تَنزِيلُ الْكِتَابِ مِنَ اللَّهِ الْعَزِيزِ الْحَكِيمِ (1) Објавувањето на Книгата е од Аллах, Силниот и Мудриот |
إِنَّا أَنزَلْنَا إِلَيْكَ الْكِتَابَ بِالْحَقِّ فَاعْبُدِ اللَّهَ مُخْلِصًا لَّهُ الدِّينَ (2) Ние, навистина, ти ја објавуваме Книгата, со Вистина, затоа само Аллах обожувај Го, искрено исповедајќи Му ја верата |
أَلَا لِلَّهِ الدِّينُ الْخَالِصُ ۚ وَالَّذِينَ اتَّخَذُوا مِن دُونِهِ أَوْلِيَاءَ مَا نَعْبُدُهُمْ إِلَّا لِيُقَرِّبُونَا إِلَى اللَّهِ زُلْفَىٰ إِنَّ اللَّهَ يَحْكُمُ بَيْنَهُمْ فِي مَا هُمْ فِيهِ يَخْتَلِفُونَ ۗ إِنَّ اللَّهَ لَا يَهْدِي مَنْ هُوَ كَاذِبٌ كَفَّارٌ (3) Искреното практикување на верата е долг кон Аллах! А на тие што покрај Него земаат други за заштитници: „Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах“ – Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник |
لَّوْ أَرَادَ اللَّهُ أَن يَتَّخِذَ وَلَدًا لَّاصْطَفَىٰ مِمَّا يَخْلُقُ مَا يَشَاءُ ۚ سُبْحَانَهُ ۖ هُوَ اللَّهُ الْوَاحِدُ الْقَهَّارُ (4) Да сакаше Аллах да има дете, ќе го избереше, меѓу тие што ги создал, тој што Тој би сакал. Возвишен е Тој; Тој е Аллах, Единиот и Семоќниот |
خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ بِالْحَقِّ ۖ يُكَوِّرُ اللَّيْلَ عَلَى النَّهَارِ وَيُكَوِّرُ النَّهَارَ عَلَى اللَّيْلِ ۖ وَسَخَّرَ الشَّمْسَ وَالْقَمَرَ ۖ كُلٌّ يَجْرِي لِأَجَلٍ مُّسَمًّى ۗ أَلَا هُوَ الْعَزِيزُ الْغَفَّارُ (5) Небесатаи Земјата мудро исоцел ги создаде; Тој соноќтагозавиткува денот и со денот ја завиткува ноќта; Тој Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден. Ете, Тој е Силниот и Тој многу простува |
خَلَقَكُم مِّن نَّفْسٍ وَاحِدَةٍ ثُمَّ جَعَلَ مِنْهَا زَوْجَهَا وَأَنزَلَ لَكُم مِّنَ الْأَنْعَامِ ثَمَانِيَةَ أَزْوَاجٍ ۚ يَخْلُقُكُمْ فِي بُطُونِ أُمَّهَاتِكُمْ خَلْقًا مِّن بَعْدِ خَلْقٍ فِي ظُلُمَاتٍ ثَلَاثٍ ۚ ذَٰلِكُمُ اللَّهُ رَبُّكُمْ لَهُ الْمُلْكُ ۖ لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ ۖ فَأَنَّىٰ تُصْرَفُونَ (6) Тој од еден човек ве создава – а од него сопругата негова ја создаде – и Тој ви даде осум видови добиток; Тој ве создава во утробите на мајките ваши, давајќи ви облици, еден по друг, во три темнини. Тоа ви е, ете, Аллах, Господарот ваш, Негова е власта, нема друг бог освен Него, па тогаш каде се одметнувате |
إِن تَكْفُرُوا فَإِنَّ اللَّهَ غَنِيٌّ عَنكُمْ ۖ وَلَا يَرْضَىٰ لِعِبَادِهِ الْكُفْرَ ۖ وَإِن تَشْكُرُوا يَرْضَهُ لَكُمْ ۗ وَلَا تَزِرُ وَازِرَةٌ وِزْرَ أُخْرَىٰ ۗ ثُمَّ إِلَىٰ رَبِّكُم مَّرْجِعُكُمْ فَيُنَبِّئُكُم بِمَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ ۚ إِنَّهُ عَلِيمٌ بِذَاتِ الصُّدُورِ (7) Ако вие нема да верувате, па, Аллах не зависи од вас, но Тој не е задоволен со неверувањето на Своите робови. А ако бидете благодарни, Тој со тоа ќе биде задоволен. А ниедна душа нема да ги носи гревовите на другата! Потоа кај својот Господар ќе се вратите, па Тој ќе ве извести за тоа што го работевте. Навистина, Тој знае што се крие во срцата |
