قَدْ أَفْلَحَ الْمُؤْمِنُونَ (1) Успешни се верниците |
الَّذِينَ هُمْ فِي صَلَاتِهِمْ خَاشِعُونَ (2) Tие кои во своите намази (молитви) се понизни |
وَالَّذِينَ هُمْ عَنِ اللَّغْوِ مُعْرِضُونَ (3) и кои лошиот говор го одбегнуваат |
وَالَّذِينَ هُمْ لِلزَّكَاةِ فَاعِلُونَ (4) и кои зекат даваат |
وَالَّذِينَ هُمْ لِفُرُوجِهِمْ حَافِظُونَ (5) и кои срамните места свои ги чуваат |
إِلَّا عَلَىٰ أَزْوَاجِهِمْ أَوْ مَا مَلَكَتْ أَيْمَانُهُمْ فَإِنَّهُمْ غَيْرُ مَلُومِينَ (6) освен оджените свои или тие коисе нивна сопственост, тие навистина прекор не заслужуваат |
فَمَنِ ابْتَغَىٰ وَرَاءَ ذَٰلِكَ فَأُولَٰئِكَ هُمُ الْعَادُونَ (7) а тие што и покрај тоа бараат, тие во злото сосема претеруваат |
وَالَّذِينَ هُمْ لِأَمَانَاتِهِمْ وَعَهْدِهِمْ رَاعُونَ (8) и кои за доверените аманети и обврски свои се грижат |
وَالَّذِينَ هُمْ عَلَىٰ صَلَوَاتِهِمْ يُحَافِظُونَ (9) и кои намазите (молитвите) свои на време ги извршуваат |
أُولَٰئِكَ هُمُ الْوَارِثُونَ (10) тие се достојни наследници |
الَّذِينَ يَرِثُونَ الْفِرْدَوْسَ هُمْ فِيهَا خَالِدُونَ (11) кои Фирдеусот ќе го наследат, тие во него вечно ќе престојуваат |
وَلَقَدْ خَلَقْنَا الْإِنسَانَ مِن سُلَالَةٍ مِّن طِينٍ (12) Ние навистина човекот од екстракт од глина го создадовме |
ثُمَّ جَعَلْنَاهُ نُطْفَةً فِي قَرَارٍ مَّكِينٍ (13) потоа како капка семе на безбедно место го ставивме |
ثُمَّ خَلَقْنَا النُّطْفَةَ عَلَقَةً فَخَلَقْنَا الْعَلَقَةَ مُضْغَةً فَخَلَقْنَا الْمُضْغَةَ عِظَامًا فَكَسَوْنَا الْعِظَامَ لَحْمًا ثُمَّ أَنشَأْنَاهُ خَلْقًا آخَرَ ۚ فَتَبَارَكَ اللَّهُ أَحْسَنُ الْخَالِقِينَ (14) потоа капката семе грутка крв ја направивме, потоа од грутката крв парче месо создадовме, па од парчето месо коски направивме, а потоа коските со месо ги обвиткавме, и потоа, како друго создание, го оживуваме, па нека е возвишен Аллах, Најубавиот Создател |
ثُمَّ إِنَّكُم بَعْدَ ذَٰلِكَ لَمَيِّتُونَ (15) Вие, потоа, ќе умрете |
ثُمَّ إِنَّكُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ تُبْعَثُونَ (16) потоа, на оној свет, оживени ќе бидете |
وَلَقَدْ خَلَقْنَا فَوْقَكُمْ سَبْعَ طَرَائِقَ وَمَا كُنَّا عَنِ الْخَلْقِ غَافِلِينَ (17) Ние седум небеса над вас создадовме, и Ние не сме немарни кон тоа што го создадовме |
وَأَنزَلْنَا مِنَ السَّمَاءِ مَاءً بِقَدَرٍ فَأَسْكَنَّاهُ فِي الْأَرْضِ ۖ وَإِنَّا عَلَىٰ ذَهَابٍ بِهِ لَقَادِرُونَ (18) Ние од небото со мерка дожд спуштаме, и во земјата го задржуваме – а способни сме и да го тргнеме |
فَأَنشَأْنَا لَكُم بِهِ جَنَّاتٍ مِّن نَّخِيلٍ وَأَعْنَابٍ لَّكُمْ فِيهَا فَوَاكِهُ كَثِيرَةٌ وَمِنْهَا تَأْكُلُونَ (19) и со негова помош градини од палми и винова лоза за вас подигаме – во нив многу овошја имате, и вие го јадете |
