وَالْفَجْرِ (1) Се колнам во зората |
وَلَيَالٍ عَشْرٍ (2) и во десетте ноќи |
وَالشَّفْعِ وَالْوَتْرِ (3) парни и непарни |
وَاللَّيْلِ إِذَا يَسْرِ (4) и во ноќта кога исчезнува |
هَلْ فِي ذَٰلِكَ قَسَمٌ لِّذِي حِجْرٍ (5) Зарем за паметниот тоа не е заклетва |
أَلَمْ تَرَ كَيْفَ فَعَلَ رَبُّكَ بِعَادٍ (6) Зарем не знаеш, со народот Ад, Господарот твој што стори |
إِرَمَ ذَاتِ الْعِمَادِ (7) и со жителите на Ирем, кои имаа градби со високи столбови |
الَّتِي لَمْ يُخْلَقْ مِثْلُهَا فِي الْبِلَادِ (8) на коишто слични во ниедна земја им немаше |
وَثَمُودَ الَّذِينَ جَابُوا الصَّخْرَ بِالْوَادِ (9) и со народот Семуд, кои ги делкаа карпите во долините |
وَفِرْعَوْنَ ذِي الْأَوْتَادِ (10) и со фараонот што имаше шатори; |
الَّذِينَ طَغَوْا فِي الْبِلَادِ (11) кои на земјата насилство чинеа |
فَأَكْثَرُوا فِيهَا الْفَسَادَ (12) и пороци на неа умножија |
فَصَبَّ عَلَيْهِمْ رَبُّكَ سَوْطَ عَذَابٍ (13) Па Господарот твој со камшикот на страданието ги казни |
إِنَّ رَبَّكَ لَبِالْمِرْصَادِ (14) зашто Господарот твој, навистина, набљудува сè |
فَأَمَّا الْإِنسَانُ إِذَا مَا ابْتَلَاهُ رَبُّهُ فَأَكْرَمَهُ وَنَعَّمَهُ فَيَقُولُ رَبِّي أَكْرَمَنِ (15) А човекот, пак, кога Господарот негов сака да го искуша, па ќе му покаже почест и ќе го опсипе со благодати, вели: „Господарот мој кон мене благородно постапи!“ |
وَأَمَّا إِذَا مَا ابْتَلَاهُ فَقَدَرَ عَلَيْهِ رِزْقَهُ فَيَقُولُ رَبِّي أَهَانَنِ (16) А кога, пак, ќе го искуша со сиромаштија, човекот вели: „Господарот мој ме понижи!“ |
كَلَّا ۖ بَل لَّا تُكْرِمُونَ الْيَتِيمَ (17) А не е така! Вие внимание на сирачето не му посветувате |
وَلَا تَحَاضُّونَ عَلَىٰ طَعَامِ الْمِسْكِينِ (18) и сиромавиот да се нахрани – еден со друг не си советувате |
وَتَأْكُلُونَ التُّرَاثَ أَكْلًا لَّمًّا (19) а наследството алчно го јадете |
وَتُحِبُّونَ الْمَالَ حُبًّا جَمًّا (20) и богатството претерано го сакате |
كَلَّا إِذَا دُكَّتِ الْأَرْضُ دَكًّا دَكًّا (21) А не чини така! Кога Земјата на парчиња ќе се здроби |
وَجَاءَ رَبُّكَ وَالْمَلَكُ صَفًّا صَفًّا (22) и кога Господарот твој ќе дојде со мелеците во редови наредени |
وَجِيءَ يَوْمَئِذٍ بِجَهَنَّمَ ۚ يَوْمَئِذٍ يَتَذَكَّرُ الْإِنسَانُ وَأَنَّىٰ لَهُ الذِّكْرَىٰ (23) и кога тој Ден џехеннемот ќе биде доведен; тогаш човекот ќе се сети – а за што ќе му е тогаш сеќавањето |
يَقُولُ يَا لَيْتَنِي قَدَّمْتُ لِحَيَاتِي (24) и ќе рече: „Камо среќа за овој живот да се подготвев!“ |
فَيَوْمَئِذٍ لَّا يُعَذِّبُ عَذَابَهُ أَحَدٌ (25) Тој Ден никој како Него нема да казнува |
وَلَا يُوثِقُ وَثَاقَهُ أَحَدٌ (26) и никој како Него нема во окови да врзува |
يَا أَيَّتُهَا النَّفْسُ الْمُطْمَئِنَّةُ (27) А ти, о, душо смирена |
ارْجِعِي إِلَىٰ رَبِّكِ رَاضِيَةً مَّرْضِيَّةً (28) врати Му се на Господарот свој задоволна, а и Тој од тебе задоволен |
فَادْخُلِي فِي عِبَادِي (29) Па влези меѓу робовите Мои |
وَادْخُلِي جَنَّتِي (30) и влези во џеннетот Мој |