×

Surah Ghafir in Macedonian

Quran Macedonian ⮕ Surah Ghafir

Translation of the Meanings of Surah Ghafir in Macedonian - المقدونية

The Quran in Macedonian - Surah Ghafir translated into Macedonian, Surah Ghafir in Macedonian. We provide accurate translation of Surah Ghafir in Macedonian - المقدونية, Verses 85 - Surah Number 40 - Page 467.

بسم الله الرحمن الرحيم

حم (1)
Ха-мим
تَنزِيلُ الْكِتَابِ مِنَ اللَّهِ الْعَزِيزِ الْعَلِيمِ (2)
Објавувањето на Книгата е од Аллах, Силниот и Сезнајниот
غَافِرِ الذَّنبِ وَقَابِلِ التَّوْبِ شَدِيدِ الْعِقَابِ ذِي الطَّوْلِ ۖ لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ ۖ إِلَيْهِ الْمَصِيرُ (3)
Кој ги простува гревовите и го прима покајанието, Кој страшно казнува и обилно наградува; друг бог освен Него нема, кај Него сè се враќа
مَا يُجَادِلُ فِي آيَاتِ اللَّهِ إِلَّا الَّذِينَ كَفَرُوا فَلَا يَغْرُرْكَ تَقَلُّبُهُمْ فِي الْبِلَادِ (4)
За Аллaховите ајети расправаат само тие што не веруваат, па нека не те залажува тоа што тие по светот се движат
كَذَّبَتْ قَبْلَهُمْ قَوْمُ نُوحٍ وَالْأَحْزَابُ مِن بَعْدِهِمْ ۖ وَهَمَّتْ كُلُّ أُمَّةٍ بِرَسُولِهِمْ لِيَأْخُذُوهُ ۖ وَجَادَلُوا بِالْبَاطِلِ لِيُدْحِضُوا بِهِ الْحَقَّ فَأَخَذْتُهُمْ ۖ فَكَيْفَ كَانَ عِقَابِ (5)
И Нуховиот народ уште пред нив негираше, а и групите по него. Секој народ настојуваше да досегне до својот пратеник и се трудеше со невистина да ја загуши Вистината, па Јас го казнував – а каква само беше казната Моја
وَكَذَٰلِكَ حَقَّتْ كَلِمَتُ رَبِّكَ عَلَى الَّذِينَ كَفَرُوا أَنَّهُمْ أَصْحَابُ النَّارِ (6)
И така зборот на Господарот твој ќе се исполни, дека тие што не сакаа да веруваат – жители на Огнот ќе бидат
الَّذِينَ يَحْمِلُونَ الْعَرْشَ وَمَنْ حَوْلَهُ يُسَبِّحُونَ بِحَمْدِ رَبِّهِمْ وَيُؤْمِنُونَ بِهِ وَيَسْتَغْفِرُونَ لِلَّذِينَ آمَنُوا رَبَّنَا وَسِعْتَ كُلَّ شَيْءٍ رَّحْمَةً وَعِلْمًا فَاغْفِرْ لِلَّذِينَ تَابُوا وَاتَّبَعُوا سَبِيلَكَ وَقِهِمْ عَذَابَ الْجَحِيمِ (7)
Мелеците кои го носат престолот и тие што се околу него Го величаат и Го фалат Гоподарот свој и веруваат во Него и се молат гревовите на верниците да им бидат простени: „Господару наш, Ти со милоста и со знаењето опфаќаш сè; затоа прости им на тие што Ти се покајаа и кои го следат Твојот пат и сочувај ги од страдањето во Огнот
رَبَّنَا وَأَدْخِلْهُمْ جَنَّاتِ عَدْنٍ الَّتِي وَعَدتَّهُمْ وَمَن صَلَحَ مِنْ آبَائِهِمْ وَأَزْوَاجِهِمْ وَذُرِّيَّاتِهِمْ ۚ إِنَّكَ أَنتَ الْعَزِيزُ الْحَكِيمُ (8)
Господару наш, воведи ги во еденските градини, кои им ги вети, и предците нивни и жените нивни и потомството нивно - тие што беа добри; Ти си, навистина, Силен и Мудар
وَقِهِمُ السَّيِّئَاتِ ۚ وَمَن تَقِ السَّيِّئَاتِ يَوْمَئِذٍ فَقَدْ رَحِمْتَهُ ۚ وَذَٰلِكَ هُوَ الْفَوْزُ الْعَظِيمُ (9)
И поштеди ги од казната за лошите дела, бидејќи кого Ти тој Ден ќе го поштедиш од казната за лошите дела – Ти си му се смилувал, а тоа, навистина, ќе биде голем успех!“
إِنَّ الَّذِينَ كَفَرُوا يُنَادَوْنَ لَمَقْتُ اللَّهِ أَكْبَرُ مِن مَّقْتِكُمْ أَنفُسَكُمْ إِذْ تُدْعَوْنَ إِلَى الْإِيمَانِ فَتَكْفُرُونَ (10)
На тие што не верувале ќе им се викне: „Аллаховиот презир кон вас кога бевте повикани да верувате, а останавте неверници, беше навистина поголем од вашиот презир сега кон самите себеси.“
