يَا أَيُّهَا النَّبِيُّ لِمَ تُحَرِّمُ مَا أَحَلَّ اللَّهُ لَكَ ۖ تَبْتَغِي مَرْضَاتَ أَزْوَاجِكَ ۚ وَاللَّهُ غَفُورٌ رَّحِيمٌ (1) О, Веровеснику, зошто си го забрануваш себеси тоа што Аллах ти го дозволил, сакајќи го задоволството на своите сопруги? А Аллах многу простува и Милостив е |
قَدْ فَرَضَ اللَّهُ لَكُمْ تَحِلَّةَ أَيْمَانِكُمْ ۚ وَاللَّهُ مَوْلَاكُمْ ۖ وَهُوَ الْعَلِيمُ الْحَكِيمُ (2) Аллах ви пропиша како своите заклетви да си ги искупите; Аллах е вашиот Господар; Тој сè знае и Мудар е |
وَإِذْ أَسَرَّ النَّبِيُّ إِلَىٰ بَعْضِ أَزْوَاجِهِ حَدِيثًا فَلَمَّا نَبَّأَتْ بِهِ وَأَظْهَرَهُ اللَّهُ عَلَيْهِ عَرَّفَ بَعْضَهُ وَأَعْرَضَ عَن بَعْضٍ ۖ فَلَمَّا نَبَّأَهَا بِهِ قَالَتْ مَنْ أَنبَأَكَ هَٰذَا ۖ قَالَ نَبَّأَنِيَ الْعَلِيمُ الْخَبِيرُ (3) Кога Веровесникот на една од своите сопруги една тајна ѝ довери, па таа ја издаде – а Аллах тоа нему му го откри – тој еден дел ѝ беше кажал, а останатото го премолчел. Па кога тој за тоа ја извести, таа праша: „Кој те извести за тоа?“ – тој рече: „Ме извести Сезнајниот, Кому ништо не Му е скриено.“ |
إِن تَتُوبَا إِلَى اللَّهِ فَقَدْ صَغَتْ قُلُوبُكُمَا ۖ وَإِن تَظَاهَرَا عَلَيْهِ فَإِنَّ اللَّهَ هُوَ مَوْلَاهُ وَجِبْرِيلُ وَصَالِحُ الْمُؤْمِنِينَ ۖ وَالْمَلَائِكَةُ بَعْدَ ذَٰلِكَ ظَهِيرٌ (4) Ако вие две Му се покаете на Аллах, па вие го сторивте тоа за што требало да сепокаете. Аакосе здружите против него, па Аллах енегов заштитник, и Џибрил, и честитите верници; на крај, и сите мелеци ќе му бидат на помош |
عَسَىٰ رَبُّهُ إِن طَلَّقَكُنَّ أَن يُبْدِلَهُ أَزْوَاجًا خَيْرًا مِّنكُنَّ مُسْلِمَاتٍ مُّؤْمِنَاتٍ قَانِتَاتٍ تَائِبَاتٍ عَابِدَاتٍ سَائِحَاتٍ ثَيِّبَاتٍ وَأَبْكَارًا (5) Ако тој ве разведе, Господарот негов наместо вас ќе му даде подобри жени одвас; муслиманки, муминки, послушни на Аллах, покајанички, кои се плашат од Аллах, кои постат, вдовици и девојки |
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا قُوا أَنفُسَكُمْ وَأَهْلِيكُمْ نَارًا وَقُودُهَا النَّاسُ وَالْحِجَارَةُ عَلَيْهَا مَلَائِكَةٌ غِلَاظٌ شِدَادٌ لَّا يَعْصُونَ اللَّهَ مَا أَمَرَهُمْ وَيَفْعَلُونَ مَا يُؤْمَرُونَ (6) О, вие кои верувате, себеси и семејствата свои вардете ги од Огнот чиешто гориво луѓето и камењата ќе бидат, и за кој строги и силни мелеци ќе се грижат, коишто на тоа што Аллах ќе им го заповеда нема да бидат непослушни, и кои тоа што ќе им се нареди ќе го извршат |
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ كَفَرُوا لَا تَعْتَذِرُوا الْيَوْمَ ۖ إِنَّمَا تُجْزَوْنَ مَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ (7) О, вие кои не верувавте, денес не правдајте се, се казнувате само за тоа што го заслуживте |
