ص ۚ وَالْقُرْآنِ ذِي الذِّكْرِ (1) Сад! Се колнам во Куранот кој содржи опомена |
بَلِ الَّذِينَ كَفَرُوا فِي عِزَّةٍ وَشِقَاقٍ (2) навистина се арогантни и инаетливи тие што не сакаат да веруваат |
كَمْ أَهْلَكْنَا مِن قَبْلِهِم مِّن قَرْنٍ فَنَادَوا وَّلَاتَ حِينَ مَنَاصٍ (3) Колку народи пред нив Ние уништивме. И тие за помош плачејќи молеа, но за нив беше доцна |
وَعَجِبُوا أَن جَاءَهُم مُّنذِرٌ مِّنْهُمْ ۖ وَقَالَ الْكَافِرُونَ هَٰذَا سَاحِرٌ كَذَّابٌ (4) Тие се чудат што еден од нив им дошол за да ги предупредува, и неверниците велат: „Тој е маѓепсник, лажливец |
أَجَعَلَ الْآلِهَةَ إِلَٰهًا وَاحِدًا ۖ إِنَّ هَٰذَا لَشَيْءٌ عُجَابٌ (5) Зарем тој боговите да ги сведе само на еден Бог? Тоа е, навистина, нешто многу чудно!“ |
وَانطَلَقَ الْمَلَأُ مِنْهُمْ أَنِ امْشُوا وَاصْبِرُوا عَلَىٰ آلِهَتِكُمْ ۖ إِنَّ هَٰذَا لَشَيْءٌ يُرَادُ (6) И угледните меѓу нив тргнаа: „Одете и истрајте со божествата свои! Навистина, тоа е нешто што се сака |
مَا سَمِعْنَا بِهَٰذَا فِي الْمِلَّةِ الْآخِرَةِ إِنْ هَٰذَا إِلَّا اخْتِلَاقٌ (7) За ова не сме слушнале во верата на предците наши, ова не е ништо друго освен наместена лага |
أَأُنزِلَ عَلَيْهِ الذِّكْرُ مِن بَيْنِنَا ۚ بَلْ هُمْ فِي شَكٍّ مِّن ذِكْرِي ۖ بَل لَّمَّا يَذُوقُوا عَذَابِ (8) зошто меѓу нас токму нему да му биде пратена Опомената?!“ Но, тие во Опомената Моја се сомневаат затоа што казната Моја не ја искусиле |
أَمْ عِندَهُمْ خَزَائِنُ رَحْمَةِ رَبِّكَ الْعَزِيزِ الْوَهَّابِ (9) Зарем кај нив се ризниците на милоста на Господарот твој, Силниот и Дарежливиот |
أَمْ لَهُم مُّلْكُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَمَا بَيْنَهُمَا ۖ فَلْيَرْتَقُوا فِي الْأَسْبَابِ (10) Зарем тие имаат власт над небесата и над Земјата и над тоа што е меѓу нив? – тогаш, нека се искачат со скали по патеките небесни |
جُندٌ مَّا هُنَالِكَ مَهْزُومٌ مِّنَ الْأَحْزَابِ (11) Тие претставуваат незначителна сојузничка војска која таму ќе биде поразена |
كَذَّبَتْ قَبْلَهُمْ قَوْمُ نُوحٍ وَعَادٌ وَفِرْعَوْنُ ذُو الْأَوْتَادِ (12) И уште пред нив ги сметаа за лажни своите Пратеници - народот на Нух, и Ад, и фараонот, сопственикот на градбите огромни |
وَثَمُودُ وَقَوْمُ لُوطٍ وَأَصْحَابُ الْأَيْكَةِ ۚ أُولَٰئِكَ الْأَحْزَابُ (13) и Семудинародот на Лути жителите на Ејка; тие против Пратениците правеа завери |
إِن كُلٌّ إِلَّا كَذَّبَ الرُّسُلَ فَحَقَّ عِقَابِ (14) Сите тие за лага ги клеветеа Пратениците и казната моја ја заслужија |