قَالُوا رَبَّنَا أَمَتَّنَا اثْنَتَيْنِ وَأَحْيَيْتَنَا اثْنَتَيْنِ فَاعْتَرَفْنَا بِذُنُوبِنَا فَهَلْ إِلَىٰ خُرُوجٍ مِّن سَبِيلٍ (11)
„Господару наш!“ - ќе речат тие – „Двапати нè усмрти и двапати нè оживеа; ние ги признаваме гревовите наши, па има ли некаков излез (од казнава)?“
ذَٰلِكُم بِأَنَّهُ إِذَا دُعِيَ اللَّهُ وَحْدَهُ كَفَرْتُمْ ۖ وَإِن يُشْرَكْ بِهِ تُؤْمِنُوا ۚ فَالْحُكْمُ لِلَّهِ الْعَلِيِّ الْكَبِيرِ (12)
Тоа ви е затоа што не верувавте кога се повикуваше во Единиот Аллах, а верувавте во политеизмот! Пресудата Му припаѓа само на Аллах, Возвишениот и Големиот.“
هُوَ الَّذِي يُرِيكُمْ آيَاتِهِ وَيُنَزِّلُ لَكُم مِّنَ السَّمَاءِ رِزْقًا ۚ وَمَا يَتَذَكَّرُ إِلَّا مَن يُنِيبُ (13)
Тој ви ги покажува доказите Свои и ви спушта снабдување од небото, а поуката ќе ја прифати само тој што Нему Му се обраќа
فَادْعُوا اللَّهَ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ وَلَوْ كَرِهَ الْكَافِرُونَ (14)
Затоа молете Го Аллах, искрено исповедувајќи Му ја верата – па макар тоа и да го мразат неверниците
رَفِيعُ الدَّرَجَاتِ ذُو الْعَرْشِ يُلْقِي الرُّوحَ مِنْ أَمْرِهِ عَلَىٰ مَن يَشَاءُ مِنْ عِبَادِهِ لِيُنذِرَ يَوْمَ التَّلَاقِ (15)
Тој дарува високи степени на верниците, Господар на Аршот Кој го испраќа Џибрил со одредбата Своја – кому сака од робовите Свои, да ги опомене за Денот на меѓусебната средба
يَوْمَ هُم بَارِزُونَ ۖ لَا يَخْفَىٰ عَلَى اللَّهِ مِنْهُمْ شَيْءٌ ۚ لِّمَنِ الْمُلْكُ الْيَوْمَ ۖ لِلَّهِ الْوَاحِدِ الْقَهَّارِ (16)
на Денот кога тие ќе се појават, кога на Аллах нема за нив ништо скриено да Му биде. Кому му припаѓа власта денес? – На Аллах, Единиот, над сè Надмоќниот
الْيَوْمَ تُجْزَىٰ كُلُّ نَفْسٍ بِمَا كَسَبَتْ ۚ لَا ظُلْمَ الْيَوْمَ ۚ إِنَّ اللَّهَ سَرِيعُ الْحِسَابِ (17)
Тој Ден секој човек според заслугата казнет или награден ќе биде; тој Ден нема да има неправда! Аллах, навистина, брзо ќе пресмета
وَأَنذِرْهُمْ يَوْمَ الْآزِفَةِ إِذِ الْقُلُوبُ لَدَى الْحَنَاجِرِ كَاظِمِينَ ۚ مَا لِلظَّالِمِينَ مِنْ حَمِيمٍ وَلَا شَفِيعٍ يُطَاعُ (18)
И опомени ги за Блискиот ден, кога срцето до гркланот ќе допре и ќе се попречи, кога насилниците нема да имаат ни близок пријател, ни посредник, кој ќе биде чуен
يَعْلَمُ خَائِنَةَ الْأَعْيُنِ وَمَا تُخْفِي الصُّدُورُ (19)
Тој ги знае погледите кои во тоа што е забрането скришно гледаат, а и тоа што во градите го кријат
وَاللَّهُ يَقْضِي بِالْحَقِّ ۖ وَالَّذِينَ يَدْعُونَ مِن دُونِهِ لَا يَقْضُونَ بِشَيْءٍ ۗ إِنَّ اللَّهَ هُوَ السَّمِيعُ الْبَصِيرُ (20)
Аллах според правдата ќе пресуди, а тие на кои што, покрај Него, им се молат – нема да судат според ништо. Аллах, навистина, сè слуша и сè гледа
۞ أَوَلَمْ يَسِيرُوا فِي الْأَرْضِ فَيَنظُرُوا كَيْفَ كَانَ عَاقِبَةُ الَّذِينَ كَانُوا مِن قَبْلِهِمْ ۚ كَانُوا هُمْ أَشَدَّ مِنْهُمْ قُوَّةً وَآثَارًا فِي الْأَرْضِ فَأَخَذَهُمُ اللَّهُ بِذُنُوبِهِمْ وَمَا كَانَ لَهُم مِّنَ اللَّهِ مِن وَاقٍ (21)
Зошто тие не патуваат по Земјата, па да видат каков им бил крајот на тие пред нив? Беа помоќни од нив и повеќе траги оставија на Земјата, но Аллах, поради гревовите нивни, ги казни и никој од Аллаховата казна не ги заштити
