سُبْحَانَ الَّذِي أَسْرَىٰ بِعَبْدِهِ لَيْلًا مِّنَ الْمَسْجِدِ الْحَرَامِ إِلَى الْمَسْجِدِ الْأَقْصَى الَّذِي بَارَكْنَا حَوْلَهُ لِنُرِيَهُ مِنْ آيَاتِنَا ۚ إِنَّهُ هُوَ السَّمِيعُ الْبَصِيرُ (1) Возвишен нека е Тој што во еден дел од ноќта го пренесе Својот роб од Месџиди Харам146 во Месџиди Акса147, чија околина ја благословивме, за да му покажеме некои од Нашите знаци. Тој сè слуша и сè гледа |
وَآتَيْنَا مُوسَى الْكِتَابَ وَجَعَلْنَاهُ هُدًى لِّبَنِي إِسْرَائِيلَ أَلَّا تَتَّخِذُوا مِن دُونِي وَكِيلًا (2) А на Муса му дадовме Книга и ја направивме Упатство за синовите Израилови: „Наместо Мене – друг господар не земајте |
ذُرِّيَّةَ مَنْ حَمَلْنَا مَعَ نُوحٍ ۚ إِنَّهُ كَانَ عَبْدًا شَكُورًا (3) о, потомци на тие што со Нух ги носевме!“ Тој, навистина, беше многу благодарен роб |
وَقَضَيْنَا إِلَىٰ بَنِي إِسْرَائِيلَ فِي الْكِتَابِ لَتُفْسِدُنَّ فِي الْأَرْضِ مَرَّتَيْنِ وَلَتَعْلُنَّ عُلُوًّا كَبِيرًا (4) И Ние во Книгата им објавивме на синовите Израилови: „Вие навистина двапати на Земјата неред ќе правите и прекумерно арогантни ќе станете |
فَإِذَا جَاءَ وَعْدُ أُولَاهُمَا بَعَثْنَا عَلَيْكُمْ عِبَادًا لَّنَا أُولِي بَأْسٍ شَدِيدٍ فَجَاسُوا خِلَالَ الدِّيَارِ ۚ وَكَانَ وَعْدًا مَّفْعُولًا (5) Кога ќе дојде времето на првиот од двата нереда, ќе ги испратиме против вас робовите Наши, силно моќни, тие домовите ваши ќе ги прегазат, и ветувањето за казната ќе го исполнат |
ثُمَّ رَدَدْنَا لَكُمُ الْكَرَّةَ عَلَيْهِمْ وَأَمْدَدْنَاكُم بِأَمْوَالٍ وَبَنِينَ وَجَعَلْنَاكُمْ أَكْثَرَ نَفِيرًا (6) Потоа ќе ви дадеме победа против нив и ќе ви помогнеме со имотите и синовите ваши, и ќе ве направиме многубројни |
إِنْ أَحْسَنتُمْ أَحْسَنتُمْ لِأَنفُسِكُمْ ۖ وَإِنْ أَسَأْتُمْ فَلَهَا ۚ فَإِذَا جَاءَ وَعْدُ الْآخِرَةِ لِيَسُوءُوا وُجُوهَكُمْ وَلِيَدْخُلُوا الْمَسْجِدَ كَمَا دَخَلُوهُ أَوَّلَ مَرَّةٍ وَلِيُتَبِّرُوا مَا عَلَوْا تَتْبِيرًا (7) Па ако правите добро, за себе го правите, а ако правите зло, против себе го правите! А кога ќе дојде времето на другиот неред, на лицата ваши тага и јад да остави и во Храмот149 да влезат како што во него влегле и првиот пат, и до темел да срушат сè со што ќе завладеат |
عَسَىٰ رَبُّكُمْ أَن يَرْحَمَكُمْ ۚ وَإِنْ عُدتُّمْ عُدْنَا ۘ وَجَعَلْنَا جَهَنَّمَ لِلْكَافِرِينَ حَصِيرًا (8) И Господарот ваш, повторно ќе ви се смилува; ако се вратите ќе се вратиме и Ние. А џехеннемот го направивме затвор за неверниците |
إِنَّ هَٰذَا الْقُرْآنَ يَهْدِي لِلَّتِي هِيَ أَقْوَمُ وَيُبَشِّرُ الْمُؤْمِنِينَ الَّذِينَ يَعْمَلُونَ الصَّالِحَاتِ أَنَّ لَهُمْ أَجْرًا كَبِيرًا (9) Овој Куран води кон единиот исправен пат, и на верниците кои прават добри дела им носи радосна вест, дека ги чека награда голема |
وَأَنَّ الَّذِينَ لَا يُؤْمِنُونَ بِالْآخِرَةِ أَعْتَدْنَا لَهُمْ عَذَابًا أَلِيمًا (10) а дека за тие што не веруваат во оној свет подготвивме болно страдање |
وَيَدْعُ الْإِنسَانُ بِالشَّرِّ دُعَاءَهُ بِالْخَيْرِ ۖ وَكَانَ الْإِنسَانُ عَجُولًا (11) Човекот со својата молба проколнува и благословува; човекот навистина избрзува |
وَجَعَلْنَا اللَّيْلَ وَالنَّهَارَ آيَتَيْنِ ۖ فَمَحَوْنَا آيَةَ اللَّيْلِ وَجَعَلْنَا آيَةَ النَّهَارِ مُبْصِرَةً لِّتَبْتَغُوا فَضْلًا مِّن رَّبِّكُمْ وَلِتَعْلَمُوا عَدَدَ السِّنِينَ وَالْحِسَابَ ۚ وَكُلَّ شَيْءٍ فَصَّلْنَاهُ تَفْصِيلًا (12) И Ние ноќта и денот како два знака ги направивме: знакот за ноќта го тргнавме, а знакот за денот видлив го направивме за да можете да ги барате благодатите од Господарот свој и за да го знаете бројот на годините и за да го пресметувате времето, и сè детално објаснивме |
وَكُلَّ إِنسَانٍ أَلْزَمْنَاهُ طَائِرَهُ فِي عُنُقِهِ ۖ وَنُخْرِجُ لَهُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ كِتَابًا يَلْقَاهُ مَنشُورًا (13) И на секој човек околу врат ќе му го врземе тоа што ќе го направи, а на Судниот ден книгата отворена ќе му ја прикажеме |