۞ وَإِذَا مَسَّ الْإِنسَانَ ضُرٌّ دَعَا رَبَّهُ مُنِيبًا إِلَيْهِ ثُمَّ إِذَا خَوَّلَهُ نِعْمَةً مِّنْهُ نَسِيَ مَا كَانَ يَدْعُو إِلَيْهِ مِن قَبْلُ وَجَعَلَ لِلَّهِ أَندَادًا لِّيُضِلَّ عَن سَبِيلِهِ ۚ قُلْ تَمَتَّعْ بِكُفْرِكَ قَلِيلًا ۖ إِنَّكَ مِنْ أَصْحَابِ النَّارِ (8) Кога човекот неволја ќе го снајде, на Господарот свој Му се моли, Нему Му се обраќа, а потоа, откако Аллах милоста Своја ќе му ја дарува, го заборава Тој на Кого Му се молел, и други Нему за еднакви му припишува, за од патот Негов да застранува. Кажи: „Уживај одредено време во неверството свое, ќе бидеш, сигурно, жител на Огнот!“ |
أَمَّنْ هُوَ قَانِتٌ آنَاءَ اللَّيْلِ سَاجِدًا وَقَائِمًا يَحْذَرُ الْآخِرَةَ وَيَرْجُو رَحْمَةَ رَبِّهِ ۗ قُلْ هَلْ يَسْتَوِي الَّذِينَ يَعْلَمُونَ وَالَّذِينَ لَا يَعْلَمُونَ ۗ إِنَّمَا يَتَذَكَّرُ أُولُو الْأَلْبَابِ (9) Зарем таквиот е како тој што во ноќните часови времето во молитва го минува, паѓајќи со лицето на тло и стоејќи, стравувајќи од оној свет и надевајќи се на милоста од Господарот свој? Кажи: „Зарем се исти тие што знаат и тие што не знаат? Само тие што имаат ум примаат поука!“ |
قُلْ يَا عِبَادِ الَّذِينَ آمَنُوا اتَّقُوا رَبَّكُمْ ۚ لِلَّذِينَ أَحْسَنُوا فِي هَٰذِهِ الدُّنْيَا حَسَنَةٌ ۗ وَأَرْضُ اللَّهِ وَاسِعَةٌ ۗ إِنَّمَا يُوَفَّى الصَّابِرُونَ أَجْرَهُم بِغَيْرِ حِسَابٍ (10) Кажи: „О, робови Мои кои верувате, плашете се од Господарот свој! Тие што на овој свет ќе прават добри дела ги чека награда, а Аллаховата земја е пространа; само тие коишто ќе бидат стрпливи ќе бидат без сметка наградени.“ |
قُلْ إِنِّي أُمِرْتُ أَنْ أَعْبُدَ اللَّهَ مُخْلِصًا لَّهُ الدِّينَ (11) Кажи: „Мене ми се наредува Аллах да Го обожувам искрено исповедајќи Му ја верата |
وَأُمِرْتُ لِأَنْ أَكُونَ أَوَّلَ الْمُسْلِمِينَ (12) и ми се наредува да бидам првиот муслиман.“ |
قُلْ إِنِّي أَخَافُ إِنْ عَصَيْتُ رَبِّي عَذَابَ يَوْمٍ عَظِيمٍ (13) Кажи: „Јас се плашам од страдањето на Големиот ден, ако Му бидам непослушен на Господарот Свој.“ |
قُلِ اللَّهَ أَعْبُدُ مُخْلِصًا لَّهُ دِينِي (14) Кажи: „Само Аллах Го обожувам искрено исповедајќи Му ја верата своја |
فَاعْبُدُوا مَا شِئْتُم مِّن دُونِهِ ۗ قُلْ إِنَّ الْخَاسِرِينَ الَّذِينَ خَسِرُوا أَنفُسَهُمْ وَأَهْلِيهِمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ ۗ أَلَا ذَٰلِكَ هُوَ الْخُسْرَانُ الْمُبِينُ (15) а вие, покрај Него, обожувајте кого сакате!“ Кажи: „Губитници се, навистина, тие што на Судниот Ден ќе се изгубат и себеси и семејствата свои. Ете, тоа е очигледен губиток!“ |
لَهُم مِّن فَوْقِهِمْ ظُلَلٌ مِّنَ النَّارِ وَمِن تَحْتِهِمْ ظُلَلٌ ۚ ذَٰلِكَ يُخَوِّفُ اللَّهُ بِهِ عِبَادَهُ ۚ يَا عِبَادِ فَاتَّقُونِ (16) Над нив ќе има слоеви од Оган, а и под нив слоеви; со тоа Аллах ги застрашува робовите Свои. „О, робови Мои, плашете се од Мене!“ |
وَالَّذِينَ اجْتَنَبُوا الطَّاغُوتَ أَن يَعْبُدُوهَا وَأَنَابُوا إِلَى اللَّهِ لَهُمُ الْبُشْرَىٰ ۚ فَبَشِّرْ عِبَادِ (17) За тие што го избегнуваат обожувањето на идолите и кои на Аллах Му се обраќаат – за нив се наменети радосните вести, затоа израдувај ги робовите Мои |