ذَٰلِكَ بِأَنَّهُمْ كَانَت تَّأْتِيهِمْ رُسُلُهُم بِالْبَيِّنَاتِ فَكَفَرُوا فَأَخَذَهُمُ اللَّهُ ۚ إِنَّهُ قَوِيٌّ شَدِيدُ الْعِقَابِ (22)
Аллах ги казни затоа што ги негираа јасните докази кои Пратениците нивни им ги носеа; Тој, навистина, е Моќен, Тој жестоко казнува
وَلَقَدْ أَرْسَلْنَا مُوسَىٰ بِآيَاتِنَا وَسُلْطَانٍ مُّبِينٍ (23)
Ние го испративме Муса со знаковите Наши и со јасен доказ
إِلَىٰ فِرْعَوْنَ وَهَامَانَ وَقَارُونَ فَقَالُوا سَاحِرٌ كَذَّابٌ (24)
до фараонот и до Хаман и до Карун, но тие рекоа: „Маѓепсник и лажливец!“
فَلَمَّا جَاءَهُم بِالْحَقِّ مِنْ عِندِنَا قَالُوا اقْتُلُوا أَبْنَاءَ الَّذِينَ آمَنُوا مَعَهُ وَاسْتَحْيُوا نِسَاءَهُمْ ۚ وَمَا كَيْدُ الْكَافِرِينَ إِلَّا فِي ضَلَالٍ (25)
А кога тој им ја донесе Вистината од Нас, рекоа: „Убивајте ги машките деца на тие што веруваат со него, а оставајте ги во живот нивните женски деца!“ – Но лукавствата на неверниците секогаш се залудни
وَقَالَ فِرْعَوْنُ ذَرُونِي أَقْتُلْ مُوسَىٰ وَلْيَدْعُ رَبَّهُ ۖ إِنِّي أَخَافُ أَن يُبَدِّلَ دِينَكُمْ أَوْ أَن يُظْهِرَ فِي الْأَرْضِ الْفَسَادَ (26)
„Оставете ме мене“ – рече фараонот – „да го убијам Муса, а тој нека бара помош од Господарот свој, бидејќи се плашам тој верата ваша да не ви ја измени или на Земјата неред да не предизвика.“
وَقَالَ مُوسَىٰ إِنِّي عُذْتُ بِرَبِّي وَرَبِّكُم مِّن كُلِّ مُتَكَبِّرٍ لَّا يُؤْمِنُ بِيَوْمِ الْحِسَابِ (27)
Муса рече: „Го молам Господарот свој и Господарот ваш да ме заштити од секој вообразеник кој не верува во Денот во кој сметката ќе се полага!“
وَقَالَ رَجُلٌ مُّؤْمِنٌ مِّنْ آلِ فِرْعَوْنَ يَكْتُمُ إِيمَانَهُ أَتَقْتُلُونَ رَجُلًا أَن يَقُولَ رَبِّيَ اللَّهُ وَقَدْ جَاءَكُم بِالْبَيِّنَاتِ مِن رَّبِّكُمْ ۖ وَإِن يَكُ كَاذِبًا فَعَلَيْهِ كَذِبُهُ ۖ وَإِن يَكُ صَادِقًا يُصِبْكُم بَعْضُ الَّذِي يَعِدُكُمْ ۖ إِنَّ اللَّهَ لَا يَهْدِي مَنْ هُوَ مُسْرِفٌ كَذَّابٌ (28)
А еден човек, верник, од семејството на фараонот, кој го криеше верувањето свое, рече: „Зарем да го убиете човекот затоа што вели: „Мојот Господар е Аллах!“, а ви донесе јасни докази од Господарот ваш? Ако е лажливец, неговата лага нему ќе му наштети, а ако ја говори вистината, тогаш ќе ве стигне барем нешто од тоа што ви се ветува; Навистина Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што претерува во зло и кој многу лаже
يَا قَوْمِ لَكُمُ الْمُلْكُ الْيَوْمَ ظَاهِرِينَ فِي الْأَرْضِ فَمَن يَنصُرُنَا مِن بَأْسِ اللَّهِ إِن جَاءَنَا ۚ قَالَ فِرْعَوْنُ مَا أُرِيكُمْ إِلَّا مَا أَرَىٰ وَمَا أَهْدِيكُمْ إِلَّا سَبِيلَ الرَّشَادِ (29)
„О, народе мој, денес вам ви припаѓа власта и вие доминирате во земјата, па кој ќе нè одбрани од Аллаховата казна ако таа нè стигне?“ А фараонот рече: „Ве советувам како што мислам, асамо на вистинскиот пат ќе ве упатам.“
وَقَالَ الَّذِي آمَنَ يَا قَوْمِ إِنِّي أَخَافُ عَلَيْكُم مِّثْلَ يَوْمِ الْأَحْزَابِ (30)
А тогаш верникот рече: „О народе мој, се плашам да не ве стигне и вас тоа што ги стигна народите кои против Пратениците ковале заговори
مِثْلَ دَأْبِ قَوْمِ نُوحٍ وَعَادٍ وَثَمُودَ وَالَّذِينَ مِن بَعْدِهِمْ ۚ وَمَا اللَّهُ يُرِيدُ ظُلْمًا لِّلْعِبَادِ (31)
како што беше со народот на Нух и на Ад и на Семуд, и на тие по нив. – А Аллах не е неправеден кон робовите Свои
