يُسَبِّحُ لِلَّهِ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَمَا فِي الْأَرْضِ ۖ لَهُ الْمُلْكُ وَلَهُ الْحَمْدُ ۖ وَهُوَ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ قَدِيرٌ (1) Тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата Го слави и Го велича Аллах. Нему власта и Нему благодарноста Му припаѓа; Тој може сè |
هُوَ الَّذِي خَلَقَكُمْ فَمِنكُمْ كَافِرٌ وَمِنكُم مُّؤْمِنٌ ۚ وَاللَّهُ بِمَا تَعْمَلُونَ بَصِيرٌ (2) Тој е Тој што ве создава, па од вас има неверници, а од вас има и верници. Аллах добро гледа сè што вие работите |
خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ بِالْحَقِّ وَصَوَّرَكُمْ فَأَحْسَنَ صُوَرَكُمْ ۖ وَإِلَيْهِ الْمَصِيرُ (3) Тој со Вистина ги создаде небесата и Земјата и Тој ви дава облик и ликовите ваши ги прави убави, и Нему сè ќе Му се врати |
يَعْلَمُ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَيَعْلَمُ مَا تُسِرُّونَ وَمَا تُعْلِنُونَ ۚ وَاللَّهُ عَلِيمٌ بِذَاتِ الصُّدُورِ (4) Тој знае што постои на небесата и на Земјата и знае што криете и што покажувате; Аллах совршено ги знае мислите сечии |
أَلَمْ يَأْتِكُمْ نَبَأُ الَّذِينَ كَفَرُوا مِن قَبْلُ فَذَاقُوا وَبَالَ أَمْرِهِمْ وَلَهُمْ عَذَابٌ أَلِيمٌ (5) Зарем не допре до вас веста за тие што уште одамна не веруваа, па кобноста на постапката своја ја искусија – а уште и болна казна ги чека |
ذَٰلِكَ بِأَنَّهُ كَانَت تَّأْتِيهِمْ رُسُلُهُم بِالْبَيِّنَاتِ فَقَالُوا أَبَشَرٌ يَهْدُونَنَا فَكَفَرُوا وَتَوَلَّوا ۚ وَّاسْتَغْنَى اللَّهُ ۚ وَاللَّهُ غَنِيٌّ حَمِيدٌ (6) затоа што кога пратениците нивни јасни докази им носеа, говореа: „Зарем луѓе да нè упатуваат?“ Па не веруваа и главите ги вртеа; а на Аллах никој не Му е потребен, Аллах од никого не е зависен, само Тој е достоен за благодарност |
زَعَمَ الَّذِينَ كَفَرُوا أَن لَّن يُبْعَثُوا ۚ قُلْ بَلَىٰ وَرَبِّي لَتُبْعَثُنَّ ثُمَّ لَتُنَبَّؤُنَّ بِمَا عَمِلْتُمْ ۚ وَذَٰلِكَ عَلَى اللَّهِ يَسِيرٌ (7) Неверниците тврдат дека нема да бидат оживеани. Кажи: „Ќе бидете, се колнам во мојот Господар, сигурно ќе бидете оживеани, па за тоа што го правевте навистина ќе бидете известени!“ – а тоа за Аллах е лесно |
فَآمِنُوا بِاللَّهِ وَرَسُولِهِ وَالنُّورِ الَّذِي أَنزَلْنَا ۚ وَاللَّهُ بِمَا تَعْمَلُونَ خَبِيرٌ (8) Затоа верувајте во Аллах иво Пратеникот Негов иво светлото коешто го објавуваме, Аллах добро го знае тоа што го правите |
