الم (1) Елиф-лам-мим |
تِلْكَ آيَاتُ الْكِتَابِ الْحَكِيمِ (2) Ова се ајети на мудрата Книга |
هُدًى وَرَحْمَةً لِّلْمُحْسِنِينَ (3) упатство и милост за тие што ќе прават добри дела |
الَّذِينَ يُقِيمُونَ الصَّلَاةَ وَيُؤْتُونَ الزَّكَاةَ وَهُم بِالْآخِرَةِ هُمْ يُوقِنُونَ (4) на тие кои намазот (молитвата) ќе го извршуваат и зекат ќе даваат и кои во оној свет цврсто ќе веруваат |
أُولَٰئِكَ عَلَىٰ هُدًى مِّن رَّبِّهِمْ ۖ وَأُولَٰئِكَ هُمُ الْمُفْلِحُونَ (5) таквите се на Упатството од Господарот свој и тие ќе успеат |
وَمِنَ النَّاسِ مَن يَشْتَرِي لَهْوَ الْحَدِيثِ لِيُضِلَّ عَن سَبِيلِ اللَّهِ بِغَيْرِ عِلْمٍ وَيَتَّخِذَهَا هُزُوًا ۚ أُولَٰئِكَ لَهُمْ عَذَابٌ مُّهِينٌ (6) Има луѓе кои купуваат залуден говор, за, не знаејќи, од Аллаховиот пат да одвраќаат и за предмет на исмејување да го земаат. Нив ги чека срамно страдање |
وَإِذَا تُتْلَىٰ عَلَيْهِ آيَاتُنَا وَلَّىٰ مُسْتَكْبِرًا كَأَن لَّمْ يَسْمَعْهَا كَأَنَّ فِي أُذُنَيْهِ وَقْرًا ۖ فَبَشِّرْهُ بِعَذَابٍ أَلِيمٍ (7) Кога на некој од нив ајетите Наши му се кажуваат, тој вообразено главата ја врти, како да не ги чул, како да е глув – затоа навести му понижувачко страдање |
إِنَّ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ لَهُمْ جَنَّاتُ النَّعِيمِ (8) На тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават, навистина им припаѓаат градините на уживањето |
خَالِدِينَ فِيهَا ۖ وَعْدَ اللَّهِ حَقًّا ۚ وَهُوَ الْعَزِيزُ الْحَكِيمُ (9) во нив вечно ќе престојуваат – ветувањето Аллахово е вистинито, а Тој е Силен и Мудар |
خَلَقَ السَّمَاوَاتِ بِغَيْرِ عَمَدٍ تَرَوْنَهَا ۖ وَأَلْقَىٰ فِي الْأَرْضِ رَوَاسِيَ أَن تَمِيدَ بِكُمْ وَبَثَّ فِيهَا مِن كُلِّ دَابَّةٍ ۚ وَأَنزَلْنَا مِنَ السَّمَاءِ مَاءً فَأَنبَتْنَا فِيهَا مِن كُلِّ زَوْجٍ كَرِيمٍ (10) Небесата кои вие ги гледате без столбови ги создаде, а по Земјата планини неподвижни распореди за да не ве тресе, и по неа животни од сите видови распространи. Ние од небото спуштаме дожд и правиме од него да растат разновидни благородни растенија |
هَٰذَا خَلْقُ اللَّهِ فَأَرُونِي مَاذَا خَلَقَ الَّذِينَ مِن دُونِهِ ۚ بَلِ الظَّالِمُونَ فِي ضَلَالٍ مُّبِينٍ (11) Тоа е Аллаховото создавање; а покажете ми што, освен Него, создале другите? Ништо! Многубошците се во вистинска заблуда |
وَلَقَدْ آتَيْنَا لُقْمَانَ الْحِكْمَةَ أَنِ اشْكُرْ لِلَّهِ ۚ وَمَن يَشْكُرْ فَإِنَّمَا يَشْكُرُ لِنَفْسِهِ ۖ وَمَن كَفَرَ فَإِنَّ اللَّهَ غَنِيٌّ حَمِيدٌ (12) А Ние на Лукман195 мудрост му даривме: „Биди Му благодарен на Аллах! Кој е благодарен, го прави тоа во своја корист, а кој е неблагодарен – па, Аллах навистина е Независен и за благодарност Достоен.“ |