وَيَا قَوْمِ إِنِّي أَخَافُ عَلَيْكُمْ يَوْمَ التَّنَادِ (32)
О, народе мој, јас се плашам што ќе биде со вас на Денот кога едни со други ќе се довикувате
يَوْمَ تُوَلُّونَ مُدْبِرِينَ مَا لَكُم مِّنَ اللَّهِ مِنْ عَاصِمٍ ۗ وَمَن يُضْلِلِ اللَّهُ فَمَا لَهُ مِنْ هَادٍ (33)
на Денот кога со свртени грбови ќе бегате, кога од Аллах нема да може никој да ве заштити. А тој којшто Аллах во заблуда ќе го остави, за него нема упатувач
وَلَقَدْ جَاءَكُمْ يُوسُفُ مِن قَبْلُ بِالْبَيِّنَاتِ فَمَا زِلْتُمْ فِي شَكٍّ مِّمَّا جَاءَكُم بِهِ ۖ حَتَّىٰ إِذَا هَلَكَ قُلْتُمْ لَن يَبْعَثَ اللَّهُ مِن بَعْدِهِ رَسُولًا ۚ كَذَٰلِكَ يُضِلُّ اللَّهُ مَنْ هُوَ مُسْرِفٌ مُّرْتَابٌ (34)
Јусуф, уште одамна, ви носеше јасни докази, но и вие постојано се сомневавте во тоа што ви го донесе. А кога тој умре, вие рековте: „Аллах по него веќе нема да испрати Пратеник!“ Ете така Аллах го остава во заблуда секој што во злото претерува и кој се сомнева
الَّذِينَ يُجَادِلُونَ فِي آيَاتِ اللَّهِ بِغَيْرِ سُلْطَانٍ أَتَاهُمْ ۖ كَبُرَ مَقْتًا عِندَ اللَّهِ وَعِندَ الَّذِينَ آمَنُوا ۚ كَذَٰلِكَ يَطْبَعُ اللَّهُ عَلَىٰ كُلِّ قَلْبِ مُتَكَبِّرٍ جَبَّارٍ (35)
тие што расправаат за Аллаховите знаци, иако никаков доказ не им дошол. Расправањето е многу презрено кај Аллах и кај тие што веруваат. - Така Аллах го запечатува срцето на секој вообразен насилник
وَقَالَ فِرْعَوْنُ يَا هَامَانُ ابْنِ لِي صَرْحًا لَّعَلِّي أَبْلُغُ الْأَسْبَابَ (36)
„О, Хамане,“ – речефараонот – „изгради ми една кулаза да стигнам до патеките
أَسْبَابَ السَّمَاوَاتِ فَأَطَّلِعَ إِلَىٰ إِلَٰهِ مُوسَىٰ وَإِنِّي لَأَظُنُّهُ كَاذِبًا ۚ وَكَذَٰلِكَ زُيِّنَ لِفِرْعَوْنَ سُوءُ عَمَلِهِ وَصُدَّ عَنِ السَّبِيلِ ۚ وَمَا كَيْدُ فِرْعَوْنَ إِلَّا فِي تَبَابٍ (37)
патеките небески, за да се искачам до Мусаовиот Бог, а јас сметам дека тој навистина е лажливец.“ И ете така на фараонот неговите лоши дела му се сторија убави и тој беше одвратен од Вистинскиот пат, а лукавството на фараонот заврши на негова штета
وَقَالَ الَّذِي آمَنَ يَا قَوْمِ اتَّبِعُونِ أَهْدِكُمْ سَبِيلَ الرَّشَادِ (38)
И тогаш верникот рече: „О народе мој, мене следете ме, јас ќе ве упатам на Вистинскиот пат!“
يَا قَوْمِ إِنَّمَا هَٰذِهِ الْحَيَاةُ الدُّنْيَا مَتَاعٌ وَإِنَّ الْآخِرَةَ هِيَ دَارُ الْقَرَارِ (39)
О, народе мој, животот на овој свет е само минливо уживање, а оној свет е навистина вечната Куќа
مَنْ عَمِلَ سَيِّئَةً فَلَا يُجْزَىٰ إِلَّا مِثْلَهَا ۖ وَمَنْ عَمِلَ صَالِحًا مِّن ذَكَرٍ أَوْ أُنثَىٰ وَهُوَ مُؤْمِنٌ فَأُولَٰئِكَ يَدْخُلُونَ الْجَنَّةَ يُرْزَقُونَ فِيهَا بِغَيْرِ حِسَابٍ (40)
Кој ќе стори зло, соодветно ќе биде казнет, а кој ќе стори добро – било маж или жена, а верник е – во џеннетот ќе влезе; во него сè ќе имаат во изобилство, без сметка
۞ وَيَا قَوْمِ مَا لِي أَدْعُوكُمْ إِلَى النَّجَاةِ وَتَدْعُونَنِي إِلَى النَّارِ (41)
О, народе мој! Што е ова? Јас ве повикувам да ве спасам, а вие мене ме повикувате во огнот
تَدْعُونَنِي لِأَكْفُرَ بِاللَّهِ وَأُشْرِكَ بِهِ مَا لَيْسَ لِي بِهِ عِلْمٌ وَأَنَا أَدْعُوكُمْ إِلَى الْعَزِيزِ الْغَفَّارِ (42)
ме повикувате да не верувам во Аллах и да прифатам некого за кого баш ништо не знам Нему за рамен, а јас ве повикувам кон Силниот, кон Тој што многу простува