الَّذِينَ يَسْتَمِعُونَ الْقَوْلَ فَيَتَّبِعُونَ أَحْسَنَهُ ۚ أُولَٰئِكَ الَّذِينَ هَدَاهُمُ اللَّهُ ۖ وَأُولَٰئِكَ هُمْ أُولُو الْأَلْبَابِ (18) кои го слушаат Говорот и го следат најубавото во него; ним Аллах на Вистинскиот пат им укажа и тие се паметни |
أَفَمَنْ حَقَّ عَلَيْهِ كَلِمَةُ الْعَذَابِ أَفَأَنتَ تُنقِذُ مَن فِي النَّارِ (19) Зарем тој што ја заслужил казната, зарем него да го спасиш од огнот |
لَٰكِنِ الَّذِينَ اتَّقَوْا رَبَّهُمْ لَهُمْ غُرَفٌ مِّن فَوْقِهَا غُرَفٌ مَّبْنِيَّةٌ تَجْرِي مِن تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ ۖ وَعْدَ اللَّهِ ۖ لَا يُخْلِفُ اللَّهُ الْمِيعَادَ (20) А тие што од Господарот свој се плашат ги очекуваат одаи, сè едни над други изградени, пред кои реки ќе течат – ветување е Аллахово, а Аллах ветувањето нема да го прекрши |
أَلَمْ تَرَ أَنَّ اللَّهَ أَنزَلَ مِنَ السَّمَاءِ مَاءً فَسَلَكَهُ يَنَابِيعَ فِي الْأَرْضِ ثُمَّ يُخْرِجُ بِهِ زَرْعًا مُّخْتَلِفًا أَلْوَانُهُ ثُمَّ يَهِيجُ فَتَرَاهُ مُصْفَرًّا ثُمَّ يَجْعَلُهُ حُطَامًا ۚ إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَذِكْرَىٰ لِأُولِي الْأَلْبَابِ (21) Зарем не гледаш дека Аллах од небото спушта дожд, па во извори во земјата го разделува, а потоа со помош на него разнобојни растенија изведува, потоа тие се сушат и ти ги гледаш пожолтени, и на крајот ги крши. Тоа е, навистина, поука за тие што се паметни |
أَفَمَن شَرَحَ اللَّهُ صَدْرَهُ لِلْإِسْلَامِ فَهُوَ عَلَىٰ نُورٍ مِّن رَّبِّهِ ۚ فَوَيْلٌ لِّلْقَاسِيَةِ قُلُوبُهُم مِّن ذِكْرِ اللَّهِ ۚ أُولَٰئِكَ فِي ضَلَالٍ مُّبِينٍ (22) Зарем е ист тој чиешто срце Аллах го сторил наклонето кон исламот, па тој го следи светлото на Господарот свој, или тој чиешто срце се стврднало? Тешко на тие чиишто срца се нечувствителни при спомнувањето на Аллах, тие се во очигледна заблуда |
اللَّهُ نَزَّلَ أَحْسَنَ الْحَدِيثِ كِتَابًا مُّتَشَابِهًا مَّثَانِيَ تَقْشَعِرُّ مِنْهُ جُلُودُ الَّذِينَ يَخْشَوْنَ رَبَّهُمْ ثُمَّ تَلِينُ جُلُودُهُمْ وَقُلُوبُهُمْ إِلَىٰ ذِكْرِ اللَّهِ ۚ ذَٰلِكَ هُدَى اللَّهِ يَهْدِي بِهِ مَن يَشَاءُ ۚ وَمَن يُضْلِلِ اللَّهُ فَمَا لَهُ مِنْ هَادٍ (23) Аллах го објавува најубавиот говор, Книга слична по смисла, чиишто поуки се повторуваат. Од неа ги поминуваат морници тие што се плашат од Господарот свој, а потоа, кога ќе се спомне Аллаховото име, кожите нивни и срцата нивни им се смируваат. Тоа е Аллаховото Упатство со кое Тој упатува кого сака; а тој кого Аллах на погрешен пат ќе го насочи, за него нема упатувач |
أَفَمَن يَتَّقِي بِوَجْهِهِ سُوءَ الْعَذَابِ يَوْمَ الْقِيَامَةِ ۚ وَقِيلَ لِلظَّالِمِينَ ذُوقُوا مَا كُنتُمْ تَكْسِبُونَ (24) Зарем е ист тој што на Судниот ден со лицето свое ќе се засолнува од страшното страдање со тој што е сигурен од него? „Трпете го тоа што го заслуживте!“ – ќе им се рече на насилниците |