وَإِذْ قَالَ لُقْمَانُ لِابْنِهِ وَهُوَ يَعِظُهُ يَا بُنَيَّ لَا تُشْرِكْ بِاللَّهِ ۖ إِنَّ الشِّرْكَ لَظُلْمٌ عَظِيمٌ (13) Кога Лукман му рече на синот свој, советувајќи го: „О, синко мој, не сметај други за рамни на Аллах, ширкот (политеизмот) е, навистина, голема неправда.“ |
وَوَصَّيْنَا الْإِنسَانَ بِوَالِدَيْهِ حَمَلَتْهُ أُمُّهُ وَهْنًا عَلَىٰ وَهْنٍ وَفِصَالُهُ فِي عَامَيْنِ أَنِ اشْكُرْ لِي وَلِوَالِدَيْكَ إِلَيَّ الْمَصِيرُ (14) Ние му наредивме на човекот да им биде послушен на родителите свои. Мајката го носи, а нејзиното здравје трпи, и го дои во текот на две години. Биди Ми благодарен Мене и на родителите свои, кај Мене сите ќе се вратат |
وَإِن جَاهَدَاكَ عَلَىٰ أَن تُشْرِكَ بِي مَا لَيْسَ لَكَ بِهِ عِلْمٌ فَلَا تُطِعْهُمَا ۖ وَصَاحِبْهُمَا فِي الدُّنْيَا مَعْرُوفًا ۖ وَاتَّبِعْ سَبِيلَ مَنْ أَنَابَ إِلَيَّ ۚ ثُمَّ إِلَيَّ مَرْجِعُكُمْ فَأُنَبِّئُكُم بِمَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ (15) А ако те наговараат Мене друг да Ми припишуваш за рамен, за кој ти ништо не знаеш, ти не слушај ги и кон нив, на овој свет, примерно однесувај се, а следи го патот на тој што искрено Ми се обраќа; потоа кај Мене ќе се вратите и Јас ќе ве известам за тоа што го правевте |
يَا بُنَيَّ إِنَّهَا إِن تَكُ مِثْقَالَ حَبَّةٍ مِّنْ خَرْدَلٍ فَتَكُن فِي صَخْرَةٍ أَوْ فِي السَّمَاوَاتِ أَوْ فِي الْأَرْضِ يَأْتِ بِهَا اللَّهُ ۚ إِنَّ اللَّهَ لَطِيفٌ خَبِيرٌ (16) „О, синко мој, направеното добро и зло, тешко и колку зрно од синап, било да е во карпата или на небото или во земјата, Аллах на виделина ќе го изнесе, бидејќи Аллах ги знае најскриените нешта, Тој е Сезнајниот |
يَا بُنَيَّ أَقِمِ الصَّلَاةَ وَأْمُرْ بِالْمَعْرُوفِ وَانْهَ عَنِ الْمُنكَرِ وَاصْبِرْ عَلَىٰ مَا أَصَابَكَ ۖ إِنَّ ذَٰلِكَ مِنْ عَزْمِ الْأُمُورِ (17) „О, синко мој, извршувај го намазот (молитвата) и барај да се прават добри дела, а од лошите одвраќај и стрпливо поднесувај го тоа што ќе те снајде - тоа навистина спаѓа во вистинските постапки |
وَلَا تُصَعِّرْ خَدَّكَ لِلنَّاسِ وَلَا تَمْشِ فِي الْأَرْضِ مَرَحًا ۖ إِنَّ اللَّهَ لَا يُحِبُّ كُلَّ مُخْتَالٍ فَخُورٍ (18) И, одгорделивост, него врти одлуѓето лицето свое инеоди поземјата надмено, бидејќи Аллах не го сака ни горделивиот ни фалбаџијата |
وَاقْصِدْ فِي مَشْيِكَ وَاغْضُضْ مِن صَوْتِكَ ۚ إِنَّ أَنكَرَ الْأَصْوَاتِ لَصَوْتُ الْحَمِيرِ (19) Во одот биди одмерен, а гласот свој намали го; навистина најодвратниот глас е рикањето на магарето!“ |
