قُلْ أُوحِيَ إِلَيَّ أَنَّهُ اسْتَمَعَ نَفَرٌ مِّنَ الْجِنِّ فَقَالُوا إِنَّا سَمِعْنَا قُرْآنًا عَجَبًا (1) Кажи: „Мене ми е објавено дека неколку џинни232 прислушкувале ирекле: ,Ние навистина Куранот, кој предизвикува восхит, го слушавме |
يَهْدِي إِلَى الرُّشْدِ فَآمَنَّا بِهِ ۖ وَلَن نُّشْرِكَ بِرَبِّنَا أَحَدًا (2) кој на Вистинскиот пат упатува – и ние во него поверувавме и веќе никого нема на Господарот наш рамен да Му сметаме,‘ |
وَأَنَّهُ تَعَالَىٰ جَدُّ رَبِّنَا مَا اتَّخَذَ صَاحِبَةً وَلَا وَلَدًا (3) а Тој – нека биде возвишено достоинството на Господарот наш! – не Си зел ни сопруга ни дете |
وَأَنَّهُ كَانَ يَقُولُ سَفِيهُنَا عَلَى اللَّهِ شَطَطًا (4) Еден наш безумник за Аллах лаги говореше |
وَأَنَّا ظَنَنَّا أَن لَّن تَقُولَ الْإِنسُ وَالْجِنُّ عَلَى اللَّهِ كَذِبًا (5) а ние мислевме дека ниту луѓето ниту џинните за Аллах лаги не говорат |
وَأَنَّهُ كَانَ رِجَالٌ مِّنَ الْإِنسِ يَعُوذُونَ بِرِجَالٍ مِّنَ الْجِنِّ فَزَادُوهُمْ رَهَقًا (6) и имаше луѓе кои од џинните помош бараа, па така ароганцијата им ја зголемија |
وَأَنَّهُمْ ظَنُّوا كَمَا ظَنَنتُمْ أَن لَّن يَبْعَثَ اللَّهُ أَحَدًا (7) и тие мислат, како што мислите и вие, дека Аллах никого нема да оживее |
وَأَنَّا لَمَسْنَا السَّمَاءَ فَوَجَدْنَاهَا مُلِئَتْ حَرَسًا شَدِيدًا وَشُهُبًا (8) и ние настојувавме небото да го допреме и утврдивме дека е со моќни чувари и огнени метеори |
وَأَنَّا كُنَّا نَقْعُدُ مِنْهَا مَقَاعِدَ لِلسَّمْعِ ۖ فَمَن يَسْتَمِعِ الْآنَ يَجِدْ لَهُ شِهَابًا رَّصَدًا (9) и седевме околу него на местата за прислушкување за да чуеме нешто, но тој, што сега прислушкува, на метеор кој демне ќе наиде |
وَأَنَّا لَا نَدْرِي أَشَرٌّ أُرِيدَ بِمَن فِي الْأَرْضِ أَمْ أَرَادَ بِهِمْ رَبُّهُمْ رَشَدًا (10) и ние не знаеме дали на оние на Земјата им се подготвува зло или Господарот нивен им сака добро |
وَأَنَّا مِنَّا الصَّالِحُونَ وَمِنَّا دُونَ ذَٰلِكَ ۖ كُنَّا طَرَائِقَ قِدَدًا (11) А меѓу нас има и добри и такви коишто тоа не се, нè има различни видови |
وَأَنَّا ظَنَنَّا أَن لَّن نُّعْجِزَ اللَّهَ فِي الْأَرْضِ وَلَن نُّعْجِزَهُ هَرَبًا (12) и ние знаеме дека не можеме на Аллах, на Земјата, да Му се спротивставиме, ниту да Му избегаме |
وَأَنَّا لَمَّا سَمِعْنَا الْهُدَىٰ آمَنَّا بِهِ ۖ فَمَن يُؤْمِن بِرَبِّهِ فَلَا يَخَافُ بَخْسًا وَلَا رَهَقًا (13) И ние, штом Куранот го чувме, во него поверувавме; а кој верува во Господарот свој, ниту одштета ниту однеправда нетреба да сеплаши |
وَأَنَّا مِنَّا الْمُسْلِمُونَ وَمِنَّا الْقَاسِطُونَ ۖ فَمَنْ أَسْلَمَ فَأُولَٰئِكَ تَحَرَّوْا رَشَدًا (14) и има послушни муслимани, а нè има и заталкани; тие што исламот ќе го прифатат - Вистинскиот пат го избрале |