اقْرَأْ كِتَابَكَ كَفَىٰ بِنَفْسِكَ الْيَوْمَ عَلَيْكَ حَسِيبًا (14) „Читај ја книгата своја, доволно ти е денес тоа што сметка своја ќе полагаш!“ |
مَّنِ اهْتَدَىٰ فَإِنَّمَا يَهْتَدِي لِنَفْسِهِ ۖ وَمَن ضَلَّ فَإِنَّمَا يَضِلُّ عَلَيْهَا ۚ وَلَا تَزِرُ وَازِرَةٌ وِزْرَ أُخْرَىٰ ۗ وَمَا كُنَّا مُعَذِّبِينَ حَتَّىٰ نَبْعَثَ رَسُولًا (15) Тој што оди по Вистинскиот пат, од тоа само тој ќе има корист, а тој што талка - на своја штета талка, и ниту еден грешник туѓите гревови нема да ги носи! А Ние ниту еден народ не сме казниле, додека Пратеник не сме им испратиле |
وَإِذَا أَرَدْنَا أَن نُّهْلِكَ قَرْيَةً أَمَرْنَا مُتْرَفِيهَا فَفَسَقُوا فِيهَا فَحَقَّ عَلَيْهَا الْقَوْلُ فَدَمَّرْنَاهَا تَدْمِيرًا (16) Кога сакаме да уништиме некој народ, на тие кои во него се навикнале нараскош им наредуваме покорност, и тие наразвратот мусеоддаваат и така ја заслужуваат казната, па тогаш до темел го рушиме |
وَكَمْ أَهْلَكْنَا مِنَ الْقُرُونِ مِن بَعْدِ نُوحٍ ۗ وَكَفَىٰ بِرَبِّكَ بِذُنُوبِ عِبَادِهِ خَبِيرًا بَصِيرًا (17) И колку само народи после Нух уништивме! А доволно е тоа што Господарот твој ги знае и ги гледа гревовите на робовите Свои |
مَّن كَانَ يُرِيدُ الْعَاجِلَةَ عَجَّلْنَا لَهُ فِيهَا مَا نَشَاءُ لِمَن نُّرِيدُ ثُمَّ جَعَلْنَا لَهُ جَهَنَّمَ يَصْلَاهَا مَذْمُومًا مَّدْحُورًا (18) На тој што го сака овој свет, Ние бргу му даваме што сакаме и на кого сакаме, но потоа џехеннемот ќе му го подготвиме, каде засрамен и отфрлен ќе се пече |
وَمَنْ أَرَادَ الْآخِرَةَ وَسَعَىٰ لَهَا سَعْيَهَا وَهُوَ مُؤْمِنٌ فَأُولَٰئِكَ كَانَ سَعْيُهُم مَّشْكُورًا (19) А тој што го сака оној свет и се труди да го заслужи, а верник е, трудот на таквите ценет ќе им биде |
كُلًّا نُّمِدُّ هَٰؤُلَاءِ وَهَٰؤُلَاءِ مِنْ عَطَاءِ رَبِّكَ ۚ وَمَا كَانَ عَطَاءُ رَبِّكَ مَحْظُورًا (20) На сите нив, и на едните и на другите, им ги даваме даровите од Господарот твој, а даровите на Господарот твој не му се забранети никому |
انظُرْ كَيْفَ فَضَّلْنَا بَعْضَهُمْ عَلَىٰ بَعْضٍ ۚ وَلَلْآخِرَةُ أَكْبَرُ دَرَجَاتٍ وَأَكْبَرُ تَفْضِيلًا (21) Гледај како на едните им даваме предност над другите; а на оној свет разликата во степените и предностите ќе биде поголема |
لَّا تَجْعَلْ مَعَ اللَّهِ إِلَٰهًا آخَرَ فَتَقْعُدَ مَذْمُومًا مَّخْذُولًا (22) Не здружувај со Аллах некој друг бог, за да не заслужиш осуда и да не останеш без поддршка |
۞ وَقَضَىٰ رَبُّكَ أَلَّا تَعْبُدُوا إِلَّا إِيَّاهُ وَبِالْوَالِدَيْنِ إِحْسَانًا ۚ إِمَّا يَبْلُغَنَّ عِندَكَ الْكِبَرَ أَحَدُهُمَا أَوْ كِلَاهُمَا فَلَا تَقُل لَّهُمَا أُفٍّ وَلَا تَنْهَرْهُمَا وَقُل لَّهُمَا قَوْلًا كَرِيمًا (23) Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате и на родителите добро да им правите. Кога еден од нив двајца, или двајцата, ќе доживеат старост кај тебе, не вели им ни: „Уф!“ - и не кревај го гласот свој кон нив, туку обраќај им се со зборови полни со почит |
وَاخْفِضْ لَهُمَا جَنَاحَ الذُّلِّ مِنَ الرَّحْمَةِ وَقُل رَّبِّ ارْحَمْهُمَا كَمَا رَبَّيَانِي صَغِيرًا (24) Биди внимателен ипокорен кон нив, и кажи: „Господару мој, смилувај им се, тие мене, кога бев дете, ме негуваа!“ |
رَّبُّكُمْ أَعْلَمُ بِمَا فِي نُفُوسِكُمْ ۚ إِن تَكُونُوا صَالِحِينَ فَإِنَّهُ كَانَ لِلْأَوَّابِينَ غَفُورًا (25) Господарот ваш добро знае што е во душите ваши: ако бидете послушни, па Аллах навистина ќе им прости на тие што се покајуваат |
وَآتِ ذَا الْقُرْبَىٰ حَقَّهُ وَالْمِسْكِينَ وَابْنَ السَّبِيلِ وَلَا تُبَذِّرْ تَبْذِيرًا (26) Дај му го на роднината правото негово, и на сиромашниот, и на патникот, но не расфрлај се многу |
إِنَّ الْمُبَذِّرِينَ كَانُوا إِخْوَانَ الشَّيَاطِينِ ۖ وَكَانَ الشَّيْطَانُ لِرَبِّهِ كَفُورًا (27) бидејќи расипниците се браќа на шејтанот, а шејтанот Му е неблагодарен на Господарот свој |
وَإِمَّا تُعْرِضَنَّ عَنْهُمُ ابْتِغَاءَ رَحْمَةٍ مِّن رَّبِّكَ تَرْجُوهَا فَقُل لَّهُمْ قَوْلًا مَّيْسُورًا (28) А ако мораш од нив да се свртиш, бидејки и самиот од Господарот свој милоста ја бараш и на неа се надеваш, тогаш барем некој убав збор кажи им |