وَشَجَرَةً تَخْرُجُ مِن طُورِ سَيْنَاءَ تَنبُتُ بِالدُّهْنِ وَصِبْغٍ لِّلْآكِلِينَ (20) и дрвото кое на Синајската гора расте, кое масло дава, и зачин е за тие што го јадат |
وَإِنَّ لَكُمْ فِي الْأَنْعَامِ لَعِبْرَةً ۖ نُّسْقِيكُم مِّمَّا فِي بُطُونِهَا وَلَكُمْ فِيهَا مَنَافِعُ كَثِيرَةٌ وَمِنْهَا تَأْكُلُونَ (21) И добитокот ви е поука: Ние ви даваме да пиете од тоа што се наоѓа во утробите нивни, и вие од нив многу користи имате и вие од нив се храните |
وَعَلَيْهَا وَعَلَى الْفُلْكِ تُحْمَلُونَ (22) и на нив, и на бродовите се возите |
وَلَقَدْ أَرْسَلْنَا نُوحًا إِلَىٰ قَوْمِهِ فَقَالَ يَا قَوْمِ اعْبُدُوا اللَّهَ مَا لَكُم مِّنْ إِلَٰهٍ غَيْرُهُ ۖ أَفَلَا تَتَّقُونَ (23) Ние го испративме Нух на народот негов, и тој велеше: „О, народе мој, само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате; зарем не се плашите |
فَقَالَ الْمَلَأُ الَّذِينَ كَفَرُوا مِن قَوْمِهِ مَا هَٰذَا إِلَّا بَشَرٌ مِّثْلُكُمْ يُرِيدُ أَن يَتَفَضَّلَ عَلَيْكُمْ وَلَوْ شَاءَ اللَّهُ لَأَنزَلَ مَلَائِكَةً مَّا سَمِعْنَا بِهَٰذَا فِي آبَائِنَا الْأَوَّلِينَ (24) Но главешините на народот негов, кои не веруваа, велеа: „Ова е човек како и вие, само сака да е поугледен од вас. Да сакаше Аллах, мелеци ќе испратеше; вакво нешто не сме чуле од нашите дамнешни предци |
إِنْ هُوَ إِلَّا رَجُلٌ بِهِ جِنَّةٌ فَتَرَبَّصُوا بِهِ حَتَّىٰ حِينٍ (25) тој е луд човек, па пуштете го некое време!“ |
قَالَ رَبِّ انصُرْنِي بِمَا كَذَّبُونِ (26) „Господару мој,“ - рече тој - „помогни ми, тие за лага ме обвинуваат!“ |
فَأَوْحَيْنَا إِلَيْهِ أَنِ اصْنَعِ الْفُلْكَ بِأَعْيُنِنَا وَوَحْيِنَا فَإِذَا جَاءَ أَمْرُنَا وَفَارَ التَّنُّورُ ۙ فَاسْلُكْ فِيهَا مِن كُلٍّ زَوْجَيْنِ اثْنَيْنِ وَأَهْلَكَ إِلَّا مَن سَبَقَ عَلَيْهِ الْقَوْلُ مِنْهُمْ ۖ وَلَا تُخَاطِبْنِي فِي الَّذِينَ ظَلَمُوا ۖ إِنَّهُم مُّغْرَقُونَ (27) Па Ние му објавивме: „Брод, пред очите Наши и според објавата Наша, гради, па кога заповедта Наша ќе дојде и водата на површината земјата ќе избие, ти во неа натовари од секој вид по два, мажјак и женка, и семејството свое, но не и тие од нив за кои претходеше Зборот, и не Ми се обраќај за насилниците, бидејќи навистина ќе бидат потопени |
فَإِذَا اسْتَوَيْتَ أَنتَ وَمَن مَّعَكَ عَلَى الْفُلْكِ فَقُلِ الْحَمْدُ لِلَّهِ الَّذِي نَجَّانَا مِنَ الْقَوْمِ الظَّالِمِينَ (28) Па кога ќе се сместиш во бродот, ти и тие што се со тебе, кажи: „Му благодарам на Аллах, Кој нè спаси од народот насилнички!“ |
وَقُل رَّبِّ أَنزِلْنِي مُنزَلًا مُّبَارَكًا وَأَنتَ خَيْرُ الْمُنزِلِينَ (29) И кажи: „Господару мој, закотви ме на благословено место, Ти тоа најдобро го знаеш!“ |
إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَآيَاتٍ وَإِن كُنَّا لَمُبْتَلِينَ (30) Во тоасе, навистина, поуки, а Ние, навистина, стававмевоискушение |
ثُمَّ أَنشَأْنَا مِن بَعْدِهِمْ قَرْنًا آخَرِينَ (31) По нив други поколенија создававме |
فَأَرْسَلْنَا فِيهِمْ رَسُولًا مِّنْهُمْ أَنِ اعْبُدُوا اللَّهَ مَا لَكُم مِّنْ إِلَٰهٍ غَيْرُهُ ۖ أَفَلَا تَتَّقُونَ (32) и еден од нив како Пратеник им го испративме: „Само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате; зарем не се плашите?“ |
وَقَالَ الْمَلَأُ مِن قَوْمِهِ الَّذِينَ كَفَرُوا وَكَذَّبُوا بِلِقَاءِ الْآخِرَةِ وَأَتْرَفْنَاهُمْ فِي الْحَيَاةِ الدُّنْيَا مَا هَٰذَا إِلَّا بَشَرٌ مِّثْلُكُمْ يَأْكُلُ مِمَّا تَأْكُلُونَ مِنْهُ وَيَشْرَبُ مِمَّا تَشْرَبُونَ (33) Но главешините од народот негов, кои не веруваа, кои негираа дека на оној свет ќе бидат оживеани и на кои им дадовме во животот на овој свет раскошно да живеат, говореа: „Тој е човек како и вие; го јаде тоа што и вие го јадете, и го пие тоа што и вие го пиете |
وَلَئِنْ أَطَعْتُم بَشَرًا مِّثْلَكُمْ إِنَّكُمْ إِذًا لَّخَاسِرُونَ (34) и ако му се покорувате на човек како што сте и вие, сигурно ќе бидете изгубени |
أَيَعِدُكُمْ أَنَّكُمْ إِذَا مِتُّمْ وَكُنتُمْ تُرَابًا وَعِظَامًا أَنَّكُم مُّخْرَجُونَ (35) Зарем тој вам да ви ветува, дека откако ќе умрете и земја и коски ќе станете, навистина оживеани ќе бидете |
۞ هَيْهَاتَ هَيْهَاتَ لِمَا تُوعَدُونَ (36) Далеку е, далеку е тоа што ви се ветува |
إِنْ هِيَ إِلَّا حَيَاتُنَا الدُّنْيَا نَمُوتُ وَنَحْيَا وَمَا نَحْنُ بِمَبْعُوثِينَ (37) Постои само животот на овој свет, ние живееме и умираме, а оживеани нема да бидеме |
إِنْ هُوَ إِلَّا رَجُلٌ افْتَرَىٰ عَلَى اللَّهِ كَذِبًا وَمَا نَحْنُ لَهُ بِمُؤْمِنِينَ (38) Тој е човек кој за Аллах изнесува лаги, и ние не му веруваме.“ |
قَالَ رَبِّ انصُرْنِي بِمَا كَذَّبُونِ (39) „Гоподару мој,“ - ќе замолеше тој - „помогни ми, тие за лага ме обвинуваат!“ |
قَالَ عَمَّا قَلِيلٍ لَّيُصْبِحُنَّ نَادِمِينَ (40) „Тие наскоро ќе се покајат!“ - ќе одговореше Тој |
فَأَخَذَتْهُمُ الصَّيْحَةُ بِالْحَقِّ فَجَعَلْنَاهُمْ غُثَاءً ۚ فَبُعْدًا لِّلْقَوْمِ الظَّالِمِينَ (41) и заслужено ќе ги погодеше страшен глас, и Ние ќе ги направевме како што е речниот нанос, па далеку нека е народот насилнички |
ثُمَّ أَنشَأْنَا مِن بَعْدِهِمْ قُرُونًا آخَرِينَ (42) А потоа, по нив, други поколенија создававме |
مَا تَسْبِقُ مِنْ أُمَّةٍ أَجَلَهَا وَمَا يَسْتَأْخِرُونَ (43) ниту еден народ не може да го забрза ниту да го успори времето на пропаста своја |