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا تُوبُوا إِلَى اللَّهِ تَوْبَةً نَّصُوحًا عَسَىٰ رَبُّكُمْ أَن يُكَفِّرَ عَنكُمْ سَيِّئَاتِكُمْ وَيُدْخِلَكُمْ جَنَّاتٍ تَجْرِي مِن تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ يَوْمَ لَا يُخْزِي اللَّهُ النَّبِيَّ وَالَّذِينَ آمَنُوا مَعَهُ ۖ نُورُهُمْ يَسْعَىٰ بَيْنَ أَيْدِيهِمْ وَبِأَيْمَانِهِمْ يَقُولُونَ رَبَّنَا أَتْمِمْ لَنَا نُورَنَا وَاغْفِرْ لَنَا ۖ إِنَّكَ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ قَدِيرٌ (8) О, вие кои верувате, покајте Му се на Аллах искрено, за Господарот ваш да премине преку вашите лоши постапки и во џеннетските градини, низ кои реки ќе течат, да ве воведе, на Денот во кој Аллах нема да го осрамоти Веровесникот и тие коишто заедно со него веруваа; светлото нивно ќе оди пред нив од нивната десна страна.„Господару наш“ – ќе велат тие – „направи го потполно светлото наше и прости ни, бидејќи Ти, навистина, можеш сè.“ |
يَا أَيُّهَا النَّبِيُّ جَاهِدِ الْكُفَّارَ وَالْمُنَافِقِينَ وَاغْلُظْ عَلَيْهِمْ ۚ وَمَأْوَاهُمْ جَهَنَّمُ ۖ وَبِئْسَ الْمَصِيرُ (9) О, Веровеснику, бори се против неверниците и лицемерите и биди строг спрема нив! Нивно престојувалиште ќе биде џехеннемот, а тоа е ужасно живеалиште |
ضَرَبَ اللَّهُ مَثَلًا لِّلَّذِينَ كَفَرُوا امْرَأَتَ نُوحٍ وَامْرَأَتَ لُوطٍ ۖ كَانَتَا تَحْتَ عَبْدَيْنِ مِنْ عِبَادِنَا صَالِحَيْنِ فَخَانَتَاهُمَا فَلَمْ يُغْنِيَا عَنْهُمَا مِنَ اللَّهِ شَيْئًا وَقِيلَ ادْخُلَا النَّارَ مَعَ الدَّاخِلِينَ (10) Аллах ги наведува како поука за тие што не веруваат, жената на Нух и жената на Лут: беа мажени за двајца Наши честити робови, па ги измамија, и тие двајца нема да можат кај Аллах да им помогнат, и ќе се каже: „Влезете вие две во Огнот, со тие што влегуваат!“ |
وَضَرَبَ اللَّهُ مَثَلًا لِّلَّذِينَ آمَنُوا امْرَأَتَ فِرْعَوْنَ إِذْ قَالَتْ رَبِّ ابْنِ لِي عِندَكَ بَيْتًا فِي الْجَنَّةِ وَنَجِّنِي مِن فِرْعَوْنَ وَعَمَلِهِ وَنَجِّنِي مِنَ الْقَوْمِ الظَّالِمِينَ (11) А на тие што веруваат, Аллах како поука им ја наведува жената фараонова, кога рече: „Господару мој, изгради ми кај Себе куќа во џеннетот и спаси ме од фараонот и неговите постапки, и избави ме од неправедниот народ |
وَمَرْيَمَ ابْنَتَ عِمْرَانَ الَّتِي أَحْصَنَتْ فَرْجَهَا فَنَفَخْنَا فِيهِ مِن رُّوحِنَا وَصَدَّقَتْ بِكَلِمَاتِ رَبِّهَا وَكُتُبِهِ وَكَانَتْ مِنَ الْقَانِتِينَ (12) И Мерјем, ќерката Имранова, која невиноста своја ја сочува, а Ние вдахнавме живот во неа, и таа во зборовите на Господарот свој и во книгите Негови веруваше и беше од тие што го поминуваат времето во молитва |