يَا أَيُّهَا النَّاسُ اتَّقُوا رَبَّكُمْ ۚ إِنَّ زَلْزَلَةَ السَّاعَةِ شَيْءٌ عَظِيمٌ (1) О, луѓе, плашете се од Господарот свој! Навистина, кога Крајот на светот ќе настапи, потресот ќе биде големо случување |
يَوْمَ تَرَوْنَهَا تَذْهَلُ كُلُّ مُرْضِعَةٍ عَمَّا أَرْضَعَتْ وَتَضَعُ كُلُّ ذَاتِ حَمْلٍ حَمْلَهَا وَتَرَى النَّاسَ سُكَارَىٰ وَمَا هُم بِسُكَارَىٰ وَلَٰكِنَّ عَذَابَ اللَّهِ شَدِيدٌ (2) На Денот кога ќе го видите вие, секоја доилка тоа што го дои ќе го заборави, а секоја трудница својот плод ќе го изгуби и ти ќе ги видиш луѓето пијани, а тие нема да бидат пијани, туку Аллаховта казна ќе биде жестока |
وَمِنَ النَّاسِ مَن يُجَادِلُ فِي اللَّهِ بِغَيْرِ عِلْمٍ وَيَتَّبِعُ كُلَّ شَيْطَانٍ مَّرِيدٍ (3) Има луѓе кои без никакво знаење се препираат за Аллах и кои го следат секој непокорен шејтан |
كُتِبَ عَلَيْهِ أَنَّهُ مَن تَوَلَّاهُ فَأَنَّهُ يُضِلُّهُ وَيَهْدِيهِ إِلَىٰ عَذَابِ السَّعِيرِ (4) За него е веќе одредено дека секој што за заштитник ќе го земе, на погрешниот пат ќе го заведе и во страдањето огнено ќе го однесе |
يَا أَيُّهَا النَّاسُ إِن كُنتُمْ فِي رَيْبٍ مِّنَ الْبَعْثِ فَإِنَّا خَلَقْنَاكُم مِّن تُرَابٍ ثُمَّ مِن نُّطْفَةٍ ثُمَّ مِنْ عَلَقَةٍ ثُمَّ مِن مُّضْغَةٍ مُّخَلَّقَةٍ وَغَيْرِ مُخَلَّقَةٍ لِّنُبَيِّنَ لَكُمْ ۚ وَنُقِرُّ فِي الْأَرْحَامِ مَا نَشَاءُ إِلَىٰ أَجَلٍ مُّسَمًّى ثُمَّ نُخْرِجُكُمْ طِفْلًا ثُمَّ لِتَبْلُغُوا أَشُدَّكُمْ ۖ وَمِنكُم مَّن يُتَوَفَّىٰ وَمِنكُم مَّن يُرَدُّ إِلَىٰ أَرْذَلِ الْعُمُرِ لِكَيْلَا يَعْلَمَ مِن بَعْدِ عِلْمٍ شَيْئًا ۚ وَتَرَى الْأَرْضَ هَامِدَةً فَإِذَا أَنزَلْنَا عَلَيْهَا الْمَاءَ اهْتَزَّتْ وَرَبَتْ وَأَنبَتَتْ مِن كُلِّ زَوْجٍ بَهِيجٍ (5) О, луѓе! Ако се сомневате во проживувањето – па Ние ве создаваме од земја, потоа од капка семе, потоа од грутка крв,183 потоа од парче месо, обликувано и необликувано, за да ви објасниме! А во матките задржуваме што сакаме, до рокот одреден, потоа правиме како доенчиња да се раѓате и потоа до потполна развиеност да израснете; едни од вас умираат, а други длабока старост доживуваат, за, откако знаел, да не знае ништо.184 И ти види ја земјата како е замрена, но кога дожд ќе спуштиме на неа, таа потреперува и набабрува, и од неа никнуваат секакви прекрасни растенија |
ذَٰلِكَ بِأَنَّ اللَّهَ هُوَ الْحَقُّ وَأَنَّهُ يُحْيِي الْمَوْتَىٰ وَأَنَّهُ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ قَدِيرٌ (6) Тоа езатоашто Тој, Аллах, е Вистина изатоашто Тој е кадарен мртвите да ги оживее и затоа што Тој може сè |
وَأَنَّ السَّاعَةَ آتِيَةٌ لَّا رَيْبَ فِيهَا وَأَنَّ اللَّهَ يَبْعَثُ مَن فِي الْقُبُورِ (7) и затоа што Часот на проживувањето, во тоа нема сомнеж, ќе дојде и затоа што Аллах ќе ги оживее тие во гробовите |
وَمِنَ النَّاسِ مَن يُجَادِلُ فِي اللَّهِ بِغَيْرِ عِلْمٍ وَلَا هُدًى وَلَا كِتَابٍ مُّنِيرٍ (8) Има луѓе кои за Аллах се препираат без никакво знаење и без никакво упатство и без Книга која дава светлина |
ثَانِيَ عِطْفِهِ لِيُضِلَّ عَن سَبِيلِ اللَّهِ ۖ لَهُ فِي الدُّنْيَا خِزْيٌ ۖ وَنُذِيقُهُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ عَذَابَ الْحَرِيقِ (9) одејќи горделиво за од Аллаховиот Пат да одвраќаат, нив на овој свет ги чека понижување, а на оној свет ќе им дадеме да го искусат страдањето во Огнот |
