الْحَاقَّةُ (1) Часот неизбежен |
مَا الْحَاقَّةُ (2) што е Часот неизбежен |
وَمَا أَدْرَاكَ مَا الْحَاقَّةُ (3) И дали ти знаеш што е Часот неизбежен |
كَذَّبَتْ ثَمُودُ وَعَادٌ بِالْقَارِعَةِ (4) Семуд и Ад Крајот на светот го негираа |
فَأَمَّا ثَمُودُ فَأُهْلِكُوا بِالطَّاغِيَةِ (5) па Семуд е уништен со гласот страотен |
وَأَمَّا عَادٌ فَأُهْلِكُوا بِرِيحٍ صَرْصَرٍ عَاتِيَةٍ (6) а Ад е уништен со ветер леден, силен |
سَخَّرَهَا عَلَيْهِمْ سَبْعَ لَيَالٍ وَثَمَانِيَةَ أَيَّامٍ حُسُومًا فَتَرَى الْقَوْمَ فِيهَا صَرْعَىٰ كَأَنَّهُمْ أَعْجَازُ نَخْلٍ خَاوِيَةٍ (7) Тој кому власта над нив, седум ноќи и осум дена последователни му ја препушти, па во нив, луѓе исполегнати како шупливи палмини стебла виде |
فَهَلْ تَرَىٰ لَهُم مِّن بَاقِيَةٍ (8) и дали виде некој од нив да остана |
وَجَاءَ فِرْعَوْنُ وَمَن قَبْلَهُ وَالْمُؤْتَفِكَاتُ بِالْخَاطِئَةِ (9) А дојдоа фараонот, и тие пред него, и поради одвратните постапки на (жителите на) превртените населби |
فَعَصَوْا رَسُولَ رَبِّهِمْ فَأَخَذَهُمْ أَخْذَةً رَّابِيَةً (10) и му беа непослушни на Пратеникот на Господарот свој, па Тој со жестока казна ги казни |
إِنَّا لَمَّا طَغَى الْمَاءُ حَمَلْنَاكُمْ فِي الْجَارِيَةِ (11) Ние, кога водата преплави сè, во бродот ве носевме |
لِنَجْعَلَهَا لَكُمْ تَذْكِرَةً وَتَعِيَهَا أُذُنٌ وَاعِيَةٌ (12) за поука да ви го направиме и тоа од заборав да го сочува увото што помни |
فَإِذَا نُفِخَ فِي الصُّورِ نَفْخَةٌ وَاحِدَةٌ (13) А кога еднаш во рогот ќе се дувне |
وَحُمِلَتِ الْأَرْضُ وَالْجِبَالُ فَدُكَّتَا دَكَّةً وَاحِدَةً (14) па Земјата и небото ќе се понесат и од еден удар ќе се здробат |
فَيَوْمَئِذٍ وَقَعَتِ الْوَاقِعَةُ (15) тој ден Крајот на светот ќе се случи |
وَانشَقَّتِ السَّمَاءُ فَهِيَ يَوْمَئِذٍ وَاهِيَةٌ (16) и небото ќе распука – тогаш лабаво ќе биде |
وَالْمَلَكُ عَلَىٰ أَرْجَائِهَا ۚ وَيَحْمِلُ عَرْشَ رَبِّكَ فَوْقَهُمْ يَوْمَئِذٍ ثَمَانِيَةٌ (17) И мелеците на неговите краеви ќе стојат, а Аршот на Господарот твој, тој ден, над нив осуммина ќе го држат |
يَوْمَئِذٍ تُعْرَضُونَ لَا تَخْفَىٰ مِنكُمْ خَافِيَةٌ (18) Тој ден ќе бидете изложени, и ниту една ваша тајна нема скриена да остане |
فَأَمَّا مَنْ أُوتِيَ كِتَابَهُ بِيَمِينِهِ فَيَقُولُ هَاؤُمُ اقْرَءُوا كِتَابِيَهْ (19) Тој на кого книгата негова во десната рака негова ќе му се даде, ќе рече: „Еве ви, читајте ја книгата моја |
إِنِّي ظَنَنتُ أَنِّي مُلَاقٍ حِسَابِيَهْ (20) јас цврсто верував дека сметката моја ќе ја полагам.“ |
فَهُوَ فِي عِيشَةٍ رَّاضِيَةٍ (21) И тој во животот ќе биде задоволен |
فِي جَنَّةٍ عَالِيَةٍ (22) во џеннетот висок |
قُطُوفُهَا دَانِيَةٌ (23) чиишто плодови на дофат на рака ќе бидат |