وَلَا تَجْعَلْ يَدَكَ مَغْلُولَةً إِلَىٰ عُنُقِكَ وَلَا تَبْسُطْهَا كُلَّ الْبَسْطِ فَتَقْعُدَ مَلُومًا مَّحْسُورًا (29) Не држи ја раката своја стисната, а ни сосема отворена, за прекорот да не го заслужиш и без ништо да останеш |
إِنَّ رَبَّكَ يَبْسُطُ الرِّزْقَ لِمَن يَشَاءُ وَيَقْدِرُ ۚ إِنَّهُ كَانَ بِعِبَادِهِ خَبِيرًا بَصِيرًا (30) Господарот твој му пружа обилно снабдување на тој што сака, а и ја ограничува, затоа што ги знае и ги гледа робовите Свои |
وَلَا تَقْتُلُوا أَوْلَادَكُمْ خَشْيَةَ إِمْلَاقٍ ۖ نَّحْنُ نَرْزُقُهُمْ وَإِيَّاكُمْ ۚ إِنَّ قَتْلَهُمْ كَانَ خِطْئًا كَبِيرًا (31) Не убивајте ги децата свои поради стравот од сиромаштво, и нив и вас Ние ве снабдуваме, бидејќи нивното убивање е навистина голем грев |
وَلَا تَقْرَبُوا الزِّنَا ۖ إِنَّهُ كَانَ فَاحِشَةً وَسَاءَ سَبِيلًا (32) И не приближувајте му се на блудот, бидејќи тоа е разврат, колку лош пат е тоа |
وَلَا تَقْتُلُوا النَّفْسَ الَّتِي حَرَّمَ اللَّهُ إِلَّا بِالْحَقِّ ۗ وَمَن قُتِلَ مَظْلُومًا فَقَدْ جَعَلْنَا لِوَلِيِّهِ سُلْطَانًا فَلَا يُسْرِف فِّي الْقَتْلِ ۖ إِنَّهُ كَانَ مَنصُورًا (33) И не убивајте некого, чие убивање Аллах го забранил, освен кога правдата тоа го изискува! А ако некој, ни крив ни должен е убиен, тогаш на неговиот наследник му даваме власт, но ни тој нека не ја пречекорува границата во убивањето, бидејќи тој, навистина, е помогнат |
وَلَا تَقْرَبُوا مَالَ الْيَتِيمِ إِلَّا بِالَّتِي هِيَ أَحْسَنُ حَتَّىٰ يَبْلُغَ أَشُدَّهُ ۚ وَأَوْفُوا بِالْعَهْدِ ۖ إِنَّ الْعَهْدَ كَانَ مَسْئُولًا (34) И не доближувајте му се на имотот на сирачето, освен ако сакате да го зголемите, сè додека не стане полнолетно. И исполнете ја обврската, затоа што за обврската навистина ќе се одговара |
وَأَوْفُوا الْكَيْلَ إِذَا كِلْتُمْ وَزِنُوا بِالْقِسْطَاسِ الْمُسْتَقِيمِ ۚ ذَٰلِكَ خَيْرٌ وَأَحْسَنُ تَأْوِيلًا (35) И наполнете ја вистинската мерка кога мерите со литар и точно мерете на кантарот! Тоа е подобро и последиците се поубави |
وَلَا تَقْفُ مَا لَيْسَ لَكَ بِهِ عِلْمٌ ۚ إِنَّ السَّمْعَ وَالْبَصَرَ وَالْفُؤَادَ كُلُّ أُولَٰئِكَ كَانَ عَنْهُ مَسْئُولًا (36) Не зборувај го тоа што не го знаеш! И слухот, и видот, и разумот – за сето тоа навистина ќе се одговара |
وَلَا تَمْشِ فِي الْأَرْضِ مَرَحًا ۖ إِنَّكَ لَن تَخْرِقَ الْأَرْضَ وَلَن تَبْلُغَ الْجِبَالَ طُولًا (37) Не чекори горделиво по земјата, бидејќи земјата не можеш да ја пробиеш, ниту планините во висина да ги достигнеш |
كُلُّ ذَٰلِكَ كَانَ سَيِّئُهُ عِندَ رَبِّكَ مَكْرُوهًا (38) сето тоа е лошо, кај Господарот твој омразено |
ذَٰلِكَ مِمَّا أَوْحَىٰ إِلَيْكَ رَبُّكَ مِنَ الْحِكْمَةِ ۗ وَلَا تَجْعَلْ مَعَ اللَّهِ إِلَٰهًا آخَرَ فَتُلْقَىٰ فِي جَهَنَّمَ مَلُومًا مَّدْحُورًا (39) Тоа е мудроста која Господарот твој ти ја објавува. И не здружувај Му на Аллах друг бог, за да не бидеш фрлен во џехеннемот, прекорен и од милоста Негова оддалечен |
أَفَأَصْفَاكُمْ رَبُّكُم بِالْبَنِينَ وَاتَّخَذَ مِنَ الْمَلَائِكَةِ إِنَاثًا ۚ إِنَّكُمْ لَتَقُولُونَ قَوْلًا عَظِيمًا (40) Зарем вашиот Господар вас со синови ве обдарил, а за Себе мелеците како ќерќи ги зел? Вие навистина изговарате крупни зборови |
وَلَقَدْ صَرَّفْنَا فِي هَٰذَا الْقُرْآنِ لِيَذَّكَّرُوا وَمَا يَزِيدُهُمْ إِلَّا نُفُورًا (41) Ние во овој Куран објаснуваме, за тие да извлечат поука, но тој само им ја зголемува одбивноста |
قُل لَّوْ كَانَ مَعَهُ آلِهَةٌ كَمَا يَقُولُونَ إِذًا لَّابْتَغَوْا إِلَىٰ ذِي الْعَرْشِ سَبِيلًا (42) Кажи: „Ако покрај Него постојат други богови, како што велат тие, тогаш тие би го побарале патот до Сопственикот на Аршот.“ |
سُبْحَانَهُ وَتَعَالَىٰ عَمَّا يَقُولُونَ عُلُوًّا كَبِيرًا (43) Чист е Тој и со голема висина возвишен над тоа што тие го велат |