ذَٰلِكَ بِمَا قَدَّمَتْ يَدَاكَ وَأَنَّ اللَّهَ لَيْسَ بِظَلَّامٍ لِّلْعَبِيدِ (10) Ете, тоа е поради делата на рацете твои, затоа што Аллах не е неправеден кон робовите Свои |
وَمِنَ النَّاسِ مَن يَعْبُدُ اللَّهَ عَلَىٰ حَرْفٍ ۖ فَإِنْ أَصَابَهُ خَيْرٌ اطْمَأَنَّ بِهِ ۖ وَإِنْ أَصَابَتْهُ فِتْنَةٌ انقَلَبَ عَلَىٰ وَجْهِهِ خَسِرَ الدُّنْيَا وَالْآخِرَةَ ۚ ذَٰلِكَ هُوَ الْخُسْرَانُ الْمُبِينُ (11) Меѓу луѓето има такви кои Го обожуваат Аллах колебливо, на работ: ако го снајде добро, се смирува, а ако го снајде искушение, му се враќа на своето неверување, па така го губи и оној свет. Тоа е навистина очигледна загуба |
يَدْعُو مِن دُونِ اللَّهِ مَا لَا يَضُرُّهُ وَمَا لَا يَنفَعُهُ ۚ ذَٰلِكَ هُوَ الضَّلَالُ الْبَعِيدُ (12) Тој, покрај Аллах, го моли тој што од него не може никаква штета да отстрани, ниту може од каква било корист да му биде; тоа е навистина голема заблуда |
يَدْعُو لَمَن ضَرُّهُ أَقْرَبُ مِن نَّفْعِهِ ۚ لَبِئْسَ الْمَوْلَىٰ وَلَبِئْسَ الْعَشِيرُ (13) го моли тој што попрво ќе му наштети отколку што од корист ќе му биде; таквиот е навистина лош заштитник и злобен другар |
إِنَّ اللَّهَ يُدْخِلُ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ جَنَّاتٍ تَجْرِي مِن تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ ۚ إِنَّ اللَّهَ يَفْعَلُ مَا يُرِيدُ (14) Тие што веруваат и што прават добри дела, Аллах навистина ќе ги внесе во џеннетските градини, низ кои реки ќе течат. Аллах го прави тоа што го сака |
مَن كَانَ يَظُنُّ أَن لَّن يَنصُرَهُ اللَّهُ فِي الدُّنْيَا وَالْآخِرَةِ فَلْيَمْدُدْ بِسَبَبٍ إِلَى السَّمَاءِ ثُمَّ لْيَقْطَعْ فَلْيَنظُرْ هَلْ يُذْهِبَنَّ كَيْدُهُ مَا يَغِيظُ (15) Тој што мисли дека Аллах нема да му помогне на Пратеникот ни на овој ни на оној свет, нека го растегне јажето до таванот и нека се обеси, па нека види дали неговиот план ќе го отстрани тоа поради коешто тој се лути |
وَكَذَٰلِكَ أَنزَلْنَاهُ آيَاتٍ بَيِّنَاتٍ وَأَنَّ اللَّهَ يَهْدِي مَن يُرِيدُ (16) И така, ете, Ние во вид на јасни ајети го објавуваме, а Аллах на тој што Тој сака на Вистинскиот пат ќе му укаже |
إِنَّ الَّذِينَ آمَنُوا وَالَّذِينَ هَادُوا وَالصَّابِئِينَ وَالنَّصَارَىٰ وَالْمَجُوسَ وَالَّذِينَ أَشْرَكُوا إِنَّ اللَّهَ يَفْصِلُ بَيْنَهُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ ۚ إِنَّ اللَّهَ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ شَهِيدٌ (17) Аллах на Судниот ден навистина ќе ги одвои верниците од евреите, Сабејците, христијаните, огнопоклониците и многубошците. Аллах е навистина известен за сè |
أَلَمْ تَرَ أَنَّ اللَّهَ يَسْجُدُ لَهُ مَن فِي السَّمَاوَاتِ وَمَن فِي الْأَرْضِ وَالشَّمْسُ وَالْقَمَرُ وَالنُّجُومُ وَالْجِبَالُ وَالشَّجَرُ وَالدَّوَابُّ وَكَثِيرٌ مِّنَ النَّاسِ ۖ وَكَثِيرٌ حَقَّ عَلَيْهِ الْعَذَابُ ۗ وَمَن يُهِنِ اللَّهُ فَمَا لَهُ مِن مُّكْرِمٍ ۚ إِنَّ اللَّهَ يَفْعَلُ مَا يَشَاءُ ۩ (18) Зарем не гледаш дека на Аллах на сеџда Му се поклонуваат и тие на небесата и тие на Земјата, а и Сонцето, и Месечината, и ѕвездите, и планините, и дрвјата, и животните, и многу луѓе, а многумина и казната ја заслужуваат. А кого Аллах ќе го понижи, никој не може почитуван да го направи; Аллах тоа што сака го прави |
