سَبَّحَ لِلَّهِ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَمَا فِي الْأَرْضِ ۖ وَهُوَ الْعَزِيزُ الْحَكِيمُ (1) Тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата Го слави и Го велича Аллах, Тој е Силниот и Мудриот |
هُوَ الَّذِي أَخْرَجَ الَّذِينَ كَفَرُوا مِنْ أَهْلِ الْكِتَابِ مِن دِيَارِهِمْ لِأَوَّلِ الْحَشْرِ ۚ مَا ظَنَنتُمْ أَن يَخْرُجُوا ۖ وَظَنُّوا أَنَّهُم مَّانِعَتُهُمْ حُصُونُهُم مِّنَ اللَّهِ فَأَتَاهُمُ اللَّهُ مِنْ حَيْثُ لَمْ يَحْتَسِبُوا ۖ وَقَذَفَ فِي قُلُوبِهِمُ الرُّعْبَ ۚ يُخْرِبُونَ بُيُوتَهُم بِأَيْدِيهِمْ وَأَيْدِي الْمُؤْمِنِينَ فَاعْتَبِرُوا يَا أُولِي الْأَبْصَارِ (2) Тој при првото прогонство од домовите нивни ги протера тие следбеници на Книгата кои не веруваа. Вие не мислевте дека ќе отидат, а тие мислеа дека нивните тврдини од Аллаховата казна ќе ги одбранат, но Аллаховата казна им дојде оттаму од каде што не се надеваа и Тој во срцата нивни влеа страв; со сопствените раце и со рацете на верниците своите домови ги рушеа. Затоа земете од тоа поука, о, вие кои гледате |
وَلَوْلَا أَن كَتَبَ اللَّهُ عَلَيْهِمُ الْجَلَاءَ لَعَذَّبَهُمْ فِي الدُّنْيَا ۖ وَلَهُمْ فِي الْآخِرَةِ عَذَابُ النَّارِ (3) А Аллах да не пропишеше веќе прогонство за нив, Тој ќе ги казнеше уште на овој свет! А ним на оној свет им припаѓа казна во Огнот |
ذَٰلِكَ بِأَنَّهُمْ شَاقُّوا اللَّهَ وَرَسُولَهُ ۖ وَمَن يُشَاقِّ اللَّهَ فَإِنَّ اللَّهَ شَدِيدُ الْعِقَابِ (4) затоа што на Аллах и на Пратеникот Негов им се спротивставуваа; а тој што на Аллах ќе Му се спротивстави, Аллах навистина жестоко ќе го казни |
مَا قَطَعْتُم مِّن لِّينَةٍ أَوْ تَرَكْتُمُوهَا قَائِمَةً عَلَىٰ أُصُولِهَا فَبِإِذْنِ اللَّهِ وَلِيُخْزِيَ الْفَاسِقِينَ (5) Тоа што исековте некои палми или ги оставивте исправено да стојат – тоа со Аллахова дозвола го сторивте, и за Тој да ги понижи непослушните грешници |
وَمَا أَفَاءَ اللَّهُ عَلَىٰ رَسُولِهِ مِنْهُمْ فَمَا أَوْجَفْتُمْ عَلَيْهِ مِنْ خَيْلٍ وَلَا رِكَابٍ وَلَٰكِنَّ اللَّهَ يُسَلِّطُ رُسُلَهُ عَلَىٰ مَن يَشَاءُ ۚ وَاللَّهُ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ قَدِيرٌ (6) А вие не ги теравте ниту коњите ниту камилите впрегнати заради тоа што Аллах од нив, како плен, го подарил на Пратеникот Свој, туку Аллах им ја препушта власта на пратениците Свои над тие над коишто сака Тој; Аллах може сè |
مَّا أَفَاءَ اللَّهُ عَلَىٰ رَسُولِهِ مِنْ أَهْلِ الْقُرَىٰ فَلِلَّهِ وَلِلرَّسُولِ وَلِذِي الْقُرْبَىٰ وَالْيَتَامَىٰ وَالْمَسَاكِينِ وَابْنِ السَّبِيلِ كَيْ لَا يَكُونَ دُولَةً بَيْنَ الْأَغْنِيَاءِ مِنكُمْ ۚ وَمَا آتَاكُمُ الرَّسُولُ فَخُذُوهُ وَمَا نَهَاكُمْ عَنْهُ فَانتَهُوا ۚ وَاتَّقُوا اللَّهَ ۖ إِنَّ اللَّهَ شَدِيدُ الْعِقَابِ (7) Пленот од жителите на селата и на градовите кои Аллах му ги дарува на Пратеникот Свој им припаѓа: на Аллах и на Пратеникот Негов, и на неговите ближни, и на сирачињата, и на сиромашните и на патниците-намерници, за да не преоѓа само од раце во рацете на вашите богаташи; тоа што Пратеникот ќе ви го даде - земете го, а тоа што ќе ви го забрани - оставете го; и плашете се од Аллах бидејќи Аллах навистина жестоко казнува |
