اقْتَرَبَتِ السَّاعَةُ وَانشَقَّ الْقَمَرُ (1) Се ближи Часот и Месечината се преполови |
وَإِن يَرَوْا آيَةً يُعْرِضُوا وَيَقُولُوا سِحْرٌ مُّسْتَمِرٌّ (2) А тие, секогаш кога ќе видат чудо, се вртат и велат: „Непрекината магија!“ |
وَكَذَّبُوا وَاتَّبَعُوا أَهْوَاءَهُمْ ۚ وَكُلُّ أَمْرٍ مُّسْتَقِرٌّ (3) Тие не веруваат и се поведуваат по своите желби, а сè е веќе одредено |
وَلَقَدْ جَاءَهُم مِّنَ الْأَنبَاءِ مَا فِيهِ مُزْدَجَرٌ (4) И им дојдоа вести кои треба да ги одвратат |
حِكْمَةٌ بَالِغَةٌ ۖ فَمَا تُغْنِ النُّذُرُ (5) совршена мудрост – но, опомените не користат |
فَتَوَلَّ عَنْهُمْ ۘ يَوْمَ يَدْعُ الدَّاعِ إِلَىٰ شَيْءٍ نُّكُرٍ (6) Затоа сврти се од нив! На Денот кога гласникот ќе ги повика на нешто ужасно |
خُشَّعًا أَبْصَارُهُمْ يَخْرُجُونَ مِنَ الْأَجْدَاثِ كَأَنَّهُمْ جَرَادٌ مُّنتَشِرٌ (7) тие со спуштени погледи од гробовите ќе излегуваат, како расеани скакулци |
مُّهْطِعِينَ إِلَى الدَّاعِ ۖ يَقُولُ الْكَافِرُونَ هَٰذَا يَوْمٌ عَسِرٌ (8) брзајќи кон гласникот, неверниците ќе велат: „Ова е тежок ден!“ |
۞ كَذَّبَتْ قَبْلَهُمْ قَوْمُ نُوحٍ فَكَذَّبُوا عَبْدَنَا وَقَالُوا مَجْنُونٌ وَازْدُجِرَ (9) Нуховиот народ не веруваше пред нив и робот Наш за лага го клеветеа, велејќи: „Лудак!“ – и Нух беше одбиен |
فَدَعَا رَبَّهُ أَنِّي مَغْلُوبٌ فَانتَصِرْ (10) И Тој Господарот свој Го замоли: „Јас сум победен, па Ти помогни ми!“ |
فَفَتَحْنَا أَبْوَابَ السَّمَاءِ بِمَاءٍ مُّنْهَمِرٍ (11) И Ние портите небески ги отворивме за водата која непрекинато лиеше |
وَفَجَّرْنَا الْأَرْضَ عُيُونًا فَالْتَقَى الْمَاءُ عَلَىٰ أَمْرٍ قَدْ قُدِرَ (12) и сторивме од земјата изворите да провиреат, и водите се составија како што беше одредено |
وَحَمَلْنَاهُ عَلَىٰ ذَاتِ أَلْوَاحٍ وَدُسُرٍ (13) а него го носевме на тој брод од даски и шајки изграден |
تَجْرِي بِأَعْيُنِنَا جَزَاءً لِّمَن كَانَ كُفِرَ (14) којшто пловеше пред Нашите очи, - тоа беше награда за тој што го отфрлија |
وَلَقَد تَّرَكْنَاهَا آيَةً فَهَلْ مِن مُّدَّكِرٍ (15) И Ние тоа го оставивме како поука – па има ли некој да прими поука |
فَكَيْفَ كَانَ عَذَابِي وَنُذُرِ (16) И какви беа казната Моја и опомените Мои |
وَلَقَدْ يَسَّرْنَا الْقُرْآنَ لِلذِّكْرِ فَهَلْ مِن مُّدَّكِرٍ (17) И Ние Куранот го направивме лесен за поука - па има ли некој да прими поука |
كَذَّبَتْ عَادٌ فَكَيْفَ كَانَ عَذَابِي وَنُذُرِ (18) Не веруваше ни Ад, какви беа казната Моја и опомените Мои |
