إِذَا الشَّمْسُ كُوِّرَتْ (1) Кога Сонцето сјајот ќе го изгуби |
وَإِذَا النُّجُومُ انكَدَرَتْ (2) и кога ѕвездите ќе попаѓаат |
وَإِذَا الْجِبَالُ سُيِّرَتْ (3) и кога планините ќе се придвижат |
وَإِذَا الْعِشَارُ عُطِّلَتْ (4) и кога стелните камили без пастир ќе останат |
وَإِذَا الْوُحُوشُ حُشِرَتْ (5) и кога дивите животни ќе се соберат |
وَإِذَا الْبِحَارُ سُجِّرَتْ (6) и кога морињата со оган ќе се наполнат |
وَإِذَا النُّفُوسُ زُوِّجَتْ (7) и кога душите со телата ќе се спојат |
وَإِذَا الْمَوْءُودَةُ سُئِلَتْ (8) и кога живо закопаното девојче ќе биде запрашано |
بِأَيِّ ذَنبٍ قُتِلَتْ (9) поради каква вина е убиено |
وَإِذَا الصُّحُفُ نُشِرَتْ (10) и кога листовите ќе се разделат |
وَإِذَا السَّمَاءُ كُشِطَتْ (11) и кога небото ќе се тргне |
وَإِذَا الْجَحِيمُ سُعِّرَتْ (12) и кога џехеннемот ќе се распали |
وَإِذَا الْجَنَّةُ أُزْلِفَتْ (13) и кога џеннетот ќе се приближи |
عَلِمَتْ نَفْسٌ مَّا أَحْضَرَتْ (14) секој ќе го дознае тоа што го подготвил |
فَلَا أُقْسِمُ بِالْخُنَّسِ (15) И се колнам во ѕвездите кои се сокриваат |
الْجَوَارِ الْكُنَّسِ (16) кои се движат и кои од вид се губат |
وَاللَّيْلِ إِذَا عَسْعَسَ (17) и во ноќта кога таа велот го спушта |
وَالصُّبْحِ إِذَا تَنَفَّسَ (18) и во зората кога дише |
إِنَّهُ لَقَوْلُ رَسُولٍ كَرِيمٍ (19) Куранот навистина е кажување на Гласникот благороден |
ذِي قُوَّةٍ عِندَ ذِي الْعَرْشِ مَكِينٍ (20) моќен, од Господарот на Аршот ценет |
مُّطَاعٍ ثَمَّ أَمِينٍ (21) кому други му се потчинуваат, таму доверлив |
وَمَا صَاحِبُكُم بِمَجْنُونٍ (22) А другарот ваш не е луд |
وَلَقَدْ رَآهُ بِالْأُفُقِ الْمُبِينِ (23) тој на хоризонтот јасен го виде |
وَمَا هُوَ عَلَى الْغَيْبِ بِضَنِينٍ (24) и, кога е во прашање Објавата, тој не е скржав |
وَمَا هُوَ بِقَوْلِ شَيْطَانٍ رَّجِيمٍ (25) и Куранот не е говор на проклетиот шејтан |
فَأَيْنَ تَذْهَبُونَ (26) па тогаш каде одите |
إِنْ هُوَ إِلَّا ذِكْرٌ لِّلْعَالَمِينَ (27) Куранот е само поука за световите |
لِمَن شَاءَ مِنكُمْ أَن يَسْتَقِيمَ (28) за оној од вас кој сака да е на Вистинскиот пат |
وَمَا تَشَاءُونَ إِلَّا أَن يَشَاءَ اللَّهُ رَبُّ الْعَالَمِينَ (29) а вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака |