وَأَهْلَهَا ۚ وَكَانَ اللَّهُ بِكُلِّ شَيْءٍ عَلِيمًا (26) Кога неверниците ги полнеа своите срца со жар, со паганска жар, Аллах ја спушти смиреноста Своја на Пратеникот Свој и на верниците, и ги обврза на Зборот на богобојазливоста – а тие и се најзаслужни и најдостојни за тоа – а Аллах знае сè |
لَّقَدْ صَدَقَ اللَّهُ رَسُولَهُ الرُّؤْيَا بِالْحَقِّ ۖ لَتَدْخُلُنَّ الْمَسْجِدَ الْحَرَامَ إِن شَاءَ اللَّهُ آمِنِينَ مُحَلِّقِينَ رُءُوسَكُمْ وَمُقَصِّرِينَ لَا تَخَافُونَ ۖ فَعَلِمَ مَا لَمْ تَعْلَمُوا فَجَعَلَ مِن دُونِ ذَٰلِكَ فَتْحًا قَرِيبًا (27) Аллах ќегооствари сонотна Пратеникот Свој дека сигурно ќевлезете безбедни во Светиот Храм – ако сака Аллах – некои со избричени глави а некои со потскратена коса, без страв. Тој го знаеше тоа што вие не го знаевте и затоа, пред тоа, неодамнешната победа ви ја даде |
هُوَ الَّذِي أَرْسَلَ رَسُولَهُ بِالْهُدَىٰ وَدِينِ الْحَقِّ لِيُظْهِرَهُ عَلَى الدِّينِ كُلِّهِ ۚ وَكَفَىٰ بِاللَّهِ شَهِيدًا (28) Тој го прати Пратеникот Свој со Упатството и со Вистинската вера за да ја издигне над сите вери. А Аллах е доволен Сведок |
مُّحَمَّدٌ رَّسُولُ اللَّهِ ۚ وَالَّذِينَ مَعَهُ أَشِدَّاءُ عَلَى الْكُفَّارِ رُحَمَاءُ بَيْنَهُمْ ۖ تَرَاهُمْ رُكَّعًا سُجَّدًا يَبْتَغُونَ فَضْلًا مِّنَ اللَّهِ وَرِضْوَانًا ۖ سِيمَاهُمْ فِي وُجُوهِهِم مِّنْ أَثَرِ السُّجُودِ ۚ ذَٰلِكَ مَثَلُهُمْ فِي التَّوْرَاةِ ۚ وَمَثَلُهُمْ فِي الْإِنجِيلِ كَزَرْعٍ أَخْرَجَ شَطْأَهُ فَآزَرَهُ فَاسْتَغْلَظَ فَاسْتَوَىٰ عَلَىٰ سُوقِهِ يُعْجِبُ الزُّرَّاعَ لِيَغِيظَ بِهِمُ الْكُفَّارَ ۗ وَعَدَ اللَّهُ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ مِنْهُم مَّغْفِرَةً وَأَجْرًا عَظِيمًا (29) Мухаммед е Аллахов Пратеник, а неговите следбеници се строги кон неверниците, а сомилосни меѓу себе; ги гледаш како чинат руку и сеџда сакајќи ја Аллаховата награда и задоволство – на лицата имаат знаци, траги од паѓањето со лицето на тло. Така се опишани во Тевратот. А во Инџилот - тие се како растение кое никулецот свој го исфрла, па потоа го зацврстува, а тој се исправа на своето стебло, предизвикувајќи воодушевување кај сејачот – за Тој со верниците да ги разгневи неверниците. А на тие што веруваат и што прават добри дела, Аллах им ветува прошка и награда голема |