وَمَا يَنظُرُ هَٰؤُلَاءِ إِلَّا صَيْحَةً وَاحِدَةً مَّا لَهَا مِن فَوَاقٍ (15) А и овие не чекаат, освен еден звук на рогот кој нема да биде потребно да се повтори |
وَقَالُوا رَبَّنَا عَجِّل لَّنَا قِطَّنَا قَبْلَ يَوْمِ الْحِسَابِ (16) и велат: „Господару наш, побрзај и казни нè, пред Денот во кој делата ќе се пресметуваат!“ |
اصْبِرْ عَلَىٰ مَا يَقُولُونَ وَاذْكُرْ عَبْدَنَا دَاوُودَ ذَا الْأَيْدِ ۖ إِنَّهُ أَوَّابٌ (17) Ти стрпи се за тоа што го говорат и сети се на робот Наш Давуд, цврстиот во верата, кој секогаш на Аллах Му се обраќаше |
إِنَّا سَخَّرْنَا الْجِبَالَ مَعَهُ يُسَبِّحْنَ بِالْعَشِيِّ وَالْإِشْرَاقِ (18) Ние планините ги потчинивме заедно со него да Го слават и да Го величаат Аллах пред Сонцето да зајде и откако ќе изгрее |
وَالطَّيْرَ مَحْشُورَةً ۖ كُلٌّ لَّهُ أَوَّابٌ (19) а и птиците собрани – сите тие Нему му се обраќаат |
وَشَدَدْنَا مُلْكَهُ وَآتَيْنَاهُ الْحِكْمَةَ وَفَصْلَ الْخِطَابِ (20) И го зацврстивме царството негово и му дадовме веровесништво и мудрост исправно да суди и да расудува |
۞ وَهَلْ أَتَاكَ نَبَأُ الْخَصْمِ إِذْ تَسَوَّرُوا الْمِحْرَابَ (21) А дали до тебе допре веста за парничарите кога преку ѕидот на михработ преминаа |
إِذْ دَخَلُوا عَلَىٰ دَاوُودَ فَفَزِعَ مِنْهُمْ ۖ قَالُوا لَا تَخَفْ ۖ خَصْمَانِ بَغَىٰ بَعْضُنَا عَلَىٰ بَعْضٍ فَاحْكُم بَيْنَنَا بِالْحَقِّ وَلَا تُشْطِطْ وَاهْدِنَا إِلَىٰ سَوَاءِ الصِّرَاطِ (22) кога кај Давуд упаднаа, па тој од нив се исплаши. „Не плаши се“ – рекоа – „ние сме двајца парничари, еден кон друг згрешивме, па според правдата пресуди ни; не биди пристрасен, и на Вистинскиот пат упати нè |
إِنَّ هَٰذَا أَخِي لَهُ تِسْعٌ وَتِسْعُونَ نَعْجَةً وَلِيَ نَعْجَةٌ وَاحِدَةٌ فَقَالَ أَكْفِلْنِيهَا وَعَزَّنِي فِي الْخِطَابِ (23) Овој мој пријател има деведесет и девет овци, а јас само една, и тој ми рече: ,Дај ми ја мене!‘ – и во препирката ме победи.“ |
قَالَ لَقَدْ ظَلَمَكَ بِسُؤَالِ نَعْجَتِكَ إِلَىٰ نِعَاجِهِ ۖ وَإِنَّ كَثِيرًا مِّنَ الْخُلَطَاءِ لَيَبْغِي بَعْضُهُمْ عَلَىٰ بَعْضٍ إِلَّا الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ وَقَلِيلٌ مَّا هُمْ ۗ وَظَنَّ دَاوُودُ أَنَّمَا فَتَنَّاهُ فَاسْتَغْفَرَ رَبَّهُ وَخَرَّ رَاكِعًا وَأَنَابَ ۩ (24) „Навистина ти сторил неправда! – рече Давуд – „со тоа што барал овцата твоја да ја додаде на овците свои; многумина ортаци си прават неправда едни на други, а единствено тие што веруваат и што прават добри дела не го прават тоа, и таквите се малку“. И Давуд се увери дека Ние токму него на искушение го ставивме, па за прошка од Господарот свој замоли, падна со лицето на тло и се покаја |
