×

Surah Al-Jaathiyah in Macedonian

Quran Macedonian ⮕ Surah Jathiyah

Translation of the Meanings of Surah Jathiyah in Macedonian - المقدونية

The Quran in Macedonian - Surah Jathiyah translated into Macedonian, Surah Al-Jaathiyah in Macedonian. We provide accurate translation of Surah Jathiyah in Macedonian - المقدونية, Verses 37 - Surah Number 45 - Page 499.

بسم الله الرحمن الرحيم

حم (1)
Ха-мим
تَنزِيلُ الْكِتَابِ مِنَ اللَّهِ الْعَزِيزِ الْحَكِيمِ (2)
Објавувањето на Книгата е од Аллах, Силниот и Мудриот
إِنَّ فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ لَآيَاتٍ لِّلْمُؤْمِنِينَ (3)
На небесата и на Земјата, навистина, постојат докази за тие што веруваат
وَفِي خَلْقِكُمْ وَمَا يَبُثُّ مِن دَابَّةٍ آيَاتٌ لِّقَوْمٍ يُوقِنُونَ (4)
и создавањето ваше и на живите суштества кои ги распространи - се докази за луѓето кои се цврсто убедени
وَاخْتِلَافِ اللَّيْلِ وَالنَّهَارِ وَمَا أَنزَلَ اللَّهُ مِنَ السَّمَاءِ مِن رِّزْقٍ فَأَحْيَا بِهِ الْأَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا وَتَصْرِيفِ الرِّيَاحِ آيَاتٌ لِّقَوْمٍ يَعْقِلُونَ (5)
и смената на ноќта и денот, и снабдувањето (дождот) кое Аллах од небото го спушта за со негова помош земјата, по мртвилото нејзино, да ја оживее и промената на ветровите – се докази за луѓето што сфаќаат
تِلْكَ آيَاتُ اللَّهِ نَتْلُوهَا عَلَيْكَ بِالْحَقِّ ۖ فَبِأَيِّ حَدِيثٍ بَعْدَ اللَّهِ وَآيَاتِهِ يُؤْمِنُونَ (6)
Тоа се Аллаховите докази кои ти ги наведуваме како вистина, па во што, ако не во Аллаховите зборови и во Неговите докази, тие ќе веруваат
وَيْلٌ لِّكُلِّ أَفَّاكٍ أَثِيمٍ (7)
Тешко му на секој лажливец, голем грешник
يَسْمَعُ آيَاتِ اللَّهِ تُتْلَىٰ عَلَيْهِ ثُمَّ يُصِرُّ مُسْتَكْبِرًا كَأَن لَّمْ يَسْمَعْهَا ۖ فَبَشِّرْهُ بِعَذَابٍ أَلِيمٍ (8)
Тој ги слуша Аллаховите зборови кога му се кажуваат, па потоа истрајува во неверувањето, вообразен како да не ги ни чул. Нему навести му страдање неиздржливо
وَإِذَا عَلِمَ مِنْ آيَاتِنَا شَيْئًا اتَّخَذَهَا هُزُوًا ۚ أُولَٰئِكَ لَهُمْ عَذَابٌ مُّهِينٌ (9)
А кога ќе дознае за некои Наши зборови, тој им се потсмева. Таквите понижувачко страдање ги чека
مِّن وَرَائِهِمْ جَهَنَّمُ ۖ وَلَا يُغْنِي عَنْهُم مَّا كَسَبُوا شَيْئًا وَلَا مَا اتَّخَذُوا مِن دُونِ اللَّهِ أَوْلِيَاءَ ۖ وَلَهُمْ عَذَابٌ عَظِيمٌ (10)
Пред нив е џехеннемот, и од никаква корист нема да им биде тоа што го стекнале, ниту тие што покрај Аллах за заштитници ги прифатија, нив ги чека голема казна
هَٰذَا هُدًى ۖ وَالَّذِينَ كَفَرُوا بِآيَاتِ رَبِّهِمْ لَهُمْ عَذَابٌ مِّن رِّجْزٍ أَلِيمٌ (11)
Овој Куран е Упатство, а тие што не веруваат во доказите на Господарот свој ги чека неподносливо страдање
۞ اللَّهُ الَّذِي سَخَّرَ لَكُمُ الْبَحْرَ لِتَجْرِيَ الْفُلْكُ فِيهِ بِأَمْرِهِ وَلِتَبْتَغُوا مِن فَضْلِهِ وَلَعَلَّكُمْ تَشْكُرُونَ (12)
Аллах е Тој што ви го потчини морето за бродовите, според одредението Негово, по него да пловат, за да можете да ги барате благодатите Негови и за да бидете благодарни
وَسَخَّرَ لَكُم مَّا فِي السَّمَاوَاتِ وَمَا فِي الْأَرْضِ جَمِيعًا مِّنْهُ ۚ إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَآيَاتٍ لِّقَوْمٍ يَتَفَكَّرُونَ (13)
И ви го потчини тоа што е на небесата и на Земјата, сè е од Него. Тоа се, навистина, знаци за луѓето што размислуваат
قُل لِّلَّذِينَ آمَنُوا يَغْفِرُوا لِلَّذِينَ لَا يَرْجُونَ أَيَّامَ اللَّهِ لِيَجْزِيَ قَوْمًا بِمَا كَانُوا يَكْسِبُونَ (14)
Кажи им на верниците да им простат на тие кои не се надеваат на Аллаховите благодати за да ги награди луѓето за тоа што го работеле
