الر ۚ تِلْكَ آيَاتُ الْكِتَابِ الْحَكِيمِ (1) Елиф-лам-ра. Ова се ајети од Мудрата Книга |
أَكَانَ لِلنَّاسِ عَجَبًا أَنْ أَوْحَيْنَا إِلَىٰ رَجُلٍ مِّنْهُمْ أَنْ أَنذِرِ النَّاسَ وَبَشِّرِ الَّذِينَ آمَنُوا أَنَّ لَهُمْ قَدَمَ صِدْقٍ عِندَ رَبِّهِمْ ۗ قَالَ الْكَافِرُونَ إِنَّ هَٰذَا لَسَاحِرٌ مُّبِينٌ (2) Зошто им е чудно на луѓето што Ние му објавуваме на еден од нив: „Опоменувај ги луѓето! А верниците израдувај ги со прекрасна награда кај Господарот нивен!“ Неверниците велат: „Тој е вистински маѓепсник!“ |
إِنَّ رَبَّكُمُ اللَّهُ الَّذِي خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ فِي سِتَّةِ أَيَّامٍ ثُمَّ اسْتَوَىٰ عَلَى الْعَرْشِ ۖ يُدَبِّرُ الْأَمْرَ ۖ مَا مِن شَفِيعٍ إِلَّا مِن بَعْدِ إِذْنِهِ ۚ ذَٰلِكُمُ اللَّهُ رَبُّكُمْ فَاعْبُدُوهُ ۚ أَفَلَا تَذَكَّرُونَ (3) Вашиот Господар е Аллах, Кој небесата и Земјата за шест временски периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши и Кој управува. Никој нема да може да се зазема за некого, без Негово одобрение. Ете тоа е Аллах, Господарот ваш, па само Него обожувајте Го! Зошто не размислите |
إِلَيْهِ مَرْجِعُكُمْ جَمِيعًا ۖ وَعْدَ اللَّهِ حَقًّا ۚ إِنَّهُ يَبْدَأُ الْخَلْقَ ثُمَّ يُعِيدُهُ لِيَجْزِيَ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ بِالْقِسْطِ ۚ وَالَّذِينَ كَفَرُوا لَهُمْ شَرَابٌ مِّنْ حَمِيمٍ وَعَذَابٌ أَلِيمٌ بِمَا كَانُوا يَكْفُرُونَ (4) На Него сите ќе Му се вратите; Аллаховото ветување е вистинито; Тој навистина од ништо создава, и Тој повторно тоа ќе го повтори, за праведно да ги награди тие што веруваат и прават добри дела. А тие штонема да веруваат ги чека напивка одзовриена вода инеиздржливо страдање, затоа што беа неверници |
هُوَ الَّذِي جَعَلَ الشَّمْسَ ضِيَاءً وَالْقَمَرَ نُورًا وَقَدَّرَهُ مَنَازِلَ لِتَعْلَمُوا عَدَدَ السِّنِينَ وَالْحِسَابَ ۚ مَا خَلَقَ اللَّهُ ذَٰلِكَ إِلَّا بِالْحَقِّ ۚ يُفَصِّلُ الْآيَاتِ لِقَوْمٍ يَعْلَمُونَ (5) Тој Сонцето извор на светлината го направи, а Месечината сјајна, и положба ѝ одреди за да го знаете бројот на годините и сметањето. Аллах тоа мудро го создаде. Тој детално им ги предочува доказите на луѓето кои разбираат |
إِنَّ فِي اخْتِلَافِ اللَّيْلِ وَالنَّهَارِ وَمَا خَلَقَ اللَّهُ فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ لَآيَاتٍ لِّقَوْمٍ يَتَّقُونَ (6) Во менувањето на ноќта и денот, и во тоа што Аллах на небесата и на Земјата го создаде, навистина постојат докази за луѓето кои се плашат од Аллах |
إِنَّ الَّذِينَ لَا يَرْجُونَ لِقَاءَنَا وَرَضُوا بِالْحَيَاةِ الدُّنْيَا وَاطْمَأَنُّوا بِهَا وَالَّذِينَ هُمْ عَنْ آيَاتِنَا غَافِلُونَ (7) На тие што не очекуваат дека пред Нас ќе застанат и кои се задоволни со животот на овој свет, кои на него се смирени и тие кои кон нашите докази се рамнодушни |
أُولَٰئِكَ مَأْوَاهُمُ النَّارُ بِمَا كَانُوا يَكْسِبُونَ (8) престојувалиштето нивно џехенемот ќе биде, поради тоа што го правеле |
إِنَّ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ يَهْدِيهِمْ رَبُّهُم بِإِيمَانِهِمْ ۖ تَجْرِي مِن تَحْتِهِمُ الْأَنْهَارُ فِي جَنَّاتِ النَّعِيمِ (9) Тие што веруваат и прават добри дела, Господарот нивен ќе ги упати на Вистинскиот пат, поради тоа што веруваат. Реки ќе течат пред нив во градините на благодатите |
دَعْوَاهُمْ فِيهَا سُبْحَانَكَ اللَّهُمَّ وَتَحِيَّتُهُمْ فِيهَا سَلَامٌ ۚ وَآخِرُ دَعْوَاهُمْ أَنِ الْحَمْدُ لِلَّهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ (10) Нивната молитва во нив ќе биде: „Славен си Аллаху!“, поздравот нивен: „Мир со вас!“, а нивната последна молитва: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите!“ |
۞ وَلَوْ يُعَجِّلُ اللَّهُ لِلنَّاسِ الشَّرَّ اسْتِعْجَالَهُم بِالْخَيْرِ لَقُضِيَ إِلَيْهِمْ أَجَلُهُمْ ۖ فَنَذَرُ الَّذِينَ لَا يَرْجُونَ لِقَاءَنَا فِي طُغْيَانِهِمْ يَعْمَهُونَ (11) Да им дава Аллах на луѓето зло толку брзо како кога им се одѕива кога бараат добро, тие навистина би страдале. Но, Ние сепак ги оставаме во својата заблуда да талкаат тие што не веруваат дека пред Нас ќе застанат |
وَإِذَا مَسَّ الْإِنسَانَ الضُّرُّ دَعَانَا لِجَنبِهِ أَوْ قَاعِدًا أَوْ قَائِمًا فَلَمَّا كَشَفْنَا عَنْهُ ضُرَّهُ مَرَّ كَأَن لَّمْ يَدْعُنَا إِلَىٰ ضُرٍّ مَّسَّهُ ۚ كَذَٰلِكَ زُيِّنَ لِلْمُسْرِفِينَ مَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (12) Кога човекот ќе го снајде неволја, тој ни се моли: или лежејќи или седејќи или стоејќи. А кога ќе го ослободиме од неволјата, тој продолжува, како никогаш да не Ни се обраќал со молба поради неволјата која го снашла. И така на неверниците, кои ги преминуваат границите, им се чини убаво тоа што го прават |
