حم (1) Ха-мим |
وَالْكِتَابِ الْمُبِينِ (2) Се колнам во Книгата јасна |
إِنَّا أَنزَلْنَاهُ فِي لَيْلَةٍ مُّبَارَكَةٍ ۚ إِنَّا كُنَّا مُنذِرِينَ (3) Ние започнавме да ја објавуваме во Благословената ноќ, и Ние навистина опоменуваме |
فِيهَا يُفْرَقُ كُلُّ أَمْرٍ حَكِيمٍ (4) во оваа ноќ се одлучува секоја совршено одредена работа |
أَمْرًا مِّنْ عِندِنَا ۚ إِنَّا كُنَّا مُرْسِلِينَ (5) по Наша заповед! Ние, навистина, испраќавме Пратеници |
رَحْمَةً مِّن رَّبِّكَ ۚ إِنَّهُ هُوَ السَّمِيعُ الْعَلِيمُ (6) како милост од твојот Господар – Тој, навистина, сè слуша и сè знае |
رَبِّ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَمَا بَيْنَهُمَا ۖ إِن كُنتُم مُّوقِنِينَ (7) Господарот на небесата и на Земјата, и на тоа што е помеѓу нив – ако цврсто сте уверени |
لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ يُحْيِي وَيُمِيتُ ۖ رَبُّكُمْ وَرَبُّ آبَائِكُمُ الْأَوَّلِينَ (8) друг бог освен Него нема; Тој дава живот и смрт – Господарот ваш и Господарот на вашите дамнешни предци |
بَلْ هُمْ فِي شَكٍّ يَلْعَبُونَ (9) Но, тие се сомневаат и се забавуваат |
فَارْتَقِبْ يَوْمَ تَأْتِي السَّمَاءُ بِدُخَانٍ مُّبِينٍ (10) Затоа почекај го денот кога на небото видлив чад ќе се појави |
يَغْشَى النَّاسَ ۖ هَٰذَا عَذَابٌ أَلِيمٌ (11) кој луѓето ќе ги прекрие: „Ова е неиздржливо страдање |
رَّبَّنَا اكْشِفْ عَنَّا الْعَذَابَ إِنَّا مُؤْمِنُونَ (12) Господару наш, отстрани го страдањето од нас, ние сигурно ќе веруваме!“ |
أَنَّىٰ لَهُمُ الذِّكْرَىٰ وَقَدْ جَاءَهُمْ رَسُولٌ مُّبِينٌ (13) А како тие поуката ќе ја примат, авеќе им дојде вистинскиот Пратеник |
ثُمَّ تَوَلَّوْا عَنْهُ وَقَالُوا مُعَلَّمٌ مَّجْنُونٌ (14) од кого тие главите ги вртат и говорат: „Подучен – умно растроен!“ |
إِنَّا كَاشِفُو الْعَذَابِ قَلِيلًا ۚ إِنَّكُمْ عَائِدُونَ (15) Ние страдањето малку помалку ќе го отстраниме и вие сигурно во неверството ќе се вратите |
يَوْمَ نَبْطِشُ الْبَطْشَةَ الْكُبْرَىٰ إِنَّا مُنتَقِمُونَ (16) но тој Ден кога со сета сила ќе ги зграпчиме, навистина ќе ги казниме |
۞ وَلَقَدْ فَتَنَّا قَبْلَهُمْ قَوْمَ فِرْعَوْنَ وَجَاءَهُمْ رَسُولٌ كَرِيمٌ (17) А Ние и пред нив фараоновиот народ во искушение го ставивме, и им дојде благородниот Пратеник |
أَنْ أَدُّوا إِلَيَّ عِبَادَ اللَّهِ ۖ إِنِّي لَكُمْ رَسُولٌ أَمِينٌ (18) „Предајте ми ги мене Аллаховите робови! Јас навистина сум ви доверлив Пратеник |
وَأَن لَّا تَعْلُوا عَلَى اللَّهِ ۖ إِنِّي آتِيكُم بِسُلْطَانٍ مُّبِينٍ (19) и не воздигнувајте се над Аллах, јас ви носам очигледен доказ |