أَلَمْ تَرَوْا أَنَّ اللَّهَ سَخَّرَ لَكُم مَّا فِي السَّمَاوَاتِ وَمَا فِي الْأَرْضِ وَأَسْبَغَ عَلَيْكُمْ نِعَمَهُ ظَاهِرَةً وَبَاطِنَةً ۗ وَمِنَ النَّاسِ مَن يُجَادِلُ فِي اللَّهِ بِغَيْرِ عِلْمٍ وَلَا هُدًى وَلَا كِتَابٍ مُّنِيرٍ (20) Како не гледате дека Аллах ви овозможил да го користите сето тоа што постои на небесата и на Земјата и дека дарежливо ве опсипува со Својата благодат, и видливата и невидливата? А има луѓе кои расправаат за Аллах без никакво знаење, без никакво упатство и без Книгата што дава светлина |
وَإِذَا قِيلَ لَهُمُ اتَّبِعُوا مَا أَنزَلَ اللَّهُ قَالُوا بَلْ نَتَّبِعُ مَا وَجَدْنَا عَلَيْهِ آبَاءَنَا ۚ أَوَلَوْ كَانَ الشَّيْطَانُ يَدْعُوهُمْ إِلَىٰ عَذَابِ السَّعِيرِ (21) А кога им се вели: „Следете го тоа што Аллах ви го објавува!“ – одговараат: „Не, ние го следиме тоашто сме гозапомниле од предците наши.“ Зарем и тогаш кога шејтанот ги повикува на страдање во Огнот распламтен |
۞ وَمَن يُسْلِمْ وَجْهَهُ إِلَى اللَّهِ وَهُوَ مُحْسِنٌ فَقَدِ اسْتَمْسَكَ بِالْعُرْوَةِ الْوُثْقَىٰ ۗ وَإِلَى اللَّهِ عَاقِبَةُ الْأُمُورِ (22) Тој што сосема ќе Му се предаде на Аллах, а и прави добри дела, се фатил за најцврстата врска. На Аллах Му припаѓа крајниот исход на работите |
وَمَن كَفَرَ فَلَا يَحْزُنكَ كُفْرُهُ ۚ إِلَيْنَا مَرْجِعُهُمْ فَنُنَبِّئُهُم بِمَا عَمِلُوا ۚ إِنَّ اللَّهَ عَلِيمٌ بِذَاتِ الصُّدُورِ (23) А тој што не верува, па, нека не те загрижува неверувањето негово. Нам сите ќе ни се вратат и Ние ќе ги известиме за тоа што го правеле; На Аллах, навистина, Му се познати мислите сечии |
نُمَتِّعُهُمْ قَلِيلًا ثُمَّ نَضْطَرُّهُمْ إِلَىٰ عَذَابٍ غَلِيظٍ (24) Ние им даваме краткотрајно да уживаат, а потоа ќе ги втурнеме во неиздржливо страдање |
وَلَئِن سَأَلْتَهُم مَّنْ خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ لَيَقُولُنَّ اللَّهُ ۚ قُلِ الْحَمْدُ لِلَّهِ ۚ بَلْ أَكْثَرُهُمْ لَا يَعْلَمُونَ (25) А да ги запрашаш: „Кој ги создаде небесата и Земјата?“ – сигурно ќе кажат: „Аллах!“ – а ти кажи: „Фален нека е Аллах!“ – само што мноштвото од нив не знае |
لِلَّهِ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۚ إِنَّ اللَّهَ هُوَ الْغَنِيُّ الْحَمِيدُ (26) Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата! Аллах навистина е Независен и за благодарност Достоен |
وَلَوْ أَنَّمَا فِي الْأَرْضِ مِن شَجَرَةٍ أَقْلَامٌ وَالْبَحْرُ يَمُدُّهُ مِن بَعْدِهِ سَبْعَةُ أَبْحُرٍ مَّا نَفِدَتْ كَلِمَاتُ اللَّهِ ۗ إِنَّ اللَّهَ عَزِيزٌ حَكِيمٌ (27) Да се сите стебла на Земјата пера, а морето мастило, со помош на уште седум мориња, не би завршиле Аллаховите зборови; Аллах е навистина Силен и Мудар |
مَّا خَلْقُكُمْ وَلَا بَعْثُكُمْ إِلَّا كَنَفْسٍ وَاحِدَةٍ ۗ إِنَّ اللَّهَ سَمِيعٌ بَصِيرٌ (28) Создавањетонаситевасивашетооживување,истоекакосоздавањето и оживувањето на еден човек; Аллах, навистина, сè слуша и сè гледа |
