وَالشَّمْسِ وَضُحَاهَا (1) Се колнам во Сонцето и во светлината негова |
وَالْقَمَرِ إِذَا تَلَاهَا (2) и во Месечината која го следи |
وَالنَّهَارِ إِذَا جَلَّاهَا (3) и во денот кога ќе го раздени |
وَاللَّيْلِ إِذَا يَغْشَاهَا (4) и во ноќта кога ќе го засолни |
وَالسَّمَاءِ وَمَا بَنَاهَا (5) И во небото и во Тој што го крена |
وَالْأَرْضِ وَمَا طَحَاهَا (6) и во Земјата и во Тој што ја направи пространа |
وَنَفْسٍ وَمَا سَوَّاهَا (7) и во душата и во Тој што ја создаде |
فَأَلْهَمَهَا فُجُورَهَا وَتَقْوَاهَا (8) па патот на доброто и патот на злото сфатливи ѝ ги стори |
قَدْ أَفْلَحَ مَن زَكَّاهَا (9) Ќе успее само тој што ќе ја исчисти |
وَقَدْ خَابَ مَن دَسَّاهَا (10) а ќе биде изгубен тој што во заблуда ја води |
كَذَّبَتْ ثَمُودُ بِطَغْوَاهَا (11) Семуд поради насилството свое негираше |
إِذِ انبَعَثَ أَشْقَاهَا (12) кога еден несреќник меѓу нив се појави |
فَقَالَ لَهُمْ رَسُولُ اللَّهِ نَاقَةَ اللَّهِ وَسُقْيَاهَا (13) па Аллаховиот пратеник им довикна: „Грижете се за камилата Божја и за времето кога таа треба да пие!“ |
فَكَذَّبُوهُ فَعَقَرُوهَا فَدَمْدَمَ عَلَيْهِمْ رَبُّهُم بِذَنبِهِمْ فَسَوَّاهَا (14) Но, не му поверуваа, туку ја заклаа. А Господарот нивен заради гревовите нивни ги уништи и до последен ги истреби |
وَلَا يَخَافُ عُقْبَاهَا (15) не стравувајќи за последиците поради тоа |