وَإِنِّي عُذْتُ بِرَبِّي وَرَبِّكُمْ أَن تَرْجُمُونِ (20) и јас Му се обраќам на својот и на вашиот Господар, да не ме каменувате |
وَإِن لَّمْ تُؤْمِنُوا لِي فَاعْتَزِلُونِ (21) а ако не ми верувате, тогаш оставете ме на мира!“ |
فَدَعَا رَبَّهُ أَنَّ هَٰؤُلَاءِ قَوْمٌ مُّجْرِمُونَ (22) И тој го повика на помош Господарот свој: „Ова навистина е злосторнички народ!“ |
فَأَسْرِ بِعِبَادِي لَيْلًا إِنَّكُم مُّتَّبَعُونَ (23) Изведи ги ноќе робовите Мои, по вас потера ќе тргне |
وَاتْرُكِ الْبَحْرَ رَهْوًا ۖ إِنَّهُمْ جُندٌ مُّغْرَقُونَ (24) и остави го морето нека мирува, тие се војска која навистина ќе биде потопена.“ |
كَمْ تَرَكُوا مِن جَنَّاتٍ وَعُيُونٍ (25) И колку градини и извори оставија |
وَزُرُوعٍ وَمَقَامٍ كَرِيمٍ (26) и ниви засеани и живеалишта прекрасни |
وَنَعْمَةٍ كَانُوا فِيهَا فَاكِهِينَ (27) и благодети во коишто уживаа |
كَذَٰلِكَ ۖ وَأَوْرَثْنَاهَا قَوْمًا آخَرِينَ (28) Тоа така се случи, и Ние тоа на други во наследство им го оставивме |
فَمَا بَكَتْ عَلَيْهِمُ السَّمَاءُ وَالْأَرْضُ وَمَا كَانُوا مُنظَرِينَ (29) ниту небото ниту Земјата не ги оплакуваше, и не беа поштедени |
وَلَقَدْ نَجَّيْنَا بَنِي إِسْرَائِيلَ مِنَ الْعَذَابِ الْمُهِينِ (30) А синовите Израилови од понижувачкото страдање ги спасивме |
مِن فِرْعَوْنَ ۚ إِنَّهُ كَانَ عَالِيًا مِّنَ الْمُسْرِفِينَ (31) од фараонот – тој навистина беше горделив, еден од тие коишто во злото секаква мерка премина |
وَلَقَدِ اخْتَرْنَاهُمْ عَلَىٰ عِلْمٍ عَلَى الْعَالَمِينَ (32) и знаејќи какви се, меѓу современиците ги одбравме |
وَآتَيْنَاهُم مِّنَ الْآيَاتِ مَا فِيهِ بَلَاءٌ مُّبِينٌ (33) и некои докази полни со очигледно искушение им дадовме |
إِنَّ هَٰؤُلَاءِ لَيَقُولُونَ (34) А овие, навистина, велат |
إِنْ هِيَ إِلَّا مَوْتَتُنَا الْأُولَىٰ وَمَا نَحْنُ بِمُنشَرِينَ (35) „Постои само нашата прва смрт, ние нема да бидеме проживеани |
فَأْتُوا بِآبَائِنَا إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ (36) предците наши донесете ни ги, ако е вистина тоа што го велите!“ |
أَهُمْ خَيْرٌ أَمْ قَوْمُ تُبَّعٍ وَالَّذِينَ مِن قَبْلِهِمْ ۚ أَهْلَكْنَاهُمْ ۖ إِنَّهُمْ كَانُوا مُجْرِمِينَ (37) Дали се подобри тие218 или народот на Тубба и оние пред него? – нив ги уништивме бидејќи беа злосторници |
وَمَا خَلَقْنَا السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ وَمَا بَيْنَهُمَا لَاعِبِينَ (38) Ние не ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив поради забава (без цел) |