إِنَّا أَرْسَلْنَا عَلَيْهِمْ رِيحًا صَرْصَرًا فِي يَوْمِ نَحْسٍ مُّسْتَمِرٍّ (19) Еден кобен ден над нив пративме леден ветар кој непрекинато дуваше |
تَنزِعُ النَّاسَ كَأَنَّهُمْ أَعْجَازُ نَخْلٍ مُّنقَعِرٍ (20) и луѓето ги креваше, како да се искорнати палмини стебла |
فَكَيْفَ كَانَ عَذَابِي وَنُذُرِ (21) и какви беа казната Моја и опомените Мои |
وَلَقَدْ يَسَّرْنَا الْقُرْآنَ لِلذِّكْرِ فَهَلْ مِن مُّدَّكِرٍ (22) А Ние Куранот го направивме достапен за учење наизуст и поука, па има ли некој да прими поука |
كَذَّبَتْ ثَمُودُ بِالنُّذُرِ (23) И Семуд во опомените не веруваше |
فَقَالُوا أَبَشَرًا مِّنَّا وَاحِدًا نَّتَّبِعُهُ إِنَّا إِذًا لَّفِي ضَلَالٍ وَسُعُرٍ (24) „Зарем да следиме некого од нас?!“ – говореа. „Тогаш, навистина, би биле во заблуда и на мака |
أَأُلْقِيَ الذِّكْرُ عَلَيْهِ مِن بَيْنِنَا بَلْ هُوَ كَذَّابٌ أَشِرٌ (25) Зарем токму нему, од сите нас, да му биде пратена Објавата? Не, тој е вообразен лажливец!“ |
سَيَعْلَمُونَ غَدًا مَّنِ الْكَذَّابُ الْأَشِرُ (26) Тие утре ќе дознаат кој е вообразен лажливец |
إِنَّا مُرْسِلُو النَّاقَةِ فِتْنَةً لَّهُمْ فَارْتَقِبْهُمْ وَاصْطَبِرْ (27) Ние ќе пратиме камила за да ги искушаме, па почекај ги и биди трпелив |
وَنَبِّئْهُمْ أَنَّ الْمَاءَ قِسْمَةٌ بَيْنَهُمْ ۖ كُلُّ شِرْبٍ مُّحْتَضَرٌ (28) И предупреди ги дека водата ќе ја делат и тие и таа, на секој оброк ќе му пристапи тој што е на ред!“ |
فَنَادَوْا صَاحِبَهُمْ فَتَعَاطَىٰ فَعَقَرَ (29) Но тие повикаа еден од нив, па тој се осмели и ја закла |
فَكَيْفَ كَانَ عَذَابِي وَنُذُرِ (30) и какви беа казната Моја и опомените Мои |
إِنَّا أَرْسَلْنَا عَلَيْهِمْ صَيْحَةً وَاحِدَةً فَكَانُوا كَهَشِيمِ الْمُحْتَظِرِ (31) Ние на нив им пративме еден единствен крик, па тие станаа како здробени суви лисје, кои ги собира тој што има плевна |
وَلَقَدْ يَسَّرْنَا الْقُرْآنَ لِلذِّكْرِ فَهَلْ مِن مُّدَّكِرٍ (32) А Ние го направивме Куранот достапен за учење наизуст и поука, па има ли некој да прими поука |
كَذَّبَتْ قَوْمُ لُوطٍ بِالنُّذُرِ (33) И Лутовиот народ во опомените не веруваше |
إِنَّا أَرْسَلْنَا عَلَيْهِمْ حَاصِبًا إِلَّا آلَ لُوطٍ ۖ نَّجَّيْنَاهُم بِسَحَرٍ (34) На нив им пративме ветер полн со песок – освен на Лутовото семејство, нив во мугрите ги спасивме |
نِّعْمَةً مِّنْ عِندِنَا ۚ كَذَٰلِكَ نَجْزِي مَن شَكَرَ (35) од милоста Наша. Ете, Ние така ги наградуваме тие што заблагодаруваат |
وَلَقَدْ أَنذَرَهُم بَطْشَتَنَا فَتَمَارَوْا بِالنُّذُرِ (36) Атој им сезакануваше со силата Наша, но тие возаканите сесомневаа |
