×

Surah As-Sajdah in Macedonian

Quran Macedonian ⮕ Surah Sajdah

Translation of the Meanings of Surah Sajdah in Macedonian - المقدونية

The Quran in Macedonian - Surah Sajdah translated into Macedonian, Surah As-Sajdah in Macedonian. We provide accurate translation of Surah Sajdah in Macedonian - المقدونية, Verses 30 - Surah Number 32 - Page 415.

بسم الله الرحمن الرحيم

الم (1)
Елиф-лам-мим
تَنزِيلُ الْكِتَابِ لَا رَيْبَ فِيهِ مِن رَّبِّ الْعَالَمِينَ (2)
Објавувањето на Книгата, за која нема сомнеж, е од Господарот на световите
أَمْ يَقُولُونَ افْتَرَاهُ ۚ بَلْ هُوَ الْحَقُّ مِن رَّبِّكَ لِتُنذِرَ قَوْمًا مَّا أَتَاهُم مِّن نَّذِيرٍ مِّن قَبْلِكَ لَعَلَّهُمْ يَهْتَدُونَ (3)
а тие велат: „Тој ја измислува!“ Не, таа е Вистината од Господарот твој за да го опоменуваш народот на кој пред тебе не му дошол никој за да го опоменува, за да се упатат по Вистинскиот пат
اللَّهُ الَّذِي خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ وَمَا بَيْنَهُمَا فِي سِتَّةِ أَيَّامٍ ثُمَّ اسْتَوَىٰ عَلَى الْعَرْشِ ۖ مَا لَكُم مِّن دُونِهِ مِن وَلِيٍّ وَلَا شَفِيعٍ ۚ أَفَلَا تَتَذَكَّرُونَ (4)
Аллах, небесата и Земјата и тоа што е помеѓу нив во шест временски периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши; вие, освен Него, немате ни заштитник ни посредник, па зошто не се вразумите
يُدَبِّرُ الْأَمْرَ مِنَ السَّمَاءِ إِلَى الْأَرْضِ ثُمَّ يَعْرُجُ إِلَيْهِ فِي يَوْمٍ كَانَ مِقْدَارُهُ أَلْفَ سَنَةٍ مِّمَّا تَعُدُّونَ (5)
Тој управува со сè, од небото до Земјата, а потоа сето тоа Нему Му се враќа во Денот кој, според вашето сметање на времето, трае илјада години
ذَٰلِكَ عَالِمُ الْغَيْبِ وَالشَّهَادَةِ الْعَزِيزُ الرَّحِيمُ (6)
Тоа е Тој што го знае и невидливиот и видливиот свет, Силниот и Милостивиот
الَّذِي أَحْسَنَ كُلَّ شَيْءٍ خَلَقَهُ ۖ وَبَدَأَ خَلْقَ الْإِنسَانِ مِن طِينٍ (7)
Кој сè совршено создава, Кој првиот човек започнал да го создава од глина
ثُمَّ جَعَلَ نَسْلَهُ مِن سُلَالَةٍ مِّن مَّاءٍ مَّهِينٍ (8)
а потомството негово го создава од сржта на природата на незначителната течност
ثُمَّ سَوَّاهُ وَنَفَخَ فِيهِ مِن رُّوحِهِ ۖ وَجَعَلَ لَكُمُ السَّمْعَ وَالْأَبْصَارَ وَالْأَفْئِدَةَ ۚ قَلِيلًا مَّا تَشْكُرُونَ (9)
потоа складно го оформува и живот му вдахнува, и Тој слух и вид и разум ви дава, а колку малку заблагодарувате
وَقَالُوا أَإِذَا ضَلَلْنَا فِي الْأَرْضِ أَإِنَّا لَفِي خَلْقٍ جَدِيدٍ ۚ بَلْ هُم بِلِقَاءِ رَبِّهِمْ كَافِرُونَ (10)
Тие велат: „Зарем, кога ќе исчезнеме под земја, повторно создадени ќе бидеме?“ Тие во средбата со својот Господар не веруваат
۞ قُلْ يَتَوَفَّاكُم مَّلَكُ الْمَوْتِ الَّذِي وُكِّلَ بِكُمْ ثُمَّ إِلَىٰ رَبِّكُمْ تُرْجَعُونَ (11)
Кажи: „Мелекот на смртта, кој за тоа ви е одреден, душите ќе ви ги земе, а потоа кај Господарот свој ќе се вратите.“
وَلَوْ تَرَىٰ إِذِ الْمُجْرِمُونَ نَاكِسُو رُءُوسِهِمْ عِندَ رَبِّهِمْ رَبَّنَا أَبْصَرْنَا وَسَمِعْنَا فَارْجِعْنَا نَعْمَلْ صَالِحًا إِنَّا مُوقِنُونَ (12)
Да можеш да ги видиш злосторниците како со наведнати глави пред Господарот свој ќе речат: „Господару наш, видовме и чувме, па поврати нè добри дела да правиме, ние навистина цврсто веруваме!“
وَلَوْ شِئْنَا لَآتَيْنَا كُلَّ نَفْسٍ هُدَاهَا وَلَٰكِنْ حَقَّ الْقَوْلُ مِنِّي لَأَمْلَأَنَّ جَهَنَّمَ مِنَ الْجِنَّةِ وَالنَّاسِ أَجْمَعِينَ (13)
А кога би сакале, секој човек на Вистинскиот пат би го упатиле, но Јас веќе ја кажав Вистината: „Ќе го наполнам, навистина, џехеннемот со џинни и луѓе заедно!“
فَذُوقُوا بِمَا نَسِيتُمْ لِقَاءَ يَوْمِكُمْ هَٰذَا إِنَّا نَسِينَاكُمْ ۖ وَذُوقُوا عَذَابَ الْخُلْدِ بِمَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ (14)
Па искусете затоа што заборававте дека овој Ден ќе го доживеете - и Ние ќе ве заборавиме - и вечно страдање искусете поради тоа што го правевте
إِنَّمَا يُؤْمِنُ بِآيَاتِنَا الَّذِينَ إِذَا ذُكِّرُوا بِهَا خَرُّوا سُجَّدًا وَسَبَّحُوا بِحَمْدِ رَبِّهِمْ وَهُمْ لَا يَسْتَكْبِرُونَ ۩ (15)