لِلْفُقَرَاءِ الْمُهَاجِرِينَ الَّذِينَ أُخْرِجُوا مِن دِيَارِهِمْ وَأَمْوَالِهِمْ يَبْتَغُونَ فَضْلًا مِّنَ اللَّهِ وَرِضْوَانًا وَيَنصُرُونَ اللَّهَ وَرَسُولَهُ ۚ أُولَٰئِكَ هُمُ الصَّادِقُونَ (8) И на сиромашните мухаџири кои од својот роден крај се протерани и од имотот свој лишени, кои сакаат Аллаховата милост и наклоност да ја стекнат, и на Аллах и на Пратеникот Негов им помагаат – тоа се навистина вистински верници |
وَالَّذِينَ تَبَوَّءُوا الدَّارَ وَالْإِيمَانَ مِن قَبْلِهِمْ يُحِبُّونَ مَنْ هَاجَرَ إِلَيْهِمْ وَلَا يَجِدُونَ فِي صُدُورِهِمْ حَاجَةً مِّمَّا أُوتُوا وَيُؤْثِرُونَ عَلَىٰ أَنفُسِهِمْ وَلَوْ كَانَ بِهِمْ خَصَاصَةٌ ۚ وَمَن يُوقَ شُحَّ نَفْسِهِ فَأُولَٰئِكَ هُمُ الْمُفْلِحُونَ (9) И на тие што пред нив Медина ја населија и верувањето го прифатија; тие ги сакаат оние коишто им се доселуваат и во градите свои никаква тешкотија не чувствуваат, и сакаат повеќе за нив отколку за себе, иако и на нив самите им е потребно. А тие што ќе се сочуваат од лакомоста и скржавоста, тие сигурно ќе успеат |
وَالَّذِينَ جَاءُوا مِن بَعْدِهِمْ يَقُولُونَ رَبَّنَا اغْفِرْ لَنَا وَلِإِخْوَانِنَا الَّذِينَ سَبَقُونَا بِالْإِيمَانِ وَلَا تَجْعَلْ فِي قُلُوبِنَا غِلًّا لِّلَّذِينَ آمَنُوا رَبَّنَا إِنَّكَ رَءُوفٌ رَّحِيمٌ (10) Тие што доаѓаат по нив, велат: „Господару наш, прости ни нам и на браќата наши кои во верата не претекнаа и не допуштај во срцата наши да има ниту малку злоба кон верниците; Господару наш, Ти си, навистина, добар и Милостив!“ |
۞ أَلَمْ تَرَ إِلَى الَّذِينَ نَافَقُوا يَقُولُونَ لِإِخْوَانِهِمُ الَّذِينَ كَفَرُوا مِنْ أَهْلِ الْكِتَابِ لَئِنْ أُخْرِجْتُمْ لَنَخْرُجَنَّ مَعَكُمْ وَلَا نُطِيعُ فِيكُمْ أَحَدًا أَبَدًا وَإِن قُوتِلْتُمْ لَنَنصُرَنَّكُمْ وَاللَّهُ يَشْهَدُ إِنَّهُمْ لَكَاذِبُونَ (11) Зарем не гледаш како лицемерите им говорат на своите пријатели, на следбениците на Книгата кои не веруваат: „Ако бидете протерани, ние сигурно со вас ќе појдеме и кога ќе се однесува на вас, никогаш никому нема да му се покориме; а ако бидете нападнати, сигурно на помош ќе ви дојдеме.“ – а Аллах е сведок дека тие навистина се лажливци |
لَئِنْ أُخْرِجُوا لَا يَخْرُجُونَ مَعَهُمْ وَلَئِن قُوتِلُوا لَا يَنصُرُونَهُمْ وَلَئِن نَّصَرُوهُمْ لَيُوَلُّنَّ الْأَدْبَارَ ثُمَّ لَا يُنصَرُونَ (12) Кога би биле протерани, тие не би тргнале со нив; кога би биле нападнати, тие не би им дошле на помош; и кога би им дошле на помош, сигурно би избегале и тие без помош би останале |
لَأَنتُمْ أَشَدُّ رَهْبَةً فِي صُدُورِهِم مِّنَ اللَّهِ ۚ ذَٰلِكَ بِأَنَّهُمْ قَوْمٌ لَّا يَفْقَهُونَ (13) Тие повеќе се плашат од вас отколку од Аллах, затоа што тие се неразумни луѓе |
لَا يُقَاتِلُونَكُمْ جَمِيعًا إِلَّا فِي قُرًى مُّحَصَّنَةٍ أَوْ مِن وَرَاءِ جُدُرٍ ۚ بَأْسُهُم بَيْنَهُمْ شَدِيدٌ ۚ تَحْسَبُهُمْ جَمِيعًا وَقُلُوبُهُمْ شَتَّىٰ ۚ ذَٰلِكَ بِأَنَّهُمْ قَوْمٌ لَّا يَعْقِلُونَ (14) Само во утврдените градови или зад ѕидините, тие против вас смеат заедно да се борат. Нивното непријателство е жестоко меѓу нив. Ти мислиш дека тие се сложни, меѓутоа срцата нивни се разединети, затоа што тие се луѓе кои немаат ум |