كَذَّبَ الَّذِينَ مِن قَبْلِهِمْ فَأَتَاهُمُ الْعَذَابُ مِنْ حَيْثُ لَا يَشْعُرُونَ (25) Тие пред нив негираа, па ги стигна казна од каде што не очекуваа |
فَأَذَاقَهُمُ اللَّهُ الْخِزْيَ فِي الْحَيَاةِ الدُّنْيَا ۖ وَلَعَذَابُ الْآخِرَةِ أَكْبَرُ ۚ لَوْ كَانُوا يَعْلَمُونَ (26) Аллах даде да почувствуваат понижување во животот на овој свет, а страдањето на оној свет ќе биде, навистина, уште поголемо – само кога тие би знаеле |
وَلَقَدْ ضَرَبْنَا لِلنَّاسِ فِي هَٰذَا الْقُرْآنِ مِن كُلِّ مَثَلٍ لَّعَلَّهُمْ يَتَذَكَّرُونَ (27) Ние во овој Куран им наведуваме на луѓето секакви примери за да примат поука |
قُرْآنًا عَرَبِيًّا غَيْرَ ذِي عِوَجٍ لَّعَلَّهُمْ يَتَّقُونَ (28) Во Куранот на арапски јазик, во кој нема никакви противречности, за да се плашат и за да внимаваат |
ضَرَبَ اللَّهُ مَثَلًا رَّجُلًا فِيهِ شُرَكَاءُ مُتَشَاكِسُونَ وَرَجُلًا سَلَمًا لِّرَجُلٍ هَلْ يَسْتَوِيَانِ مَثَلًا ۚ الْحَمْدُ لِلَّهِ ۚ بَلْ أَكْثَرُهُمْ لَا يَعْلَمُونَ (29) Аллах го наведува како пример човекот кој е во власт на ортаци околу кого тие се грабаат, и човек кој е во власт само на еден човек – дали положбата нивна е иста? Благодарноста Му припаѓа на Аллах, не е иста, но повеќето од нив не знаат |
إِنَّكَ مَيِّتٌ وَإِنَّهُم مَّيِّتُونَ (30) Ти, навистина, ќе умреш, а и тие, исто така ќе умрат |
ثُمَّ إِنَّكُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ عِندَ رَبِّكُمْ تَخْتَصِمُونَ (31) И потоа, на Судниот ден, пред Господарот свој еден со друг ќе се препирате |
۞ فَمَنْ أَظْلَمُ مِمَّن كَذَبَ عَلَى اللَّهِ وَكَذَّبَ بِالصِّدْقِ إِذْ جَاءَهُ ۚ أَلَيْسَ فِي جَهَنَّمَ مَثْوًى لِّلْكَافِرِينَ (32) Има ли понеправеден од тој што за Аллах говори лаги и ја смета Вистината за лага кога таа му доаѓа? Зарем џехеннемот нема да биде престојувалиште за неверниците |
وَالَّذِي جَاءَ بِالصِّدْقِ وَصَدَّقَ بِهِ ۙ أُولَٰئِكَ هُمُ الْمُتَّقُونَ (33) А тој што ја носи Вистината и тие кои веруваат во неа, тие се богобојазливи |
لَهُم مَّا يَشَاءُونَ عِندَ رَبِّهِمْ ۚ ذَٰلِكَ جَزَاءُ الْمُحْسِنِينَ (34) сè што ќе посакаат кај Господарот свој ќе најдат; тоа ќе биде награда за тие што правеле добри дела |
لِيُكَفِّرَ اللَّهُ عَنْهُمْ أَسْوَأَ الَّذِي عَمِلُوا وَيَجْزِيَهُمْ أَجْرَهُم بِأَحْسَنِ الَّذِي كَانُوا يَعْمَلُونَ (35) за Аллах да помине преку нивните лоши постапки, и за добрите дела кои ги правеле да ги награди |
أَلَيْسَ اللَّهُ بِكَافٍ عَبْدَهُ ۖ وَيُخَوِّفُونَكَ بِالَّذِينَ مِن دُونِهِ ۚ وَمَن يُضْلِلِ اللَّهُ فَمَا لَهُ مِنْ هَادٍ (36) Зарем Аллах не е Заштитник на Својот роб? А тие те заплашуваат со оние кои, покрај Него, ги обожуваат. Тој што Аллах во заблуда ќе го остави – никој не може на Вистинскиот пат да го упати |
وَمَن يَهْدِ اللَّهُ فَمَا لَهُ مِن مُّضِلٍّ ۗ أَلَيْسَ اللَّهُ بِعَزِيزٍ ذِي انتِقَامٍ (37) а кого Тој на Вистинскиот пат ќе го упати – никој не може во заблуда да го доведе. Зарем Аллах не е Силен и Казнувач |