وَلَقَدْ أَهْلَكْنَا الْقُرُونَ مِن قَبْلِكُمْ لَمَّا ظَلَمُوا ۙ وَجَاءَتْهُمْ رُسُلُهُم بِالْبَيِّنَاتِ وَمَا كَانُوا لِيُؤْمِنُوا ۚ كَذَٰلِكَ نَجْزِي الْقَوْمَ الْمُجْرِمِينَ (13) Ние ги уништувавме древните народи пред вас затоа што правеа неправда откако Пратениците нивни јасни докази им носеа. Но тие и така не би верувале. Така Ние го казнуваме народот злосторнички |
ثُمَّ جَعَلْنَاكُمْ خَلَائِفَ فِي الْأَرْضِ مِن بَعْدِهِمْ لِنَنظُرَ كَيْفَ تَعْمَلُونَ (14) Ете затоа по нив, вас ве поставивме за наследници на Земјата, за да видиме како ќе постапувате |
وَإِذَا تُتْلَىٰ عَلَيْهِمْ آيَاتُنَا بَيِّنَاتٍ ۙ قَالَ الَّذِينَ لَا يَرْجُونَ لِقَاءَنَا ائْتِ بِقُرْآنٍ غَيْرِ هَٰذَا أَوْ بَدِّلْهُ ۚ قُلْ مَا يَكُونُ لِي أَنْ أُبَدِّلَهُ مِن تِلْقَاءِ نَفْسِي ۖ إِنْ أَتَّبِعُ إِلَّا مَا يُوحَىٰ إِلَيَّ ۖ إِنِّي أَخَافُ إِنْ عَصَيْتُ رَبِّي عَذَابَ يَوْمٍ عَظِيمٍ (15) А кога им се кажуваат ајетите Наши, кои се јасни, тогаш тие што не веруваат дека пред Нас ќе застанат, велат: „Донеси ти некој друг Куран или измени го!“ Кажи: „Незамисливо е јас сам од себе да го менувам, јас го следам само тоа што ми се објавува, јас се плашам да Му бидам непослушен на својот Господар од страдањето на Големиот ден.“ |
قُل لَّوْ شَاءَ اللَّهُ مَا تَلَوْتُهُ عَلَيْكُمْ وَلَا أَدْرَاكُم بِهِ ۖ فَقَدْ لَبِثْتُ فِيكُمْ عُمُرًا مِّن قَبْلِهِ ۚ أَفَلَا تَعْقِلُونَ (16) Кажи: „Да не сакаше Аллах, јас немаше да ви го кажувам, ниту пак Тој ќе ве запознаеше со него. Та, јас пред пратеништвото помеѓу вас долго престојував, зарем не сфаќате?“ |
فَمَنْ أَظْلَمُ مِمَّنِ افْتَرَىٰ عَلَى اللَّهِ كَذِبًا أَوْ كَذَّبَ بِآيَاتِهِ ۚ إِنَّهُ لَا يُفْلِحُ الْمُجْرِمُونَ (17) Па има ли тогаш понеправеден од тој којшто за Аллах изнесува лаги или кој што Неговите докази ги смета за невистинити?! Злосторниците навистина нема да успеат |
وَيَعْبُدُونَ مِن دُونِ اللَّهِ مَا لَا يَضُرُّهُمْ وَلَا يَنفَعُهُمْ وَيَقُولُونَ هَٰؤُلَاءِ شُفَعَاؤُنَا عِندَ اللَّهِ ۚ قُلْ أَتُنَبِّئُونَ اللَّهَ بِمَا لَا يَعْلَمُ فِي السَّمَاوَاتِ وَلَا فِي الْأَرْضِ ۚ سُبْحَانَهُ وَتَعَالَىٰ عَمَّا يُشْرِكُونَ (18) Тие, покрај Аллах, ги обожуваат тие коинеможат да им наштетат ниту пак можат каква било корист да им донесат, и велат: „Ова се нашите заземачи кај Аллах.“ Кажи: „Како тоа на Аллах да Му кажувате дека на небесата и на Земјата постои нешто, а Тој знае дека не постои?!“ Тој е чист и многу високо над тие што Нему Му ги здружуваат |
وَمَا كَانَ النَّاسُ إِلَّا أُمَّةً وَاحِدَةً فَاخْتَلَفُوا ۚ وَلَوْلَا كَلِمَةٌ سَبَقَتْ مِن رَّبِّكَ لَقُضِيَ بَيْنَهُمْ فِيمَا فِيهِ يَخْتَلِفُونَ (19) Луѓето сочинуваа една заедница, а потоа се спротивставија еден против друг. А да не беше претходно изречениот Збор од Господарот твој, на нив веќе ќе им беше пресудено за тоа за што не се согласуваа |
وَيَقُولُونَ لَوْلَا أُنزِلَ عَلَيْهِ آيَةٌ مِّن رَّبِّهِ ۖ فَقُلْ إِنَّمَا الْغَيْبُ لِلَّهِ فَانتَظِرُوا إِنِّي مَعَكُم مِّنَ الْمُنتَظِرِينَ (20) Тие велат: „Зошто Неговиот Господар не му испрати некое чудо?“ Ти кажи: „Само Аллах знае што ќе биде, па почекајте и јас со вас ќе чекам.“ |
وَإِذَا أَذَقْنَا النَّاسَ رَحْمَةً مِّن بَعْدِ ضَرَّاءَ مَسَّتْهُمْ إِذَا لَهُم مَّكْرٌ فِي آيَاتِنَا ۚ قُلِ اللَّهُ أَسْرَعُ مَكْرًا ۚ إِنَّ رُسُلَنَا يَكْتُبُونَ مَا تَمْكُرُونَ (21) А кога ние ќе им дозволиме на луѓето да ја почувствуваат милоста по неволјата која ги снашла, тие повторно на доказите Наши им се исмејуваат. Кажи: „Аллах е побрз во казнувањето; мелеците Наши навистина го запишуваат тоа што вие го сплеткарите.“ |
هُوَ الَّذِي يُسَيِّرُكُمْ فِي الْبَرِّ وَالْبَحْرِ ۖ حَتَّىٰ إِذَا كُنتُمْ فِي الْفُلْكِ وَجَرَيْنَ بِهِم بِرِيحٍ طَيِّبَةٍ وَفَرِحُوا بِهَا جَاءَتْهَا رِيحٌ عَاصِفٌ وَجَاءَهُمُ الْمَوْجُ مِن كُلِّ مَكَانٍ وَظَنُّوا أَنَّهُمْ أُحِيطَ بِهِمْ ۙ دَعَوُا اللَّهَ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ لَئِنْ أَنجَيْتَنَا مِنْ هَٰذِهِ لَنَكُونَنَّ مِنَ الشَّاكِرِينَ (22) Тој ви овозможува по копно и по море да патувате. Па кога стево бродовите, и кога тие со помош на благиот ветер ќе запловат со патниците, па тие му се радуваат на тоа; надојде ли силен ветер и брановите насрнат ли кон нив од сите страни, а тие ќе се уплашат дека ќе настрадаат, искрено Му се молат на Аллах: „Ако нè спасиш од ова, сигурно ќе бидеме благодарни!“ |