لَا جَرَمَ أَنَّمَا تَدْعُونَنِي إِلَيْهِ لَيْسَ لَهُ دَعْوَةٌ فِي الدُّنْيَا وَلَا فِي الْآخِرَةِ وَأَنَّ مَرَدَّنَا إِلَى اللَّهِ وَأَنَّ الْمُسْرِفِينَ هُمْ أَصْحَابُ النَّارِ (43)
Нема ни малку сомнеж во тоа дека тоа кон кое ме повикувате нема никому, ни на овој ни на оној свет, да му се одѕвие и дека кај Аллах сите ќе се вратиме, и дека расипниците ќе бидат жители на огнот
فَسَتَذْكُرُونَ مَا أَقُولُ لَكُمْ ۚ وَأُفَوِّضُ أَمْرِي إِلَى اللَّهِ ۚ إِنَّ اللَّهَ بَصِيرٌ بِالْعِبَادِ (44)
Ќе се сеќавате на ова што ви го кажувам! А јас на Аллах Му го препуштам мојот случај; Аллах, навистина, робовите Свои ги гледа.“
فَوَقَاهُ اللَّهُ سَيِّئَاتِ مَا مَكَرُوا ۖ وَحَاقَ بِآلِ فِرْعَوْنَ سُوءُ الْعَذَابِ (45)
И Аллах госочуваодневолјата која тие му ја приредија, афараоновите следбеници злострадание ги снајде
النَّارُ يُعْرَضُونَ عَلَيْهَا غُدُوًّا وَعَشِيًّا ۖ وَيَوْمَ تَقُومُ السَّاعَةُ أَدْخِلُوا آلَ فِرْعَوْنَ أَشَدَّ الْعَذَابِ (46)
Тие и наутро и навечер во огнот ќе се пржат, а кога ќе настапи Часот: „Воведете ги фараоновите луѓе во најтешкото страдање!“
وَإِذْ يَتَحَاجُّونَ فِي النَّارِ فَيَقُولُ الضُّعَفَاءُ لِلَّذِينَ اسْتَكْبَرُوا إِنَّا كُنَّا لَكُمْ تَبَعًا فَهَلْ أَنتُم مُّغْنُونَ عَنَّا نَصِيبًا مِّنَ النَّارِ (47)
И кога во Огнот ќе се препираат, па тие што беа потчинети ќе им речат на водачите свои: „Ние по вас се поведовме, можете ли барем малку од огнот да нè ослободите?“
قَالَ الَّذِينَ اسْتَكْبَرُوا إِنَّا كُلٌّ فِيهَا إِنَّ اللَّهَ قَدْ حَكَمَ بَيْنَ الْعِبَادِ (48)
Тогаш водачите ќе речат: „Еве нè и нас, и ние сме во него! Аллах им пресуди на робовите Свои.“
وَقَالَ الَّذِينَ فِي النَّارِ لِخَزَنَةِ جَهَنَّمَ ادْعُوا رَبَّكُمْ يُخَفِّفْ عَنَّا يَوْمًا مِّنَ الْعَذَابِ (49)
А тие што ќе бидат во огнот ќе им зборуваат на стражарите на џехеннемот: „Замолете Го Господарот свој барем на еден ден страдањето да ни го ублажи!“
قَالُوا أَوَلَمْ تَكُ تَأْتِيكُمْ رُسُلُكُم بِالْبَيِّنَاتِ ۖ قَالُوا بَلَىٰ ۚ قَالُوا فَادْعُوا ۗ وَمَا دُعَاءُ الْكَافِرِينَ إِلَّا فِي ضَلَالٍ (50)
„А зарем Пратениците ваши не ви носеа јасни докази? – ќе запрашаат тие. – „Да, носеа!“ – ќе одговорат. – „Молете тогаш!“ – ќе речат тие. Но молбата на тие што не веруваа залудна ќе биде
إِنَّا لَنَنصُرُ رُسُلَنَا وَالَّذِينَ آمَنُوا فِي الْحَيَاةِ الدُّنْيَا وَيَوْمَ يَقُومُ الْأَشْهَادُ (51)
НиенавистинаќеимпомогнеменаПратеницитеНашиинаверниците во животот на овој свет, а и на Денот кога ќе станат сведоците
يَوْمَ لَا يَنفَعُ الظَّالِمِينَ مَعْذِرَتُهُمْ ۖ وَلَهُمُ اللَّعْنَةُ وَلَهُمْ سُوءُ الدَّارِ (52)
на Денот кога на насилниците правдањето нивно нема од корист да им биде; нив ќе ги чека проклетството и најлошото престојувалиште
وَلَقَدْ آتَيْنَا مُوسَى الْهُدَىٰ وَأَوْرَثْنَا بَنِي إِسْرَائِيلَ الْكِتَابَ (53)
Ние на Муса упатство му дадовме и на синовите Израилови во наследство Книгата им ја оставивме
هُدًى وَذِكْرَىٰ لِأُولِي الْأَلْبَابِ (54)
да им биде упатство и опомена на тие кои ќе имаат разум
فَاصْبِرْ إِنَّ وَعْدَ اللَّهِ حَقٌّ وَاسْتَغْفِرْ لِذَنبِكَ وَسَبِّحْ بِحَمْدِ رَبِّكَ بِالْعَشِيِّ وَالْإِبْكَارِ (55)
Па, ти биди трпелив – Аллаховото ветување е вистина – и моли се да ти бидат простени твоите гревови, и Господарот свој на крајот и на почетокот на денот величај Го и слави Го