كُلُوا وَاشْرَبُوا هَنِيئًا بِمَا أَسْلَفْتُمْ فِي الْأَيَّامِ الْخَالِيَةِ (24) „Јадете и пијте радосни, за тоа што во деновите минати го заработивте!“ |
وَأَمَّا مَنْ أُوتِيَ كِتَابَهُ بِشِمَالِهِ فَيَقُولُ يَا لَيْتَنِي لَمْ أُوتَ كِتَابِيَهْ (25) Атој накогоќемусе даде книгата волевата рака негова ќерече: „Камосреќа книгата моја да не ми е ни дадена |
وَلَمْ أَدْرِ مَا حِسَابِيَهْ (26) и да не ни дознаев за пресметката своја |
يَا لَيْتَهَا كَانَتِ الْقَاضِيَةَ (27) Камо среќа смртта да ме докрајчеше |
مَا أَغْنَىٰ عَنِّي مَالِيَهْ ۜ (28) богатството мое не ми е од корист |
هَلَكَ عَنِّي سُلْطَانِيَهْ (29) силата моја ја нема веќе!“ |
خُذُوهُ فَغُلُّوهُ (30) „Зграпчете го и во окови оковајте го |
ثُمَّ الْجَحِيمَ صَلُّوهُ (31) потоа во оган пржете го |
ثُمَّ فِي سِلْسِلَةٍ ذَرْعُهَا سَبْعُونَ ذِرَاعًا فَاسْلُكُوهُ (32) а потоа во синџири седумдесет лакти долги врзете го |
إِنَّهُ كَانَ لَا يُؤْمِنُ بِاللَّهِ الْعَظِيمِ (33) навистина тој во Големиот Аллах не веруваше |
وَلَا يَحُضُّ عَلَىٰ طَعَامِ الْمِسْكِينِ (34) и да се нахрани гладниот не поттикнуваше |
فَلَيْسَ لَهُ الْيَوْمَ هَاهُنَا حَمِيمٌ (35) затоа тој денес овде близок пријател нема |
وَلَا طَعَامٌ إِلَّا مِنْ غِسْلِينٍ (36) ниту друга храна освен помии |
لَّا يَأْكُلُهُ إِلَّا الْخَاطِئُونَ (37) кои само неверниците ќе ги јадат.“ |
فَلَا أُقْسِمُ بِمَا تُبْصِرُونَ (38) А Јас се колнам во тоа што го гледате |
وَمَا لَا تُبْصِرُونَ (39) и во тоа што не го гледате |
إِنَّهُ لَقَوْلُ رَسُولٍ كَرِيمٍ (40) Куранот навистина е говор објавен на благородниот Пратеник |
وَمَا هُوَ بِقَوْلِ شَاعِرٍ ۚ قَلِيلًا مَّا تُؤْمِنُونَ (41) а не е говор на никаков поет – колку малку вие верувате |
وَلَا بِقَوْلِ كَاهِنٍ ۚ قَلِيلًا مَّا تَذَكَّرُونَ (42) и не се зборови на никаков гатач – колку малку вие размислувате |
تَنزِيلٌ مِّن رَّبِّ الْعَالَمِينَ (43) Тој е Објава од Господарот на световите |
وَلَوْ تَقَوَّلَ عَلَيْنَا بَعْضَ الْأَقَاوِيلِ (44) А да изнесуваше тој какви било зборови против Нас |
لَأَخَذْنَا مِنْهُ بِالْيَمِينِ (45) Ние со десницата би го зграпчиле |
ثُمَّ لَقَطَعْنَا مِنْهُ الْوَتِينَ (46) а потоа главната вена би му ја пресекле |
فَمَا مِنكُم مِّنْ أَحَدٍ عَنْهُ حَاجِزِينَ (47) и никој меѓу вас не би можел од тоа да го одбрани |
وَإِنَّهُ لَتَذْكِرَةٌ لِّلْمُتَّقِينَ (48) Навистина Куранот е поука за богобојазливите |
وَإِنَّا لَنَعْلَمُ أَنَّ مِنكُم مُّكَذِّبِينَ (49) а Ние сигурно знаеме дека некои од вас нема во него да веруваат |
وَإِنَّهُ لَحَسْرَةٌ عَلَى الْكَافِرِينَ (50) И тој навистина ќе биде причина за пропаст на неверниците |
وَإِنَّهُ لَحَقُّ الْيَقِينِ (51) а тој навистина е неприкосновена вистина |
فَسَبِّحْ بِاسْمِ رَبِّكَ الْعَظِيمِ (52) Затоа ти слави го името на Господарот свој, Величествениот |