فَلَمَّا أَنجَاهُمْ إِذَا هُمْ يَبْغُونَ فِي الْأَرْضِ بِغَيْرِ الْحَقِّ ۗ يَا أَيُّهَا النَّاسُ إِنَّمَا بَغْيُكُمْ عَلَىٰ أَنفُسِكُم ۖ مَّتَاعَ الْحَيَاةِ الدُّنْيَا ۖ ثُمَّ إِلَيْنَا مَرْجِعُكُمْ فَنُنَبِّئُكُم بِمَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ (23) А кога Тој ќе ги спаси, тие одеднаш без никаква основа прават неред на Земјата! О, луѓе, неправдата која ја правите за да уживате на овој свет само ви штети; потоа Нам ќе ни се вратите и Ние ќе ве известиме за тоа што го правевте |
إِنَّمَا مَثَلُ الْحَيَاةِ الدُّنْيَا كَمَاءٍ أَنزَلْنَاهُ مِنَ السَّمَاءِ فَاخْتَلَطَ بِهِ نَبَاتُ الْأَرْضِ مِمَّا يَأْكُلُ النَّاسُ وَالْأَنْعَامُ حَتَّىٰ إِذَا أَخَذَتِ الْأَرْضُ زُخْرُفَهَا وَازَّيَّنَتْ وَظَنَّ أَهْلُهَا أَنَّهُمْ قَادِرُونَ عَلَيْهَا أَتَاهَا أَمْرُنَا لَيْلًا أَوْ نَهَارًا فَجَعَلْنَاهَا حَصِيدًا كَأَن لَّمْ تَغْنَ بِالْأَمْسِ ۚ كَذَٰلِكَ نُفَصِّلُ الْآيَاتِ لِقَوْمٍ يَتَفَكَّرُونَ (24) Животот на овој свет е сличен на овоземското растение на кое Ние му спуштаме дожд од небото со кој тоа се измешува, со кое потоа се хранат луѓето и добитокот. И кога Земјата со своето руво ќе се украси и ќе се накити, и кога нејзините жители ќе помислат дека тие се господари на тоа, доаѓа заповедта Наша, ноќе или дење, и Ние тоа го покосуваме како претходно да не било ништо. Ете, така Ние детално им ги претставуваме доказите на народот кој сака да размисли |
وَاللَّهُ يَدْعُو إِلَىٰ دَارِ السَّلَامِ وَيَهْدِي مَن يَشَاءُ إِلَىٰ صِرَاطٍ مُّسْتَقِيمٍ (25) Аллах повикува во Куќата на спасот131 и му укажува на Вистинскиот пат на тој кому Тој сака |
۞ لِّلَّذِينَ أَحْسَنُوا الْحُسْنَىٰ وَزِيَادَةٌ ۖ وَلَا يَرْهَقُ وُجُوهَهُمْ قَتَرٌ وَلَا ذِلَّةٌ ۚ أُولَٰئِكَ أَصْحَابُ الْجَنَّةِ ۖ هُمْ فِيهَا خَالِدُونَ (26) Тие што прават добри дела ги чека убава награда, и повеќе од тоа! Нивните лица нема да ги покрие ни црнило ни понижување, тие жители на џенетот ќе бидат, во него вечно ќе престојуваат |
وَالَّذِينَ كَسَبُوا السَّيِّئَاتِ جَزَاءُ سَيِّئَةٍ بِمِثْلِهَا وَتَرْهَقُهُمْ ذِلَّةٌ ۖ مَّا لَهُم مِّنَ اللَّهِ مِنْ عَاصِمٍ ۖ كَأَنَّمَا أُغْشِيَتْ وُجُوهُهُمْ قِطَعًا مِّنَ اللَّيْلِ مُظْلِمًا ۚ أُولَٰئِكَ أَصْحَابُ النَّارِ ۖ هُمْ فِيهَا خَالِدُونَ (27) А тие што прават лоши дела ги чека сразмерна казна за тоа што го сториле; нив понижувањето ќе ги прекрива, никој од Аллах нема да ги заштити, лицата нивни ќе бидат мрачни, како на нив да се спуштиле делови од темна ноќ, жители на Огнот тие ќе бидат, и во него вечно ќе престојуваат |
وَيَوْمَ نَحْشُرُهُمْ جَمِيعًا ثُمَّ نَقُولُ لِلَّذِينَ أَشْرَكُوا مَكَانَكُمْ أَنتُمْ وَشُرَكَاؤُكُمْ ۚ فَزَيَّلْنَا بَيْنَهُمْ ۖ وَقَالَ شُرَكَاؤُهُم مَّا كُنتُمْ إِيَّانَا تَعْبُدُونَ (28) А на Денот кога сите ќе ги собереме, ќе им кажеме на тие кои на Аллах здруженици Му припишуваа: „Застанете вие и божествата ваши!“, па ќе ги раздвоиме, а божествата нивни ќе речат: „Вие нас не нè обожувавте |
فَكَفَىٰ بِاللَّهِ شَهِيدًا بَيْنَنَا وَبَيْنَكُمْ إِن كُنَّا عَنْ عِبَادَتِكُمْ لَغَافِلِينَ (29) Аллах ни е доволен сведок и нам и вам, ние навистина не знаевме дека нè обожувавте.“ |
هُنَالِكَ تَبْلُو كُلُّ نَفْسٍ مَّا أَسْلَفَتْ ۚ وَرُدُّوا إِلَى اللَّهِ مَوْلَاهُمُ الْحَقِّ ۖ وَضَلَّ عَنْهُم مَّا كَانُوا يَفْتَرُونَ (30) Тука секој ќе го дознае тоа што претходно го направил – ќе Му бидат вратени на Аллах, на својот вистински Господар, а нема да ги има тие што самите ги измислувале |
قُلْ مَن يَرْزُقُكُم مِّنَ السَّمَاءِ وَالْأَرْضِ أَمَّن يَمْلِكُ السَّمْعَ وَالْأَبْصَارَ وَمَن يُخْرِجُ الْحَيَّ مِنَ الْمَيِّتِ وَيُخْرِجُ الْمَيِّتَ مِنَ الْحَيِّ وَمَن يُدَبِّرُ الْأَمْرَ ۚ فَسَيَقُولُونَ اللَّهُ ۚ فَقُلْ أَفَلَا تَتَّقُونَ (31) Запрашај: „Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во неживо, и кој управува со сè?“ – „Аллах!“, ќе кажат тие, а ти кажи: „Па зошто тогаш не се плашите од Него |
فَذَٰلِكُمُ اللَّهُ رَبُّكُمُ الْحَقُّ ۖ فَمَاذَا بَعْدَ الْحَقِّ إِلَّا الضَّلَالُ ۖ فَأَنَّىٰ تُصْرَفُونَ (32) Ете, тоа е Аллах, Господарот ваш вистински! Зарем по Вистината има нешто друго освен заблуда? Па тогаш каде се одметнувате?“ |
كَذَٰلِكَ حَقَّتْ كَلِمَتُ رَبِّكَ عَلَى الَّذِينَ فَسَقُوا أَنَّهُمْ لَا يُؤْمِنُونَ (33) Така ќе се остварат зборовите на Господарот твој, дека нема да веруваат тие што живеат во грев |
قُلْ هَلْ مِن شُرَكَائِكُم مَّن يَبْدَأُ الْخَلْقَ ثُمَّ يُعِيدُهُ ۚ قُلِ اللَّهُ يَبْدَأُ الْخَلْقَ ثُمَّ يُعِيدُهُ ۖ فَأَنَّىٰ تُؤْفَكُونَ (34) Кажи: „Дали може кое било ваше божество да создава од ништо и повторно тоа да го направи?“ Кажи: „Аллах создава од ништо и повторно тоа ќе го направи! Па тогаш каде се одметнувате?“ |