ثُمَّ أَرْسَلْنَا رُسُلَنَا تَتْرَىٰ ۖ كُلَّ مَا جَاءَ أُمَّةً رَّسُولُهَا كَذَّبُوهُ ۚ فَأَتْبَعْنَا بَعْضَهُم بَعْضًا وَجَعَلْنَاهُمْ أَحَادِيثَ ۚ فَبُعْدًا لِّقَوْمٍ لَّا يُؤْمِنُونَ (44) и Пратеници, едни по други праќавме. Кога и да им дојдеше Пратеникот на некој народ, за лага го обвинуваа, и Ние поради тоа едни со други ги сменувавме, и само во приказните за нив споменот го сочувавме, далеку нека се луѓето што не веруваа |
ثُمَّ أَرْسَلْنَا مُوسَىٰ وَأَخَاهُ هَارُونَ بِآيَاتِنَا وَسُلْطَانٍ مُّبِينٍ (45) Потоа го пративме Муса и брат му Харун со знаците Наши и со очигледен доказ |
إِلَىٰ فِرْعَوْنَ وَمَلَئِهِ فَاسْتَكْبَرُوا وَكَانُوا قَوْمًا عَالِينَ (46) на Фараонот и главешините негови, но тие се возгордеаја, тоа беа луѓе надмени |
فَقَالُوا أَنُؤْمِنُ لِبَشَرَيْنِ مِثْلِنَا وَقَوْمُهُمَا لَنَا عَابِدُونَ (47) „Зарем да им поверуваме на двајцата кои се исти како и ние, а луѓето нивни се робови наши?“ – говореа |
فَكَذَّبُوهُمَا فَكَانُوا مِنَ الْمُهْلَكِينَ (48) и нив двајца за лажговци ги прогласија, па поради тоа беа уништени |
وَلَقَدْ آتَيْنَا مُوسَى الْكِتَابَ لَعَلَّهُمْ يَهْتَدُونَ (49) На Муса потоа Книга му дадовме, за синовите Израилови по Вистинскиот пат да одат |
وَجَعَلْنَا ابْنَ مَرْيَمَ وَأُمَّهُ آيَةً وَآوَيْنَاهُمَا إِلَىٰ رَبْوَةٍ ذَاتِ قَرَارٍ وَمَعِينٍ (50) И синот Мерјемин и мајката негова доказ (за луѓето) ги сторивме. Ние нив на една височинка со проточна вода ги сместивме |
يَا أَيُّهَا الرُّسُلُ كُلُوا مِنَ الطَّيِّبَاتِ وَاعْمَلُوا صَالِحًا ۖ إِنِّي بِمَا تَعْمَلُونَ عَلِيمٌ (51) О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите |
وَإِنَّ هَٰذِهِ أُمَّتُكُمْ أُمَّةً وَاحِدَةً وَأَنَا رَبُّكُمْ فَاتَّقُونِ (52) Оваа ваша вера е една вера, а Јас Сум ваш Господар, па плашете се од Мене |
فَتَقَطَّعُوا أَمْرَهُم بَيْنَهُمْ زُبُرًا ۖ كُلُّ حِزْبٍ بِمَا لَدَيْهِمْ فَرِحُونَ (53) А тие по прашањата од верата своја се разделија на групи, секоја група радосна со тоа што го исповеда |
فَذَرْهُمْ فِي غَمْرَتِهِمْ حَتَّىٰ حِينٍ (54) затоа остави ги овие во заблудата нивна уште некое време |
أَيَحْسَبُونَ أَنَّمَا نُمِدُّهُم بِهِ مِن مَّالٍ وَبَنِينَ (55) Мислат ли тие – кога со имот и со синови им помагаме |
نُسَارِعُ لَهُمْ فِي الْخَيْرَاتِ ۚ بَل لَّا يَشْعُرُونَ (56) дека брзаме некое добро дело да им направиме? Никако, но тие не забележуваат |
إِنَّ الَّذِينَ هُم مِّنْ خَشْيَةِ رَبِّهِم مُّشْفِقُونَ (57) Тие кои со стравопочит од Господарот свој стравуваат |
وَالَّذِينَ هُم بِآيَاتِ رَبِّهِمْ يُؤْمِنُونَ (58) и тие кои во доказите на Господарот свој веруваат |
وَالَّذِينَ هُم بِرَبِّهِمْ لَا يُشْرِكُونَ (59) и тие кои здруженици на Господарот свој не Му припишуваат |