Во Нашите зборови веруваат само тие кои, кога со нив ќе се опоменат, со лицата на тло паѓаат, и кои Господарот свој Го величаат и Му заблагодаруваат и кои не се вообразуваат
تَتَجَافَىٰ جُنُوبُهُمْ عَنِ الْمَضَاجِعِ يَدْعُونَ رَبَّهُمْ خَوْفًا وَطَمَعًا وَمِمَّا رَزَقْنَاهُمْ يُنفِقُونَ (16)
Боковите нивни од постела се креваат и тие на Господарот свој од страв и од желба Му се клањаат, а дел од тоа што Ние им го даваме го споделуваат
فَلَا تَعْلَمُ نَفْسٌ مَّا أُخْفِيَ لَهُم مِّن قُرَّةِ أَعْيُنٍ جَزَاءً بِمَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (17)
И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат
أَفَمَن كَانَ مُؤْمِنًا كَمَن كَانَ فَاسِقًا ۚ لَّا يَسْتَوُونَ (18)
Зарем на верникот да му биде исто како на непослушниот? Не, тие не се еднакви
أَمَّا الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ فَلَهُمْ جَنَّاتُ الْمَأْوَىٰ نُزُلًا بِمَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (19)
тие штоверуваа ишто правеа добри дела ги чекаат џеннетски градини во кои ќе престојуваат, како награда за тоа што го правеа
وَأَمَّا الَّذِينَ فَسَقُوا فَمَأْوَاهُمُ النَّارُ ۖ كُلَّمَا أَرَادُوا أَن يَخْرُجُوا مِنْهَا أُعِيدُوا فِيهَا وَقِيلَ لَهُمْ ذُوقُوا عَذَابَ النَّارِ الَّذِي كُنتُم بِهِ تُكَذِّبُونَ (20)
а тие што беа грешни ги чека Оган во кој ќе престојуваат; кога и да се обидат од него да излезат, во него ќе бидат вратени и ќе им биде речено: „Искусете ја казната во Огнот кој го негиравте.“
وَلَنُذِيقَنَّهُم مِّنَ الْعَذَابِ الْأَدْنَىٰ دُونَ الْعَذَابِ الْأَكْبَرِ لَعَلَّهُمْ يَرْجِعُونَ (21)
И Ние ќе сториме да искусат помала казна пред големата казната, за да се повратат
وَمَنْ أَظْلَمُ مِمَّن ذُكِّرَ بِآيَاتِ رَبِّهِ ثُمَّ أَعْرَضَ عَنْهَا ۚ إِنَّا مِنَ الْمُجْرِمِينَ مُنتَقِمُونَ (22)
А има ли поголем злосторник од тој што е опоменат со знаците на својот Господар, а потоа им врти грб? Ние, навистина, ќе ги казниме злосторниците
وَلَقَدْ آتَيْنَا مُوسَى الْكِتَابَ فَلَا تَكُن فِي مِرْيَةٍ مِّن لِّقَائِهِ ۖ وَجَعَلْنَاهُ هُدًى لِّبَنِي إِسْرَائِيلَ (23)
Ние на Муса Книга му дадовме – ни малку не се сомневај во средбата со Него – и упатство на синовите Израилови ја направивме
وَجَعَلْنَا مِنْهُمْ أَئِمَّةً يَهْدُونَ بِأَمْرِنَا لَمَّا صَبَرُوا ۖ وَكَانُوا بِآيَاتِنَا يُوقِنُونَ (24)
Помеѓу нив Ние водачи одредувавме, и тие, одѕивајќи се на Нашата заповед, на Вистинскиот пат упатуваа, бидејќи стрпливи беа и во доказите Наши цврсто веруваа
إِنَّ رَبَّكَ هُوَ يَفْصِلُ بَيْنَهُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ فِيمَا كَانُوا فِيهِ يَخْتَلِفُونَ (25)
Гоподарот твој на Судниот Ден меѓу нив ќе пресуди за тоа за што не се согласуваа
أَوَلَمْ يَهْدِ لَهُمْ كَمْ أَهْلَكْنَا مِن قَبْلِهِم مِّنَ الْقُرُونِ يَمْشُونَ فِي مَسَاكِنِهِمْ ۚ إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَآيَاتٍ ۖ أَفَلَا يَسْمَعُونَ (26)
Зарем на овие не им е јасно колку народи пред нив Сме уништиле, по чиишто населби тие одат? Тоа се, навистина, докази, па зошто не сакаат да слушнат
أَوَلَمْ يَرَوْا أَنَّا نَسُوقُ الْمَاءَ إِلَى الْأَرْضِ الْجُرُزِ فَنُخْرِجُ بِهِ زَرْعًا تَأْكُلُ مِنْهُ أَنْعَامُهُمْ وَأَنفُسُهُمْ ۖ أَفَلَا يُبْصِرُونَ (27)
Како тие не гледаат дека ние го гониме дождот во пустата земја и правиме, со негова помош, да никнуваат растенија со кои се храни нивниот добиток, а и тие самите – зарем не гледаат
وَيَقُولُونَ مَتَىٰ هَٰذَا الْفَتْحُ إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ (28)
И велат: „Кога веќе еднаш ќе дојде таа победа, ако вистината ја зборувате?“
قُلْ يَوْمَ الْفَتْحِ لَا يَنفَعُ الَّذِينَ كَفَرُوا إِيمَانُهُمْ وَلَا هُمْ يُنظَرُونَ (29)
Кажи: „На Денот на победата, кога на неверниците нема никако да им користи тоа што тогаш ќе веруваат и кога нема да им се даде ни малку време.“
فَأَعْرِضْ عَنْهُمْ وَانتَظِرْ إِنَّهُم مُّنتَظِرُونَ (30)
Затоа ти тргни се од нив и чекај, и тие, навистина, чекаат
❮ Previous Next ❯