وَأَمَّا الْقَاسِطُونَ فَكَانُوا لِجَهَنَّمَ حَطَبًا (15) а тие што скршнале, во џехеннемот гориво ќе бидат.“ |
وَأَن لَّوِ اسْتَقَامُوا عَلَى الطَّرِيقَةِ لَأَسْقَيْنَاهُم مَّاءً غَدَقًا (16) А да се држат до Вистинскиот пат, Ние со вода обилна би ги поеле |
لِّنَفْتِنَهُمْ فِيهِ ۚ وَمَن يُعْرِضْ عَن ذِكْرِ رَبِّهِ يَسْلُكْهُ عَذَابًا صَعَدًا (17) за со тоа на искушение да ги ставиме; а тој што не сака Господарот свој да го спомнува - Тој во тешко страдание ќе го воведе |
وَأَنَّ الْمَسَاجِدَ لِلَّهِ فَلَا تَدْعُوا مَعَ اللَّهِ أَحَدًا (18) Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого |
وَأَنَّهُ لَمَّا قَامَ عَبْدُ اللَّهِ يَدْعُوهُ كَادُوا يَكُونُونَ عَلَيْهِ لِبَدًا (19) А кога Аллаховиот роб стана да Му се помоли, тие во групи околку него збиени застанаа |
قُلْ إِنَّمَا أَدْعُو رَبِّي وَلَا أُشْرِكُ بِهِ أَحَدًا (20) Кажи: „Јас само на Господарот свој Му се клањам, и никого Нему рамен не Му сметам.“ |
قُلْ إِنِّي لَا أَمْلِكُ لَكُمْ ضَرًّا وَلَا رَشَدًا (21) Кажи: „Јас не сум во состојба од вас некаква штета да отстранам, ниту на некој од вас каква било корист да му обезбедам.“ |
قُلْ إِنِّي لَن يُجِيرَنِي مِنَ اللَّهِ أَحَدٌ وَلَنْ أَجِدَ مِن دُونِهِ مُلْتَحَدًا (22) Кажи: „Мене никој од Аллаховата казна не може во заштита да ме земе; само кај Него јас можам прибежиште да најдам |
إِلَّا بَلَاغًا مِّنَ اللَّهِ وَرِسَالَاتِهِ ۚ وَمَن يَعْصِ اللَّهَ وَرَسُولَهُ فَإِنَّ لَهُ نَارَ جَهَنَّمَ خَالِدِينَ فِيهَا أَبَدًا (23) можам само да го соопштам тоа што е од Аллах и од посланието Негово.“ А тој што на Аллах и на Пратеникот Негов нема да им биде послушен - сигурно го чека огнот џехеннемски; во него вечно и засекогаш ќе остане |
حَتَّىٰ إِذَا رَأَوْا مَا يُوعَدُونَ فَسَيَعْلَمُونَ مَنْ أَضْعَفُ نَاصِرًا وَأَقَلُّ عَدَدًا (24) И кога тие ќе го видат тоа што им се ветува, ќе дознаат кој е послаб во помош и помалуброен |
قُلْ إِنْ أَدْرِي أَقَرِيبٌ مَّا تُوعَدُونَ أَمْ يَجْعَلُ لَهُ رَبِّي أَمَدًا (25) Кажи: „Јас не знам дали наскоро ќе биде тоа што ви се ветува или Господарот мој одредил тоа по подолго време да биде |
عَالِمُ الْغَيْبِ فَلَا يُظْهِرُ عَلَىٰ غَيْبِهِ أَحَدًا (26) Тој тајните ги знае и Тој тајните Свои не ги открива никому |
إِلَّا مَنِ ارْتَضَىٰ مِن رَّسُولٍ فَإِنَّهُ يَسْلُكُ مِن بَيْنِ يَدَيْهِ وَمِنْ خَلْفِهِ رَصَدًا (27) освен на тој што Тој за Пратеник ќе го одбере; затоа Тој и пред него и зад него ги поставува тие што ќе го чуваат |
لِّيَعْلَمَ أَن قَدْ أَبْلَغُوا رِسَالَاتِ رَبِّهِمْ وَأَحَاطَ بِمَا لَدَيْهِمْ وَأَحْصَىٰ كُلَّ شَيْءٍ عَدَدًا (28) за да покаже дека посланијата од Господарот свој ги доставиле, Тој во детали го знае тоа што е во нив, Тој ја знае бројноста на сè што постои.“ |