وَلَقَدْ رَاوَدُوهُ عَن ضَيْفِهِ فَطَمَسْنَا أَعْيُنَهُمْ فَذُوقُوا عَذَابِي وَنُذُرِ (37) Тие од него гостите негови ги бараа, па Ние ги ослепевме: „Искусете ја казната Моја и заканите Мои!“ |
وَلَقَدْ صَبَّحَهُم بُكْرَةً عَذَابٌ مُّسْتَقِرٌّ (38) А рано наутро ги стигна казната постојана |
فَذُوقُوا عَذَابِي وَنُذُرِ (39) „Искусете ја казната Моја и заканите Мои!“ |
وَلَقَدْ يَسَّرْنَا الْقُرْآنَ لِلذِّكْرِ فَهَلْ مِن مُّدَّكِرٍ (40) А Ние Куранот го направивме достапен за учење наизуст и поука, па има ли некој да прими поука |
وَلَقَدْ جَاءَ آلَ فِرْعَوْنَ النُّذُرُ (41) И на фараоновите луѓе опомените им доаѓаа |
كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا كُلِّهَا فَأَخَذْنَاهُمْ أَخْذَ عَزِيزٍ مُّقْتَدِرٍ (42) но тие ги негираа сите Наши знаци, па Ние ги казнивме така како што казнува Силниот и Моќниот |
أَكُفَّارُكُمْ خَيْرٌ مِّنْ أُولَٰئِكُمْ أَمْ لَكُم بَرَاءَةٌ فِي الزُّبُرِ (43) Дали неверниците ваши се подобри од нив, или вие во книгите небески имате некаква гаранција |
أَمْ يَقُولُونَ نَحْنُ جَمِيعٌ مُّنتَصِرٌ (44) Зарем тие да велат: „Ние сме непобедлива група!“ |
سَيُهْزَمُ الْجَمْعُ وَيُوَلُّونَ الدُّبُرَ (45) Групата сигурно поразена ќе биде, а тие ќе се дадат во бегство |
بَلِ السَّاعَةُ مَوْعِدُهُمْ وَالسَّاعَةُ أَدْهَىٰ وَأَمَرُّ (46) Меѓутоа, Крајот на светот им е закажан, а Крајот на светот е поужасен и погорчлив |
إِنَّ الْمُجْرِمِينَ فِي ضَلَالٍ وَسُعُرٍ (47) Злосторниците сигурно во заблуда и во страдање беа, и ќе бидат |
يَوْمَ يُسْحَبُونَ فِي النَّارِ عَلَىٰ وُجُوهِهِمْ ذُوقُوا مَسَّ سَقَرَ (48) на Денот кога во Огнот ќе бидат одвлечени, со лицата надолу свртени: „Искусете го допирот на Огнот!“ |
إِنَّا كُلَّ شَيْءٍ خَلَقْنَاهُ بِقَدَرٍ (49) Ние навистина сè со мерка создаваме |
وَمَا أَمْرُنَا إِلَّا وَاحِدَةٌ كَلَمْحٍ بِالْبَصَرِ (50) и наредбата Наша е само еден збор – сè се случува за миг |
وَلَقَدْ أَهْلَكْنَا أَشْيَاعَكُمْ فَهَلْ مِن مُّدَّكِرٍ (51) А Ние веќе ги уништивме сличните на вас, па има ли некој да прими поука |
وَكُلُّ شَيْءٍ فَعَلُوهُ فِي الزُّبُرِ (52) И сè што направија во книгата е |
وَكُلُّ صَغِيرٍ وَكَبِيرٍ مُّسْتَطَرٌ (53) сè, мало и големо, во редови е ставено |
إِنَّ الْمُتَّقِينَ فِي جَنَّاتٍ وَنَهَرٍ (54) Тие што се плашеа од Аллах ќе бидат во џеннетските градини и покрај реките |
فِي مَقْعَدِ صِدْقٍ عِندَ مَلِيكٍ مُّقْتَدِرٍ (55) на местото на Вистината, кај Семоќниот Владетел |