ق ۚ وَالْقُرْآنِ الْمَجِيدِ (1) Каф! Се колнам во славниот Куран |
بَلْ عَجِبُوا أَن جَاءَهُم مُّنذِرٌ مِّنْهُمْ فَقَالَ الْكَافِرُونَ هَٰذَا شَيْءٌ عَجِيبٌ (2) тие се чудат што им дошол еден од нив да ги опоменува, па, неверниците велат: „Тоа е чудно нешто |
أَإِذَا مِتْنَا وَكُنَّا تُرَابًا ۖ ذَٰلِكَ رَجْعٌ بَعِيدٌ (3) Зарем кога ќе изумреме и земја ќе станеме? Тоа е незамисливо враќање!“ |
قَدْ عَلِمْنَا مَا تَنقُصُ الْأَرْضُ مِنْهُمْ ۖ وَعِندَنَا كِتَابٌ حَفِيظٌ (4) Ние знаеме што од нив земјата ќе уништи, кај нас е Книгата која сè чува |
بَلْ كَذَّبُوا بِالْحَقِّ لَمَّا جَاءَهُمْ فَهُمْ فِي أَمْرٍ مَّرِيجٍ (5) Меѓутоа, тие ја негираат Вистината која им доаѓа и тие се колебливи во збунета состојба |
أَفَلَمْ يَنظُرُوا إِلَى السَّمَاءِ فَوْقَهُمْ كَيْفَ بَنَيْنَاهَا وَزَيَّنَّاهَا وَمَا لَهَا مِن فُرُوجٍ (6) Зошто не го погледнат небото над себе? – како го создадовме и го украсивме и како во него нема неред |
وَالْأَرْضَ مَدَدْنَاهَا وَأَلْقَيْنَا فِيهَا رَوَاسِيَ وَأَنبَتْنَا فِيهَا مِن كُلِّ زَوْجٍ بَهِيجٍ (7) А Земјата ја распостеливме и по неа неподвижни брда расфрлавме и дадовме од неа прекрасни разновидни растенија да никнуваат |
تَبْصِرَةً وَذِكْرَىٰ لِكُلِّ عَبْدٍ مُّنِيبٍ (8) за да размисли и за да се опомене секој роб кој на Господарот свој Му се обраќа |
وَنَزَّلْنَا مِنَ السَّمَاءِ مَاءً مُّبَارَكًا فَأَنبَتْنَا بِهِ جَنَّاتٍ وَحَبَّ الْحَصِيدِ (9) Ние од небото спуштаме благословена вода и со нејзина помош правиме да никнуваат градини и жито што се жнее |
وَالنَّخْلَ بَاسِقَاتٍ لَّهَا طَلْعٌ نَّضِيدٌ (10) и високи палми во кои плодовите се натрупани едни над други |
رِّزْقًا لِّلْعِبَادِ ۖ وَأَحْيَيْنَا بِهِ بَلْدَةً مَّيْتًا ۚ كَذَٰلِكَ الْخُرُوجُ (11) како храна за робовите и Ние со неа ги оживуваме мртвите предели; такво ќе биде и оживувањето |
كَذَّبَتْ قَبْلَهُمْ قَوْمُ نُوحٍ وَأَصْحَابُ الرَّسِّ وَثَمُودُ (12) Пред нив негираше народот на Нух, и жителите на Ресс и Семуд |
وَعَادٌ وَفِرْعَوْنُ وَإِخْوَانُ لُوطٍ (13) и Ад, и народот фараонов, и народот на Лут |
وَأَصْحَابُ الْأَيْكَةِ وَقَوْمُ تُبَّعٍ ۚ كُلٌّ كَذَّبَ الرُّسُلَ فَحَقَّ وَعِيدِ (14) и жителите на Ејка инародот на Тубба; сите тие пратениците залажни ги сметаа и казната Моја ја заслужија |
أَفَعَيِينَا بِالْخَلْقِ الْأَوَّلِ ۚ بَلْ هُمْ فِي لَبْسٍ مِّنْ خَلْقٍ جَدِيدٍ (15) Па зарем при првото создавање станавме немоќни? Не, но тие во повторното создавање се сомневаат |