۞ هَٰذَانِ خَصْمَانِ اخْتَصَمُوا فِي رَبِّهِمْ ۖ فَالَّذِينَ كَفَرُوا قُطِّعَتْ لَهُمْ ثِيَابٌ مِّن نَّارٍ يُصَبُّ مِن فَوْقِ رُءُوسِهِمُ الْحَمِيمُ (19) Овие два спротивставени табори се спорат околу Господарот свој; на тие што нема да веруваат ќе им бидат скроени костуми од Оган, а зовриена вода на главите нивни ќе им биде истурана |
يُصْهَرُ بِهِ مَا فِي بُطُونِهِمْ وَالْجُلُودُ (20) од неа ќе се истопи тоа што е во стомаците нивни, и кожата |
وَلَهُم مَّقَامِعُ مِنْ حَدِيدٍ (21) а со железни стапови ќе бидат мавани |
كُلَّمَا أَرَادُوا أَن يَخْرُجُوا مِنْهَا مِنْ غَمٍّ أُعِيدُوا فِيهَا وَذُوقُوا عَذَابَ الْحَرِيقِ (22) кога и да посакаат поради тешката мака од неа да излезат, во неа ќе бидат вратени: „Доживејте го страдањето во ужасниот Оган!“ |
إِنَّ اللَّهَ يُدْخِلُ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ جَنَّاتٍ تَجْرِي مِن تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ يُحَلَّوْنَ فِيهَا مِنْ أَسَاوِرَ مِن ذَهَبٍ وَلُؤْلُؤًا ۖ وَلِبَاسُهُمْ فِيهَا حَرِيرٌ (23) А тие што веруваат и што прават добри дела – Аллах сигурно ќе ги внесе во џеннетските градини, низ кои реки ќе течат, во неа со алки од злато и со бисер ќе се украсуваат, а алиштата свилени ќе им бидат |
وَهُدُوا إِلَى الطَّيِّبِ مِنَ الْقَوْلِ وَهُدُوا إِلَىٰ صِرَاطِ الْحَمِيدِ (24) И упатени се да говорат убави зборови и упатени се на Патот на Тој што е достоен за благодарност |
إِنَّ الَّذِينَ كَفَرُوا وَيَصُدُّونَ عَن سَبِيلِ اللَّهِ وَالْمَسْجِدِ الْحَرَامِ الَّذِي جَعَلْنَاهُ لِلنَّاسِ سَوَاءً الْعَاكِفُ فِيهِ وَالْبَادِ ۚ وَمَن يُرِدْ فِيهِ بِإِلْحَادٍ بِظُلْمٍ نُّذِقْهُ مِنْ عَذَابٍ أَلِيمٍ (25) На неверниците и на тие што одвраќаат од Аллаховиот Пат и од Светиот Храм – а Ние го наменивме за сите луѓе, како за жителите така и за посетителите – и на тој што во него ќе сака какво било насилство да стори, ќе им дадеме неиздржливо страдање да доживеат |
وَإِذْ بَوَّأْنَا لِإِبْرَاهِيمَ مَكَانَ الْبَيْتِ أَن لَّا تُشْرِكْ بِي شَيْئًا وَطَهِّرْ بَيْتِيَ لِلطَّائِفِينَ وَالْقَائِمِينَ وَالرُّكَّعِ السُّجُودِ (26) И кога на Ибрахим за прибежиште му го покажавме местото каде што е Каба, му рековме: „Не припишувај Ни здруженици, и исчисти ја Мојата Каба за тие што ќе ја обиколуваат186, кои ќе стојат187 и кои руку и сеџда ќе извршуваат |
وَأَذِّن فِي النَّاسِ بِالْحَجِّ يَأْتُوكَ رِجَالًا وَعَلَىٰ كُلِّ ضَامِرٍ يَأْتِينَ مِن كُلِّ فَجٍّ عَمِيقٍ (27) И повикај ги луѓето на аџилак!“ – и ќе ти доаѓаат пешки и на секоја истоштена камила кои доаѓаат од далечен пат |
لِّيَشْهَدُوا مَنَافِعَ لَهُمْ وَيَذْكُرُوا اسْمَ اللَّهِ فِي أَيَّامٍ مَّعْلُومَاتٍ عَلَىٰ مَا رَزَقَهُم مِّن بَهِيمَةِ الْأَنْعَامِ ۖ فَكُلُوا مِنْهَا وَأَطْعِمُوا الْبَائِسَ الْفَقِيرَ (28) За да бидат сведоци накориста своја иза да го спомнуваат Аллаховото име во познатите денови затоа што ги снабдил со домашни животни. Јадете го месото нивно, а нахранете го и скромниот сиромав |
ثُمَّ لْيَقْضُوا تَفَثَهُمْ وَلْيُوفُوا نُذُورَهُمْ وَلْيَطَّوَّفُوا بِالْبَيْتِ الْعَتِيقِ (29) Потоа, нечистотијата од себе нека ја отстранат, своите завети нека ги исполнат и околу древната Каба нека обиколуваат |
