القرآن باللغة المقدونية - سورة عبس مترجمة إلى اللغة المقدونية، Surah Abasa in Macedonian. نوفر ترجمة دقيقة سورة عبس باللغة المقدونية - Macedonian, الآيات 42 - رقم السورة 80 - الصفحة 585.
عَبَسَ وَتَوَلَّىٰ (1) Тој се намурти и се сврте |
أَن جَاءَهُ الْأَعْمَىٰ (2) затоа што слепиот му пријде |
وَمَا يُدْرِيكَ لَعَلَّهُ يَزَّكَّىٰ (3) А што знаеш ти, можеби тој сака да се очисти |
أَوْ يَذَّكَّرُ فَتَنفَعَهُ الذِّكْرَىٰ (4) или да се подучи, па поуката да му користи |
أَمَّا مَنِ اسْتَغْنَىٰ (5) Тој што е богат |
فَأَنتَ لَهُ تَصَدَّىٰ (6) ти него го советуваш |
وَمَا عَلَيْكَ أَلَّا يَزَّكَّىٰ (7) а ти не си виновен ако тој не сака да верува |
وَأَمَّا مَن جَاءَكَ يَسْعَىٰ (8) А тој што ти приоѓа брзајќи |
وَهُوَ يَخْشَىٰ (9) и се плаши |
فَأَنتَ عَنْهُ تَلَهَّىٰ (10) ти го занемаруваш |
كَلَّا إِنَّهَا تَذْكِرَةٌ (11) Не чини така! Тоа е поука |
فَمَن شَاءَ ذَكَرَهُ (12) па кој сака, ќе се подучи |
فِي صُحُفٍ مُّكَرَّمَةٍ (13) на листови ценети |
مَّرْفُوعَةٍ مُّطَهَّرَةٍ (14) возвишени, чисти |
بِأَيْدِي سَفَرَةٍ (15) во рацете на гласниците |
كِرَامٍ بَرَرَةٍ (16) чесни и безгрешни |
قُتِلَ الْإِنسَانُ مَا أَكْفَرَهُ (17) Проклет нека е човекот! Колку ли е само неблагодарен |
مِنْ أَيِّ شَيْءٍ خَلَقَهُ (18) Тој од што го создава |
مِن نُّطْفَةٍ خَلَقَهُ فَقَدَّرَهُ (19) Од капка семе го создава, па му одредува што сака |
ثُمَّ السَّبِيلَ يَسَّرَهُ (20) и Вистинскиот пат достапен му го прави |
ثُمَّ أَمَاتَهُ فَأَقْبَرَهُ (21) потоа животот му го одзема и прави да биде погребан |
ثُمَّ إِذَا شَاءَ أَنشَرَهُ (22) и потоа, кога Тој ќе сака, ќе го оживее |
كَلَّا لَمَّا يَقْضِ مَا أَمَرَهُ (23) Навистина, тој сè уште не го исполнил тоа што Тој му го наредил |
فَلْيَنظُرِ الْإِنسَانُ إِلَىٰ طَعَامِهِ (24) Нека погледне човекот во храната своја |
أَنَّا صَبَبْنَا الْمَاءَ صَبًّا (25) Ние обилен дожд пролеваме |
ثُمَّ شَقَقْنَا الْأَرْضَ شَقًّا (26) потоа земјата со пукнатини ја расекуваме |
فَأَنبَتْنَا فِيهَا حَبًّا (27) и правиме од неа житото да израснува |
وَعِنَبًا وَقَضْبًا (28) и грозје и зеленчук |
وَزَيْتُونًا وَنَخْلًا (29) и маслинки и палми |
وَحَدَائِقَ غُلْبًا (30) и градини густи |
وَفَاكِهَةً وَأَبًّا (31) и овошје и пасишта |
مَّتَاعًا لَّكُمْ وَلِأَنْعَامِكُمْ (32) за уживање ваше и за стоката ваша |
فَإِذَا جَاءَتِ الصَّاخَّةُ (33) А кога ќе дојде гласот заглушувачки |
يَوْمَ يَفِرُّ الْمَرْءُ مِنْ أَخِيهِ (34) на Денот кога човекот од братот свој ќе избега |
وَأُمِّهِ وَأَبِيهِ (35) и од мајката своја и од таткото свој |
وَصَاحِبَتِهِ وَبَنِيهِ (36) и од сопругата своја и од синовите свои |
لِكُلِّ امْرِئٍ مِّنْهُمْ يَوْمَئِذٍ شَأْنٌ يُغْنِيهِ (37) тој Ден секој човек само за себеси ќе се грижи |
وُجُوهٌ يَوْمَئِذٍ مُّسْفِرَةٌ (38) Некои лица тој Ден ќе бидат блескави |
ضَاحِكَةٌ مُّسْتَبْشِرَةٌ (39) насмеани, радосни |
وَوُجُوهٌ يَوْمَئِذٍ عَلَيْهَا غَبَرَةٌ (40) А на некои лица тој Ден ќе има прашина |
تَرْهَقُهَا قَتَرَةٌ (41) ќе ги прекрива темнина |
أُولَٰئِكَ هُمُ الْكَفَرَةُ الْفَجَرَةُ (42) тоа ќе бидат неверниците – развратници |