وَلَقَدْ خَلَقْنَا الْإِنسَانَ وَنَعْلَمُ مَا تُوَسْوِسُ بِهِ نَفْسُهُ ۖ وَنَحْنُ أَقْرَبُ إِلَيْهِ مِنْ حَبْلِ الْوَرِيدِ (16) Ние го создаваме човекот и знаеме душата негова што му шепоти, бидејќи Ние сме му поблиски од вратната вена |
إِذْ يَتَلَقَّى الْمُتَلَقِّيَانِ عَنِ الْيَمِينِ وَعَنِ الشِّمَالِ قَعِيدٌ (17) Кога двајца ќе се сретнат и ќе седнат едниот од десната, а другиот од левата страна |
مَّا يَلْفِظُ مِن قَوْلٍ إِلَّا لَدَيْهِ رَقِيبٌ عَتِيدٌ (18) тој нема да изусти ни еден збор, а покрај него да не е присутен тој што бдее |
وَجَاءَتْ سَكْرَةُ الْمَوْتِ بِالْحَقِّ ۖ ذَٰلِكَ مَا كُنتَ مِنْهُ تَحِيدُ (19) Смртните маки навистина ќе дојдат – тоа е нешто од што не можеш да избегаш |
وَنُفِخَ فِي الصُّورِ ۚ ذَٰلِكَ يَوْمُ الْوَعِيدِ (20) и во рогот ќе се дувне - тоа е Денот ветен со кој се заканува |
وَجَاءَتْ كُلُّ نَفْسٍ مَّعَهَا سَائِقٌ وَشَهِيدٌ (21) и секој ќе дојде, а со него водич и сведок |
لَّقَدْ كُنتَ فِي غَفْلَةٍ مِّنْ هَٰذَا فَكَشَفْنَا عَنكَ غِطَاءَكَ فَبَصَرُكَ الْيَوْمَ حَدِيدٌ (22) „Ти не внимаваше за ова, па ти го тргнавме пердето твое, денес видот ти е остар.“ |
وَقَالَ قَرِينُهُ هَٰذَا مَا لَدَيَّ عَتِيدٌ (23) А другарот негов ќе каже: „Ова што е кај мене, подготвено е.“ |
أَلْقِيَا فِي جَهَنَّمَ كُلَّ كَفَّارٍ عَنِيدٍ (24) „Фрлете го, вие двајца, во џехеннемот секој неблагодарен, инаетчија |
مَّنَّاعٍ لِّلْخَيْرِ مُعْتَدٍ مُّرِيبٍ (25) кој не дозволуваше да се чинат добри дела и кој беше насилник и сомничавец |
الَّذِي جَعَلَ مَعَ اللَّهِ إِلَٰهًا آخَرَ فَأَلْقِيَاهُ فِي الْعَذَابِ الشَّدِيدِ (26) кој покрај Аллах во друг бог веруваше – затоа фрлете го во жестоко страдање!“ |
۞ قَالَ قَرِينُهُ رَبَّنَا مَا أَطْغَيْتُهُ وَلَٰكِن كَانَ فِي ضَلَالٍ بَعِيدٍ (27) А другарот негов ќе каже: „Господару наш, јас не го заведов со сила, самиот беше во голема заблуда.“ |
قَالَ لَا تَخْتَصِمُوا لَدَيَّ وَقَدْ قَدَّمْتُ إِلَيْكُم بِالْوَعِيدِ (28) „Не препирајте се пред Мене!“ – ќе рече Тој – „уште одамна ви се заканив |
مَا يُبَدَّلُ الْقَوْلُ لَدَيَّ وَمَا أَنَا بِظَلَّامٍ لِّلْعَبِيدِ (29) Мојот Збор не се менува и Јас кон робовите Мои не сум неправеден.“ |
يَوْمَ نَقُولُ لِجَهَنَّمَ هَلِ امْتَلَأْتِ وَتَقُولُ هَلْ مِن مَّزِيدٍ (30) На Денот кога ќе го прашаме џехеннемот: „Дали се наполни?“ – тој ќе одговори: „Има ли уште?“ |
وَأُزْلِفَتِ الْجَنَّةُ لِلْمُتَّقِينَ غَيْرَ بَعِيدٍ (31) А џеннетот ќе биде приближен кон богобојазливите, ниту од еден нема далеку да биде |