تُسَبِّحُ لَهُ السَّمَاوَاتُ السَّبْعُ وَالْأَرْضُ وَمَن فِيهِنَّ ۚ وَإِن مِّن شَيْءٍ إِلَّا يُسَبِّحُ بِحَمْدِهِ وَلَٰكِن لَّا تَفْقَهُونَ تَسْبِيحَهُمْ ۗ إِنَّهُ كَانَ حَلِيمًا غَفُورًا (44) Него Го слават седумте небеса и Земјата, и тие на нив; и не постои ништо што не Го слави, фалејќи Го; но вие не го разбирате славењето нивно. Тој е навистина Благ и многу простува |
وَإِذَا قَرَأْتَ الْقُرْآنَ جَعَلْنَا بَيْنَكَ وَبَيْنَ الَّذِينَ لَا يُؤْمِنُونَ بِالْآخِرَةِ حِجَابًا مَّسْتُورًا (45) А кога го рецитираш Куранот, помеѓу тебе и тие што не веруваат во оној свет Ние невидлив вел ставаме |
وَجَعَلْنَا عَلَىٰ قُلُوبِهِمْ أَكِنَّةً أَن يَفْقَهُوهُ وَفِي آذَانِهِمْ وَقْرًا ۚ وَإِذَا ذَكَرْتَ رَبَّكَ فِي الْقُرْآنِ وَحْدَهُ وَلَّوْا عَلَىٰ أَدْبَارِهِمْ نُفُورًا (46) а на срцата нивни прекривки за да не го разберат, и глуви ги правиме. И кога ти ќе го спомнеш Господарот свој во Куранот, Него Единиот, ги вртат грбовите од одбивноста кон него |
نَّحْنُ أَعْلَمُ بِمَا يَسْتَمِعُونَ بِهِ إِذْ يَسْتَمِعُونَ إِلَيْكَ وَإِذْ هُمْ نَجْوَىٰ إِذْ يَقُولُ الظَّالِمُونَ إِن تَتَّبِعُونَ إِلَّا رَجُلًا مَّسْحُورًا (47) Ние најдобро знаеме што сакаат тие да чујат кога доаѓаат да те прислушкуваат, и за што шепотат кога насилниците велат: „Вие следите само опседнат човек!“ |
انظُرْ كَيْفَ ضَرَبُوا لَكَ الْأَمْثَالَ فَضَلُّوا فَلَا يَسْتَطِيعُونَ سَبِيلًا (48) Гледаш што зборуваат за тебе, потоа талкаат и не можат да го најдат Вистинскиот пат |
وَقَالُوا أَإِذَا كُنَّا عِظَامًا وَرُفَاتًا أَإِنَّا لَمَبْعُوثُونَ خَلْقًا جَدِيدًا (49) Тие велат: „Зарем кога во коски и прашина ќе се сториме, навистина како нови суштества ќе бидеме оживеани?“ |
۞ قُلْ كُونُوا حِجَارَةً أَوْ حَدِيدًا (50) Кажи: „Ќе бидете, дури и да сте камења или железо |
أَوْ خَلْقًا مِّمَّا يَكْبُرُ فِي صُدُورِكُمْ ۚ فَسَيَقُولُونَ مَن يُعِيدُنَا ۖ قُلِ الَّذِي فَطَرَكُمْ أَوَّلَ مَرَّةٍ ۚ فَسَيُنْغِضُونَ إِلَيْكَ رُءُوسَهُمْ وَيَقُولُونَ مَتَىٰ هُوَ ۖ قُلْ عَسَىٰ أَن يَكُونَ قَرِيبًا (51) или какво било суштество за кое мислите дека не може да биде оживеано.“ „А кој ќе нè врати во живот?“ – ќе запрашаат тие, а ти кажи: „Тој што и првиот пат ве создаде.“ – а тие пред тебе ќе мавтаат со главите (негирајќи) и ќе запрашаат: „Кога тоа?“ - Ти кажи: „Можеби набрзо.“ |
يَوْمَ يَدْعُوكُمْ فَتَسْتَجِيبُونَ بِحَمْدِهِ وَتَظُنُّونَ إِن لَّبِثْتُمْ إِلَّا قَلِيلًا (52) Ќе биде во Денот кога Тој ќе ве повика, и вие благодарејќи Му, ќе се одѕвиете, и само уште малку време да останевте, ќе помислите |
وَقُل لِّعِبَادِي يَقُولُوا الَّتِي هِيَ أَحْسَنُ ۚ إِنَّ الشَّيْطَانَ يَنزَغُ بَيْنَهُمْ ۚ إِنَّ الشَّيْطَانَ كَانَ لِلْإِنسَانِ عَدُوًّا مُّبِينًا (53) Кажи им на робовите Мои да зборуваат само убави зборови, бидејќи шејтанот би можел да посее непријателство помеѓу нив, шејтанот е навистина човеков отворен непријател |
رَّبُّكُمْ أَعْلَمُ بِكُمْ ۖ إِن يَشَأْ يَرْحَمْكُمْ أَوْ إِن يَشَأْ يُعَذِّبْكُمْ ۚ وَمَا أَرْسَلْنَاكَ عَلَيْهِمْ وَكِيلًا (54) Господарот ваш најдобро ве познава: ако сака, Тој ќе ви се смилува или ако сака, на маки ќе ве стави. А Ние тебе не ти дадовме власт над нив |
وَرَبُّكَ أَعْلَمُ بِمَن فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۗ وَلَقَدْ فَضَّلْنَا بَعْضَ النَّبِيِّينَ عَلَىٰ بَعْضٍ ۖ وَآتَيْنَا دَاوُودَ زَبُورًا (55) Господарот твој најдобро ги познава тие на небесата и тие на Земјата; Ние едните веровесници над другите ги одликувавме, а на Давуд, Зебурот му го дадовме |
قُلِ ادْعُوا الَّذِينَ زَعَمْتُم مِّن دُونِهِ فَلَا يَمْلِكُونَ كَشْفَ الضُّرِّ عَنكُمْ وَلَا تَحْوِيلًا (56) Кажи: „Молете им сена тие, коипокрај Него ги сметате забожества, па тие нема да можат одневолјата да веослободат, ниту да ја преусмерат.“ |
أُولَٰئِكَ الَّذِينَ يَدْعُونَ يَبْتَغُونَ إِلَىٰ رَبِّهِمُ الْوَسِيلَةَ أَيُّهُمْ أَقْرَبُ وَيَرْجُونَ رَحْمَتَهُ وَيَخَافُونَ عَذَابَهُ ۚ إِنَّ عَذَابَ رَبِّكَ كَانَ مَحْذُورًا (57) Тие на коишто овие им се молат, самите бараат начин како што повеќе да Му се приближат на својот Господар, и се надеваат на милоста Негова и се плашат од казната Негова. А од казната на Господарот твој секој треба да се чува |