قُلْ هَلْ مِن شُرَكَائِكُم مَّن يَهْدِي إِلَى الْحَقِّ ۚ قُلِ اللَّهُ يَهْدِي لِلْحَقِّ ۗ أَفَمَن يَهْدِي إِلَى الْحَقِّ أَحَقُّ أَن يُتَّبَعَ أَمَّن لَّا يَهِدِّي إِلَّا أَن يُهْدَىٰ ۖ فَمَا لَكُمْ كَيْفَ تَحْكُمُونَ (35) Кажи: „Дали може кое било ваше божество да упати на Вистинскиот пат?“, и одговори: „Само Аллах упатува на Вистинскиот пат! Па дали тогаш е подостојно да се почитува Тој што на Вистинскиот пат упатува или тој што и самиот не е на Вистинскиот пат, освен ако некој друг на Вистинскиот пат не го упати? Што ви е, како расудувате?!“ |
وَمَا يَتَّبِعُ أَكْثَرُهُمْ إِلَّا ظَنًّا ۚ إِنَّ الظَّنَّ لَا يُغْنِي مِنَ الْحَقِّ شَيْئًا ۚ إِنَّ اللَّهَ عَلِيمٌ بِمَا يَفْعَلُونَ (36) Повеќето од нив ги следат само претпоставките; но претпоставките не ѝ се нималку од корист на Вистината; Аллах навистина добро го знае тоа што тие го прават |
وَمَا كَانَ هَٰذَا الْقُرْآنُ أَن يُفْتَرَىٰ مِن دُونِ اللَّهِ وَلَٰكِن تَصْدِيقَ الَّذِي بَيْنَ يَدَيْهِ وَتَفْصِيلَ الْكِتَابِ لَا رَيْبَ فِيهِ مِن رَّبِّ الْعَالَمِينَ (37) Овој Куран не е измислен, од Аллах е! Ја потврдува вистинитоста на предходните објави и ги објаснува прописите, во него нема сомнеж, од Господарот на световите е |
أَمْ يَقُولُونَ افْتَرَاهُ ۖ قُلْ فَأْتُوا بِسُورَةٍ مِّثْلِهِ وَادْعُوا مَنِ اسْتَطَعْتُم مِّن دُونِ اللَّهِ إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ (38) А тие велат: „Тој го измислува!“ Кажи: „Па дајте и вие едно поглавје како што му е нему објавено, и кого сакате, од тие во кои покрај Аллах верувате, на помош повикајте, ако вистината ја зборувате.“ |
بَلْ كَذَّبُوا بِمَا لَمْ يُحِيطُوا بِعِلْمِهِ وَلَمَّا يَأْتِهِمْ تَأْوِيلُهُ ۚ كَذَٰلِكَ كَذَّبَ الَّذِينَ مِن قَبْلِهِمْ ۖ فَانظُرْ كَيْفَ كَانَ عَاقِبَةُ الظَّالِمِينَ (39) Тие негираат, пред темелно да дознаат што има во него, а сè уште не им дошло толкувањето негово; исто така негираа и тие пред нив, па погледни како завршија насилниците |
وَمِنْهُم مَّن يُؤْمِنُ بِهِ وَمِنْهُم مَّن لَّا يُؤْمِنُ بِهِ ۚ وَرَبُّكَ أَعْلَمُ بِالْمُفْسِدِينَ (40) Има такви што веруваат во Него, а има и такви што не веруваат во Него. А Господарот твој, добро ги знае интригантите |
وَإِن كَذَّبُوكَ فَقُل لِّي عَمَلِي وَلَكُمْ عَمَلُكُمْ ۖ أَنتُم بَرِيئُونَ مِمَّا أَعْمَلُ وَأَنَا بَرِيءٌ مِّمَّا تَعْمَلُونَ (41) И ако тие те обвинуваат за лага, ти кажи: „Мене моите, а вам вашите дела; вие нема да одговарате за тоа што јас го правам, а јас нема да одговарам за тоа што вие го правите.“ |
وَمِنْهُم مَّن يَسْتَمِعُونَ إِلَيْكَ ۚ أَفَأَنتَ تُسْمِعُ الصُّمَّ وَلَوْ كَانُوا لَا يَعْقِلُونَ (42) Има такви што доаѓаат да те слушаат. А можеш ли да направиш глувите да те слушнат, кои ни памет немаат |
وَمِنْهُم مَّن يَنظُرُ إِلَيْكَ ۚ أَفَأَنتَ تَهْدِي الْعُمْيَ وَلَوْ كَانُوا لَا يُبْصِرُونَ (43) А има такви што те набљудуваат. А можеш ли да ги упатиш на Вистинскиот пат слепите, кои ни разум немаат |
إِنَّ اللَّهَ لَا يَظْلِمُ النَّاسَ شَيْئًا وَلَٰكِنَّ النَّاسَ أَنفُسَهُمْ يَظْلِمُونَ (44) Аллах навистина нема никаква неправда на луѓето да им стори, луѓето сами си ја прават |
وَيَوْمَ يَحْشُرُهُمْ كَأَن لَّمْ يَلْبَثُوا إِلَّا سَاعَةً مِّنَ النَّهَارِ يَتَعَارَفُونَ بَيْنَهُمْ ۚ قَدْ خَسِرَ الَّذِينَ كَذَّبُوا بِلِقَاءِ اللَّهِ وَمَا كَانُوا مُهْتَدِينَ (45) АнаДеноткогаТојќегисобере,ќеимсепристорикакодапрестојувале само еден час во денот, и едните ќе ги препознаат другите. Тие што негирале дека ќе застанат пред Аллах и што не оделе по Вистинскиот пат, ќе бидат изгубени |
وَإِمَّا نُرِيَنَّكَ بَعْضَ الَّذِي نَعِدُهُمْ أَوْ نَتَوَفَّيَنَّكَ فَإِلَيْنَا مَرْجِعُهُمْ ثُمَّ اللَّهُ شَهِيدٌ عَلَىٰ مَا يَفْعَلُونَ (46) Било да ти покажеме дел од тоа со што им се закануваме, било да ти ја земеме душата, Нам сè ќе ни се врати и тогаш Аллах ќе биде сведок за тоа што го правеле |
وَلِكُلِّ أُمَّةٍ رَّسُولٌ ۖ فَإِذَا جَاءَ رَسُولُهُمْ قُضِيَ بَيْنَهُم بِالْقِسْطِ وَهُمْ لَا يُظْلَمُونَ (47) Секој народ имал Пратеник. И кога Пратеникот нивен ќе дојде меѓу нив, ним праведно ќе им биде пресудено, нема да им биде нанесено насилство |
وَيَقُولُونَ مَتَىٰ هَٰذَا الْوَعْدُ إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ (48) Тие велат: „Кога веќе еднаш ќе биде таа закана, ако ја зборувате вистината?“ |
قُل لَّا أَمْلِكُ لِنَفْسِي ضَرًّا وَلَا نَفْعًا إِلَّا مَا شَاءَ اللَّهُ ۗ لِكُلِّ أُمَّةٍ أَجَلٌ ۚ إِذَا جَاءَ أَجَلُهُمْ فَلَا يَسْتَأْخِرُونَ سَاعَةً ۖ وَلَا يَسْتَقْدِمُونَ (49) Кажи: „Јас не можам ни на самиот себеси некаква корист да си сторам, ниту од себеси некаква штета да тргнам; се случува така како што сака Аллах!“ Секој народ има крај, и кога крајот негов ќе дојде, ни за момент нема да може да го одложи ниту да го забрза |