إِنَّ الَّذِينَ يُجَادِلُونَ فِي آيَاتِ اللَّهِ بِغَيْرِ سُلْطَانٍ أَتَاهُمْ ۙ إِن فِي صُدُورِهِمْ إِلَّا كِبْرٌ مَّا هُم بِبَالِغِيهِ ۚ فَاسْتَعِذْ بِاللَّهِ ۖ إِنَّهُ هُوَ السَّمِيعُ الْبَصِيرُ (56)
Тие што расправаат за Аллаховите знакови, иако никаков доказ не им дошол, во срцата нивни имаат само горделивост која нема да ги доведе до саканата цел, затоа моли Го Аллах за заштита, бидејќи Тој навистина сè слуша и сè гледа
لَخَلْقُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ أَكْبَرُ مِنْ خَلْقِ النَّاسِ وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَ النَّاسِ لَا يَعْلَمُونَ (57)
Создавањето на небесата и Земјата е сигурно поголемо отколку создавањето на човековиот род, но повеќето луѓе не знаат
وَمَا يَسْتَوِي الْأَعْمَىٰ وَالْبَصِيرُ وَالَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ وَلَا الْمُسِيءُ ۚ قَلِيلًا مَّا تَتَذَكَّرُونَ (58)
Не се исти слепецот и тој што гледа, не се исти верниците кои прават добри дела и злосторниците. – Колку малку поука примате
إِنَّ السَّاعَةَ لَآتِيَةٌ لَّا رَيْبَ فِيهَا وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَ النَّاسِ لَا يُؤْمِنُونَ (59)
Ќе дојде Часот суден, во тоа нема сомнеж, но повеќето луѓе не сакаат да веруваат
وَقَالَ رَبُّكُمُ ادْعُونِي أَسْتَجِبْ لَكُمْ ۚ إِنَّ الَّذِينَ يَسْتَكْبِرُونَ عَنْ عِبَادَتِي سَيَدْخُلُونَ جَهَنَّمَ دَاخِرِينَ (60)
Господарот ваш рече: „Повикајте Ме и замолете, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообразеност не сакаат да Ме обожуваат – сигурно понижени ќе влезат во џехеннем.“
اللَّهُ الَّذِي جَعَلَ لَكُمُ اللَّيْلَ لِتَسْكُنُوا فِيهِ وَالنَّهَارَ مُبْصِرًا ۚ إِنَّ اللَّهَ لَذُو فَضْلٍ عَلَى النَّاسِ وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَ النَّاسِ لَا يَشْكُرُونَ (61)
Аллах ви ја даде ноќта за во неа да одмарате, а денот видлив. Аллах е неизмерно добар кон луѓето, но, повеќето луѓе не заблагодаруваат
ذَٰلِكُمُ اللَّهُ رَبُّكُمْ خَالِقُ كُلِّ شَيْءٍ لَّا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ ۖ فَأَنَّىٰ تُؤْفَكُونَ (62)
Тоа ви е, ете, Аллах, Господарот ваш, Создателот на сè, друг бог освен Него нема, па каде се одметнувате тогаш
كَذَٰلِكَ يُؤْفَكُ الَّذِينَ كَانُوا بِآيَاتِ اللَّهِ يَجْحَدُونَ (63)
Така се одметнуваа и тие што Аллаховите докази ги негираа
اللَّهُ الَّذِي جَعَلَ لَكُمُ الْأَرْضَ قَرَارًا وَالسَّمَاءَ بِنَاءً وَصَوَّرَكُمْ فَأَحْسَنَ صُوَرَكُمْ وَرَزَقَكُم مِّنَ الطَّيِّبَاتِ ۚ ذَٰلِكُمُ اللَّهُ رَبُّكُمْ ۖ فَتَبَارَكَ اللَّهُ رَبُّ الْعَالَمِينَ (64)
Аллах ви ја направи Земјата престојувалиште, а небото здание, и ве обликуваше, а ликовите ваши ги прави убави, и со пријатна храна ве снабдува. Тоа е Аллах, Господарот ваш, и нека е Возвишен Аллах, Господарот на световите
هُوَ الْحَيُّ لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ فَادْعُوهُ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ ۗ الْحَمْدُ لِلَّهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ (65)
Тој е Живиот, нема друг бог освен Него, па, молете Го, исповедајќи Му чиста вера: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господар на световите!“
