اقْرَأْ بِاسْمِ رَبِّكَ الَّذِي خَلَقَ (1) Читај во името на Господарот твој Кој создава |
خَلَقَ الْإِنسَانَ مِنْ عَلَقٍ (2) го создава човекот од грутка крв |
اقْرَأْ وَرَبُّكَ الْأَكْرَمُ (3) Читај, зашто Најблагороден е Господарот твој |
الَّذِي عَلَّمَ بِالْقَلَمِ (4) Кој поучува со перо |
عَلَّمَ الْإِنسَانَ مَا لَمْ يَعْلَمْ (5) Кој го подучува човекот за она што тој не го знае |
كَلَّا إِنَّ الْإِنسَانَ لَيَطْغَىٰ (6) Навистина човекот се вообразува |
أَن رَّآهُ اسْتَغْنَىٰ (7) штом независен ќе се почувствува |
إِنَّ إِلَىٰ رَبِّكَ الرُّجْعَىٰ (8) а кон Господарот твој, навистина сите ќе се вратат |
أَرَأَيْتَ الَّذِي يَنْهَىٰ (9) Го виде ли ти тој што му забранува |
عَبْدًا إِذَا صَلَّىٰ (10) на робот молитвата да ја извршува |
أَرَأَيْتَ إِن كَانَ عَلَى الْهُدَىٰ (11) Дали е тој на Вистинскиот пат |
أَوْ أَمَرَ بِالتَّقْوَىٰ (12) или пак, наредува богобојазност |
أَرَأَيْتَ إِن كَذَّبَ وَتَوَلَّىٰ (13) Или лаже и главата од вистината ја врти |
أَلَمْ يَعْلَم بِأَنَّ اللَّهَ يَرَىٰ (14) Зарем не знае дека Аллах гледа сè |
كَلَّا لَئِن لَّمْ يَنتَهِ لَنَسْفَعًا بِالنَّاصِيَةِ (15) Не чини така! Ако не престане со тоа, ќе го фатиме за чело |
نَاصِيَةٍ كَاذِبَةٍ خَاطِئَةٍ (16) за челото лажно и грешно |
فَلْيَدْعُ نَادِيَهُ (17) Па, нека си го повика тој друштвото свое |
سَنَدْعُ الزَّبَانِيَةَ (18) а Ние ќе ги повикаме Зебаниите |
كَلَّا لَا تُطِعْهُ وَاسْجُدْ وَاقْتَرِب ۩ (19) Не чини така! Не слушај го ти него, туку на Господарот свој со сеџда поклони Му се и настојувај да Му се приближиш |