ذَٰلِكَ وَمَن يُعَظِّمْ حُرُمَاتِ اللَّهِ فَهُوَ خَيْرٌ لَّهُ عِندَ رَبِّهِ ۗ وَأُحِلَّتْ لَكُمُ الْأَنْعَامُ إِلَّا مَا يُتْلَىٰ عَلَيْكُمْ ۖ فَاجْتَنِبُوا الرِّجْسَ مِنَ الْأَوْثَانِ وَاجْتَنِبُوا قَوْلَ الزُّورِ (30) Така е тоа! А кој ги почитува Аллаховите светости, тоа му е добро кај Господарот негов – а дозволен ви е добитокот, освен тој за кој ви е кажано – па чувајте се од валканоста на киповите и чувајте се од лажниот говор |
حُنَفَاءَ لِلَّهِ غَيْرَ مُشْرِكِينَ بِهِ ۚ وَمَن يُشْرِكْ بِاللَّهِ فَكَأَنَّمَا خَرَّ مِنَ السَّمَاءِ فَتَخْطَفُهُ الطَّيْرُ أَوْ تَهْوِي بِهِ الرِّيحُ فِي مَكَانٍ سَحِيقٍ (31) Изјавувајќи Му ја на Аллах чистата преданост, а не припишувајќи Му здруженик! А тој што ќе смета дека на Аллах Му има рамен, ќе биде како тој што паднал од небо и кого птиците го разграбале, или како тој што ветерот во далечен предел го однел |
ذَٰلِكَ وَمَن يُعَظِّمْ شَعَائِرَ اللَّهِ فَإِنَّهَا مِن تَقْوَى الْقُلُوبِ (32) Така е тоа! Па кој ги почитува Аллаховите прописи, тоа е знак за богобојазност на срцето |
لَكُمْ فِيهَا مَنَافِعُ إِلَىٰ أَجَلٍ مُّسَمًّى ثُمَّ مَحِلُّهَا إِلَى الْبَيْتِ الْعَتِيقِ (33) Вие имате корист од нив до одреден рок, а потоа нивното место е крај древната Каба |
وَلِكُلِّ أُمَّةٍ جَعَلْنَا مَنسَكًا لِّيَذْكُرُوا اسْمَ اللَّهِ عَلَىٰ مَا رَزَقَهُم مِّن بَهِيمَةِ الْأَنْعَامِ ۗ فَإِلَٰهُكُمْ إِلَٰهٌ وَاحِدٌ فَلَهُ أَسْلِمُوا ۗ وَبَشِّرِ الْمُخْبِتِينَ (34) На секоја претходна верничка група189 ѝ го пропишавме колењето на курбанот за да го спомнуваат Аллаховото име при колењето на добитокот кој Тој им го дава. Вашиот Бог е еден Бог, затоа само Нему искрено предајте Му се! А со радосна вест израдувај ги понизните |
الَّذِينَ إِذَا ذُكِرَ اللَّهُ وَجِلَتْ قُلُوبُهُمْ وَالصَّابِرِينَ عَلَىٰ مَا أَصَابَهُمْ وَالْمُقِيمِي الصَّلَاةِ وَمِمَّا رَزَقْنَاهُمْ يُنفِقُونَ (35) чиишто срца, кога Аллах ќе се спомне, страв ги обзема, и тие кои трпеливо ги поднесуваат неволјите кои им се случуваат, и тие кои намазот (молитвата) го извршуваат и кои даваат од тоа што Ние им го даваме |
وَالْبُدْنَ جَعَلْنَاهَا لَكُم مِّن شَعَائِرِ اللَّهِ لَكُمْ فِيهَا خَيْرٌ ۖ فَاذْكُرُوا اسْمَ اللَّهِ عَلَيْهَا صَوَافَّ ۖ فَإِذَا وَجَبَتْ جُنُوبُهَا فَكُلُوا مِنْهَا وَأَطْعِمُوا الْقَانِعَ وَالْمُعْتَرَّ ۚ كَذَٰلِكَ سَخَّرْنَاهَا لَكُمْ لَعَلَّكُمْ تَشْكُرُونَ (36) А камилите ви ги направивме едни од Аллаховите обреди нааџилакот и вие од нив имате добро, затоа спомнувајте го Аллаховото име кога ќе бидат подготвени за колење, стоејќи со една врзана нога, а кога ќе паднат на земјата, јадете ги, а нахранете го и тој што не проси, а и тој што проси. Така ви ги потчинивме, за да бидете благодарни |
لَن يَنَالَ اللَّهَ لُحُومُهَا وَلَا دِمَاؤُهَا وَلَٰكِن يَنَالُهُ التَّقْوَىٰ مِنكُمْ ۚ كَذَٰلِكَ سَخَّرَهَا لَكُمْ لِتُكَبِّرُوا اللَّهَ عَلَىٰ مَا هَدَاكُمْ ۗ وَبَشِّرِ الْمُحْسِنِينَ (37) До Аллах нема да допре месото нивно и крвта нивна, но ќе Му стигнат искрено направените ваши добри дела. Така ви ги потчини за да Го величате Аллах затоа што ве упати. И израдувај ги тие што прават добри дела |