Surahs from Quran :

1- Fatiha2- Baqarah
3- Al Imran4- Nisa
5- Maidah6- Anam
7- Araf8- Anfal
9- Tawbah10- Yunus
11- Hud12- Yusuf
13- Raad14- Ibrahim
15- Hijr16- Nahl
17- Al Isra18- Kahf
19- Maryam20- TaHa
21- Anbiya22- Hajj
23- Muminun24- An Nur
25- Furqan26- Shuara
27- Naml28- Qasas
29- Ankabut30- Rum
31- Luqman32- Sajdah
33- Ahzab34- Saba
35- Fatir36- Yasin
37- Assaaffat38- Sad
39- Zumar40- Ghafir
41- Fussilat42- shura
43- Zukhruf44- Ad Dukhaan
45- Jathiyah46- Ahqaf
47- Muhammad48- Al Fath
49- Hujurat50- Qaf
51- zariyat52- Tur
53- Najm54- Al Qamar
55- Rahman56- Waqiah
57- Hadid58- Mujadilah
59- Al Hashr60- Mumtahina
61- Saff62- Jumuah
63- Munafiqun64- Taghabun
65- Talaq66- Tahrim
67- Mulk68- Qalam
69- Al-Haqqah70- Maarij
71- Nuh72- Jinn
73- Muzammil74- Muddathir
75- Qiyamah76- Insan
77- Mursalat78- An Naba
79- Naziat80- Abasa
81- Takwir82- Infitar
83- Mutaffifin84- Inshiqaq
85- Buruj86- Tariq
87- Al Ala88- Ghashiya
89- Fajr90- Al Balad
91- Shams92- Lail
93- Duha94- Sharh
95- Tin96- Al Alaq
97- Qadr98- Bayyinah
99- Zalzalah100- Adiyat
101- Qariah102- Takathur
103- Al Asr104- Humazah
105- Al Fil106- Quraysh
107- Maun108- Kawthar
109- Kafirun110- Nasr
111- Masad112- Ikhlas
113- Falaq114- An Nas