يَوْمَ يَجْمَعُكُمْ لِيَوْمِ الْجَمْعِ ۖ ذَٰلِكَ يَوْمُ التَّغَابُنِ ۗ وَمَن يُؤْمِن بِاللَّهِ وَيَعْمَلْ صَالِحًا يُكَفِّرْ عَنْهُ سَيِّئَاتِهِ وَيُدْخِلْهُ جَنَّاتٍ تَجْرِي مِن تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ خَالِدِينَ فِيهَا أَبَدًا ۚ ذَٰلِكَ الْفَوْزُ الْعَظِيمُ (9) На Денот кога Тој ќе ве собере, на денот на Собирот, тоа е ден кога ќе ви биде јасно дека меѓусебно се измамивте. Кој верувал и правел добри дела, Тој ќе му ги прекрие лошите дела и ќе го воведе во џеннетските градини низ кои реки течат; во нив вечно и за навек ќе живее. Тоа ќе биде голем успех |
وَالَّذِينَ كَفَرُوا وَكَذَّبُوا بِآيَاتِنَا أُولَٰئِكَ أَصْحَابُ النَّارِ خَالِدِينَ فِيهَا ۖ وَبِئْسَ الْمَصِيرُ (10) А тие што не веруваа и коишто ајетите Наши ги негираа, ќе бидат жители на огнот; во него вечно ќе останат, тоа ќе биде ужасно место каде што ќе се вратат |
مَا أَصَابَ مِن مُّصِيبَةٍ إِلَّا بِإِذْنِ اللَّهِ ۗ وَمَن يُؤْمِن بِاللَّهِ يَهْدِ قَلْبَهُ ۚ وَاللَّهُ بِكُلِّ شَيْءٍ عَلِيمٌ (11) Никаква неволја не се случува освен со Аллахова дозвола. А кој верува во Аллах, Тој ќе го упати неговото срце, а Аллах сè добро знае |
وَأَطِيعُوا اللَّهَ وَأَطِيعُوا الرَّسُولَ ۚ فَإِن تَوَلَّيْتُمْ فَإِنَّمَا عَلَىٰ رَسُولِنَا الْبَلَاغُ الْمُبِينُ (12) И покорувајте им се на Аллах и на Пратеникот Негов; а ако се свртите, па Пратеникот Наш е должен само јасно да соопштува |
اللَّهُ لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ ۚ وَعَلَى اللَّهِ فَلْيَتَوَكَّلِ الْمُؤْمِنُونَ (13) Само Аллах е Бог! И верниците само на Аллах нека се потпираат |
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا إِنَّ مِنْ أَزْوَاجِكُمْ وَأَوْلَادِكُمْ عَدُوًّا لَّكُمْ فَاحْذَرُوهُمْ ۚ وَإِن تَعْفُوا وَتَصْفَحُوا وَتَغْفِرُوا فَإِنَّ اللَّهَ غَفُورٌ رَّحِيمٌ (14) О, верници, меѓу жените ваши и децата ваши, навистина, имате непријател, па внимавајте на нив! Па поминете преку тоа, и примете го оправдувањето, туку простете, па и Аллах простува и Милостив е |
إِنَّمَا أَمْوَالُكُمْ وَأَوْلَادُكُمْ فِتْنَةٌ ۚ وَاللَّهُ عِندَهُ أَجْرٌ عَظِيمٌ (15) Имотите ваши идецата ваши сесамо искушение, а кај Аллах наградата е голема |
فَاتَّقُوا اللَّهَ مَا اسْتَطَعْتُمْ وَاسْمَعُوا وَأَطِيعُوا وَأَنفِقُوا خَيْرًا لِّأَنفُسِكُمْ ۗ وَمَن يُوقَ شُحَّ نَفْسِهِ فَأُولَٰئِكَ هُمُ الْمُفْلِحُونَ (16) Па плашете се од Аллах колку што можете, и слушајте и покорувајте се и (милостина) давајте за свое добро. А тие што ќе бидат сочувани од скржавоста и алчноста, ќе бидат тие коишто ќе успеат |
إِن تُقْرِضُوا اللَّهَ قَرْضًا حَسَنًا يُضَاعِفْهُ لَكُمْ وَيَغْفِرْ لَكُمْ ۚ وَاللَّهُ شَكُورٌ حَلِيمٌ (17) Ако на Аллах Му дадете убав заем, Тој ќе ви го зголеми и ќе ви прости, зашто Аллах е благодарен и благ |
عَالِمُ الْغَيْبِ وَالشَّهَادَةِ الْعَزِيزُ الْحَكِيمُ (18) Познавач е на невидливиот и видливиот свет, Силниот и Мудриот |