۞ إِنَّ اللَّهَ يُدَافِعُ عَنِ الَّذِينَ آمَنُوا ۗ إِنَّ اللَّهَ لَا يُحِبُّ كُلَّ خَوَّانٍ كَفُورٍ (38) Аллах навистина ги штити верниците, Аллах сигурно не сака ниту еден предавник, неблагодарник |
أُذِنَ لِلَّذِينَ يُقَاتَلُونَ بِأَنَّهُمْ ظُلِمُوا ۚ وَإِنَّ اللَّهَ عَلَىٰ نَصْرِهِمْ لَقَدِيرٌ (39) Им се дозволува одбрана на тие што од други ќе бидат нападнати, бидејќи им се врши насилство – а Аллах е навистина кадарен да им помогне |
الَّذِينَ أُخْرِجُوا مِن دِيَارِهِم بِغَيْرِ حَقٍّ إِلَّا أَن يَقُولُوا رَبُّنَا اللَّهُ ۗ وَلَوْلَا دَفْعُ اللَّهِ النَّاسَ بَعْضَهُم بِبَعْضٍ لَّهُدِّمَتْ صَوَامِعُ وَبِيَعٌ وَصَلَوَاتٌ وَمَسَاجِدُ يُذْكَرُ فِيهَا اسْمُ اللَّهِ كَثِيرًا ۗ وَلَيَنصُرَنَّ اللَّهُ مَن يَنصُرُهُ ۗ إِنَّ اللَّهَ لَقَوِيٌّ عَزِيزٌ (40) На тие кои ни криви ни должни од домовите свои се протерани, само затоа што говореа: „Наш Господар е Аллах!“ А да не сузбие Аллах некои луѓесо други, дотемел би биле изрушени манастирите, црквите, синагогите, а и џамиите, во кои многу се спомнува Аллаховото име. А Аллах сигурно ќе ги помогне тие кои Него Го помагаат – та Аллах е навистина Моќен и Силен |
الَّذِينَ إِن مَّكَّنَّاهُمْ فِي الْأَرْضِ أَقَامُوا الصَّلَاةَ وَآتَوُا الزَّكَاةَ وَأَمَرُوا بِالْمَعْرُوفِ وَنَهَوْا عَنِ الْمُنكَرِ ۗ وَلِلَّهِ عَاقِبَةُ الْأُمُورِ (41) Тие кои, ако им дадеме власт на земјата, намаз (молитва) ќе извршуваат и зекат ќе даваат и кои ќе бараат да се прават добри дела, а ќе одвраќаат од лошите – а на крајот сè Му се враќа на Аллах |
وَإِن يُكَذِّبُوكَ فَقَدْ كَذَّبَتْ قَبْلَهُمْ قَوْمُ نُوحٍ وَعَادٌ وَثَمُودُ (42) А тоа што тие те сметаат за лажен, па и пред нив народот на Нух, и Ад, и Семуд ги сметаа Пратениците за лажни |
وَقَوْمُ إِبْرَاهِيمَ وَقَوْمُ لُوطٍ (43) И народот на Ибрахим и народот на Лут |
وَأَصْحَابُ مَدْيَنَ ۖ وَكُذِّبَ مُوسَىٰ فَأَمْلَيْتُ لِلْكَافِرِينَ ثُمَّ أَخَذْتُهُمْ ۖ فَكَيْفَ كَانَ نَكِيرِ (44) и жителите на Медјен; азалажен е сметан и Муса, и Јас наневерниците време им давав, потоа ги казнував, и каква беше казната Моја |
فَكَأَيِّن مِّن قَرْيَةٍ أَهْلَكْنَاهَا وَهِيَ ظَالِمَةٌ فَهِيَ خَاوِيَةٌ عَلَىٰ عُرُوشِهَا وَبِئْرٍ مُّعَطَّلَةٍ وَقَصْرٍ مَّشِيدٍ (45) И колку населби уништивме, чиишто жители насилни беа, и тие опустеа, само рушевини останаа! И колку бунари има запуштени и колку високи палати има празни |
أَفَلَمْ يَسِيرُوا فِي الْأَرْضِ فَتَكُونَ لَهُمْ قُلُوبٌ يَعْقِلُونَ بِهَا أَوْ آذَانٌ يَسْمَعُونَ بِهَا ۖ فَإِنَّهَا لَا تَعْمَى الْأَبْصَارُ وَلَٰكِن تَعْمَى الْقُلُوبُ الَّتِي فِي الصُّدُورِ (46) Па зошто тие по светот не патуваат, па срцата нивни да го сфатат тоа што треба да се сфати, и ушите нивни да го чујат тоа што треба да го чујат; но очите не се слепи, туку срцето во градите |
وَيَسْتَعْجِلُونَكَ بِالْعَذَابِ وَلَن يُخْلِفَ اللَّهُ وَعْدَهُ ۚ وَإِنَّ يَوْمًا عِندَ رَبِّكَ كَأَلْفِ سَنَةٍ مِّمَّا تَعُدُّونَ (47) Тие бараат од тебе казната што побрзо да ги стигне, а Аллах нема да го изневери ветувањето Свое, а само еден ден кај Господарот твој трае колку илјада години според вашето сметање |