وَإِن مِّن قَرْيَةٍ إِلَّا نَحْنُ مُهْلِكُوهَا قَبْلَ يَوْمِ الْقِيَامَةِ أَوْ مُعَذِّبُوهَا عَذَابًا شَدِيدًا ۚ كَانَ ذَٰلِكَ فِي الْكِتَابِ مَسْطُورًا (58) И не постои ниту една населба која Ние пред Судниот ден нема да ја уништиме или на тешка мака да ја изложиме; тоа е запишано во Книгата |
وَمَا مَنَعَنَا أَن نُّرْسِلَ بِالْآيَاتِ إِلَّا أَن كَذَّبَ بِهَا الْأَوَّلُونَ ۚ وَآتَيْنَا ثَمُودَ النَّاقَةَ مُبْصِرَةً فَظَلَمُوا بِهَا ۚ وَمَا نُرْسِلُ بِالْآيَاتِ إِلَّا تَخْوِيفًا (59) А да не праќаме чуда, нè задржува само тоа што ни древните народи во нив не поверуваа; на Семуд како видливо чудо камила му дадовме, но тие во неа не поверуваа. А чудата ги праќаме само за да заплашиме |
وَإِذْ قُلْنَا لَكَ إِنَّ رَبَّكَ أَحَاطَ بِالنَّاسِ ۚ وَمَا جَعَلْنَا الرُّؤْيَا الَّتِي أَرَيْنَاكَ إِلَّا فِتْنَةً لِّلنَّاسِ وَالشَّجَرَةَ الْمَلْعُونَةَ فِي الْقُرْآنِ ۚ وَنُخَوِّفُهُمْ فَمَا يَزِيدُهُمْ إِلَّا طُغْيَانًا كَبِيرًا (60) И кога ти рековме: „Сите луѓе Господарот твој ги опфаќа150, а сонот што ти го покажавме и проколнатото дрво151, во Куранот спомнато, искушение се за луѓето“, ние ги заплашуваме, но ним само им се зголемува и онака големото неверство |
وَإِذْ قُلْنَا لِلْمَلَائِكَةِ اسْجُدُوا لِآدَمَ فَسَجَدُوا إِلَّا إِبْلِيسَ قَالَ أَأَسْجُدُ لِمَنْ خَلَقْتَ طِينًا (61) И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем!“ – тие сите се поклонија, освен Иблис. „Зарем да му се поклонам на тој што Ти го создаде од глина?“ – рече |
قَالَ أَرَأَيْتَكَ هَٰذَا الَّذِي كَرَّمْتَ عَلَيَّ لَئِنْ أَخَّرْتَنِ إِلَىٰ يَوْمِ الْقِيَامَةِ لَأَحْتَنِكَنَّ ذُرِّيَّتَهُ إِلَّا قَلِيلًا (62) „Кажи ми,“ - рече потоа - „еве ти го овој што над мене го воздигна: ако ме оставиш до Крајот на светот, сигурно над потомството негово ќе завладеам, освен над малкумина |
قَالَ اذْهَبْ فَمَن تَبِعَكَ مِنْهُمْ فَإِنَّ جَهَنَّمَ جَزَاؤُكُمْ جَزَاءً مَّوْفُورًا (63) „Заминувај!“ – рече Тој. „На тие кои тебе ќе те следат, а и тебе, џехеннемската казна, ќе ви биде полна казна |
وَاسْتَفْزِزْ مَنِ اسْتَطَعْتَ مِنْهُم بِصَوْتِكَ وَأَجْلِبْ عَلَيْهِم بِخَيْلِكَ وَرَجِلِكَ وَشَارِكْهُمْ فِي الْأَمْوَالِ وَالْأَوْلَادِ وَعِدْهُمْ ۚ وَمَا يَعِدُهُمُ الشَّيْطَانُ إِلَّا غُرُورًا (64) И заведувај со гласот свој кого можеш и тргни кон нив со својата коњаница и со својата пешадија, и биди им ортак во имотот, и во децата, и давај им ветувања, - а шејтанот само ги мами |
إِنَّ عِبَادِي لَيْسَ لَكَ عَلَيْهِمْ سُلْطَانٌ ۚ وَكَفَىٰ بِرَبِّكَ وَكِيلًا (65) но ти, навистина, нема да имаш никаква власт над робовите Мои!“ А Господарот твој е доволен за заштитник |
رَّبُّكُمُ الَّذِي يُزْجِي لَكُمُ الْفُلْكَ فِي الْبَحْرِ لِتَبْتَغُوا مِن فَضْلِهِ ۚ إِنَّهُ كَانَ بِكُمْ رَحِيمًا (66) Господарот ваш поради вас ги придвижува бродовите по морето, за да ги барате Неговите благодати, Тој е, навистина, милостив кон вас |
وَإِذَا مَسَّكُمُ الضُّرُّ فِي الْبَحْرِ ضَلَّ مَن تَدْعُونَ إِلَّا إِيَّاهُ ۖ فَلَمَّا نَجَّاكُمْ إِلَى الْبَرِّ أَعْرَضْتُمْ ۚ وَكَانَ الْإِنسَانُ كَفُورًا (67) Когаќеве снајде неволја наморе, тогаш ги нема тие накоивообичаено им се молите, постои само Тој. А кога Тој на копното ќе ве спаси, вие се свртувате (од Него); човекот секогаш е неблагодарен |
أَفَأَمِنتُمْ أَن يَخْسِفَ بِكُمْ جَانِبَ الْبَرِّ أَوْ يُرْسِلَ عَلَيْكُمْ حَاصِبًا ثُمَّ لَا تَجِدُوا لَكُمْ وَكِيلًا (68) Зарем сте сигурни дека Тој нема во земја да ве втера или дека против вас песочна бура нема да испрати, и дека тогаш нема да си најдете заштитник |
أَمْ أَمِنتُمْ أَن يُعِيدَكُمْ فِيهِ تَارَةً أُخْرَىٰ فَيُرْسِلَ عَلَيْكُمْ قَاصِفًا مِّنَ الرِّيحِ فَيُغْرِقَكُم بِمَا كَفَرْتُمْ ۙ ثُمَّ لَا تَجِدُوا لَكُمْ عَلَيْنَا بِهِ تَبِيعًا (69) Или, зарем сте сигурни дека Тој нема по вторпат на море да ве изнесе, и бура на вас да испрати и да ве потопи поради тоа што сте биле неблагодарни? Тогаш не би нашле никого кој поради вас би нè повикал Нас на одговорност |
