إِنَّا أَرْسَلْنَا نُوحًا إِلَىٰ قَوْمِهِ أَنْ أَنذِرْ قَوْمَكَ مِن قَبْلِ أَن يَأْتِيَهُمْ عَذَابٌ أَلِيمٌ (1) Ние го испративме Нух до неговиот народ: „Опомени го народот својпред да го стигне болна казна!“ |
قَالَ يَا قَوْمِ إِنِّي لَكُمْ نَذِيرٌ مُّبِينٌ (2) „О, народе мој,“- говореше тој – „јас сум ви навистина јасен опоменувач |
أَنِ اعْبُدُوا اللَّهَ وَاتَّقُوهُ وَأَطِيعُونِ (3) Аллах обожувајте Го и од Него плашете се и мене послушни бидете ми |
يَغْفِرْ لَكُم مِّن ذُنُوبِكُمْ وَيُؤَخِّرْكُمْ إِلَىٰ أَجَلٍ مُّسَمًّى ۚ إِنَّ أَجَلَ اللَّهِ إِذَا جَاءَ لَا يُؤَخَّرُ ۖ لَوْ كُنتُمْ تَعْلَمُونَ (4) Тој гревовите ваши ќе ви ги прости и во живот до одредениот час ќе ве остави, а кога Аллаховиот одреден час ќе дојде, да знаете дека навистина нема да се одложи.“ |
قَالَ رَبِّ إِنِّي دَعَوْتُ قَوْمِي لَيْلًا وَنَهَارًا (5) Тој рече: „Господару мој, јас навистина народот свој и дење и ноќе го повикував |
فَلَمْ يَزِدْهُمْ دُعَائِي إِلَّا فِرَارًا (6) но повикувањето мое уште повеќе го оддалечи |
وَإِنِّي كُلَّمَا دَعَوْتُهُمْ لِتَغْفِرَ لَهُمْ جَعَلُوا أَصَابِعَهُمْ فِي آذَانِهِمْ وَاسْتَغْشَوْا ثِيَابَهُمْ وَأَصَرُّوا وَاسْتَكْبَرُوا اسْتِكْبَارًا (7) И кога и да ги повикував да им простиш, прстите свои во ушите ги ставаа и со алиштата свои се покриваа – беа упорни и претерано вообразени |
ثُمَّ إِنِّي دَعَوْتُهُمْ جِهَارًا (8) Потоа јас отворено ги повикував |
ثُمَّ إِنِّي أَعْلَنتُ لَهُمْ وَأَسْرَرْتُ لَهُمْ إِسْرَارًا (9) а тогаш јавно им објавував и во доверба им шепотев |
فَقُلْتُ اسْتَغْفِرُوا رَبَّكُمْ إِنَّهُ كَانَ غَفَّارًا (10) велејќи: „Барајте прошка од Господарот свој, бидејќи Тој, навистина, многу простува |
يُرْسِلِ السَّمَاءَ عَلَيْكُم مِّدْرَارًا (11) Тој дожд обилен ќе ви праќа |
وَيُمْدِدْكُم بِأَمْوَالٍ وَبَنِينَ وَيَجْعَل لَّكُمْ جَنَّاتٍ وَيَجْعَل لَّكُمْ أَنْهَارًا (12) и ќе ви помогне со имоти и со синови, и ќе ви даде градини, и реки ќе ви даде |
مَّا لَكُمْ لَا تَرْجُونَ لِلَّهِ وَقَارًا (13) Што ви е, зошто од Аллаховата величина не се плашите |
وَقَدْ خَلَقَكُمْ أَطْوَارًا (14) а Тој постепено ве создава |
أَلَمْ تَرَوْا كَيْفَ خَلَقَ اللَّهُ سَبْعَ سَمَاوَاتٍ طِبَاقًا (15) Зарем не гледате како Аллах седумте небеса, едно над друго, ги создаде |
وَجَعَلَ الْقَمَرَ فِيهِنَّ نُورًا وَجَعَلَ الشَّمْسَ سِرَاجًا (16) и на нив осветлена Месечина даде, а Сонцето светилка го направи |
وَاللَّهُ أَنبَتَكُم مِّنَ الْأَرْضِ نَبَاتًا (17) Аллах како и растенијата од земја ве создава |
ثُمَّ يُعِيدُكُمْ فِيهَا وَيُخْرِجُكُمْ إِخْرَاجًا (18) потоа во неа ве враќа и од неа сигурно ќе ве изведе |
وَاللَّهُ جَعَلَ لَكُمُ الْأَرْضَ بِسَاطًا (19) Аллах ви ја направи Земјата пространа |
لِّتَسْلُكُوا مِنْهَا سُبُلًا فِجَاجًا (20) за да патувате по неа по патиштата пространи.“ |
قَالَ نُوحٌ رَّبِّ إِنَّهُمْ عَصَوْنِي وَاتَّبَعُوا مَن لَّمْ يَزِدْهُ مَالُهُ وَوَلَدُهُ إِلَّا خَسَارًا (21) Нух рече: „Господару мој, тие мене не ме слушаат и се поведуваат по оние чиишто богатства и деца пропаста нивна само ја зголемуваат |
وَمَكَرُوا مَكْرًا كُبَّارًا (22) и сплетки големи плетат.“ |
وَقَالُوا لَا تَذَرُنَّ آلِهَتَكُمْ وَلَا تَذَرُنَّ وَدًّا وَلَا سُوَاعًا وَلَا يَغُوثَ وَيَعُوقَ وَنَسْرًا (23) И велат: „Никако божествата ваши не ги оставајте, и никако, ниту Ведд, ниту Сува, а ни Јегус, ни Јеук, ниту Неср не ги напуштајте!“ |
وَقَدْ أَضَلُّوا كَثِيرًا ۖ وَلَا تَزِدِ الظَّالِمِينَ إِلَّا ضَلَالًا (24) А веќе многумина во заблуда заведоа, па Ти на насилниците само пропаста зголеми им ја!“ |
مِّمَّا خَطِيئَاتِهِمْ أُغْرِقُوا فَأُدْخِلُوا نَارًا فَلَمْ يَجِدُوا لَهُم مِّن دُونِ اللَّهِ أَنصَارًا (25) И тие поради гревовите свои се потопени, и во Огнот ќе бидат воведени и никого за себе, освен Аллах, како помошник нема да најдат |
وَقَالَ نُوحٌ رَّبِّ لَا تَذَرْ عَلَى الْأَرْضِ مِنَ الْكَافِرِينَ دَيَّارًا (26) И Нух рече: „Господару мој, не оставај на Земјата ниту еден неверник |
إِنَّكَ إِن تَذَرْهُمْ يُضِلُّوا عِبَادَكَ وَلَا يَلِدُوا إِلَّا فَاجِرًا كَفَّارًا (27) бидејќи, ако ги оставиш, тие робовите Твои возаблуда ќе ги заведуваат и само грешници и неверници ќе раѓаат |
رَّبِّ اغْفِرْ لِي وَلِوَالِدَيَّ وَلِمَن دَخَلَ بَيْتِيَ مُؤْمِنًا وَلِلْمُؤْمِنِينَ وَالْمُؤْمِنَاتِ وَلَا تَزِدِ الظَّالِمِينَ إِلَّا تَبَارًا (28) Господару мој, прости ми мене, и на родителите мои, и на тој што како верник во домот мој ќе влезе, и на верниците и верничките, а на насилниците само пропаста зголеми им ја!“ |