وَالَّذِينَ يُؤْتُونَ مَا آتَوا وَّقُلُوبُهُمْ وَجِلَةٌ أَنَّهُمْ إِلَىٰ رَبِّهِمْ رَاجِعُونَ (60) и тие кои даваат од тоа што им се дава, а срцата им се полни од страв затоа што ќе Му се вратат на својот Господар |
أُولَٰئِكَ يُسَارِعُونَ فِي الْخَيْرَاتِ وَهُمْ لَهَا سَابِقُونَ (61) тие итаат да прават добри дела, и во нив другите ги надминуваат |
وَلَا نُكَلِّفُ نَفْسًا إِلَّا وُسْعَهَا ۖ وَلَدَيْنَا كِتَابٌ يَنطِقُ بِالْحَقِّ ۚ وَهُمْ لَا يُظْلَمُونَ (62) Ние никого не оптоваруваме преку неговите можности; кај Нас е Книгата која вистината ја говори, и на никого неправда нема да му се стори |
بَلْ قُلُوبُهُمْ فِي غَمْرَةٍ مِّنْ هَٰذَا وَلَهُمْ أَعْمَالٌ مِّن دُونِ ذَٰلِكَ هُمْ لَهَا عَامِلُونَ (63) Но, срцата нивни се невнимателни кон ова, а покрај тоа и лоши дела постојано прават |
حَتَّىٰ إِذَا أَخَذْنَا مُتْرَفِيهِم بِالْعَذَابِ إِذَا هُمْ يَجْأَرُونَ (64) А кога на мака ги ставивме тие од нив кои раскошен живот живееја, тие веднаш се жалеа |
لَا تَجْأَرُوا الْيَوْمَ ۖ إِنَّكُم مِّنَّا لَا تُنصَرُونَ (65) Сега не жалете се, Ние нема помош да ви укажеме |
قَدْ كَانَتْ آيَاتِي تُتْلَىٰ عَلَيْكُمْ فَكُنتُمْ عَلَىٰ أَعْقَابِكُمْ تَنكِصُونَ (66) ајетите Мои вам ви се кажувани, но вие се оттргнувавте |
مُسْتَكْبِرِينَ بِهِ سَامِرًا تَهْجُرُونَ (67) гордеејќи сесо Храмот исостанувајќи се, вие лоши зборови говоревте |
أَفَلَمْ يَدَّبَّرُوا الْقَوْلَ أَمْ جَاءَهُم مَّا لَمْ يَأْتِ آبَاءَهُمُ الْأَوَّلِينَ (68) Зошто тие не размислат за Куранот? Зарем им доаѓа нешто што не им доаѓало на нивните древни предци |
أَمْ لَمْ يَعْرِفُوا رَسُولَهُمْ فَهُمْ لَهُ مُنكِرُونَ (69) Или не го познаваат Пратеникот свој, па затоа го негираат |
أَمْ يَقُولُونَ بِهِ جِنَّةٌ ۚ بَلْ جَاءَهُم بِالْحَقِّ وَأَكْثَرُهُمْ لِلْحَقِّ كَارِهُونَ (70) Или велат: „Лудилото е при него!“ Меѓутоа, тој Вистината им ја донесува, но повеќето од нив Вистината ја презираат |
وَلَوِ اتَّبَعَ الْحَقُّ أَهْوَاءَهُمْ لَفَسَدَتِ السَّمَاوَاتُ وَالْأَرْضُ وَمَن فِيهِنَّ ۚ بَلْ أَتَيْنَاهُم بِذِكْرِهِمْ فَهُمْ عَن ذِكْرِهِم مُّعْرِضُونَ (71) Да се води Аллах според нивните страсти, сигурно ќе го снемаше поредокот на небесата и на Земјата и во тоа што е на нив; Ние им го дадовме Куранот, славата нивна, но тие за славата нивна не внимаваат |
أَمْ تَسْأَلُهُمْ خَرْجًا فَخَرَاجُ رَبِّكَ خَيْرٌ ۖ وَهُوَ خَيْرُ الرَّازِقِينَ (72) Или бараш награда од нив? Та наградата од Господарот твој е подобра, Тој е најдобриот Снабдувач |
وَإِنَّكَ لَتَدْعُوهُمْ إِلَىٰ صِرَاطٍ مُّسْتَقِيمٍ (73) Ти нив ги повикуваш на Вистинскиот пат |