۞ وَلَقَدْ كَرَّمْنَا بَنِي آدَمَ وَحَمَلْنَاهُمْ فِي الْبَرِّ وَالْبَحْرِ وَرَزَقْنَاهُم مِّنَ الطَّيِّبَاتِ وَفَضَّلْنَاهُمْ عَلَىٰ كَثِيرٍ مِّمَّنْ خَلَقْنَا تَفْضِيلًا (70) Ние навистина ги одликувавме синовите на Адем: им дадовме по копно и по море да патуваат, и ги снабдивме со вкусни јадења, и им дадовме големи предности над мноштвото кои сме ги создале |
يَوْمَ نَدْعُو كُلَّ أُنَاسٍ بِإِمَامِهِمْ ۖ فَمَنْ أُوتِيَ كِتَابَهُ بِيَمِينِهِ فَأُولَٰئِكَ يَقْرَءُونَ كِتَابَهُمْ وَلَا يُظْلَمُونَ فَتِيلًا (71) А на Денот кога ќе ги повикаме сите луѓе со предводникот нивен, тие на кои ќе им се даде книгата нивна во десната рака, ќе ги читаат книгите свои и нема да им биде направена ниту тронка неправда |
وَمَن كَانَ فِي هَٰذِهِ أَعْمَىٰ فَهُوَ فِي الْآخِرَةِ أَعْمَىٰ وَأَضَلُّ سَبِيلًا (72) тој што на овој свет бил слеп, ќе биде слеп и на оној и уште подалеку ќе заталка |
وَإِن كَادُوا لَيَفْتِنُونَكَ عَنِ الَّذِي أَوْحَيْنَا إِلَيْكَ لِتَفْتَرِيَ عَلَيْنَا غَيْرَهُ ۖ وَإِذًا لَّاتَّخَذُوكَ خَلِيلًا (73) И за малку тие да те одвратат од тоа што Ние ти го објавуваме, за против Нас нешто друго да изнесеш, и тогаш тие би те сметале за пријател |
وَلَوْلَا أَن ثَبَّتْنَاكَ لَقَدْ كِدتَّ تَرْكَنُ إِلَيْهِمْ شَيْئًا قَلِيلًا (74) А да не те направивме цврст, за малку ќе им се приклонеше |
إِذًا لَّأَذَقْنَاكَ ضِعْفَ الْحَيَاةِ وَضِعْفَ الْمَمَاتِ ثُمَّ لَا تَجِدُ لَكَ عَلَيْنَا نَصِيرًا (75) и тогаш навистина ќе ти дадевме да искусиш двојна мака во животот и двојно страдање по смртта; тогаш не би нашол никого кој против Нас би ти помогнал |
وَإِن كَادُوا لَيَسْتَفِزُّونَكَ مِنَ الْأَرْضِ لِيُخْرِجُوكَ مِنْهَا ۖ وَإِذًا لَّا يَلْبَثُونَ خِلَافَكَ إِلَّا قَلِيلًا (76) А за малку да те придвижат да излезеш од земјата152 за од неа да те избркаат, но тогаш ни тие не би останале долго по тебе |
سُنَّةَ مَن قَدْ أَرْسَلْنَا قَبْلَكَ مِن رُّسُلِنَا ۖ وَلَا تَجِدُ لِسُنَّتِنَا تَحْوِيلًا (77) бидејќи така беше со сите тие кои Пратениците ги протераа, кои пред тебе ги пративме, и ниту ти нема да наидеш на отстапување од Нашиот закон |
أَقِمِ الصَّلَاةَ لِدُلُوكِ الشَّمْسِ إِلَىٰ غَسَقِ اللَّيْلِ وَقُرْآنَ الْفَجْرِ ۖ إِنَّ قُرْآنَ الْفَجْرِ كَانَ مَشْهُودًا (78) Извршувај го намазот (молитвата) кога Сонцето од половина небо ќе тргне, па до ноќната темнина, и намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина153 присуствуваат |
وَمِنَ اللَّيْلِ فَتَهَجَّدْ بِهِ نَافِلَةً لَّكَ عَسَىٰ أَن يَبْعَثَكَ رَبُّكَ مَقَامًا مَّحْمُودًا (79) И помини дел од ноќта во намаз - тоа е само твоја должност; Господарот твој на оној свет ќе ти го подари местото достојно за благодарност |
وَقُل رَّبِّ أَدْخِلْنِي مُدْخَلَ صِدْقٍ وَأَخْرِجْنِي مُخْرَجَ صِدْقٍ وَاجْعَل لِّي مِن لَّدُنكَ سُلْطَانًا نَّصِيرًا (80) И кажи: „Господару мој, воведи ме со воведот на Вистината и изведи ме со исходот на Вистината! И дарувај ми од Себе сила која ќе ми помогне!“ |
وَقُلْ جَاءَ الْحَقُّ وَزَهَقَ الْبَاطِلُ ۚ إِنَّ الْبَاطِلَ كَانَ زَهُوقًا (81) И кажи: „Дојде вистината, а исчезна лагата; лагата навистина исчезнува!“ |
وَنُنَزِّلُ مِنَ الْقُرْآنِ مَا هُوَ شِفَاءٌ وَرَحْمَةٌ لِّلْمُؤْمِنِينَ ۙ وَلَا يَزِيدُ الظَّالِمِينَ إِلَّا خَسَارًا (82) Ние во Куранот го објавуваме тоа што е лек и милост за верниците, а на неверниците тој само им ја зголемува пропаста |
وَإِذَا أَنْعَمْنَا عَلَى الْإِنسَانِ أَعْرَضَ وَنَأَىٰ بِجَانِبِهِ ۖ وَإِذَا مَسَّهُ الشَّرُّ كَانَ يَئُوسًا (83) Кога на човекот некаква благодат му даруваме, тој се свртува и арогантно се оддалечува, а кога ќе го снајде злото, тогаш очајува |
قُلْ كُلٌّ يَعْمَلُ عَلَىٰ شَاكِلَتِهِ فَرَبُّكُمْ أَعْلَمُ بِمَنْ هُوَ أَهْدَىٰ سَبِيلًا (84) Кажи: „Секој постапува според своето убедување, а само Господарот ваш знае кој е на Вистинскиот пат.“ |