وَلَئِن سَأَلْتَهُم مَّنْ خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ لَيَقُولُنَّ اللَّهُ ۚ قُلْ أَفَرَأَيْتُم مَّا تَدْعُونَ مِن دُونِ اللَّهِ إِنْ أَرَادَنِيَ اللَّهُ بِضُرٍّ هَلْ هُنَّ كَاشِفَاتُ ضُرِّهِ أَوْ أَرَادَنِي بِرَحْمَةٍ هَلْ هُنَّ مُمْسِكَاتُ رَحْمَتِهِ ۚ قُلْ حَسْبِيَ اللَّهُ ۖ عَلَيْهِ يَتَوَكَّلُ الْمُتَوَكِّلُونَ (38) Ако ги запрашаш кој ги создаде небесата и Земјата, сигурно ќе речат: „Аллах!“ а ти кажи: „Мислите ли вие дека тие кои ги молите, покрај Аллах, би можеле да ја отстранат штетата, ако Аллах сака да ми ја стори, или дека би можеле да ја задржат милоста Негова, ако Тој сака да ми ја подари?“ Кажи: „Мене ми е доволен Аллах, на Него се потпираат тие што бараат потпирач.“ |
قُلْ يَا قَوْمِ اعْمَلُوا عَلَىٰ مَكَانَتِكُمْ إِنِّي عَامِلٌ ۖ فَسَوْفَ تَعْلَمُونَ (39) Кажи: „О народе мој, ти постапувај така како што постапуваш, а и јас ќе постапувам, па ќе знаете |
مَن يَأْتِيهِ عَذَابٌ يُخْزِيهِ وَيَحِلُّ عَلَيْهِ عَذَابٌ مُّقِيمٌ (40) кого ќе го стигне страдањето кое ќе го понижи, и кого вечното страдање ќе го снајде.“ |
إِنَّا أَنزَلْنَا عَلَيْكَ الْكِتَابَ لِلنَّاسِ بِالْحَقِّ ۖ فَمَنِ اهْتَدَىٰ فَلِنَفْسِهِ ۖ وَمَن ضَلَّ فَإِنَّمَا يَضِلُّ عَلَيْهَا ۖ وَمَا أَنتَ عَلَيْهِم بِوَكِيلٍ (41) Ние ти ја објавуваме Книгата со вистината за целиот свет; тој што ќе оди по Вистискиот пат - на себеси ќе си користи, а тој што ќе застрани – на себе ќе си наштети, ти не си задолжен за нив |
اللَّهُ يَتَوَفَّى الْأَنفُسَ حِينَ مَوْتِهَا وَالَّتِي لَمْ تَمُتْ فِي مَنَامِهَا ۖ فَيُمْسِكُ الَّتِي قَضَىٰ عَلَيْهَا الْمَوْتَ وَيُرْسِلُ الْأُخْرَىٰ إِلَىٰ أَجَلٍ مُّسَمًّى ۚ إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَآيَاتٍ لِّقَوْمٍ يَتَفَكَّرُونَ (42) Аллах ги зема душите во часот на нивната смрт, а и на тие што спијат, па ги задржува тие на кои им одредил да умрат, а другите ги остава до одредениот рок. Тоа се, навистина, докази за тие што размислуваат |
أَمِ اتَّخَذُوا مِن دُونِ اللَّهِ شُفَعَاءَ ۚ قُلْ أَوَلَوْ كَانُوا لَا يَمْلِكُونَ شَيْئًا وَلَا يَعْقِلُونَ (43) Тие без Аллахово одобрување посредници земаат. Кажи: „Зарем и тогаш кога се без никаква моќ и кога ништо не разбираат?“ |
قُل لِّلَّهِ الشَّفَاعَةُ جَمِيعًا ۖ لَّهُ مُلْكُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۖ ثُمَّ إِلَيْهِ تُرْجَعُونَ (44) Кажи: „Никој не може без Негова дозвола да посредува, власта на небесата и на Земјата е Негова, а потоа Нему ќе Му се вратите.“ |
وَإِذَا ذُكِرَ اللَّهُ وَحْدَهُ اشْمَأَزَّتْ قُلُوبُ الَّذِينَ لَا يُؤْمِنُونَ بِالْآخِرَةِ ۖ وَإِذَا ذُكِرَ الَّذِينَ مِن دُونِهِ إِذَا هُمْ يَسْتَبْشِرُونَ (45) Кога Аллах ќе се спомне, се грозат срцата на тие што не веруваат во оној свет, а кога ќе се спомнат оние кои тие, покрај Него, ги обожуваат, одеднаш радост ги обзема |