وَإِنَّ الَّذِينَ لَا يُؤْمِنُونَ بِالْآخِرَةِ عَنِ الصِّرَاطِ لَنَاكِبُونَ (74) но тие кои во оној свет не сакаат да веруваат, навистина, од Вистинскиот пат скршнуваат |
۞ وَلَوْ رَحِمْنَاهُمْ وَكَشَفْنَا مَا بِهِم مِّن ضُرٍّ لَّلَجُّوا فِي طُغْيَانِهِمْ يَعْمَهُونَ (75) И кога би им се смилувале и од неволјата би ги ослободиле, повторно во заблудата своја тие подеднакво би талкале |
وَلَقَدْ أَخَذْنَاهُم بِالْعَذَابِ فَمَا اسْتَكَانُوا لِرَبِّهِمْ وَمَا يَتَضَرَّعُونَ (76) Ние на мака ги стававме, но тие на Господарот свој не Му се покорија, ниту молитви упатуваа |
حَتَّىٰ إِذَا فَتَحْنَا عَلَيْهِم بَابًا ذَا عَذَابٍ شَدِيدٍ إِذَا هُمْ فِيهِ مُبْلِسُونَ (77) дури кога портите на тешкото страдање ќе ги отвориме, тие надежта ќе ја изгубат и во очај ќе паднат |
وَهُوَ الَّذِي أَنشَأَ لَكُمُ السَّمْعَ وَالْأَبْصَارَ وَالْأَفْئِدَةَ ۚ قَلِيلًا مَّا تَشْكُرُونَ (78) Тој ви дава слух, и вид и памет, а колку малку вие заблагодарувате |
وَهُوَ الَّذِي ذَرَأَكُمْ فِي الْأَرْضِ وَإِلَيْهِ تُحْشَرُونَ (79) Тој на Земјата ве создава, и пред Него ќе се соберете |
وَهُوَ الَّذِي يُحْيِي وَيُمِيتُ وَلَهُ اخْتِلَافُ اللَّيْلِ وَالنَّهَارِ ۚ أَفَلَا تَعْقِلُونَ (80) Тој живот и смрт дава и само од Него зависи менувањето на ноќта и денот, па зошто не сфатите |
بَلْ قَالُوا مِثْلَ مَا قَالَ الْأَوَّلُونَ (81) Но, тие зборуваат како што зборуваа тие пред нив |
قَالُوا أَإِذَا مِتْنَا وَكُنَّا تُرَابًا وَعِظَامًا أَإِنَّا لَمَبْعُوثُونَ (82) Велеа: „Зарем кога ќе испоумираме и кога прав и коски ќе станеме, зарем навистина оживеани ќе бидеме |
لَقَدْ وُعِدْنَا نَحْنُ وَآبَاؤُنَا هَٰذَا مِن قَبْلُ إِنْ هَٰذَا إِلَّا أَسَاطِيرُ الْأَوَّلِينَ (83) И нам и одамна на предците наши тоа ни е ветувано, но, тоа се само измислици на древните народи |
قُل لِّمَنِ الْأَرْضُ وَمَن فِيهَا إِن كُنتُمْ تَعْلَمُونَ (84) Запрашај: „Чија е Земјата и сето тоа што е на неа, знаете ли?“ |
سَيَقُولُونَ لِلَّهِ ۚ قُلْ أَفَلَا تَذَكَّرُونَ (85) „На Аллах!“ - ќе одговорат, а ти кажи: „Па зошто тогаш не доаѓате при себе?“ |
قُلْ مَن رَّبُّ السَّمَاوَاتِ السَّبْعِ وَرَبُّ الْعَرْشِ الْعَظِيمِ (86) Запрашај: „Кој е Господарот на седумте небеса и кој е Господарот на Аршот величествен |
سَيَقُولُونَ لِلَّهِ ۚ قُلْ أَفَلَا تَتَّقُونَ (87) „Аллах!“ - ќе одговорат, а ти кажи: „Па зошто тогаш не се плашите?“ |
قُلْ مَن بِيَدِهِ مَلَكُوتُ كُلِّ شَيْءٍ وَهُوَ يُجِيرُ وَلَا يُجَارُ عَلَيْهِ إِن كُنتُمْ تَعْلَمُونَ (88) Запрашај: „Во чија рака е власта над сè, а Тој зема во заштита, и од кого никој не може да биде заштитен, знаете ли |
