لَا أُقْسِمُ بِيَوْمِ الْقِيَامَةِ (1) Се колнам во Денот во којшто Крајот на светот ќе настапи |
وَلَا أُقْسِمُ بِالنَّفْسِ اللَّوَّامَةِ (2) и се колнам во душата која себеси се кори |
أَيَحْسَبُ الْإِنسَانُ أَلَّن نَّجْمَعَ عِظَامَهُ (3) Зарем човекот мисли дека нема никогаш да ги собереме коските негови |
بَلَىٰ قَادِرِينَ عَلَىٰ أَن نُّسَوِّيَ بَنَانَهُ (4) Напротив, Ние можеме повторно да ги создадеме и врвовите на неговите прсти |
بَلْ يُرِيدُ الْإِنسَانُ لِيَفْجُرَ أَمَامَهُ (5) Но, човекот додека е жив сака да греши |
يَسْأَلُ أَيَّانَ يَوْمُ الْقِيَامَةِ (6) па прашува: „Кога Крајот на светот ќе биде?“ |
فَإِذَا بَرِقَ الْبَصَرُ (7) Кога погледот од страв ќе се вкочани |
وَخَسَفَ الْقَمَرُ (8) и Месечината ќе се затемни |
وَجُمِعَ الشَّمْسُ وَالْقَمَرُ (9) и Сонцето и Месечината ќе се спојат па сјајот ќе го изгубат |
يَقُولُ الْإِنسَانُ يَوْمَئِذٍ أَيْنَ الْمَفَرُّ (10) тој ден човекот ќе повика: „Каде да се бега?“ |
كَلَّا لَا وَزَرَ (11) Никаде! Засолниште нема |
إِلَىٰ رَبِّكَ يَوْمَئِذٍ الْمُسْتَقَرُّ (12) Тој ден е враќањето кон твојот Господар |
يُنَبَّأُ الْإِنسَانُ يَوْمَئِذٍ بِمَا قَدَّمَ وَأَخَّرَ (13) тој ден човекот за тоа што го подготвил и за тоа што го пропуштил ќе биде известен |
بَلِ الْإِنسَانُ عَلَىٰ نَفْسِهِ بَصِيرَةٌ (14) самиот човек против себеси ќе сведочи |
وَلَوْ أَلْقَىٰ مَعَاذِيرَهُ (15) макар и оправданијата свои да ги изнесува |
لَا تُحَرِّكْ بِهِ لِسَانَكَ لِتَعْجَلَ بِهِ (16) Не изговарај го Куранот со јазикот свој за што побргу да го запомниш |
إِنَّ عَلَيْنَا جَمْعَهُ وَقُرْآنَهُ (17) Ние сме должни да го собереме за ти да го читаш |
فَإِذَا قَرَأْنَاهُ فَاتَّبِعْ قُرْآنَهُ (18) А кога го читаме, ти следи го читањето негово |
ثُمَّ إِنَّ عَلَيْنَا بَيَانَهُ (19) а потоа, Ние сме должни да го објасниме |
كَلَّا بَلْ تُحِبُّونَ الْعَاجِلَةَ (20) Навистина, вие овој минлив свет го сакате |
وَتَذَرُونَ الْآخِرَةَ (21) а за оној другиот не се грижите |
وُجُوهٌ يَوْمَئِذٍ نَّاضِرَةٌ (22) Тој Ден некои лица блескави ќе бидат |
إِلَىٰ رَبِّهَا نَاظِرَةٌ (23) во Господарот свој ќе гледаат |
وَوُجُوهٌ يَوْمَئِذٍ بَاسِرَةٌ (24) Тој ден некои лица темни ќе бидат |
تَظُنُّ أَن يُفْعَلَ بِهَا فَاقِرَةٌ (25) ќе знаат дека ќе ги снајде голема несреќа |
كَلَّا إِذَا بَلَغَتِ التَّرَاقِيَ (26) Внимавај, кога душата ќе дојде в грло |
وَقِيلَ مَنْ ۜ رَاقٍ (27) и ќе се викне: „Кој ќе го излечи?“ |
وَظَنَّ أَنَّهُ الْفِرَاقُ (28) и тој ќе се увери дека тоа е Часот на разделбата |
وَالْتَفَّتِ السَّاقُ بِالسَّاقِ (29) и ногата до нога ќе се свитка |
إِلَىٰ رَبِّكَ يَوْمَئِذٍ الْمَسَاقُ (30) Тој ден кон Господарот твој приведувањето ќе биде |
فَلَا صَدَّقَ وَلَا صَلَّىٰ (31) „Не веруваше и не клањаше |
وَلَٰكِن كَذَّبَ وَتَوَلَّىٰ (32) туку негираше и грбот го вртеше |
ثُمَّ ذَهَبَ إِلَىٰ أَهْلِهِ يَتَمَطَّىٰ (33) а потоа кај своите горделиво заминуваше.“ |
أَوْلَىٰ لَكَ فَأَوْلَىٰ (34) Тешко тебе! Тешко тебе |
ثُمَّ أَوْلَىٰ لَكَ فَأَوْلَىٰ (35) И уште еднаш: Тешко тебе! Тешко тебе |
أَيَحْسَبُ الْإِنسَانُ أَن يُتْرَكَ سُدًى (36) Зарем човекот мисли дека без одговорност оставен ќе биде |
أَلَمْ يَكُ نُطْفَةً مِّن مَّنِيٍّ يُمْنَىٰ (37) Зарем не беше капка семе која се вметнува |
ثُمَّ كَانَ عَلَقَةً فَخَلَقَ فَسَوَّىٰ (38) потоа грутка на којашто тогаш Тој размер ѝ одреди и складен лик ѝ направи |
فَجَعَلَ مِنْهُ الزَّوْجَيْنِ الذَّكَرَ وَالْأُنثَىٰ (39) и од него тогаш пар, маж и жена, создаде |
أَلَيْسَ ذَٰلِكَ بِقَادِرٍ عَلَىٰ أَن يُحْيِيَ الْمَوْتَىٰ (40) и зарем Тој не е во можност мртвите да ги оживее |