قُلِ اللَّهُمَّ فَاطِرَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ عَالِمَ الْغَيْبِ وَالشَّهَادَةِ أَنتَ تَحْكُمُ بَيْنَ عِبَادِكَ فِي مَا كَانُوا فِيهِ يَخْتَلِفُونَ (46) Кажи: „Аллаху, Создателу на небесата и на Земјата, Ти Кој го знаеш невидливиот и видливиот свет, Ти на робовите Свои ќе им пресудиш за тоа за што не се согласуваа!“ |
وَلَوْ أَنَّ لِلَّذِينَ ظَلَمُوا مَا فِي الْأَرْضِ جَمِيعًا وَمِثْلَهُ مَعَهُ لَافْتَدَوْا بِهِ مِن سُوءِ الْعَذَابِ يَوْمَ الْقِيَامَةِ ۚ وَبَدَا لَهُم مِّنَ اللَّهِ مَا لَمْ يَكُونُوا يَحْتَسِبُونَ (47) Кога злосторниците би го имале сето тоа што е на Земјата, и уште толку, на Судниот ден тие би го дале сето тоа за да се искупат од тешкото страдање; А Аллах ќе ги казни со казна каква што не можеле ниту да замислат |
وَبَدَا لَهُمْ سَيِّئَاتُ مَا كَسَبُوا وَحَاقَ بِهِم مَّا كَانُوا بِهِ يَسْتَهْزِئُونَ (48) и ќе им се предочат лошите дела нивни кои ги правеа и ќе ги снајде токму тоа на што се потсмеваа |
فَإِذَا مَسَّ الْإِنسَانَ ضُرٌّ دَعَانَا ثُمَّ إِذَا خَوَّلْنَاهُ نِعْمَةً مِّنَّا قَالَ إِنَّمَا أُوتِيتُهُ عَلَىٰ عِلْمٍ ۚ بَلْ هِيَ فِتْنَةٌ وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَهُمْ لَا يَعْلَمُونَ (49) Кога човекот некаква неволја ќе го снајде, Нам Ни се моли; а кога Ние потоа благодат ќе му пружиме, тогаш вели: „Ова ми е дадено затоа што тоа го заслужив.“ А не е така, тоа е само искушение, но повеќето од нив не знаат |
قَدْ قَالَهَا الَّذِينَ مِن قَبْلِهِمْ فَمَا أَغْنَىٰ عَنْهُم مَّا كَانُوا يَكْسِبُونَ (50) Така говореа и тие пред нив, па не им користеше тоа што го беа стекнале |
فَأَصَابَهُمْ سَيِّئَاتُ مَا كَسَبُوا ۚ وَالَّذِينَ ظَلَمُوا مِنْ هَٰؤُلَاءِ سَيُصِيبُهُمْ سَيِّئَاتُ مَا كَسَبُوا وَمَا هُم بِمُعْجِزِينَ (51) и ги стигна казна за тоа што го правеа. А и тие меѓу овие кои прават насилство – ќе ги стигне казна за тоа што го прават, тие нема да избегаат |
أَوَلَمْ يَعْلَمُوا أَنَّ اللَّهَ يَبْسُطُ الرِّزْقَ لِمَن يَشَاءُ وَيَقْدِرُ ۚ إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَآيَاتٍ لِّقَوْمٍ يُؤْمِنُونَ (52) Зарем тие не знаат дека Аллах дава изобилно снабдување кому сака, и дека ускратува кому сака; тоа се, навистина, поуки за народот кој верува |
۞ قُلْ يَا عِبَادِيَ الَّذِينَ أَسْرَفُوا عَلَىٰ أَنفُسِهِمْ لَا تَقْنَطُوا مِن رَّحْمَةِ اللَّهِ ۚ إِنَّ اللَّهَ يَغْفِرُ الذُّنُوبَ جَمِيعًا ۚ إِنَّهُ هُوَ الْغَفُورُ الرَّحِيمُ (53) Кажи: „О, робови Мои кои кон себеси во гревовите претерувавте, не губете надеж во Аллаховата милост! Аллах, сигурно, сите гревови ќе ви ги прости; Тој, навистина, многу простува и Тој е Милостив |
وَأَنِيبُوا إِلَىٰ رَبِّكُمْ وَأَسْلِمُوا لَهُ مِن قَبْلِ أَن يَأْتِيَكُمُ الْعَذَابُ ثُمَّ لَا تُنصَرُونَ (54) И вратете Му се на Господарот свој и покорете Му се пред казната да ви дојде – потоа никој нема да може на помош да ви дојде |
وَاتَّبِعُوا أَحْسَنَ مَا أُنزِلَ إِلَيْكُم مِّن رَّبِّكُم مِّن قَبْلِ أَن يَأْتِيَكُمُ الْعَذَابُ بَغْتَةً وَأَنتُمْ لَا تَشْعُرُونَ (55) И следете го тоа најубавото, тоа што Господарот ваш ви го објавува, пред ненадејно казната да ви дојде, за чие доаѓање нема да знаете |