قُلْ أَرَأَيْتُمْ إِنْ أَتَاكُمْ عَذَابُهُ بَيَاتًا أَوْ نَهَارًا مَّاذَا يَسْتَعْجِلُ مِنْهُ الْمُجْرِمُونَ (50) Кажи: „Кажете ми: доколку казната Негова ве стигне ноќе или дење, зошто тогаш злосторниците ја избрзуваат |
أَثُمَّ إِذَا مَا وَقَعَ آمَنتُم بِهِ ۚ آلْآنَ وَقَدْ كُنتُم بِهِ تَسْتَعْجِلُونَ (51) Зарем тогаш кога ќе се случи ќе поверувате во неа? Дури тогаш, а порано сте ја забрзувале?“ |
ثُمَّ قِيلَ لِلَّذِينَ ظَلَمُوا ذُوقُوا عَذَابَ الْخُلْدِ هَلْ تُجْزَوْنَ إِلَّا بِمَا كُنتُمْ تَكْسِبُونَ (52) Потоа ќе им се каже на тие што сториле неправда: „Искусете го вечното страдање; зарем се казнувате повеќе отколку што сте заслужиле?“ |
۞ وَيَسْتَنبِئُونَكَ أَحَقٌّ هُوَ ۖ قُلْ إِي وَرَبِّي إِنَّهُ لَحَقٌّ ۖ وَمَا أَنتُم بِمُعْجِزِينَ (53) Тие те потпрашуваат: „Дали е вистина дека тоа ќе се случи?“ Кажи: „Да, се колнам во Господарот мој, навистина е вистина, и вие нема да можете да ја одминете!“ земеме душата, Нам сè ќе ни се врати и тогаш Аллах ќе биде сведок за тоа што го правеле |
وَلَوْ أَنَّ لِكُلِّ نَفْسٍ ظَلَمَتْ مَا فِي الْأَرْضِ لَافْتَدَتْ بِهِ ۗ وَأَسَرُّوا النَّدَامَةَ لَمَّا رَأَوُا الْعَذَابَ ۖ وَقُضِيَ بَيْنَهُم بِالْقِسْطِ ۚ وَهُمْ لَا يُظْلَمُونَ (54) Кога неверникот би поседувал сè што постои на Земјата, сето тоа би го дал само за да се откупи. А кога тие ќе го доживеат страдањето, ќе ја сокријат тагата, и праведно ќе им биде пресудено, нема да им се стори неправда |
أَلَا إِنَّ لِلَّهِ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۗ أَلَا إِنَّ وَعْدَ اللَّهِ حَقٌّ وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَهُمْ لَا يَعْلَمُونَ (55) Аллахово е сè што е на набесата и на Земјата! Аллаховото ветување сигурно ќе се исполни, но повеќето од нив не знаат |
هُوَ يُحْيِي وَيُمِيتُ وَإِلَيْهِ تُرْجَعُونَ (56) Тој, животот и смртта ги дава и Нему ќе Му се вратите |
يَا أَيُّهَا النَّاسُ قَدْ جَاءَتْكُم مَّوْعِظَةٌ مِّن رَّبِّكُمْ وَشِفَاءٌ لِّمَا فِي الصُّدُورِ وَهُدًى وَرَحْمَةٌ لِّلْمُؤْمِنِينَ (57) О, луѓе, веќе ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за вашите срца, и упатство и милост за верниците |
قُلْ بِفَضْلِ اللَّهِ وَبِرَحْمَتِهِ فَبِذَٰلِكَ فَلْيَفْرَحُوا هُوَ خَيْرٌ مِّمَّا يَجْمَعُونَ (58) Кажи: „Па поради тоа нека им се радуваат на Аллаховата благодат и милост, тоа е подобро од тоа што го натрупуваат.“ |
قُلْ أَرَأَيْتُم مَّا أَنزَلَ اللَّهُ لَكُم مِّن رِّزْقٍ فَجَعَلْتُم مِّنْهُ حَرَامًا وَحَلَالًا قُلْ آللَّهُ أَذِنَ لَكُمْ ۖ أَمْ عَلَى اللَّهِ تَفْتَرُونَ (59) Кажи: „Кажете ми зошто некоја храна која Аллах ја дава, ја сметате за забранета, а друга за дозволена?“ Кажи: „Дали тоа Аллах ви го дозволил или изнесувате лаги за Аллах?“ |
وَمَا ظَنُّ الَّذِينَ يَفْتَرُونَ عَلَى اللَّهِ الْكَذِبَ يَوْمَ الْقِيَامَةِ ۗ إِنَّ اللَّهَ لَذُو فَضْلٍ عَلَى النَّاسِ وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَهُمْ لَا يَشْكُرُونَ (60) И што мислат тие кои изнесуваат лаги за Аллах, што ќе биде на Судниот ден? Аллах навистина е неизмерно добар кон луѓето, но повеќето од нив не заблагодаруваат |
وَمَا تَكُونُ فِي شَأْنٍ وَمَا تَتْلُو مِنْهُ مِن قُرْآنٍ وَلَا تَعْمَلُونَ مِنْ عَمَلٍ إِلَّا كُنَّا عَلَيْكُمْ شُهُودًا إِذْ تُفِيضُونَ فِيهِ ۚ وَمَا يَعْزُبُ عَن رَّبِّكَ مِن مِّثْقَالِ ذَرَّةٍ فِي الْأَرْضِ وَلَا فِي السَّمَاءِ وَلَا أَصْغَرَ مِن ذَٰلِكَ وَلَا أَكْبَرَ إِلَّا فِي كِتَابٍ مُّبِينٍ (61) И што и да правиш, и што и да кажуваш од Куранот, и каква било работа да правите, Ние над вас ќе бдееме, сè додека со тоа се занимавате. На Господарот твој ништо не Му е скриено ни на Земјата ни на небото, ни колку една тронка, и не постои ништо, ни помало ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна |
أَلَا إِنَّ أَوْلِيَاءَ اللَّهِ لَا خَوْفٌ عَلَيْهِمْ وَلَا هُمْ يَحْزَنُونَ (62) Од ништо нека не се плашат и за ништо нека не тагуваат Аллаховите штитеници |
الَّذِينَ آمَنُوا وَكَانُوا يَتَّقُونَ (63) Тие кои ќе веруваат и кои ќе стравуваат од Аллах |
لَهُمُ الْبُشْرَىٰ فِي الْحَيَاةِ الدُّنْيَا وَفِي الْآخِرَةِ ۚ لَا تَبْدِيلَ لِكَلِمَاتِ اللَّهِ ۚ ذَٰلِكَ هُوَ الْفَوْزُ الْعَظِيمُ (64) за нив се добрите вести и на овој и на оној свет - Аллаховите зборови никој не може да ги смени – тоа навистина ќе биде голем успех |