مَنْ عَمِلَ صَالِحًا فَلِنَفْسِهِ ۖ وَمَنْ أَسَاءَ فَعَلَيْهَا ۖ ثُمَّ إِلَىٰ رَبِّكُمْ تُرْجَعُونَ (15)
Тој што чини добро – за себе го чини, а тој што прави зло – го прави против себе, а на крајот сите кај Господарот свој ќе се вратите
وَلَقَدْ آتَيْنَا بَنِي إِسْرَائِيلَ الْكِتَابَ وَالْحُكْمَ وَالنُّبُوَّةَ وَرَزَقْنَاهُم مِّنَ الطَّيِّبَاتِ وَفَضَّلْنَاهُمْ عَلَى الْعَالَمِينَ (16)
На синовите Израилови Книга и власт и веровесништво им дадовме, и со убава храна ги снабдивме, и над сите народи ги одликувавме
وَآتَيْنَاهُم بَيِّنَاتٍ مِّنَ الْأَمْرِ ۖ فَمَا اخْتَلَفُوا إِلَّا مِن بَعْدِ مَا جَاءَهُمُ الْعِلْمُ بَغْيًا بَيْنَهُمْ ۚ إِنَّ رَبَّكَ يَقْضِي بَيْنَهُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ فِيمَا كَانُوا فِيهِ يَخْتَلِفُونَ (17)
и јасни докази за верата им дадовме, а тие се подвоија токму тогаш кога дојдоа до сознанието, и тоа поради непријателство и меѓусебна завист. Господарот твој на Судниот ден сигурно ќе им пресуди за тоа за што не се согласуваа
ثُمَّ جَعَلْنَاكَ عَلَىٰ شَرِيعَةٍ مِّنَ الْأَمْرِ فَاتَّبِعْهَا وَلَا تَتَّبِعْ أَهْوَاءَ الَّذِينَ لَا يَعْلَمُونَ (18)
А потоа тебе ти одредивме во верата по правецот одреден да одиш, затоа следи го и не поведувај се по страстите на тие што не знаат
إِنَّهُمْ لَن يُغْنُوا عَنكَ مِنَ اللَّهِ شَيْئًا ۚ وَإِنَّ الظَّالِمِينَ بَعْضُهُمْ أَوْلِيَاءُ بَعْضٍ ۖ وَاللَّهُ وَلِيُّ الْمُتَّقِينَ (19)
бидејќи тие воопшто не можат да те одбранат од Аллаховата казна! Злосторниците едни со други се штитат, а Аллах ги штити тие што се плашат од Него и што се чуваат од гревови
هَٰذَا بَصَائِرُ لِلنَّاسِ وَهُدًى وَرَحْمَةٌ لِّقَوْمٍ يُوقِنُونَ (20)
Овој Куран е јасен Патоказ за луѓето, и упатство и милост за тие што веруваат цврсто
أَمْ حَسِبَ الَّذِينَ اجْتَرَحُوا السَّيِّئَاتِ أَن نَّجْعَلَهُمْ كَالَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ سَوَاءً مَّحْيَاهُمْ وَمَمَاتُهُمْ ۚ سَاءَ مَا يَحْكُمُونَ (21)
Дали тие што прават зли дела мислат дека со нив ќе постапиме исто како и со тие што веруваат и што прават добри дела, дека во овој живот и по смртта ќе бидат исти? Колку лошо расудуваат
وَخَلَقَ اللَّهُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ بِالْحَقِّ وَلِتُجْزَىٰ كُلُّ نَفْسٍ بِمَا كَسَبَتْ وَهُمْ لَا يُظْلَمُونَ (22)
А Аллах небесата и Земјата со Вистината ги создаде и поради тоа за секој човек да биде награден или казнет според тоа што го заработил, и на нив нема да им се направи неправда
أَفَرَأَيْتَ مَنِ اتَّخَذَ إِلَٰهَهُ هَوَاهُ وَأَضَلَّهُ اللَّهُ عَلَىٰ عِلْمٍ وَخَتَمَ عَلَىٰ سَمْعِهِ وَقَلْبِهِ وَجَعَلَ عَلَىٰ بَصَرِهِ غِشَاوَةً فَمَن يَهْدِيهِ مِن بَعْدِ اللَّهِ ۚ أَفَلَا تَذَكَّرُونَ (23)
Што мислиш за тој што својата страст за свое божество ја зел, тој кого Аллах, иако тој бил свесен, во заблуда го скршнал, и слухот негов и срцето негово ги запечатил, а пред очите негови перде му ставил? Кој, ако не Аллах, на Вистинскиот пат ќе го упати? Зошто не ја примате опомената
وَقَالُوا مَا هِيَ إِلَّا حَيَاتُنَا الدُّنْيَا نَمُوتُ وَنَحْيَا وَمَا يُهْلِكُنَا إِلَّا الدَّهْرُ ۚ وَمَا لَهُم بِذَٰلِكَ مِنْ عِلْمٍ ۖ إِنْ هُمْ إِلَّا يَظُنُّونَ (24)
Тие велат: „Постои само животот наш земски, живееме и умираме, единствено времето нè уништува.“ А тие за тоа ништо не знаат, тие само претставуваат
وَإِذَا تُتْلَىٰ عَلَيْهِمْ آيَاتُنَا بَيِّنَاتٍ مَّا كَانَ حُجَّتَهُمْ إِلَّا أَن قَالُوا ائْتُوا بِآبَائِنَا إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ (25)