وَيَسْأَلُونَكَ عَنِ الرُّوحِ ۖ قُلِ الرُّوحُ مِنْ أَمْرِ رَبِّي وَمَا أُوتِيتُم مِّنَ الْعِلْمِ إِلَّا قَلِيلًا (85) Те прашуваат за душата. Кажи: „Душата е нешто што само мојот Господар го знае, а вам ви е дадено само малку знаење.“ |
وَلَئِن شِئْنَا لَنَذْهَبَنَّ بِالَّذِي أَوْحَيْنَا إِلَيْكَ ثُمَّ لَا تَجِدُ لَكَ بِهِ عَلَيْنَا وَكِيلًا (86) А да сакаме, Ние би направиле да исчезне тоа што сме ти го објавиле, и ти, потоа, не би нашол никого, кој против Нас би ти помогнал |
إِلَّا رَحْمَةً مِّن رَّبِّكَ ۚ إِنَّ فَضْلَهُ كَانَ عَلَيْكَ كَبِيرًا (87) но, Господарот твој е милостив кон тебе и Неговата добрина кон тебе, навистина е голема |
قُل لَّئِنِ اجْتَمَعَتِ الْإِنسُ وَالْجِنُّ عَلَىٰ أَن يَأْتُوا بِمِثْلِ هَٰذَا الْقُرْآنِ لَا يَأْتُونَ بِمِثْلِهِ وَلَوْ كَانَ بَعْضُهُمْ لِبَعْضٍ ظَهِيرًا (88) Кажи: „Кога сите луѓе и џинни би се здружиле да сочинат еден ваков Куран, тие, каков што е тој, не би сочиниле, па дури и взаемно да си помагаат |
وَلَقَدْ صَرَّفْنَا لِلنَّاسِ فِي هَٰذَا الْقُرْآنِ مِن كُلِّ مَثَلٍ فَأَبَىٰ أَكْثَرُ النَّاسِ إِلَّا كُفُورًا (89) Ние во овој Куран на луѓето им објаснуваме секакви примери, но мноштвото луѓе воопшто не сакаат да веруваат |
وَقَالُوا لَن نُّؤْمِنَ لَكَ حَتَّىٰ تَفْجُرَ لَنَا مِنَ الْأَرْضِ يَنبُوعًا (90) И велат: „Нема да ти веруваме сè додека од земјата извор со вода не ни изведеш |
أَوْ تَكُونَ لَكَ جَنَّةٌ مِّن نَّخِيلٍ وَعِنَبٍ فَتُفَجِّرَ الْأَنْهَارَ خِلَالَهَا تَفْجِيرًا (91) или ако имаш градина од палми и лоза, и низ него од сите страни реки да изведеш |
أَوْ تُسْقِطَ السَّمَاءَ كَمَا زَعَمْتَ عَلَيْنَا كِسَفًا أَوْ تَأْتِيَ بِاللَّهِ وَالْمَلَائِكَةِ قَبِيلًا (92) или додека на нас небото во парчиња не го собориш, како што тврдиш, или сè додека Аллах и мелеците пред нас не ги донесеш |
أَوْ يَكُونَ لَكَ بَيْتٌ مِّن زُخْرُفٍ أَوْ تَرْقَىٰ فِي السَّمَاءِ وَلَن نُّؤْمِنَ لِرُقِيِّكَ حَتَّىٰ تُنَزِّلَ عَلَيْنَا كِتَابًا نَّقْرَؤُهُ ۗ قُلْ سُبْحَانَ رَبِّي هَلْ كُنتُ إِلَّا بَشَرًا رَّسُولًا (93) или ако имаш куќа од злато или додека на небото не се искачиш, а нема ни да ти веруваме дека си се искачил сè додека не ни ја донесеш Книгата да ја читаме.“ Кажи: „Возвишен нека е Господарот мој! Зарем јас не сум само човек, Пратеник?“ |
وَمَا مَنَعَ النَّاسَ أَن يُؤْمِنُوا إِذْ جَاءَهُمُ الْهُدَىٰ إِلَّا أَن قَالُوا أَبَعَثَ اللَّهُ بَشَرًا رَّسُولًا (94) А луѓето, кога им доаѓала објавата, од верувањето ги одвраќало само тоа што говореле: „Зарем Аллах испратил човек како Пратеник?“ |
قُل لَّوْ كَانَ فِي الْأَرْضِ مَلَائِكَةٌ يَمْشُونَ مُطْمَئِنِّينَ لَنَزَّلْنَا عَلَيْهِم مِّنَ السَّمَاءِ مَلَكًا رَّسُولًا (95) Кажи: „Кога мелеците смирено би оделе на Земјата, Ние од небото за Пратеник би им испратиле мелек.“ |
قُلْ كَفَىٰ بِاللَّهِ شَهِيدًا بَيْنِي وَبَيْنَكُمْ ۚ إِنَّهُ كَانَ بِعِبَادِهِ خَبِيرًا بَصِيرًا (96) Кажи: „Аллах ни е доволен сведок и мене и вам, бидејќи Тој ги знае и ги гледа робовите Свои |
وَمَن يَهْدِ اللَّهُ فَهُوَ الْمُهْتَدِ ۖ وَمَن يُضْلِلْ فَلَن تَجِدَ لَهُمْ أَوْلِيَاءَ مِن دُونِهِ ۖ وَنَحْشُرُهُمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ عَلَىٰ وُجُوهِهِمْ عُمْيًا وَبُكْمًا وَصُمًّا ۖ مَّأْوَاهُمْ جَهَنَّمُ ۖ كُلَّمَا خَبَتْ زِدْنَاهُمْ سَعِيرًا (97) Тој, на кого Аллах ќе му укаже на Вистинскиот пат – на Вистинскиот пат е, а тој што во заблуда ќе го остави, нему, освен Него, нема да му најдеш заштитник. Ние на Судниот ден ќе ги собереме со лицата кон земјата свртени, слепи, неми и глуви; живеалиштето нивно ќе биде џехеннемот; кога ќе им се намали пламенот, ќе им го зголемиме огнот |
ذَٰلِكَ جَزَاؤُهُم بِأَنَّهُمْ كَفَرُوا بِآيَاتِنَا وَقَالُوا أَإِذَا كُنَّا عِظَامًا وَرُفَاتًا أَإِنَّا لَمَبْعُوثُونَ خَلْقًا جَدِيدًا (98) Тоа ќе им биде казна бидејќи во Нашите докази не веруваа и велеа: „Зарем кога ќе станеме коски и прав, ќе бидеме оживеани како нови созданија?“ |