سَيَقُولُونَ لِلَّهِ ۚ قُلْ فَأَنَّىٰ تُسْحَرُونَ (89) „Тоа е Аллахово!“ - ќе одговорат, а ти кажи: „Па зошто тогаш дозволувате да бидете заведени?“ |
بَلْ أَتَيْنَاهُم بِالْحَقِّ وَإِنَّهُمْ لَكَاذِبُونَ (90) Да, Ние вистината им ја доставуваме, а тие се навистина лажговци |
مَا اتَّخَذَ اللَّهُ مِن وَلَدٍ وَمَا كَانَ مَعَهُ مِنْ إِلَٰهٍ ۚ إِذًا لَّذَهَبَ كُلُّ إِلَٰهٍ بِمَا خَلَقَ وَلَعَلَا بَعْضُهُمْ عَلَىٰ بَعْضٍ ۚ سُبْحَانَ اللَّهِ عَمَّا يَصِفُونَ (91) Аллах не си зел Себеси син, и со Него нема друг бог! Инаку, секој бог, со тоа што го создал ќе правел што сака, и еден со друг ќе се победувале. – Возвишен нека е Аллах Кој е далеку од тоа што тие го изнесуваат |
عَالِمِ الْغَيْبِ وَالشَّهَادَةِ فَتَعَالَىٰ عَمَّا يُشْرِكُونَ (92) Кој го знае и невидливиот и видливиот свет, и Тој е многу високо над тие кои Му ги здружуваат |
قُل رَّبِّ إِمَّا تُرِيَنِّي مَا يُوعَدُونَ (93) Кажи: „Господару мој, ако сакаш да ми го покажеш тоа со што на нив им се заканува |
رَبِّ فَلَا تَجْعَلْنِي فِي الْقَوْمِ الظَّالِمِينَ (94) тогаш, Господару мој, не оставај ме со народот насилнички!“ |
وَإِنَّا عَلَىٰ أَن نُّرِيَكَ مَا نَعِدُهُمْ لَقَادِرُونَ (95) А Ние, навистина можеме да ти го покажеме тоа со што им се закануваме |
ادْفَعْ بِالَّتِي هِيَ أَحْسَنُ السَّيِّئَةَ ۚ نَحْنُ أَعْلَمُ بِمَا يَصِفُونَ (96) Ти со добро возврати му на злото, Ние добро знаеме што изнесуваат тие |
وَقُل رَّبِّ أَعُوذُ بِكَ مِنْ هَمَزَاتِ الشَّيَاطِينِ (97) и кажи: „Јас Тебе, Господару мој, Ти се обраќам за заштита од шејтанските дошепнувања |
وَأَعُوذُ بِكَ رَبِّ أَن يَحْضُرُونِ (98) и Тебе, Господару мој, Ти се обраќам да ме заштитиш од нивното присуство.“ |
حَتَّىٰ إِذَا جَاءَ أَحَدَهُمُ الْمَوْتُ قَالَ رَبِّ ارْجِعُونِ (99) Кога на некој од нив смртта ќе му дојде, тој извикува: „Господару мој, поврати ме |
لَعَلِّي أَعْمَلُ صَالِحًا فِيمَا تَرَكْتُ ۚ كَلَّا ۚ إِنَّهَا كَلِمَةٌ هُوَ قَائِلُهَا ۖ وَمِن وَرَائِهِم بَرْزَخٌ إِلَىٰ يَوْمِ يُبْعَثُونَ (100) да направам некакво добро во тоа што го оставив!“ – Никогаш! Тоа се зборови кои тој залудно ќе ги говори – пред нив препрека ќе има сè до Денот кога ќе бидат оживеани |
فَإِذَا نُفِخَ فِي الصُّورِ فَلَا أَنسَابَ بَيْنَهُمْ يَوْمَئِذٍ وَلَا يَتَسَاءَلُونَ (101) Па кога во Рогот ќе се дувне, тогаш роднински врски меѓу нив нема да има и меѓусебно нема ништо да се прашаат |
فَمَن ثَقُلَتْ مَوَازِينُهُ فَأُولَٰئِكَ هُمُ الْمُفْلِحُونَ (102) Тие чиишто добри дела ќе бидат потешки, тие ќе се спасат |
وَمَنْ خَفَّتْ مَوَازِينُهُ فَأُولَٰئِكَ الَّذِينَ خَسِرُوا أَنفُسَهُمْ فِي جَهَنَّمَ خَالِدُونَ (103) а тие чиишто добри дела ќе бидат лесни, тие сосема ќе бидат изгубени, во џехеннемот вечно ќе престојуваат |