فَغَفَرْنَا لَهُ ذَٰلِكَ ۖ وَإِنَّ لَهُ عِندَنَا لَزُلْفَىٰ وَحُسْنَ مَآبٍ (25) И Ние тоа му го простивме, и тој Ни е навистина близок и прекрасно престојувалиште го чека |
يَا دَاوُودُ إِنَّا جَعَلْنَاكَ خَلِيفَةً فِي الْأَرْضِ فَاحْكُم بَيْنَ النَّاسِ بِالْحَقِّ وَلَا تَتَّبِعِ الْهَوَىٰ فَيُضِلَّكَ عَن سَبِيلِ اللَّهِ ۚ إِنَّ الَّذِينَ يَضِلُّونَ عَن سَبِيلِ اللَّهِ لَهُمْ عَذَابٌ شَدِيدٌ بِمَا نَسُوا يَوْمَ الْحِسَابِ (26) О, Давуде, Ние за намесник на Земјата те поставивме, затоа суди им на луѓето праведно и не поведувај се според страста за да не те одведе од Аллаховиот пат; тие што скршнуваат од Аллаховиот пат ги чека болно страдање на оној свет затоа што забораваа на Денот на пресметката |
وَمَا خَلَقْنَا السَّمَاءَ وَالْأَرْضَ وَمَا بَيْنَهُمَا بَاطِلًا ۚ ذَٰلِكَ ظَنُّ الَّذِينَ كَفَرُوا ۚ فَوَيْلٌ لِّلَّذِينَ كَفَرُوا مِنَ النَّارِ (27) Ние не ги создадовме небото и Земјата и тоа што е меѓу нив залудно; така мислат неверниците, па тешко на неверниците кога ќе бидат во Огнот |
أَمْ نَجْعَلُ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ كَالْمُفْسِدِينَ فِي الْأَرْضِ أَمْ نَجْعَلُ الْمُتَّقِينَ كَالْفُجَّارِ (28) Зарем со тие што веруваат и што прават добро ќе постапиме исто како и со тие што прават неред на Земјата, или, зарем со тие што се чуваат од гревовите ќе постапиме исто како и со грешниците |
كِتَابٌ أَنزَلْنَاهُ إِلَيْكَ مُبَارَكٌ لِّيَدَّبَّرُوا آيَاتِهِ وَلِيَتَذَكَّرَ أُولُو الْأَلْبَابِ (29) Книгата која ти ја објавуваме е благословена, за тие да размислат за зборовите нејзини и за тие што се обдарени со разум да примат поука |
وَوَهَبْنَا لِدَاوُودَ سُلَيْمَانَ ۚ نِعْمَ الْعَبْدُ ۖ إِنَّهُ أَوَّابٌ (30) Ние на Давуд му го подаривме Сулејман; тој беше прекрасен роб и многу се каеше |
إِذْ عُرِضَ عَلَيْهِ بِالْعَشِيِّ الصَّافِنَاتُ الْجِيَادُ (31) Кога една вечер пред него беа изведени брзи коњи кои на три нозе стоеја, а со четвртата едвај земјата ја допираа |
فَقَالَ إِنِّي أَحْبَبْتُ حُبَّ الْخَيْرِ عَن ذِكْرِ رَبِّي حَتَّىٰ تَوَارَتْ بِالْحِجَابِ (32) тој рече: „Наместо да мислам на Господарот свој, јас покажувам љубов кон богатството!“ – и тие му се изгубија од видот |
