يَا أَيُّهَا الْمُزَّمِّلُ (1) О, ти завиткан |
قُمِ اللَّيْلَ إِلَّا قَلِيلًا (2) Пробдеј ја ноќта, освен мал дел |
نِّصْفَهُ أَوِ انقُصْ مِنْهُ قَلِيلًا (3) половината нејзина или помалку од неа |
أَوْ زِدْ عَلَيْهِ وَرَتِّلِ الْقُرْآنَ تَرْتِيلًا (4) или малку повеќе од неа, и изговарај го Куранот внимателно |
إِنَّا سَنُلْقِي عَلَيْكَ قَوْلًا ثَقِيلًا (5) Ние навистина тешки зборови ќе ти праќаме |
إِنَّ نَاشِئَةَ اللَّيْلِ هِيَ أَشَدُّ وَطْئًا وَأَقْوَمُ قِيلًا (6) та станувањето ноќе, навистина, посилно делува и се изговара појасно |
إِنَّ لَكَ فِي النَّهَارِ سَبْحًا طَوِيلًا (7) а ти дење, навистина, имаш многу работа |
وَاذْكُرِ اسْمَ رَبِّكَ وَتَبَتَّلْ إِلَيْهِ تَبْتِيلًا (8) И спомнувај го името на Господарот свој и Нему потполно посвети Му се |
رَّبُّ الْمَشْرِقِ وَالْمَغْرِبِ لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ فَاتَّخِذْهُ وَكِيلًا (9) Тој е Господар на истокот и на западот, нема бог освен Него, и Него земи Го за потпирач |
وَاصْبِرْ عَلَىٰ مَا يَقُولُونَ وَاهْجُرْهُمْ هَجْرًا جَمِيلًا (10) И истрпи го тоа што тие го говорат и одбегнувај ги на прикладен начин |
وَذَرْنِي وَالْمُكَذِّبِينَ أُولِي النَّعْمَةِ وَمَهِّلْهُمْ قَلِيلًا (11) а Мене остави ми ги и тие коишто велатдека лажеш, коишто раскошно живеат, и дај им малку време |
إِنَّ لَدَيْنَا أَنكَالًا وَجَحِيمًا (12) ќе има кај Нас, навистина, окови и пекол |
وَطَعَامًا ذَا غُصَّةٍ وَعَذَابًا أَلِيمًا (13) и храна која во грлото застанува, и страдање неподносливо |
يَوْمَ تَرْجُفُ الْأَرْضُ وَالْجِبَالُ وَكَانَتِ الْجِبَالُ كَثِيبًا مَّهِيلًا (14) на Денот кога Земјата и планините ќе се затресат, а планините ќе бидат песок кој се лизга |
إِنَّا أَرْسَلْنَا إِلَيْكُمْ رَسُولًا شَاهِدًا عَلَيْكُمْ كَمَا أَرْسَلْنَا إِلَىٰ فِرْعَوْنَ رَسُولًا (15) Ние навистина ви пративме Пратеник за да сведочи против вас исто така како што и на фараонот Пратеник му пративме |
فَعَصَىٰ فِرْعَوْنُ الرَّسُولَ فَأَخَذْنَاهُ أَخْذًا وَبِيلًا (16) но фараонот не го послуша Пратеникот, па со тешка казна го казнивме |
فَكَيْفَ تَتَّقُونَ إِن كَفَرْتُمْ يَوْمًا يَجْعَلُ الْوِلْدَانَ شِيبًا (17) Како, ако останете неверници, ќе се сочувате од Денот кој децата старци ќе ги направи |
السَّمَاءُ مُنفَطِرٌ بِهِ ۚ كَانَ وَعْدُهُ مَفْعُولًا (18) Небото тој Ден ќе се расцепи и заканата Негова ќе се исполни |
إِنَّ هَٰذِهِ تَذْكِرَةٌ ۖ فَمَن شَاءَ اتَّخَذَ إِلَىٰ رَبِّهِ سَبِيلًا (19) Ова навистина е поука; а кој сака, патот кон Господарот свој ќе го прифати |
۞ إِنَّ رَبَّكَ يَعْلَمُ أَنَّكَ تَقُومُ أَدْنَىٰ مِن ثُلُثَيِ اللَّيْلِ وَنِصْفَهُ وَثُلُثَهُ وَطَائِفَةٌ مِّنَ الَّذِينَ مَعَكَ ۚ وَاللَّهُ يُقَدِّرُ اللَّيْلَ وَالنَّهَارَ ۚ عَلِمَ أَن لَّن تُحْصُوهُ فَتَابَ عَلَيْكُمْ ۖ فَاقْرَءُوا مَا تَيَسَّرَ مِنَ الْقُرْآنِ ۚ عَلِمَ أَن سَيَكُونُ مِنكُم مَّرْضَىٰ ۙ وَآخَرُونَ يَضْرِبُونَ فِي الْأَرْضِ يَبْتَغُونَ مِن فَضْلِ اللَّهِ ۙ وَآخَرُونَ يُقَاتِلُونَ فِي سَبِيلِ اللَّهِ ۖ فَاقْرَءُوا مَا تَيَسَّرَ مِنْهُ ۚ وَأَقِيمُوا الصَّلَاةَ وَآتُوا الزَّكَاةَ وَأَقْرِضُوا اللَّهَ قَرْضًا حَسَنًا ۚ وَمَا تُقَدِّمُوا لِأَنفُسِكُم مِّنْ خَيْرٍ تَجِدُوهُ عِندَ اللَّهِ هُوَ خَيْرًا وَأَعْظَمَ أَجْرًا ۚ وَاسْتَغْفِرُوا اللَّهَ ۖ إِنَّ اللَّهَ غَفُورٌ رَّحِيمٌ (20) Господарот твој сигурно знае дека ти клањајќи поминуваш помалкуод две третини од ноќта, половина од неа или третина од неа, а и некои од тие што се со тебе. Аллах ја одредува должината на ноќта и денот. Тој знае дека вие тоа нема да можете да го издржите, па ви простува, а вие од Куранот рецитирајте го тоа што е лесно. Тој знае дека меѓу вас ќе има болни, а и такви коишто по светот ќе патуваат и Аллаховите благодати ќе ги бараат, и такви кои на Аллаховиот пат ќе се борат. Па рецитирајте го тоа што ви е лесно од него, и намазот извршувајте го, и зекат давајте, и на Аллах убав заем давајте Му! А доброто коешто за себе однапред ќе го дадете ќе го најдете кај Аллах уште подобро и поголемо за награда. И молете Го Аллах да ви прости, бидејќи Аллах простува и Милостив е |