أَن تَقُولَ نَفْسٌ يَا حَسْرَتَا عَلَىٰ مَا فَرَّطتُ فِي جَنبِ اللَّهِ وَإِن كُنتُ لَمِنَ السَّاخِرِينَ (56) За човекот да не извика: „Тешко мене, колку само должности кон Аллах пропуштив, дури и се исмејував!“ |
أَوْ تَقُولَ لَوْ أَنَّ اللَّهَ هَدَانِي لَكُنتُ مِنَ الْمُتَّقِينَ (57) или да не рече: „Да ме упатеше Аллах на Вистинскиот пат, сигурно ќе се сочував од Неговата казна.“ |
أَوْ تَقُولَ حِينَ تَرَى الْعَذَابَ لَوْ أَنَّ لِي كَرَّةً فَأَكُونَ مِنَ الْمُحْسِنِينَ (58) Или да не каже кога ќе го доживее страдањето: „Само кога би можел да се вратам – добри дела би правел!“ |
بَلَىٰ قَدْ جَاءَتْكَ آيَاتِي فَكَذَّبْتَ بِهَا وَاسْتَكْبَرْتَ وَكُنتَ مِنَ الْكَافِرِينَ (59) „Никогаш! Доаѓаа Моите знаци, па ги негираше и се вообрази, и неверник беше.“ |
وَيَوْمَ الْقِيَامَةِ تَرَى الَّذِينَ كَذَبُوا عَلَى اللَّهِ وُجُوهُهُم مُّسْوَدَّةٌ ۚ أَلَيْسَ فِي جَهَنَّمَ مَثْوًى لِّلْمُتَكَبِّرِينَ (60) На Судниот ден ќе ги видиш тие кои за Аллах лаги говореа, со поцрнети лица. А зарем џехеннемот нема да биде престојувалиште на горделивите |
وَيُنَجِّي اللَّهُ الَّذِينَ اتَّقَوْا بِمَفَازَتِهِمْ لَا يَمَسُّهُمُ السُّوءُ وَلَا هُمْ يَحْزَنُونَ (61) Аллах ќе ги спаси тие кои Неговите наредби ги извршуваа, а од Неговите забрани се чуваа, поради нивниот успех злото нема да може да ги допира и тие нема да тагуваат |
اللَّهُ خَالِقُ كُلِّ شَيْءٍ ۖ وَهُوَ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ وَكِيلٌ (62) Аллах е Создател на сè и Тој управува со сè |
لَّهُ مَقَالِيدُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۗ وَالَّذِينَ كَفَرُوا بِآيَاتِ اللَّهِ أُولَٰئِكَ هُمُ الْخَاسِرُونَ (63) кај Него се клучевите на небесата и Земјата! А тие што не веруваат во Аллаховите докази, тие ќе бидат страдалници |
قُلْ أَفَغَيْرَ اللَّهِ تَأْمُرُونِّي أَعْبُدُ أَيُّهَا الْجَاهِلُونَ (64) Кажи: „Зарем од мене барате да обожувам некој друг освен Аллах, о незналци?!“ |
وَلَقَدْ أُوحِيَ إِلَيْكَ وَإِلَى الَّذِينَ مِن قَبْلِكَ لَئِنْ أَشْرَكْتَ لَيَحْبَطَنَّ عَمَلُكَ وَلَتَكُونَنَّ مِنَ الْخَاسِرِينَ (65) А тебе, и на тие пред тебе им било објавено: „Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.“ |
بَلِ اللَّهَ فَاعْبُدْ وَكُن مِّنَ الشَّاكِرِينَ (66) Туку, само Аллах обожувај Го и биди благодарен |
وَمَا قَدَرُوا اللَّهَ حَقَّ قَدْرِهِ وَالْأَرْضُ جَمِيعًا قَبْضَتُهُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ وَالسَّمَاوَاتُ مَطْوِيَّاتٌ بِيَمِينِهِ ۚ سُبْحَانَهُ وَتَعَالَىٰ عَمَّا يُشْرِكُونَ (67) Тие не Го величаа Аллах така како што треба да Го величаат; а целата Земја на Судниот ден во Неговата рака ќе биде, а небесата во Неговата десница стуткани ќе останат. Славен нека е Тој и високо над тие што за рамни Му ги припишуваат |