۞ أَوَلَمْ يَرَوْا أَنَّ اللَّهَ الَّذِي خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ قَادِرٌ عَلَىٰ أَن يَخْلُقَ مِثْلَهُمْ وَجَعَلَ لَهُمْ أَجَلًا لَّا رَيْبَ فِيهِ فَأَبَى الظَّالِمُونَ إِلَّا كُفُورًا (99) Зарем тие не знаат дека Аллах, Создателот на небесата и на Земјата, е способен да создаде слични на нив и дека веќе им го одредил Часот на оживувањето, во кој нема сомнеж? Но насилниците само негираат |
قُل لَّوْ أَنتُمْ تَمْلِكُونَ خَزَائِنَ رَحْمَةِ رَبِّي إِذًا لَّأَمْسَكْتُمْ خَشْيَةَ الْإِنفَاقِ ۚ وَكَانَ الْإِنسَانُ قَتُورًا (100) Кажи: „Кога вие би ги поседувале ризниците од милоста на Господарот мој, и тогаш би биле скржави од страв да не потрошите; човекот секогаш е скржав.“ |
وَلَقَدْ آتَيْنَا مُوسَىٰ تِسْعَ آيَاتٍ بَيِّنَاتٍ ۖ فَاسْأَلْ بَنِي إِسْرَائِيلَ إِذْ جَاءَهُمْ فَقَالَ لَهُ فِرْعَوْنُ إِنِّي لَأَظُنُّكَ يَا مُوسَىٰ مَسْحُورًا (101) Ние на Муса девет јасни знаци му дадовме, па запрашај ги синовите Израилови кога тој на предците нивни им дојде и кога фараонот му рече: „Јас мислам, о, Муса, дека ти си навистина маѓепсан.“ |
قَالَ لَقَدْ عَلِمْتَ مَا أَنزَلَ هَٰؤُلَاءِ إِلَّا رَبُّ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ بَصَائِرَ وَإِنِّي لَأَظُنُّكَ يَا فِرْعَوْنُ مَثْبُورًا (102) А Муса одговори: „Ти добро знаеш дека ова не го дал никој друг туку Господарот на небесата и на Земјата, како јасни знаци, и јас мислам дека ти, о, фараону, сигурно ќе настрадаш.“ |
فَأَرَادَ أَن يَسْتَفِزَّهُم مِّنَ الْأَرْضِ فَأَغْرَقْنَاهُ وَمَن مَّعَهُ جَمِيعًا (103) Фараонот одлучи да ги избрка од земјата, па ние го потопивме и него и тие што беа со него – сите |
وَقُلْنَا مِن بَعْدِهِ لِبَنِي إِسْرَائِيلَ اسْكُنُوا الْأَرْضَ فَإِذَا جَاءَ وَعْدُ الْآخِرَةِ جِئْنَا بِكُمْ لَفِيفًا (104) и потоа им рековме на синовите Израилови: „Населете се на земјата, па кога Крајот на светот ќе дојде, ќе ве донесеме измешани.“ |
وَبِالْحَقِّ أَنزَلْنَاهُ وَبِالْحَقِّ نَزَلَ ۗ وَمَا أَرْسَلْنَاكَ إِلَّا مُبَشِّرًا وَنَذِيرًا (105) Ние Куранот со Вистината го спуштаме, и тој со Вистината се симнува. А тебе те испративме со цел радосни вести да донесуваш и да опоменуваш |
وَقُرْآنًا فَرَقْنَاهُ لِتَقْرَأَهُ عَلَى النَّاسِ عَلَىٰ مُكْثٍ وَنَزَّلْنَاهُ تَنزِيلًا (106) И како Куран, сè дел по дел ти го објавуваме, за на луѓето малку по малку да им го кажуваш, и по потреба го објавуваме |
قُلْ آمِنُوا بِهِ أَوْ لَا تُؤْمِنُوا ۚ إِنَّ الَّذِينَ أُوتُوا الْعِلْمَ مِن قَبْلِهِ إِذَا يُتْلَىٰ عَلَيْهِمْ يَخِرُّونَ لِلْأَذْقَانِ سُجَّدًا (107) Кажи: „Верувале во него или не верувале, на тие на кои пред неговото објавување им е дадено знаење, паѓаат со лицата натлото, извршувајќи сеџда, кога тој им се чита |
وَيَقُولُونَ سُبْحَانَ رَبِّنَا إِن كَانَ وَعْدُ رَبِّنَا لَمَفْعُولًا (108) и велат: „Возвишен нека е Господарот наш, ветувањето на Господарот наш се исполни!“ |
وَيَخِرُّونَ لِلْأَذْقَانِ يَبْكُونَ وَيَزِيدُهُمْ خُشُوعًا ۩ (109) и паѓаат со лицето на тлото, и тој им ја зголемува стравопочитта |
قُلِ ادْعُوا اللَّهَ أَوِ ادْعُوا الرَّحْمَٰنَ ۖ أَيًّا مَّا تَدْعُوا فَلَهُ الْأَسْمَاءُ الْحُسْنَىٰ ۚ وَلَا تَجْهَرْ بِصَلَاتِكَ وَلَا تُخَافِتْ بِهَا وَابْتَغِ بَيْنَ ذَٰلِكَ سَبِيلًا (110) Кажи: „Повикувајте: ,Аллаху!‘, или повикувајте: ,Семилосен!‘, а како и да Го повикувате, Неговите имиња се најубави.“ Не изговарај го Куранот со сиот глас кога го извршуваш намазот (молитвата), а и не пригушувај го; барај ја средината во тоа |
وَقُلِ الْحَمْدُ لِلَّهِ الَّذِي لَمْ يَتَّخِذْ وَلَدًا وَلَمْ يَكُن لَّهُ شَرِيكٌ فِي الْمُلْكِ وَلَمْ يَكُن لَّهُ وَلِيٌّ مِّنَ الذُّلِّ ۖ وَكَبِّرْهُ تَكْبِيرًا (111) И кажи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах Кој нема дете и Кој во власта нема ортак, и на Кој не му треба заштитник поради немоќ – и величај Го со сета величественост |