۞ قُلْ إِنِّي نُهِيتُ أَنْ أَعْبُدَ الَّذِينَ تَدْعُونَ مِن دُونِ اللَّهِ لَمَّا جَاءَنِيَ الْبَيِّنَاتُ مِن رَّبِّي وَأُمِرْتُ أَنْ أُسْلِمَ لِرَبِّ الْعَالَمِينَ (66)
Кажи: „Мене ми е забрането да ги обожувам тие кои вие, покрај Аллах, ги молите, бидејќи ми дојдоа јасни докази од Господарот мој, а наредено ми е да Му се предадам на Гоподарот на световите
هُوَ الَّذِي خَلَقَكُم مِّن تُرَابٍ ثُمَّ مِن نُّطْفَةٍ ثُمَّ مِنْ عَلَقَةٍ ثُمَّ يُخْرِجُكُمْ طِفْلًا ثُمَّ لِتَبْلُغُوا أَشُدَّكُمْ ثُمَّ لِتَكُونُوا شُيُوخًا ۚ وَمِنكُم مَّن يُتَوَفَّىٰ مِن قَبْلُ ۖ وَلِتَبْلُغُوا أَجَلًا مُّسَمًّى وَلَعَلَّكُمْ تَعْقِلُونَ (67)
Тоа е Тој што ве создаде од земја, потоа од капка семе, потоа од грутка, потоа како доенчиња ве изведува, и до мажественото доба да стигнете, и старци да станете – а некои од вас умираат и порано – и до одредениот рок да поживеете, за да можете да сфатите
هُوَ الَّذِي يُحْيِي وَيُمِيتُ ۖ فَإِذَا قَضَىٰ أَمْرًا فَإِنَّمَا يَقُولُ لَهُ كُن فَيَكُونُ (68)
Тој живот и смрт дава! А кога нешто ќе одлучи, само ќе каже: „Биди!“ – и тоа бидува.“
أَلَمْ تَرَ إِلَى الَّذِينَ يُجَادِلُونَ فِي آيَاتِ اللَّهِ أَنَّىٰ يُصْرَفُونَ (69)
Зарем не ги гледаш тие коишто расправаат за Аллаховите докази? Каде се вртат тие
الَّذِينَ كَذَّبُوا بِالْكِتَابِ وَبِمَا أَرْسَلْنَا بِهِ رُسُلَنَا ۖ فَسَوْفَ يَعْلَمُونَ (70)
Тие што ја негираат Книгата и тоа што го праќавме по Пратениците – ќе ги дознаат последиците наскоро
إِذِ الْأَغْلَالُ فِي أَعْنَاقِهِمْ وَالسَّلَاسِلُ يُسْحَبُونَ (71)
кога со окови околку вратот, и со синџири, ќе бидат влечени
فِي الْحَمِيمِ ثُمَّ فِي النَّارِ يُسْجَرُونَ (72)
во водата што врие, а потоа во огнот пржени
ثُمَّ قِيلَ لَهُمْ أَيْنَ مَا كُنتُمْ تُشْرِكُونَ (73)
Потоа ќе бидат запрашани: „Каде се тие кои ги обожувавте
مِن دُونِ اللَّهِ ۖ قَالُوا ضَلُّوا عَنَّا بَل لَّمْ نَكُن نَّدْعُو مِن قَبْلُ شَيْئًا ۚ كَذَٰلِكَ يُضِلُّ اللَّهُ الْكَافِرِينَ (74)
покрај Аллах?“ – „Ни се изгубија од видот,“ – ќе одговорат – „та ние, всушност, претходно, на никого не се ни клањавме.“ – Ете така Аллах ги скршнува во заблуда неверниците
ذَٰلِكُم بِمَا كُنتُمْ تَفْرَحُونَ فِي الْأَرْضِ بِغَيْرِ الْحَقِّ وَبِمَا كُنتُمْ تَمْرَحُونَ (75)
Тоа ви е затоа што без никаква основа на Земјата бевте весели и горделиви
ادْخُلُوا أَبْوَابَ جَهَنَّمَ خَالِدِينَ فِيهَا ۖ فَبِئْسَ مَثْوَى الْمُتَكَبِّرِينَ (76)
Влегувајте низ портите на џехеннемот, во него вечно ќе останете - а тоа е лошо престојувалиште на вообразените
فَاصْبِرْ إِنَّ وَعْدَ اللَّهِ حَقٌّ ۚ فَإِمَّا نُرِيَنَّكَ بَعْضَ الَّذِي نَعِدُهُمْ أَوْ نَتَوَفَّيَنَّكَ فَإِلَيْنَا يُرْجَعُونَ (77)
А ти стрпи се! Аллаховата закана сигурно е вистина! Било да ти покажеме дел од тоа со што им се закануваме, било претходно животот да ти го земеме - тие Нам ќе ни се вратат
وَلَقَدْ أَرْسَلْنَا رُسُلًا مِّن قَبْلِكَ مِنْهُم مَّن قَصَصْنَا عَلَيْكَ وَمِنْهُم مَّن لَّمْ نَقْصُصْ عَلَيْكَ ۗ وَمَا كَانَ لِرَسُولٍ أَن يَأْتِيَ بِآيَةٍ إِلَّا بِإِذْنِ اللَّهِ ۚ فَإِذَا جَاءَ أَمْرُ اللَّهِ قُضِيَ بِالْحَقِّ وَخَسِرَ هُنَالِكَ الْمُبْطِلُونَ (78)
И пред тебе Пратеници испраќавме, за некои од нив ти кажувавме, а за некои не ти кажувавме. И ниеден Пратеник не можеше да направи никакво чудо без Аллахова волја. А кога Аллаховата закана ќе се исполни, ќе биде пресудено според правдата и тогаш лажливците ќе бидат губитници