هَٰذَا مَا تُوعَدُونَ لِكُلِّ أَوَّابٍ حَفِيظٍ (32) „Ова е тоа што ви е ветено, на секој што се каеше и што се чуваше |
مَّنْ خَشِيَ الرَّحْمَٰنَ بِالْغَيْبِ وَجَاءَ بِقَلْبٍ مُّنِيبٍ (33) кој од Семилосниот се плашеше, иако не Го видел, и кој ќе дојде со верно, посветено срце |
ادْخُلُوهَا بِسَلَامٍ ۖ ذَٰلِكَ يَوْمُ الْخُلُودِ (34) Влезете во него, со селам, спасени. Ова е Денот на вечноста!“ |
لَهُم مَّا يَشَاءُونَ فِيهَا وَلَدَيْنَا مَزِيدٌ (35) Во него ќе имаат сè што ќе посакаат, а кај Нас има и повеќе |
وَكَمْ أَهْلَكْنَا قَبْلَهُم مِّن قَرْنٍ هُمْ أَشَدُّ مِنْهُم بَطْشًا فَنَقَّبُوا فِي الْبِلَادِ هَلْ مِن مَّحِيصٍ (36) Аколку народи пред овие уништивме, коишто беапомоќни од нив, па по светот засолниште бараа – од пропаста има ли спас |
إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَذِكْرَىٰ لِمَن كَانَ لَهُ قَلْبٌ أَوْ أَلْقَى السَّمْعَ وَهُوَ شَهِيدٌ (37) Во тоа, навистина, има поука за тој што има разум, или што слуша, а присебен е |
وَلَقَدْ خَلَقْنَا السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ وَمَا بَيْنَهُمَا فِي سِتَّةِ أَيَّامٍ وَمَا مَسَّنَا مِن لُّغُوبٍ (38) Ние ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив за шест временски периоди, и не Нè совлада никаков замор |
فَاصْبِرْ عَلَىٰ مَا يَقُولُونَ وَسَبِّحْ بِحَمْدِ رَبِّكَ قَبْلَ طُلُوعِ الشَّمْسِ وَقَبْلَ الْغُرُوبِ (39) Затоа стрпливо поднесувај го тоа што тие го велат и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред сонцето да излезе и пред да зајде |
وَمِنَ اللَّيْلِ فَسَبِّحْهُ وَأَدْبَارَ السُّجُودِ (40) и слави Го и величај Го ноќе и по извршувањето на намазот |
وَاسْتَمِعْ يَوْمَ يُنَادِ الْمُنَادِ مِن مَّكَانٍ قَرِيبٍ (41) И слушај! Денот кога гласникот ќе повика од место блиско |
يَوْمَ يَسْمَعُونَ الصَّيْحَةَ بِالْحَقِّ ۚ ذَٰلِكَ يَوْمُ الْخُرُوجِ (42) Денот кога тие навистина ќе чујат глас – тоа ќе биде Денот на оживувањето |
إِنَّا نَحْنُ نُحْيِي وَنُمِيتُ وَإِلَيْنَا الْمَصِيرُ (43) Ние навистина даваме живот и даваме смрт, и кај Нас сè ќе се врати |
يَوْمَ تَشَقَّقُ الْأَرْضُ عَنْهُمْ سِرَاعًا ۚ ذَٰلِكَ حَشْرٌ عَلَيْنَا يَسِيرٌ (44) А на Денот кога над нив земјата ќе распука тие итајќи ќе излезат; тоа ќе биде за Нас лесно оживување |
نَّحْنُ أَعْلَمُ بِمَا يَقُولُونَ ۖ وَمَا أَنتَ عَلَيْهِم بِجَبَّارٍ ۖ فَذَكِّرْ بِالْقُرْآنِ مَن يَخَافُ وَعِيدِ (45) Ние добро знаеме што зборуваат тие; ти не можеш да ги присилиш, туку со Куранот потсети го тој што се плаши од Мојата закана |