تَلْفَحُ وُجُوهَهُمُ النَّارُ وَهُمْ فِيهَا كَالِحُونَ (104) Огнот лицата ќе им ги гори и со исклештени заби во него ќе бидат |
أَلَمْ تَكُنْ آيَاتِي تُتْلَىٰ عَلَيْكُمْ فَكُنتُم بِهَا تُكَذِّبُونَ (105) Зарем Моите ајети не ви се кажувани, а вие ги негиравте |
قَالُوا رَبَّنَا غَلَبَتْ عَلَيْنَا شِقْوَتُنَا وَكُنَّا قَوْمًا ضَالِّينَ (106) „Господару наш,“ - ќе речат - „нашите страсти беа посилни од нас, па станавме заталкан народ |
رَبَّنَا أَخْرِجْنَا مِنْهَا فَإِنْ عُدْنَا فَإِنَّا ظَالِمُونَ (107) Господару наш, извади нè од неа; ако повторно зло направиме, ќе бидеме насилници.“ |
قَالَ اخْسَئُوا فِيهَا وَلَا تُكَلِّمُونِ (108) „Останете во неа понижени, и ништо не Ми зборувајте!“ - ќе рече Тој |
إِنَّهُ كَانَ فَرِيقٌ مِّنْ عِبَادِي يَقُولُونَ رَبَّنَا آمَنَّا فَاغْفِرْ لَنَا وَارْحَمْنَا وَأَنتَ خَيْرُ الرَّاحِمِينَ (109) Кога некои робови Мои велеа: „Господару мој, ние веруваме, затоа прости ни и смилувај ни се, бидејќи Ти си Најмилостивиот!“ |
فَاتَّخَذْتُمُوهُمْ سِخْرِيًّا حَتَّىٰ أَنسَوْكُمْ ذِكْرِي وَكُنتُم مِّنْهُمْ تَضْحَكُونَ (110) Вие толку им се исмејувавте, што поради тоа на Мене заборавивте исекогаш им се исмејувавте |
إِنِّي جَزَيْتُهُمُ الْيَوْمَ بِمَا صَبَرُوا أَنَّهُمْ هُمُ الْفَائِزُونَ (111) Нив денес Јас ги наградив за тоа што трпеа, тие навистина успеаја |
قَالَ كَمْ لَبِثْتُمْ فِي الْأَرْضِ عَدَدَ سِنِينَ (112) „А колку години поминавте на Земјата?“ - ќе запраша Тој |
قَالُوا لَبِثْنَا يَوْمًا أَوْ بَعْضَ يَوْمٍ فَاسْأَلِ الْعَادِّينَ (113) „Поминавме само ден или само дел од денот,“ - ќе одговорат - „прашај ги тие што броеја.“ |
قَالَ إِن لَّبِثْتُمْ إِلَّا قَلِيلًا ۖ لَّوْ أَنَّكُمْ كُنتُمْ تَعْلَمُونَ (114) „Па да, кратко поминавте,“ - ќе рече Тој - „само да знаевте!“ |
أَفَحَسِبْتُمْ أَنَّمَا خَلَقْنَاكُمْ عَبَثًا وَأَنَّكُمْ إِلَيْنَا لَا تُرْجَعُونَ (115) „Зарем мислите дека залудно ве создадовме и дека нема да Ни се вратите?“ |
فَتَعَالَى اللَّهُ الْمَلِكُ الْحَقُّ ۖ لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ رَبُّ الْعَرْشِ الْكَرِيمِ (116) И нека е Возвишен Аллах, Вистинскиот Владетел, нема друг бог освен Него, Господарот на Аршот величествен |
وَمَن يَدْعُ مَعَ اللَّهِ إِلَٰهًا آخَرَ لَا بُرْهَانَ لَهُ بِهِ فَإِنَّمَا حِسَابُهُ عِندَ رَبِّهِ ۚ إِنَّهُ لَا يُفْلِحُ الْكَافِرُونَ (117) А тој што, покрај Аллах, му се моли на друг бог, без никаков доказ за него, пред Господарот свој сметка ќе полага, и неверниците нема да се спасат |
وَقُل رَّبِّ اغْفِرْ وَارْحَمْ وَأَنتَ خَيْرُ الرَّاحِمِينَ (118) и кажи: „Господару мој, прости и смилувај ми се, Ти си најдобриот Семилосник |