مَا خَلَقْنَاهُمَا إِلَّا بِالْحَقِّ وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَهُمْ لَا يَعْلَمُونَ (39) Ние ги создадовме со вистинита цел, но повеќето од нив не знаат |
إِنَّ يَوْمَ الْفَصْلِ مِيقَاتُهُمْ أَجْمَعِينَ (40) Навистина Денот суден на сите нив рок одреден ќе им биде |
يَوْمَ لَا يُغْنِي مَوْلًى عَن مَّوْلًى شَيْئًا وَلَا هُمْ يُنصَرُونَ (41) Денот кога пријателот нема нималку од корист на пријателот да му биде, ниту ќе бидат помогнати |
إِلَّا مَن رَّحِمَ اللَّهُ ۚ إِنَّهُ هُوَ الْعَزِيزُ الرَّحِيمُ (42) освен тие на кои Аллах ќе им се смилува, бидејќи – Тој е, навистина, Силниот и Милостивиот |
إِنَّ شَجَرَتَ الزَّقُّومِ (43) А дрвото Зеккум навистина е |
طَعَامُ الْأَثِيمِ (44) храна за грешниците |
كَالْمُهْلِ يَغْلِي فِي الْبُطُونِ (45) како растопена лава во стомакот ќе врие |
كَغَلْيِ الْحَمِيمِ (46) како што водата зовриена врие |
خُذُوهُ فَاعْتِلُوهُ إِلَىٰ سَوَاءِ الْجَحِيمِ (47) „Зграпчете го и среде огнот одвлечете го |
ثُمَّ صُبُّوا فَوْقَ رَأْسِهِ مِنْ عَذَابِ الْحَمِيمِ (48) а потоа, на главата полевајте му вода што врие!“ |
ذُقْ إِنَّكَ أَنتَ الْعَزِيزُ الْكَرِيمُ (49) „Пробај, та ти си, навистина, „моќниот“ и „почитуваниот“ |
إِنَّ هَٰذَا مَا كُنتُم بِهِ تَمْتَرُونَ (50) ова е навистина тоа во што се сомневавте!“ |
إِنَّ الْمُتَّقِينَ فِي مَقَامٍ أَمِينٍ (51) А тие што се плашеа од Аллах, тие на сигурно место ќе бидат |
فِي جَنَّاتٍ وَعُيُونٍ (52) среде градини и извори |
يَلْبَسُونَ مِن سُندُسٍ وَإِسْتَبْرَقٍ مُّتَقَابِلِينَ (53) во свила и кадифе облечени и едни кон други свртени |
كَذَٰلِكَ وَزَوَّجْنَاهُم بِحُورٍ عِينٍ (54) Ете, така ќе биде и Ние со хурии со крупни очи ќе ги жениме |
يَدْعُونَ فِيهَا بِكُلِّ فَاكِهَةٍ آمِنِينَ (55) Во нив ќе можат безбедни, кој вид на овошје и да сакаат, да бараат |
لَا يَذُوقُونَ فِيهَا الْمَوْتَ إِلَّا الْمَوْتَةَ الْأُولَىٰ ۖ وَوَقَاهُمْ عَذَابَ الْجَحِيمِ (56) во нив, по првата смрт, смртта веќе нема да ја вкусат и Тој од страдањето во огнот ќе ги сочува |
فَضْلًا مِّن رَّبِّكَ ۚ ذَٰلِكَ هُوَ الْفَوْزُ الْعَظِيمُ (57) тоа благодет од Господарот твој ќе биде; тоа навистина успех голем ќе биде |
فَإِنَّمَا يَسَّرْنَاهُ بِلِسَانِكَ لَعَلَّهُمْ يَتَذَكَّرُونَ (58) А Куранот го направивме лесен, на твојот јазик, за тие да примат поука |
فَارْتَقِبْ إِنَّهُم مُّرْتَقِبُونَ (59) па затоа чекај, и тие ќе чекаат |