وَكَأَيِّن مِّن قَرْيَةٍ أَمْلَيْتُ لَهَا وَهِيَ ظَالِمَةٌ ثُمَّ أَخَذْتُهَا وَإِلَيَّ الْمَصِيرُ (48) И колку населби имаше чиишто жители беа неправедни, на коишто Јас казната им ја одложував, за, на крајот, да казнам! А сè кон Мене се враќа |
قُلْ يَا أَيُّهَا النَّاسُ إِنَّمَا أَنَا لَكُمْ نَذِيرٌ مُّبِينٌ (49) Кажи: „О, луѓе, јас сум само опоменувач јасен!“ |
فَالَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ لَهُم مَّغْفِرَةٌ وَرِزْقٌ كَرِيمٌ (50) Тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела, ги чека прошка и благородно снабдување |
وَالَّذِينَ سَعَوْا فِي آيَاتِنَا مُعَاجِزِينَ أُولَٰئِكَ أَصْحَابُ الْجَحِيمِ (51) а тие што ќе се трудат доказите Наши да ги негираат, одвраќајќи од нив, ќе бидат жители на џехеннемот |
وَمَا أَرْسَلْنَا مِن قَبْلِكَ مِن رَّسُولٍ وَلَا نَبِيٍّ إِلَّا إِذَا تَمَنَّىٰ أَلْقَى الشَّيْطَانُ فِي أُمْنِيَّتِهِ فَيَنسَخُ اللَّهُ مَا يُلْقِي الشَّيْطَانُ ثُمَّ يُحْكِمُ اللَّهُ آيَاتِهِ ۗ وَاللَّهُ عَلِيمٌ حَكِيمٌ (52) Пред тебе, Ние ниту еден Пратеник и Веровесник не пративме, а шејтанот, кога тој тоа ќе го кажуваше, во кажувањето негово нешто да невметнеше. Аллах ќеготргнеше тоаштошејтанот ќеговметнеше, а потоа зборовите Свои ќе ги зацврстеше - Аллах знае сè и Мудар е |
لِّيَجْعَلَ مَا يُلْقِي الشَّيْطَانُ فِتْنَةً لِّلَّذِينَ فِي قُلُوبِهِم مَّرَضٌ وَالْقَاسِيَةِ قُلُوبُهُمْ ۗ وَإِنَّ الظَّالِمِينَ لَفِي شِقَاقٍ بَعِيدٍ (53) за, тоаштошејтанот говметна, да гонаправи искушение за тие чиишто срца се болни и за тие чиишто (срца) се свирепи – а насилниците се навистина во неслога и во далечна заблуда |
وَلِيَعْلَمَ الَّذِينَ أُوتُوا الْعِلْمَ أَنَّهُ الْحَقُّ مِن رَّبِّكَ فَيُؤْمِنُوا بِهِ فَتُخْبِتَ لَهُ قُلُوبُهُمْ ۗ وَإِنَّ اللَّهَ لَهَادِ الَّذِينَ آمَنُوا إِلَىٰ صِرَاطٍ مُّسْتَقِيمٍ (54) иза тие штосеобдарени со знаење да спознаат дека Кураноте Вистина од Господарот твој, па во него да поверуваат и нивните срца му бидат потчинети. А Аллах верниците на Вистинскиот пат ќе ги изведе |
وَلَا يَزَالُ الَّذِينَ كَفَرُوا فِي مِرْيَةٍ مِّنْهُ حَتَّىٰ تَأْتِيَهُمُ السَّاعَةُ بَغْتَةً أَوْ يَأْتِيَهُمْ عَذَابُ يَوْمٍ عَقِيمٍ (55) А неверниците нема да престанат да се сомневаат во него, сè додека одненадеж смртта не им дојде или додека не го почувствуваат страдањето на Денот по кој нема да следи ноќ |
الْمُلْكُ يَوْمَئِذٍ لِّلَّهِ يَحْكُمُ بَيْنَهُمْ ۚ فَالَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ فِي جَنَّاتِ النَّعِيمِ (56) Тој ден власта ќе ја има само Аллах, Тој ќе им суди. А верниците и тие што правеле добри дела, ќе бидат во џенетските градини на уживањата |
وَالَّذِينَ كَفَرُوا وَكَذَّبُوا بِآيَاتِنَا فَأُولَٰئِكَ لَهُمْ عَذَابٌ مُّهِينٌ (57) а неверниците и тие кои ајетите Наши ги негираа, тие срамно страдање ќе имаат |
وَالَّذِينَ هَاجَرُوا فِي سَبِيلِ اللَّهِ ثُمَّ قُتِلُوا أَوْ مَاتُوا لَيَرْزُقَنَّهُمُ اللَّهُ رِزْقًا حَسَنًا ۚ وَإِنَّ اللَّهَ لَهُوَ خَيْرُ الرَّازِقِينَ (58) Аллах убаво ќе ги снабди тие што својот роден крај го напуштија за да се борат на Аллаховиот пат, па потоа загинаа или умреа – бидејќи Аллах е најдобриот Снабдител |