كَمَثَلِ الَّذِينَ مِن قَبْلِهِمْ قَرِيبًا ۖ ذَاقُوا وَبَالَ أَمْرِهِمْ وَلَهُمْ عَذَابٌ أَلِيمٌ (15) Слични се на тие што неодамна тука сета погубност на постапките свои ја искусија – нив ги чека неподносливо страдање |
كَمَثَلِ الشَّيْطَانِ إِذْ قَالَ لِلْإِنسَانِ اكْفُرْ فَلَمَّا كَفَرَ قَالَ إِنِّي بَرِيءٌ مِّنكَ إِنِّي أَخَافُ اللَّهَ رَبَّ الْعَالَمِينَ (16) Слични се на шејтанот кога ќе му каже на човекот: „Биди неверник!“ – па кога тој ќе стане неверник, тој тогаш ќе рече: „Јас се одрекувам од тебе, и навистина се плашам од Аллах, Господарот на световите!“ |
فَكَانَ عَاقِبَتَهُمَا أَنَّهُمَا فِي النَّارِ خَالِدَيْنِ فِيهَا ۚ وَذَٰلِكَ جَزَاءُ الظَّالِمِينَ (17) Двајцата на крај ги чека огнот, во кој вечно ќе престојуваат, а тоа ќе биде казна за сите злосторници |
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا اتَّقُوا اللَّهَ وَلْتَنظُرْ نَفْسٌ مَّا قَدَّمَتْ لِغَدٍ ۖ وَاتَّقُوا اللَّهَ ۚ إِنَّ اللَّهَ خَبِيرٌ بِمَا تَعْمَلُونَ (18) О, верници, плашете се од Аллах, и секој човек нека гледа што подготвил за утре и плашете се од Аллах, бидејќи Тој добро знае што правите |
وَلَا تَكُونُوا كَالَّذِينَ نَسُوا اللَّهَ فَأَنسَاهُمْ أَنفُسَهُمْ ۚ أُولَٰئِكَ هُمُ الْفَاسِقُونَ (19) И не бидете како тие што заборавија на Аллах, па Тој направи самите себеси да се заборават; тоа се вистински непослушни грешници |
لَا يَسْتَوِي أَصْحَابُ النَّارِ وَأَصْحَابُ الْجَنَّةِ ۚ أَصْحَابُ الْجَنَّةِ هُمُ الْفَائِزُونَ (20) Не се еднакви жителите на џехеннемот и жителите на џеннетот; жителите на џеннетот ќе го постигнат тоа што го сакаат |
لَوْ أَنزَلْنَا هَٰذَا الْقُرْآنَ عَلَىٰ جَبَلٍ لَّرَأَيْتَهُ خَاشِعًا مُّتَصَدِّعًا مِّنْ خَشْيَةِ اللَّهِ ۚ وَتِلْكَ الْأَمْثَالُ نَضْرِبُهَا لِلنَّاسِ لَعَلَّهُمْ يَتَفَكَّرُونَ (21) Ако го објавиме овој Куран на некој рид, ти би видел како е полн со стравопочит и како би се распаднал од страв пред Аллах. Такви примери им наведуваме на луѓето за да размислат |
هُوَ اللَّهُ الَّذِي لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ ۖ عَالِمُ الْغَيْبِ وَالشَّهَادَةِ ۖ هُوَ الرَّحْمَٰنُ الرَّحِيمُ (22) Тој е Аллах, нема друг бог освен Него, Тој е познавач на невидливиот и на видливиот свет, Тој е Семилосен, Милостив |
هُوَ اللَّهُ الَّذِي لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ الْمَلِكُ الْقُدُّوسُ السَّلَامُ الْمُؤْمِنُ الْمُهَيْمِنُ الْعَزِيزُ الْجَبَّارُ الْمُتَكَبِّرُ ۚ سُبْحَانَ اللَّهِ عَمَّا يُشْرِكُونَ (23) Тој е Аллах, нема друг бог освен Него, Владетелот, Светиот, Тој што е без недостатоци, Тој што го обезбедува секого, Тој што бдее над сите, Силниот, Возвишениот, Гордиот. Возвишен и Чист е Аллах од тоа што Му го припишуваат |
هُوَ اللَّهُ الْخَالِقُ الْبَارِئُ الْمُصَوِّرُ ۖ لَهُ الْأَسْمَاءُ الْحُسْنَىٰ ۚ يُسَبِّحُ لَهُ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۖ وَهُوَ الْعَزِيزُ الْحَكِيمُ (24) Тој е Аллах, Создателот, Тој што создава од ништо, Тој што му дава облик на сè, Тој има најубави имиња. Него Го слави и Го велича сè што е на небесата и на Земјата, Тој е Силниот и Мудриот |