Акога Нашите јасни зборови им се кажуваат, друг доказ немаат, освен што велат: „Предците наши вратете ги во живот, ако е вистина тоа што го зборувате.“
قُلِ اللَّهُ يُحْيِيكُمْ ثُمَّ يُمِيتُكُمْ ثُمَّ يَجْمَعُكُمْ إِلَىٰ يَوْمِ الْقِيَامَةِ لَا رَيْبَ فِيهِ وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَ النَّاسِ لَا يَعْلَمُونَ (26)
Кажи: „Аллах ви дава живот, потоа ќе стори да изумрете, а потоа на Судниот ден ќе ве собере, во тоа нема никаков сомнеж, но повеќето луѓе не знаат.“
وَلِلَّهِ مُلْكُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۚ وَيَوْمَ تَقُومُ السَّاعَةُ يَوْمَئِذٍ يَخْسَرُ الْمُبْطِلُونَ (27)
Аллахова е власта на небесата и на Земјата! А на денот кога ќе настапи Часот на проживувањето, тој ден тие што ја следеле лагата ќе бидат изгубени
وَتَرَىٰ كُلَّ أُمَّةٍ جَاثِيَةً ۚ كُلُّ أُمَّةٍ تُدْعَىٰ إِلَىٰ كِتَابِهَا الْيَوْمَ تُجْزَوْنَ مَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ (28)
И ќе ги видиш сите уммети220 како клечат на колена; секој уммет ќе биде повикан според Книгата своја: „Денес ќе бидете наградени или казнети според тоа како сте постапувале
هَٰذَا كِتَابُنَا يَنطِقُ عَلَيْكُم بِالْحَقِّ ۚ إِنَّا كُنَّا نَسْتَنسِخُ مَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ (29)
Оваа Наша Книга само вистината ќе ја каже за вас, бидејќи наредивме да се запише сè што сте правеле.“
فَأَمَّا الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ فَيُدْخِلُهُمْ رَبُّهُمْ فِي رَحْمَتِهِ ۚ ذَٰلِكَ هُوَ الْفَوْزُ الْمُبِينُ (30)
Тие што веруваа и што правеа добри дела, Господарот нивен во милоста своја ќе ги воведе. Тоа ќе биде очигледен успех
وَأَمَّا الَّذِينَ كَفَرُوا أَفَلَمْ تَكُنْ آيَاتِي تُتْلَىٰ عَلَيْكُمْ فَاسْتَكْبَرْتُمْ وَكُنتُمْ قَوْمًا مُّجْرِمِينَ (31)
А на тие што не веруваа: „Зарем ајетите Мои не ви се кажувани, а вие се вообразивте и станавте злосторнички народ?“
وَإِذَا قِيلَ إِنَّ وَعْدَ اللَّهِ حَقٌّ وَالسَّاعَةُ لَا رَيْبَ فِيهَا قُلْتُم مَّا نَدْرِي مَا السَّاعَةُ إِن نَّظُنُّ إِلَّا ظَنًّا وَمَا نَحْنُ بِمُسْتَيْقِنِينَ (32)
Кога ви се говореше: „Аллаховото ветување навистина е вистина! И во Часот на проживувањето нема ни малку сомнеж.“ – вие говоревте: „Ние не знаеме штое Часот на проживувањето, ние само замислуваме, ние не сме убедени“
وَبَدَا لَهُمْ سَيِّئَاتُ مَا عَمِلُوا وَحَاقَ بِهِم مَّا كَانُوا بِهِ يَسْتَهْزِئُونَ (33)
и ќе им се покажат нивните гнасни дела и од сите страни ќе ги опколи тоа на што се потсмеваа
وَقِيلَ الْيَوْمَ نَنسَاكُمْ كَمَا نَسِيتُمْ لِقَاءَ يَوْمِكُمْ هَٰذَا وَمَأْوَاكُمُ النَّارُ وَمَا لَكُم مِّن نَّاصِرِينَ (34)
иќесерече: „Денес Ние вас ќевезаборавиме како што вие заборавивте дека овој ваш Ден ќе го доживеете, огнот престојувалиште ќе ви биде и никој нема да може да ви помогне
ذَٰلِكُم بِأَنَّكُمُ اتَّخَذْتُمْ آيَاتِ اللَّهِ هُزُوًا وَغَرَّتْكُمُ الْحَيَاةُ الدُّنْيَا ۚ فَالْيَوْمَ لَا يُخْرَجُونَ مِنْهَا وَلَا هُمْ يُسْتَعْتَبُونَ (35)
затоаштона Аллаховите зборови сепотсмевавте изатоашто животот на Земјата ве измами.“ Од тој Ден никој од џехеннемот нема да ги извлече, ниту од нив ќе се бара на Аллах да му угодат
فَلِلَّهِ الْحَمْدُ رَبِّ السَّمَاوَاتِ وَرَبِّ الْأَرْضِ رَبِّ الْعَالَمِينَ (36)
Па, на Аллах Му припаѓа благодарноста, Господарот на небесата и Господарот на Земјата, Господарот на сите светови
وَلَهُ الْكِبْرِيَاءُ فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۖ وَهُوَ الْعَزِيزُ الْحَكِيمُ (37)
Нему Му припаѓа величественоста на небесата и на Земјата, Тој е Силниот и Мудриот
❮ Previous Next ❯