لَيُدْخِلَنَّهُم مُّدْخَلًا يَرْضَوْنَهُ ۗ وَإِنَّ اللَّهَ لَعَلِيمٌ حَلِيمٌ (59) Тој во местото од кое тие задоволни ќе бидат, навистина, ќе ги внесе! А Аллах знае сè и Благ е |
۞ ذَٰلِكَ وَمَنْ عَاقَبَ بِمِثْلِ مَا عُوقِبَ بِهِ ثُمَّ بُغِيَ عَلَيْهِ لَيَنصُرَنَّهُ اللَّهُ ۗ إِنَّ اللَّهَ لَعَفُوٌّ غَفُورٌ (60) Ете така! А тој што со иста мерка ќе возврати за направеното зло, и на кого повторно му е направена неправда, Аллах сигурно ќе му помогне. Аллах е Тој што гревовите ги поништува и Простувачот |
ذَٰلِكَ بِأَنَّ اللَّهَ يُولِجُ اللَّيْلَ فِي النَّهَارِ وَيُولِجُ النَّهَارَ فِي اللَّيْلِ وَأَنَّ اللَّهَ سَمِيعٌ بَصِيرٌ (61) Ете така! А Аллах ја воведува ноќта во денот и го воведува денот во ноќта, и Аллах е Тој што сè слуша и сè гледа |
ذَٰلِكَ بِأَنَّ اللَّهَ هُوَ الْحَقُّ وَأَنَّ مَا يَدْعُونَ مِن دُونِهِ هُوَ الْبَاطِلُ وَأَنَّ اللَّهَ هُوَ الْعَلِيُّ الْكَبِيرُ (62) Тоа е затоа што Аллах е Вистина, а тие на кои, покрај Аллах, им се молат се лага, и затоа што е Аллах Возвишен и Голем |
أَلَمْ تَرَ أَنَّ اللَّهَ أَنزَلَ مِنَ السَّمَاءِ مَاءً فَتُصْبِحُ الْأَرْضُ مُخْضَرَّةً ۗ إِنَّ اللَّهَ لَطِيفٌ خَبِيرٌ (63) Зарем не гледаш дека Аллах од небото спушта дожд од којшто земјата позеленува? Аллах е навистина добар и Сезнаен |
لَّهُ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَمَا فِي الْأَرْضِ ۗ وَإِنَّ اللَّهَ لَهُوَ الْغَنِيُّ الْحَمِيدُ (64) Негово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата. Аллах не е зависен од никого и само Тој е достоен за благодарност |
أَلَمْ تَرَ أَنَّ اللَّهَ سَخَّرَ لَكُم مَّا فِي الْأَرْضِ وَالْفُلْكَ تَجْرِي فِي الْبَحْرِ بِأَمْرِهِ وَيُمْسِكُ السَّمَاءَ أَن تَقَعَ عَلَى الْأَرْضِ إِلَّا بِإِذْنِهِ ۗ إِنَّ اللَّهَ بِالنَّاسِ لَرَءُوفٌ رَّحِيمٌ (65) Зарем не гледаш дека Аллах сè што е на Земјата вам ви го подреди, па и бродовите кои, со одредбата Негова, по морето пловат? Тој го држи тоа што е на небото да не падне на Земјата, освен ако Тој тоа го дозволи. Аллах е навистина Благ и Милостив кон луѓето |
وَهُوَ الَّذِي أَحْيَاكُمْ ثُمَّ يُمِيتُكُمْ ثُمَّ يُحْيِيكُمْ ۗ إِنَّ الْإِنسَانَ لَكَفُورٌ (66) Тој ви дава живот и потоа ќе ви го одземе и потоа пак ќе ве оживее, човекот е навистина неблагодарен |
لِّكُلِّ أُمَّةٍ جَعَلْنَا مَنسَكًا هُمْ نَاسِكُوهُ ۖ فَلَا يُنَازِعُنَّكَ فِي الْأَمْرِ ۚ وَادْعُ إِلَىٰ رَبِّكَ ۖ إِنَّكَ لَعَلَىٰ هُدًى مُّسْتَقِيمٍ (67) На секој претходен уммет му пропишавме верозакон според кој требаше да се однесува, и не дозволувај, никако, со тебе да се расправаат во врска со тоа. Ти повикувај кон својот Господар, бидејќи ти си, навистина, на Вистинскиот пат |
وَإِن جَادَلُوكَ فَقُلِ اللَّهُ أَعْلَمُ بِمَا تَعْمَلُونَ (68) Ако тие со тебе се препираат, кажи: „Аллах добро го знае тоа што вие го правите!“ |
اللَّهُ يَحْكُمُ بَيْنَكُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ فِيمَا كُنتُمْ فِيهِ تَخْتَلِفُونَ (69) Аллах на Судниот ден ќе ви пресуди за тоа за што не се согласувате |
أَلَمْ تَعْلَمْ أَنَّ اللَّهَ يَعْلَمُ مَا فِي السَّمَاءِ وَالْأَرْضِ ۗ إِنَّ ذَٰلِكَ فِي كِتَابٍ ۚ إِنَّ ذَٰلِكَ عَلَى اللَّهِ يَسِيرٌ (70) Зарем не знаеш дека на Аллах Му е познато сè што е на небото и на Земјата? Сето тоа е во Книгата, тоа, навистина, на Аллах му е лесно |