اللَّهُ الَّذِي جَعَلَ لَكُمُ الْأَنْعَامَ لِتَرْكَبُوا مِنْهَا وَمِنْهَا تَأْكُلُونَ (79)
Аллах за вас ги создаде животните, на некои да јавате, а со некои да се храните
وَلَكُمْ فِيهَا مَنَافِعُ وَلِتَبْلُغُوا عَلَيْهَا حَاجَةً فِي صُدُورِكُمْ وَعَلَيْهَا وَعَلَى الْفُلْكِ تُحْمَلُونَ (80)
Вие од нив имате корист и вие на нив носите товар – и на нив и на бродовите вие се пренесувате
وَيُرِيكُمْ آيَاتِهِ فَأَيَّ آيَاتِ اللَّهِ تُنكِرُونَ (81)
Тој ви ги покажува доказите за моќта Своја, па кои од Аллаховите докази не ги признавате
أَفَلَمْ يَسِيرُوا فِي الْأَرْضِ فَيَنظُرُوا كَيْفَ كَانَ عَاقِبَةُ الَّذِينَ مِن قَبْلِهِمْ ۚ كَانُوا أَكْثَرَ مِنْهُمْ وَأَشَدَّ قُوَّةً وَآثَارًا فِي الْأَرْضِ فَمَا أَغْنَىٰ عَنْهُم مَّا كَانُوا يَكْسِبُونَ (82)
Зошто тие не патуваат низ Земјата, па да видат како завршија тие пред нив? Тие беа помногубројни од нив и посилни, и оставија поголема трага на Земјата, и за ништо не им користеше тоа што го стекнаа
فَلَمَّا جَاءَتْهُمْ رُسُلُهُم بِالْبَيِّنَاتِ فَرِحُوا بِمَا عِندَهُم مِّنَ الْعِلْمِ وَحَاقَ بِهِم مَّا كَانُوا بِهِ يَسْتَهْزِئُونَ (83)
Кога Пратениците нивни јасни докази им носеа, тие со знаењето што го имаа се гордееја, и ги снајде тоа на што постојано се потсмеваа
فَلَمَّا رَأَوْا بَأْسَنَا قَالُوا آمَنَّا بِاللَّهِ وَحْدَهُ وَكَفَرْنَا بِمَا كُنَّا بِهِ مُشْرِكِينَ (84)
А кога казната Наша ќе ја видеа, тогаш велеа: „Ние веруваме во Аллах, во Него Единиот, а се откажуваме од тие кои Му ги припишувавме!“
فَلَمْ يَكُ يَنفَعُهُمْ إِيمَانُهُمْ لَمَّا رَأَوْا بَأْسَنَا ۖ سُنَّتَ اللَّهِ الَّتِي قَدْ خَلَتْ فِي عِبَادِهِ ۖ وَخَسِرَ هُنَالِكَ الْكَافِرُونَ (85)
Но, верувањето нивно, кога казната Наша ќе ја видеа, не им беше од корист. Тоа е според Аллаховиот закон кој беше применет врз робовите Негови коибеаиисчезнаа - итогашневерниците ќестрадаа
❮ Previous Next ❯

Surahs from Quran :

1- Fatiha2- Baqarah
3- Al Imran4- Nisa
5- Maidah6- Anam
7- Araf8- Anfal
9- Tawbah10- Yunus
11- Hud12- Yusuf
13- Raad14- Ibrahim
15- Hijr16- Nahl
17- Al Isra18- Kahf
19- Maryam20- TaHa
21- Anbiya22- Hajj
23- Muminun24- An Nur
25- Furqan26- Shuara
27- Naml28- Qasas
29- Ankabut30- Rum
31- Luqman32- Sajdah
33- Ahzab34- Saba
35- Fatir36- Yasin
37- Assaaffat38- Sad
39- Zumar40- Ghafir
41- Fussilat42- shura
43- Zukhruf44- Ad Dukhaan
45- Jathiyah46- Ahqaf
47- Muhammad48- Al Fath
49- Hujurat50- Qaf
51- zariyat52- Tur
53- Najm54- Al Qamar
55- Rahman56- Waqiah
57- Hadid58- Mujadilah
59- Al Hashr60- Mumtahina
61- Saff62- Jumuah
63- Munafiqun64- Taghabun
65- Talaq66- Tahrim
67- Mulk68- Qalam
69- Al-Haqqah70- Maarij
71- Nuh72- Jinn
73- Muzammil74- Muddathir
75- Qiyamah76- Insan
77- Mursalat78- An Naba
79- Naziat80- Abasa
81- Takwir82- Infitar
83- Mutaffifin84- Inshiqaq
85- Buruj86- Tariq
87- Al Ala88- Ghashiya
89- Fajr90- Al Balad
91- Shams92- Lail
93- Duha94- Sharh
95- Tin96- Al Alaq
97- Qadr98- Bayyinah
99- Zalzalah100- Adiyat
101- Qariah102- Takathur
103- Al Asr104- Humazah
105- Al Fil106- Quraysh
107- Maun108- Kawthar
109- Kafirun110- Nasr
111- Masad112- Ikhlas
113- Falaq114- An Nas