إِذَا السَّمَاءُ انشَقَّتْ (1) Кога небото ќе се раскине |
وَأَذِنَتْ لِرَبِّهَا وَحُقَّتْ (2) и кога Господарот свој ќе го послуша – а тоа ќе биде должно за тоа |
وَإِذَا الْأَرْضُ مُدَّتْ (3) и кога Земјата ќе се растегне |
وَأَلْقَتْ مَا فِيهَا وَتَخَلَّتْ (4) и ќе го исфрли тоа што е во неа, и потполно ќе се испразни |
وَأَذِنَتْ لِرَبِّهَا وَحُقَّتْ (5) и ќе го послуша Господарот свој – а таа ќе биде должна за тоа |
يَا أَيُّهَا الْإِنسَانُ إِنَّكَ كَادِحٌ إِلَىٰ رَبِّكَ كَدْحًا فَمُلَاقِيهِ (6) ти, о, човеку, што многу се трудиш, трудот свој пред Господарот свој ќе го најдеш |
فَأَمَّا مَنْ أُوتِيَ كِتَابَهُ بِيَمِينِهِ (7) Оној кому книгата негова во неговата десна рака ќе му биде дадена |
فَسَوْفَ يُحَاسَبُ حِسَابًا يَسِيرًا (8) лесно ќе ја положи сметката |
وَيَنقَلِبُ إِلَىٰ أَهْلِهِ مَسْرُورًا (9) и кај своето семејство радосен ќе се врати |
وَأَمَّا مَنْ أُوتِيَ كِتَابَهُ وَرَاءَ ظَهْرِهِ (10) А оној кому книгата негова од зад неговиот грб ќе му биде дадена |
فَسَوْفَ يَدْعُو ثُبُورًا (11) пропаста ќе ја повикува |
وَيَصْلَىٰ سَعِيرًا (12) и во огнот ќе гори |
إِنَّهُ كَانَ فِي أَهْلِهِ مَسْرُورًا (13) бидејќи со семејството свое радосен беше |
إِنَّهُ ظَنَّ أَن لَّن يَحُورَ (14) и мислеше дека никогаш нема да се врати |
بَلَىٰ إِنَّ رَبَّهُ كَانَ بِهِ بَصِيرًا (15) а ќе се врати! Неговиот Господар за него, навистина, сè знае |
فَلَا أُقْسِمُ بِالشَّفَقِ (16) И се колнам во руменилото вечерно |
وَاللَّيْلِ وَمَا وَسَقَ (17) и во ноќта, и во тоа што таа со темнината го обвива |
وَالْقَمَرِ إِذَا اتَّسَقَ (18) и во полната Месечина |
لَتَرْكَبُنَّ طَبَقًا عَن طَبَقٍ (19) вие, сигурно, на сè потешки и потешки прилики ќе наидувате |
فَمَا لَهُمْ لَا يُؤْمِنُونَ (20) Па што им е, зошто не сакаат да веруваат |
وَإِذَا قُرِئَ عَلَيْهِمُ الْقُرْآنُ لَا يَسْجُدُونَ ۩ (21) И зошто, кога Куранот им се чита, на тло со лицето не паѓаат |
بَلِ الَّذِينَ كَفَرُوا يُكَذِّبُونَ (22) Напротив, неверниците негираат |
وَاللَّهُ أَعْلَمُ بِمَا يُوعُونَ (23) а Аллах добро знае тие што кријат во себе |
فَبَشِّرْهُم بِعَذَابٍ أَلِيمٍ (24) затоа навести им неиздржливо страдање |
إِلَّا الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ لَهُمْ أَجْرٌ غَيْرُ مَمْنُونٍ (25) Но тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават, непрекидна награда ќе ги чека |