وَيَعْبُدُونَ مِن دُونِ اللَّهِ مَا لَمْ يُنَزِّلْ بِهِ سُلْطَانًا وَمَا لَيْسَ لَهُم بِهِ عِلْمٌ ۗ وَمَا لِلظَّالِمِينَ مِن نَّصِيرٍ (71) Многубошците, покрај Аллах, ги обожуваат тие за коишто Тој не им испратил никаков доказ, и самите за нив ништо не знаат. А на насилниците им нема помагач |
وَإِذَا تُتْلَىٰ عَلَيْهِمْ آيَاتُنَا بَيِّنَاتٍ تَعْرِفُ فِي وُجُوهِ الَّذِينَ كَفَرُوا الْمُنكَرَ ۖ يَكَادُونَ يَسْطُونَ بِالَّذِينَ يَتْلُونَ عَلَيْهِمْ آيَاتِنَا ۗ قُلْ أَفَأُنَبِّئُكُم بِشَرٍّ مِّن ذَٰلِكُمُ ۗ النَّارُ وَعَدَهَا اللَّهُ الَّذِينَ كَفَرُوا ۖ وَبِئْسَ الْمَصِيرُ (72) А кога Нашите јасни ајети им се кажуваат, ти забележуваш големо негодување на лицата на тие што не веруваат, кои за малку да не ги нападнат тие кои Нашите зборови им ги кажуваат. Кажи: „Сакате да ви кажам што ќе ви биде поомразено од тоа? – Огнот кој Аллах на неверниците им го ветиле, а тоа грозно живеалиште ќе биде.“ |
يَا أَيُّهَا النَّاسُ ضُرِبَ مَثَلٌ فَاسْتَمِعُوا لَهُ ۚ إِنَّ الَّذِينَ تَدْعُونَ مِن دُونِ اللَّهِ لَن يَخْلُقُوا ذُبَابًا وَلَوِ اجْتَمَعُوا لَهُ ۖ وَإِن يَسْلُبْهُمُ الذُّبَابُ شَيْئًا لَّا يَسْتَنقِذُوهُ مِنْهُ ۚ ضَعُفَ الطَّالِبُ وَالْمَطْلُوبُ (73) О, луѓе, еве еден пример, па послушајте го: Тие што, покрај Аллах, ги молите, не можат никако ни мушичка да создадат, па дури и поради неа да се соберат. А ако мушичката нешто би им зела, тие тоа не би можеле од неа да го вратат, слаб е тој што бара и тоа што се бара |
مَا قَدَرُوا اللَّهَ حَقَّ قَدْرِهِ ۗ إِنَّ اللَّهَ لَقَوِيٌّ عَزِيزٌ (74) Тие не Го познаваат Аллах како што треба, а Аллах е навистина Моќен и Силен |
اللَّهُ يَصْطَفِي مِنَ الْمَلَائِكَةِ رُسُلًا وَمِنَ النَّاسِ ۚ إِنَّ اللَّهَ سَمِيعٌ بَصِيرٌ (75) Аллах одбира Пратеници меѓу мелеците и луѓето – Аллах сè слуша и сè гледа |
يَعْلَمُ مَا بَيْنَ أَيْدِيهِمْ وَمَا خَلْفَهُمْ ۗ وَإِلَى اللَّهِ تُرْجَعُ الْأُمُورُ (76) Тој знае што направиле и што ќе направат. А сè се враќа кај Аллах |
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا ارْكَعُوا وَاسْجُدُوا وَاعْبُدُوا رَبَّكُمْ وَافْعَلُوا الْخَيْرَ لَعَلَّكُمْ تُفْلِحُونَ ۩ (77) О, верници, руку и сеџда извршувајте и Гсподарот свој обожувајте Го, и добри дела правете за да го постигнете тоа што го сакате |
وَجَاهِدُوا فِي اللَّهِ حَقَّ جِهَادِهِ ۚ هُوَ اجْتَبَاكُمْ وَمَا جَعَلَ عَلَيْكُمْ فِي الدِّينِ مِنْ حَرَجٍ ۚ مِّلَّةَ أَبِيكُمْ إِبْرَاهِيمَ ۚ هُوَ سَمَّاكُمُ الْمُسْلِمِينَ مِن قَبْلُ وَفِي هَٰذَا لِيَكُونَ الرَّسُولُ شَهِيدًا عَلَيْكُمْ وَتَكُونُوا شُهَدَاءَ عَلَى النَّاسِ ۚ فَأَقِيمُوا الصَّلَاةَ وَآتُوا الزَّكَاةَ وَاعْتَصِمُوا بِاللَّهِ هُوَ مَوْلَاكُمْ ۖ فَنِعْمَ الْمَوْلَىٰ وَنِعْمَ النَّصِيرُ (78) И борете се, поради Аллах, така како што треба да се борите! Тој вас ве избра и во верата ништо тешко не ви пропиша, во верата на вашиот предок Ибрахим. Аллах одамна муслимани ве нарекол, и во овој Куран, за Пратеникот да биде сведок против вас, и за вие да бидете сведоци против останатите луѓе. Затоа, намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте и до Аллах цврсто држете се. Тој е вашиот Господар, па прекрасен ли Господар и прекрасен ли Помагач |