وَلَا يَحْزُنكَ قَوْلُهُمْ ۘ إِنَّ الْعِزَّةَ لِلَّهِ جَمِيعًا ۚ هُوَ السَّمِيعُ الْعَلِيمُ (65) Нека не те растажуваат приказните нивни! Навистина, сета моќ Му припаѓа на Аллах; Тој сè слуша и сè знае |
أَلَا إِنَّ لِلَّهِ مَن فِي السَّمَاوَاتِ وَمَن فِي الْأَرْضِ ۗ وَمَا يَتَّبِعُ الَّذِينَ يَدْعُونَ مِن دُونِ اللَّهِ شُرَكَاءَ ۚ إِن يَتَّبِعُونَ إِلَّا الظَّنَّ وَإِنْ هُمْ إِلَّا يَخْرُصُونَ (66) Во Аллахова власт е сè штоенанебесатаина Земјата. А тие кои, покрај Аллах, им се молат на божествата, ги следат само претпоставките и се возгордејуваат |
هُوَ الَّذِي جَعَلَ لَكُمُ اللَّيْلَ لِتَسْكُنُوا فِيهِ وَالنَّهَارَ مُبْصِرًا ۚ إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَآيَاتٍ لِّقَوْمٍ يَسْمَعُونَ (67) Тој ви ја даде ноќта за во неа починок да имате, а денот за да гледате. Тоа се докази за луѓето кои слушаат |
قَالُوا اتَّخَذَ اللَّهُ وَلَدًا ۗ سُبْحَانَهُ ۖ هُوَ الْغَنِيُّ ۖ لَهُ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَمَا فِي الْأَرْضِ ۚ إِنْ عِندَكُم مِّن سُلْطَانٍ بِهَٰذَا ۚ أَتَقُولُونَ عَلَى اللَّهِ مَا لَا تَعْلَمُونَ (68) Тие велат: „Аллах си зел дете за Себе!“ – Возвишен и чист нека е Тој! Тој не е зависен од никого! Сè што е на небесата и на Земјата Негово е! Вие за тоа никаков доказ немате. Зошто за Аллах го зборувате тоа што не го знаете |
قُلْ إِنَّ الَّذِينَ يَفْتَرُونَ عَلَى اللَّهِ الْكَذِبَ لَا يُفْلِحُونَ (69) Кажи: „ Тие што за Аллах изнесуваат лаги, нема да го постигнат тоа што го сакаат.“ |
مَتَاعٌ فِي الدُّنْيَا ثُمَّ إِلَيْنَا مَرْجِعُهُمْ ثُمَّ نُذِيقُهُمُ الْعَذَابَ الشَّدِيدَ بِمَا كَانُوا يَكْفُرُونَ (70) Кратко ќе уживаат на овој свет, а потоа Нам ќе ни се вратат и Ние ќе им дадеме да претрпат неиздржливо страдање, затоа што не веруваа |
۞ وَاتْلُ عَلَيْهِمْ نَبَأَ نُوحٍ إِذْ قَالَ لِقَوْمِهِ يَا قَوْمِ إِن كَانَ كَبُرَ عَلَيْكُم مَّقَامِي وَتَذْكِيرِي بِآيَاتِ اللَّهِ فَعَلَى اللَّهِ تَوَكَّلْتُ فَأَجْمِعُوا أَمْرَكُمْ وَشُرَكَاءَكُمْ ثُمَّ لَا يَكُنْ أَمْرُكُمْ عَلَيْكُمْ غُمَّةً ثُمَّ اقْضُوا إِلَيَّ وَلَا تُنظِرُونِ (71) Кажи им ја веста за Нух! Кога тој му рече на народот свој: „О, народе мој, ако ви здосади моето престојување меѓу вас имоетоопоменување со Аллаховите докази, а јас постојано се потпирам на Аллах, тогаш заедно со божествата свои одлучете и одлуката ваша нека не биде нејасна, потоа тоа над мене извршете го и не го одложувајте |
فَإِن تَوَلَّيْتُمْ فَمَا سَأَلْتُكُم مِّنْ أَجْرٍ ۖ إِنْ أَجْرِيَ إِلَّا عَلَى اللَّهِ ۖ وَأُمِرْتُ أَنْ أَكُونَ مِنَ الْمُسْلِمِينَ (72) А ако ги свртите главите, па јас од вас не барам никаква награда, мене Аллах ќе ме награди, и мене ми е наредено да бидам муслиман.“ |
فَكَذَّبُوهُ فَنَجَّيْنَاهُ وَمَن مَّعَهُ فِي الْفُلْكِ وَجَعَلْنَاهُمْ خَلَائِفَ وَأَغْرَقْنَا الَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا ۖ فَانظُرْ كَيْفَ كَانَ عَاقِبَةُ الْمُنذَرِينَ (73) Но, го нарекоа лажливец, па Ние во брод него и тие што беа со него ги спасивме и за намесници ги ставивме, а тие што доказите Наши не ги признаваа ги потопивме, па погледни како завршија тие кои на опомените не внимаваа |
ثُمَّ بَعَثْنَا مِن بَعْدِهِ رُسُلًا إِلَىٰ قَوْمِهِمْ فَجَاءُوهُم بِالْبَيِّنَاتِ فَمَا كَانُوا لِيُؤْمِنُوا بِمَا كَذَّبُوا بِهِ مِن قَبْلُ ۚ كَذَٰلِكَ نَطْبَعُ عَلَىٰ قُلُوبِ الْمُعْتَدِينَ (74) Потоа Ние, по него, на нивните народи Пратеници им праќавме и тие јасни докази им носеа, но тие не сакаа да веруваат во тоа што претходно не го признаваа. Така Ние им ги запечативме срцата на тие кои ја преминуваат секоја граница во злото |
ثُمَّ بَعَثْنَا مِن بَعْدِهِم مُّوسَىٰ وَهَارُونَ إِلَىٰ فِرْعَوْنَ وَمَلَئِهِ بِآيَاتِنَا فَاسْتَكْبَرُوا وَكَانُوا قَوْمًا مُّجْرِمِينَ (75) Потоа Ние, по нив, Муса и Харун им ги испративме со знаците Наши на фараонот и на главешините негови, но тие се возгордеаја, а тоа беше злосторнички народ |
فَلَمَّا جَاءَهُمُ الْحَقُّ مِنْ عِندِنَا قَالُوا إِنَّ هَٰذَا لَسِحْرٌ مُّبِينٌ (76) когаод Нас Вистината им дојде, кажаа: „Ова естварно вистинска магија!“ |
قَالَ مُوسَىٰ أَتَقُولُونَ لِلْحَقِّ لَمَّا جَاءَكُمْ ۖ أَسِحْرٌ هَٰذَا وَلَا يُفْلِحُ السَّاحِرُونَ (77) „Зарем за вистината која ви е дојдена велите дека е магија?“ – кажа Муса - „А маѓепсниците никогаш нема да успеат!“ |
قَالُوا أَجِئْتَنَا لِتَلْفِتَنَا عَمَّا وَجَدْنَا عَلَيْهِ آبَاءَنَا وَتَكُونَ لَكُمَا الْكِبْرِيَاءُ فِي الْأَرْضِ وَمَا نَحْنُ لَكُمَا بِمُؤْمِنِينَ (78) А тие рекоа: „Зарем дојде да нè одвратиш од тоа на што ги затекнавме предците наши, за на вас двајцата да ви припадне власта на Земјата? Е ние нема да ви веруваме на вас двајца!“ |