أَلَمْ تَرَ أَنَّ اللَّهَ يُولِجُ اللَّيْلَ فِي النَّهَارِ وَيُولِجُ النَّهَارَ فِي اللَّيْلِ وَسَخَّرَ الشَّمْسَ وَالْقَمَرَ كُلٌّ يَجْرِي إِلَىٰ أَجَلٍ مُّسَمًّى وَأَنَّ اللَّهَ بِمَا تَعْمَلُونَ خَبِيرٌ (29) Зарем не гледаш дека Аллах ја воведува ноќта во денот и го воведува денот во ноќта, и дека ги потчинил Сонцето и Месечината - секој се движи до одреден рок - и Аллах добро го знае тоа што го правите |
ذَٰلِكَ بِأَنَّ اللَّهَ هُوَ الْحَقُّ وَأَنَّ مَا يَدْعُونَ مِن دُونِهِ الْبَاطِلُ وَأَنَّ اللَّهَ هُوَ الْعَلِيُّ الْكَبِيرُ (30) Тоа е затоа што Аллах е Вистина, а оние на кои тие, покрај Него, им се молат, се невистина, и затоа што Аллах е Возвишен и Голем |
أَلَمْ تَرَ أَنَّ الْفُلْكَ تَجْرِي فِي الْبَحْرِ بِنِعْمَتِ اللَّهِ لِيُرِيَكُم مِّنْ آيَاتِهِ ۚ إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَآيَاتٍ لِّكُلِّ صَبَّارٍ شَكُورٍ (31) Зарем не гледаш дека бродовите со Аллаховата милост по морето пловат за да ви покаже некои од доказите Свои? Тоа се, навистина, поуки за сите стрпливи и благодарни |
وَإِذَا غَشِيَهُم مَّوْجٌ كَالظُّلَلِ دَعَوُا اللَّهَ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ فَلَمَّا نَجَّاهُمْ إِلَى الْبَرِّ فَمِنْهُم مُّقْتَصِدٌ ۚ وَمَا يَجْحَدُ بِآيَاتِنَا إِلَّا كُلُّ خَتَّارٍ كَفُورٍ (32) А кога бран, како облак, ќе ги прекрие, Му се молат на Аллах искрено верата исповедајќи Му ја; а штом Тој до копно ги донесе, еден дел од нив умерено се држи. А доказите Наши само предавникот, неблагодарниот ги негира |
يَا أَيُّهَا النَّاسُ اتَّقُوا رَبَّكُمْ وَاخْشَوْا يَوْمًا لَّا يَجْزِي وَالِدٌ عَن وَلَدِهِ وَلَا مَوْلُودٌ هُوَ جَازٍ عَن وَالِدِهِ شَيْئًا ۚ إِنَّ وَعْدَ اللَّهِ حَقٌّ ۖ فَلَا تَغُرَّنَّكُمُ الْحَيَاةُ الدُّنْيَا وَلَا يَغُرَّنَّكُم بِاللَّهِ الْغَرُورُ (33) О, луѓе, плашете се од Господарот свој и стравувајте од Денот кога родителот на детето свое нема да може ни малку да му помогне, ниту пак детето ќе може на својот родител барем малку да му помогне! Аллаховата закана е вистинита, па никако нека не ве залажува животот на овој свет и шејтанот нека не ве заведе од Аллах |
إِنَّ اللَّهَ عِندَهُ عِلْمُ السَّاعَةِ وَيُنَزِّلُ الْغَيْثَ وَيَعْلَمُ مَا فِي الْأَرْحَامِ ۖ وَمَا تَدْرِي نَفْسٌ مَّاذَا تَكْسِبُ غَدًا ۖ وَمَا تَدْرِي نَفْسٌ بِأَيِّ أَرْضٍ تَمُوتُ ۚ إِنَّ اللَّهَ عَلِيمٌ خَبِيرٌ (34) Само Аллах знае кога Крајот на светот ќе настапи, само Тој го спушта дождот и само Тој знае што е во матките, а човекот не знае што ќе заработи утреичовекот не знае вокоја земја ќеумре; Аллах навистина сè знае и за сè е известен |