وَنُفِخَ فِي الصُّورِ فَصَعِقَ مَن فِي السَّمَاوَاتِ وَمَن فِي الْأَرْضِ إِلَّا مَن شَاءَ اللَّهُ ۖ ثُمَّ نُفِخَ فِيهِ أُخْرَىٰ فَإِذَا هُمْ قِيَامٌ يَنظُرُونَ (68) И во рогот ќе се дувне, и ќе умрат тие на небесата и тие на Земјата, ќе останат само тие кои Аллах ќе ги одбере; потоа во рогот по вторпат ќе се дувне и тие, одеднаш, ќе станат и ќе чекаат |
وَأَشْرَقَتِ الْأَرْضُ بِنُورِ رَبِّهَا وَوُضِعَ الْكِتَابُ وَجِيءَ بِالنَّبِيِّينَ وَالشُّهَدَاءِ وَقُضِيَ بَيْنَهُم بِالْحَقِّ وَهُمْ لَا يُظْلَمُونَ (69) И Земјата од светлината на Господарот свој ќе засјае и Книгата ќе се постави, веровесниците и сведоците ќе бидат донесени, и по правдата на сите ќе им се пресуди, никому нема неправда да му се направи |
وَوُفِّيَتْ كُلُّ نَفْسٍ مَّا عَمِلَتْ وَهُوَ أَعْلَمُ بِمَا يَفْعَلُونَ (70) секој ќе го добие тоа што го заслужил, бидејќи Тој добро знае кој што правел |
وَسِيقَ الَّذِينَ كَفَرُوا إِلَىٰ جَهَنَّمَ زُمَرًا ۖ حَتَّىٰ إِذَا جَاءُوهَا فُتِحَتْ أَبْوَابُهَا وَقَالَ لَهُمْ خَزَنَتُهَا أَلَمْ يَأْتِكُمْ رُسُلٌ مِّنكُمْ يَتْلُونَ عَلَيْكُمْ آيَاتِ رَبِّكُمْ وَيُنذِرُونَكُمْ لِقَاءَ يَوْمِكُمْ هَٰذَا ۚ قَالُوا بَلَىٰ وَلَٰكِنْ حَقَّتْ كَلِمَةُ الْعَذَابِ عَلَى الْكَافِرِينَ (71) Тие што не веруваа во групи во џехеннем ќе бидат натерани, и кога до него ќе дојдат, портите негови ќе се отворат и чуварите негови ќе ги запрашаат: „Зарем не ви дојдоа вашите Пратеници, кои ајетите од Господарот ваш ви ги кажуваа ивеопоменуваа дека овој свој Ден ќего доживеете?“ – „Да, дојдоа“ – ќе речат тие – „но се покажаа вистинити зборовите за казната на неверниците.“ |
قِيلَ ادْخُلُوا أَبْوَابَ جَهَنَّمَ خَالِدِينَ فِيهَا ۖ فَبِئْسَ مَثْوَى الْمُتَكَبِّرِينَ (72) И ќе биде кажано: „Влегувајте низ џехеннемските порти, вечно во нив ќе престојувате!“ Грозно ли е тоа престојувалиште за тие што беа вообразени |
وَسِيقَ الَّذِينَ اتَّقَوْا رَبَّهُمْ إِلَى الْجَنَّةِ زُمَرًا ۖ حَتَّىٰ إِذَا جَاءُوهَا وَفُتِحَتْ أَبْوَابُهَا وَقَالَ لَهُمْ خَزَنَتُهَا سَلَامٌ عَلَيْكُمْ طِبْتُمْ فَادْخُلُوهَا خَالِدِينَ (73) А тие што од Господарот свој се плашеа во поворки кон џеннетот ќе бидат поведени, и кога до него ќе стигнат – а портите негови веќе ширум отворени – неговите чувари ќе им кажат: „Мир со вас, од гревови сте чисти, затоа влезете во него, во него вечно ќе престојувате!“ |
وَقَالُوا الْحَمْدُ لِلَّهِ الَّذِي صَدَقَنَا وَعْدَهُ وَأَوْرَثَنَا الْأَرْضَ نَتَبَوَّأُ مِنَ الْجَنَّةِ حَيْثُ نَشَاءُ ۖ فَنِعْمَ أَجْرُ الْعَامِلِينَ (74) Тие ќе кажат: „Му благодариме на Аллах Кој ветувањето Свое кон нас го исполни и во џеннетот место ни подари, да се населиме во него каде што сакаме!“ Прекрасни ли се наградите за тие што се труделе |
وَتَرَى الْمَلَائِكَةَ حَافِّينَ مِنْ حَوْلِ الْعَرْشِ يُسَبِّحُونَ بِحَمْدِ رَبِّهِمْ ۖ وَقُضِيَ بَيْنَهُم بِالْحَقِّ وَقِيلَ الْحَمْدُ لِلَّهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ (75) И ќе ги видиш мелеците како Аршот (престолот) го окружуваат, величајќи и фалејќи Го Господарот свој; и на сите по правдата ќе им се пресуди и ќе се рече: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите!“ |