وَقَالَ فِرْعَوْنُ ائْتُونِي بِكُلِّ سَاحِرٍ عَلِيمٍ (79) И фараонот рече: „Донесете ми ги сите вешти маѓепсници!“ |
فَلَمَّا جَاءَ السَّحَرَةُ قَالَ لَهُم مُّوسَىٰ أَلْقُوا مَا أَنتُم مُّلْقُونَ (80) И кога маѓепсниците дојдоа, Муса им рече: „Фрлете што имате да фрлите!“ |
فَلَمَّا أَلْقَوْا قَالَ مُوسَىٰ مَا جِئْتُم بِهِ السِّحْرُ ۖ إِنَّ اللَّهَ سَيُبْطِلُهُ ۖ إِنَّ اللَّهَ لَا يُصْلِحُ عَمَلَ الْمُفْسِدِينَ (81) И кога тие фрлија, Муса извика: „Тоа што го приредивте е магија! Аллах ќе ја уништи, затоашто Аллах недопуштаделотонарасипаните да успее |
وَيُحِقُّ اللَّهُ الْحَقَّ بِكَلِمَاتِهِ وَلَوْ كَرِهَ الْمُجْرِمُونَ (82) Аллах со Своите зборови ќе ја утврди вистината, иако за тоа на неверниците ќе им биде криво!“ |
فَمَا آمَنَ لِمُوسَىٰ إِلَّا ذُرِّيَّةٌ مِّن قَوْمِهِ عَلَىٰ خَوْفٍ مِّن فِرْعَوْنَ وَمَلَئِهِمْ أَن يَفْتِنَهُمْ ۚ وَإِنَّ فِرْعَوْنَ لَعَالٍ فِي الْأَرْضِ وَإِنَّهُ لَمِنَ الْمُسْرِفِينَ (83) И никој не му поверува на Муса, освен малкумина од фараоновиот народ, од страв да не почнат да ги злоставуваат фараонот и главешините негови, а навистина фараонот беше насилник на Земјата и во злото секоја мерка ја преминуваше |
وَقَالَ مُوسَىٰ يَا قَوْمِ إِن كُنتُمْ آمَنتُم بِاللَّهِ فَعَلَيْهِ تَوَكَّلُوا إِن كُنتُم مُّسْلِمِينَ (84) И Муса рече: „О, народе мој, ако верувате во Аллах, потпрете се на Него, ако сте муслимани!“ |
فَقَالُوا عَلَى اللَّهِ تَوَكَّلْنَا رَبَّنَا لَا تَجْعَلْنَا فِتْنَةً لِّلْقَوْمِ الظَّالِمِينَ (85) „На Аллах се потпираме!“ – рекоа тие. „Господару наш, немој поради нас да сториш да дојдат во искушение луѓето кои прават насилство |
وَنَجِّنَا بِرَحْمَتِكَ مِنَ الْقَوْمِ الْكَافِرِينَ (86) и спаси нè, со Својата милост, од народот кој не верува |
وَأَوْحَيْنَا إِلَىٰ مُوسَىٰ وَأَخِيهِ أَن تَبَوَّآ لِقَوْمِكُمَا بِمِصْرَ بُيُوتًا وَاجْعَلُوا بُيُوتَكُمْ قِبْلَةً وَأَقِيمُوا الصَّلَاةَ ۗ وَبَشِّرِ الْمُؤْمِنِينَ (87) И Ние им објавивме на Муса и на братот негов: „На својот народ во Египет куќи изградете им и храмови направете ги и во нив молитвите извршувајте ги! А ти израдувај ги верниците!“ |
وَقَالَ مُوسَىٰ رَبَّنَا إِنَّكَ آتَيْتَ فِرْعَوْنَ وَمَلَأَهُ زِينَةً وَأَمْوَالًا فِي الْحَيَاةِ الدُّنْيَا رَبَّنَا لِيُضِلُّوا عَن سَبِيلِكَ ۖ رَبَّنَا اطْمِسْ عَلَىٰ أَمْوَالِهِمْ وَاشْدُدْ عَلَىٰ قُلُوبِهِمْ فَلَا يُؤْمِنُوا حَتَّىٰ يَرَوُا الْعَذَابَ الْأَلِيمَ (88) И Муса рече: „Господару наш! Ти им даде на фараонот и на главешините негови богатство за во раскош да живеат на овој свет, а тие, Господару мој, заведуваат од патот Твој! Господару наш, уништи го богатството нивно и запечати ги срцата нивни, па нека не веруваат сè додека не го доживеат неиздржливото страдање.“ |
قَالَ قَدْ أُجِيبَت دَّعْوَتُكُمَا فَاسْتَقِيمَا وَلَا تَتَّبِعَانِّ سَبِيلَ الَّذِينَ لَا يَعْلَمُونَ (89) „Услишана е молбата ваша!“ – рече Тој - „А вие двајца останете на Вистинскиот пат и никако немојте да ги следите незналците!“ |
۞ وَجَاوَزْنَا بِبَنِي إِسْرَائِيلَ الْبَحْرَ فَأَتْبَعَهُمْ فِرْعَوْنُ وَجُنُودُهُ بَغْيًا وَعَدْوًا ۖ حَتَّىٰ إِذَا أَدْرَكَهُ الْغَرَقُ قَالَ آمَنتُ أَنَّهُ لَا إِلَٰهَ إِلَّا الَّذِي آمَنَتْ بِهِ بَنُو إِسْرَائِيلَ وَأَنَا مِنَ الْمُسْلِمِينَ (90) И Ние ги пренесовме синовите Израилови преку море, а зад петици им беа фараонот и војниците негови, прогонувајќи ги од злобност и непријателство. А тој, кога почна да се дави, извика: „Јас верувам дека нема друг бог освен Тој во Кого веруваат синовите Израилови и јас се покорувам!“ |
آلْآنَ وَقَدْ عَصَيْتَ قَبْلُ وَكُنتَ مِنَ الْمُفْسِدِينَ (91) Зарем сега, а претходно непослушен беше и раскол сееше |
فَالْيَوْمَ نُنَجِّيكَ بِبَدَنِكَ لِتَكُونَ لِمَنْ خَلْفَكَ آيَةً ۚ وَإِنَّ كَثِيرًا مِّنَ النَّاسِ عَنْ آيَاتِنَا لَغَافِلُونَ (92) Денеска ќе го сочуваме само телото твое, за да биде поучен пример на тие по тебе, но мноштвото луѓе се рамнодушни кон Нашите поуки |
وَلَقَدْ بَوَّأْنَا بَنِي إِسْرَائِيلَ مُبَوَّأَ صِدْقٍ وَرَزَقْنَاهُم مِّنَ الطَّيِّبَاتِ فَمَا اخْتَلَفُوا حَتَّىٰ جَاءَهُمُ الْعِلْمُ ۚ إِنَّ رَبَّكَ يَقْضِي بَيْنَهُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ فِيمَا كَانُوا فِيهِ يَخْتَلِفُونَ (93) И Ние синовите Израилови во убав предел ги населивме и со вкусна храна ги снабдивме, и дури тогаш кога им дојде вистинското сознание, тие се подвоија во мислењата. А Господарот твој сигурно ќе им пресуди на Судниот ден за тоа за што се подвоија |
فَإِن كُنتَ فِي شَكٍّ مِّمَّا أَنزَلْنَا إِلَيْكَ فَاسْأَلِ الَّذِينَ يَقْرَءُونَ الْكِتَابَ مِن قَبْلِكَ ۚ لَقَدْ جَاءَكَ الْحَقُّ مِن رَّبِّكَ فَلَا تَكُونَنَّ مِنَ الْمُمْتَرِينَ (94) Ако се сомневаш во тоа што ти го објавуваме, запрашај ги тие што ја читаат Книгата што е пред тебе објавена. Тебе Вистината од Господарот твој ти доаѓа и никако немој да бидеш од тие што се сомневаат |
وَلَا تَكُونَنَّ مِنَ الَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِ اللَّهِ فَتَكُونَ مِنَ الْخَاسِرِينَ (95) И немој никако да бидеш од тие што Аллаховите докази не ги признаваат, за да не бидеш изгубен |
إِنَّ الَّذِينَ حَقَّتْ عَلَيْهِمْ كَلِمَتُ رَبِّكَ لَا يُؤْمِنُونَ (96) А тие на кои ќе им се оствари Зборот од Господарот твој, навистина нема да веруваат |
وَلَوْ جَاءَتْهُمْ كُلُّ آيَةٍ حَتَّىٰ يَرَوُا الْعَذَابَ الْأَلِيمَ (97) дури и да им дојдат сите докази, сè додека не доживеат неиздржливо страдање |
فَلَوْلَا كَانَتْ قَرْيَةٌ آمَنَتْ فَنَفَعَهَا إِيمَانُهَا إِلَّا قَوْمَ يُونُسَ لَمَّا آمَنُوا كَشَفْنَا عَنْهُمْ عَذَابَ الْخِزْيِ فِي الْحَيَاةِ الدُّنْيَا وَمَتَّعْنَاهُمْ إِلَىٰ حِينٍ (98) Зашто немаше ниту еден град кој поверува и на кој верувањето негово му користеше, освен на народот Јунусов, на кој кога поверува, срамното страдање од животот на овој свет им го отстранивме и уште некое време да уживаат им дадовме |
وَلَوْ شَاءَ رَبُّكَ لَآمَنَ مَن فِي الْأَرْضِ كُلُّهُمْ جَمِيعًا ۚ أَفَأَنتَ تُكْرِهُ النَّاسَ حَتَّىٰ يَكُونُوا مُؤْمِنِينَ (99) Господарот твој да сака, на Земјата сите би биле верници. Па зошто тогаш ти да ги тераш луѓето да бидат верници |
وَمَا كَانَ لِنَفْسٍ أَن تُؤْمِنَ إِلَّا بِإِذْنِ اللَّهِ ۚ وَيَجْعَلُ الرِّجْسَ عَلَى الَّذِينَ لَا يَعْقِلُونَ (100) Ниту еден човек не е верник без Аллаховата волја; а Тој ги казнува тие што не сакаат да размислат |
قُلِ انظُرُوا مَاذَا فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۚ وَمَا تُغْنِي الْآيَاتُ وَالنُّذُرُ عَن قَوْمٍ لَّا يُؤْمِنُونَ (101) Кажи: „Набљудувај го тоа што е на небесата и на Земјата!“ А од никаква корист нема да им бидат доказите и опомените на народот што не сака да верува |
فَهَلْ يَنتَظِرُونَ إِلَّا مِثْلَ أَيَّامِ الَّذِينَ خَلَوْا مِن قَبْلِهِمْ ۚ قُلْ فَانتَظِرُوا إِنِّي مَعَكُم مِّنَ الْمُنتَظِرِينَ (102) Зарем тие чекаат да ги снајде нешто слично на тоа што ги снашло тие кои пред нив биле и исчезнале? Кажи: „Па чекајте, и јас со вас ќе чекам!“ |
ثُمَّ نُنَجِّي رُسُلَنَا وَالَّذِينَ آمَنُوا ۚ كَذَٰلِكَ حَقًّا عَلَيْنَا نُنجِ الْمُؤْمِنِينَ (103) Потоа ги спасувавме Пратениците Наши и тие што веруваа. Ете, Нашата должност е така да ги спасиме верниците |
قُلْ يَا أَيُّهَا النَّاسُ إِن كُنتُمْ فِي شَكٍّ مِّن دِينِي فَلَا أَعْبُدُ الَّذِينَ تَعْبُدُونَ مِن دُونِ اللَّهِ وَلَٰكِنْ أَعْبُدُ اللَّهَ الَّذِي يَتَوَفَّاكُمْ ۖ وَأُمِرْتُ أَنْ أَكُونَ مِنَ الْمُؤْمِنِينَ (104) Кажи: „О, луѓе, ако вие се сомневате во исправноста на мојата вера, па јас нема да ги обожувам тие кои вие, покрај Аллах, ги обожувате, туку ќе Го обожувам Аллах, Кој ќе ви ги земе душите! Мене ми е наредено да бидам верник |
وَأَنْ أَقِمْ وَجْهَكَ لِلدِّينِ حَنِيفًا وَلَا تَكُونَنَّ مِنَ الْمُشْرِكِينَ (105) и: „Предај ѝ се на вистинската вера искрено, и никако немој да им бидеш поклоник на киповите |
وَلَا تَدْعُ مِن دُونِ اللَّهِ مَا لَا يَنفَعُكَ وَلَا يَضُرُّكَ ۖ فَإِن فَعَلْتَ فَإِنَّكَ إِذًا مِّنَ الظَّالِمِينَ (106) и, покрај Аллах, не моли му се на тој што не може ни да ти користи ни да ти наштети, зашто кога би го направил тоа, навистина би бил неверник!“ |
وَإِن يَمْسَسْكَ اللَّهُ بِضُرٍّ فَلَا كَاشِفَ لَهُ إِلَّا هُوَ ۖ وَإِن يُرِدْكَ بِخَيْرٍ فَلَا رَادَّ لِفَضْلِهِ ۚ يُصِيبُ بِهِ مَن يَشَاءُ مِنْ عِبَادِهِ ۚ وَهُوَ الْغَفُورُ الرَّحِيمُ (107) Ако Аллах ти даде некаква неволја, никој освен Него не може да ти ја отстрани, а ако ти посака добро, па никој не може да ја спречи Неговата благодат; Тој со неа наградува кого сака од робовите Свои. Тој простува и Милостив е.“ |
قُلْ يَا أَيُّهَا النَّاسُ قَدْ جَاءَكُمُ الْحَقُّ مِن رَّبِّكُمْ ۖ فَمَنِ اهْتَدَىٰ فَإِنَّمَا يَهْتَدِي لِنَفْسِهِ ۖ وَمَن ضَلَّ فَإِنَّمَا يَضِلُّ عَلَيْهَا ۖ وَمَا أَنَا عَلَيْكُم بِوَكِيلٍ (108) Кажи: „О, луѓе, Вистината ви доаѓа од Господарот ваш, и тој што се упатил на Вистинскиот пат, за свое добро се упатил, а тој што тргнал на погрешниот пат, на своја штета тргнал, а јас не сум овластен над вас.“ |
وَاتَّبِعْ مَا يُوحَىٰ إِلَيْكَ وَاصْبِرْ حَتَّىٰ يَحْكُمَ اللَّهُ ۚ وَهُوَ خَيْرُ الْحَاكِمِينَ (109) Ти следи го тоа што ти се објавува и биди трпелив додека Аллах не пресуди, Тој е најдобриот судија |