Surahs from Quran :

1- Fatiha2- Baqarah
3- Al Imran4- Nisa
5- Maidah6- Anam
7- Araf8- Anfal
9- Tawbah10- Yunus
11- Hud12- Yusuf
13- Raad14- Ibrahim
15- Hijr16- Nahl
17- Al Isra18- Kahf
19- Maryam20- TaHa
21- Anbiya22- Hajj
23- Muminun24- An Nur
25- Furqan26- Shuara
27- Naml28- Qasas
29- Ankabut30- Rum
31- Luqman32- Sajdah
33- Ahzab34- Saba
35- Fatir36- Yasin
37- Assaaffat38- Sad
39- Zumar40- Ghafir
41- Fussilat42- shura
43- Zukhruf44- Ad Dukhaan
45- Jathiyah46- Ahqaf
47- Muhammad48- Al Fath
49- Hujurat50- Qaf
51- zariyat52- Tur
53- Najm54- Al Qamar
55- Rahman56- Waqiah
57- Hadid58- Mujadilah
59- Al Hashr60- Mumtahina
61- Saff62- Jumuah
63- Munafiqun64- Taghabun
65- Talaq66- Tahrim
67- Mulk68- Qalam
69- Al-Haqqah70- Maarij
71- Nuh72- Jinn
73- Muzammil74- Muddathir
75- Qiyamah76- Insan
77- Mursalat78- An Naba
79- Naziat80- Abasa
81- Takwir82- Infitar
83- Mutaffifin84- Inshiqaq
85- Buruj86- Tariq
87- Al Ala88- Ghashiya
89- Fajr90- Al Balad
91- Shams92- Lail
93- Duha94- Sharh
95- Tin96- Al Alaq
97- Qadr98- Bayyinah
99- Zalzalah100- Adiyat
101- Qariah102- Takathur
103- Al Asr104- Humazah
105- Al Fil106- Quraysh
107- Maun108- Kawthar
109- Kafirun110- Nasr
111- Masad112- Ikhlas
113- Falaq114- An Nas