رُدُّوهَا عَلَيَّ ۖ فَطَفِقَ مَسْحًا بِالسُّوقِ وَالْأَعْنَاقِ (33) „Вратете ми ги!“ – и тој почна да ги гали по нозете и по вратовите |
وَلَقَدْ فَتَنَّا سُلَيْمَانَ وَأَلْقَيْنَا عَلَىٰ كُرْسِيِّهِ جَسَدًا ثُمَّ أَنَابَ (34) Ние Сулејман во искушение го доведовме и неговото болно тело на престолот го задржавме, но потоа оздраве |
قَالَ رَبِّ اغْفِرْ لِي وَهَبْ لِي مُلْكًا لَّا يَنبَغِي لِأَحَدٍ مِّن بَعْدِي ۖ إِنَّكَ أَنتَ الْوَهَّابُ (35) „Господару мој“ – рече –„прости ми и подари ми власт каква никој, освен мене, нема да има! Ти Си навистина Тој што богато дарува!“ |
فَسَخَّرْنَا لَهُ الرِّيحَ تَجْرِي بِأَمْرِهِ رُخَاءً حَيْثُ أَصَابَ (36) И Ние му ги потчинивме: ветрот – кој според заповедта негова благо дуваше таму каде што тој сакаше |
وَالشَّيَاطِينَ كُلَّ بَنَّاءٍ وَغَوَّاصٍ (37) и шејтаните, сите градители и нуркачи |
وَآخَرِينَ مُقَرَّنِينَ فِي الْأَصْفَادِ (38) и други во окови оковани |
هَٰذَا عَطَاؤُنَا فَامْنُنْ أَوْ أَمْسِكْ بِغَيْرِ حِسَابٍ (39) „Ова е Нашиот дар, па ти дарувај или задржи - поради тоа нема да одговараш!“ |
وَإِنَّ لَهُ عِندَنَا لَزُلْفَىٰ وَحُسْنَ مَآبٍ (40) Тој Ни е навистина близок и го чека прекрасно престојувалиште |
وَاذْكُرْ عَبْدَنَا أَيُّوبَ إِذْ نَادَىٰ رَبَّهُ أَنِّي مَسَّنِيَ الشَّيْطَانُ بِنُصْبٍ وَعَذَابٍ (41) И сети се на робот Наш Ејјуб кога на Господарот свој Му залипа: „Шејтанот ме допре со несреќи и со страдање!“ |
ارْكُضْ بِرِجْلِكَ ۖ هَٰذَا مُغْتَسَلٌ بَارِدٌ وَشَرَابٌ (42) „Удри со ногата по земја – ете ти ладна вода за капење и пиење |
وَوَهَبْنَا لَهُ أَهْلَهُ وَمِثْلَهُم مَّعَهُمْ رَحْمَةً مِّنَّا وَذِكْرَىٰ لِأُولِي الْأَلْبَابِ (43) и Ние од милоста Наша семејство му даривме и уште толку покрај нив, да биде поука за тие што имаат ум |
وَخُذْ بِيَدِكَ ضِغْثًا فَاضْرِب بِّهِ وَلَا تَحْنَثْ ۗ إِنَّا وَجَدْنَاهُ صَابِرًا ۚ نِّعْمَ الْعَبْدُ ۖ إِنَّهُ أَوَّابٌ (44) „И земи со раката своја сноп и со него удри, само заклетвата не ја прекршувај!“ Ние знаевме дека тој е издржлив; прекрасен роб беше тој и многу се каеше |
وَاذْكُرْ عِبَادَنَا إِبْرَاهِيمَ وَإِسْحَاقَ وَيَعْقُوبَ أُولِي الْأَيْدِي وَالْأَبْصَارِ (45) И сети се на робовите Наши Ибрахим и Исхак и Јакуб, сите во верата цврсти и проникливи |
إِنَّا أَخْلَصْنَاهُم بِخَالِصَةٍ ذِكْرَى الدَّارِ (46) Ние ги обдаривме со една посебна доблест: секогаш да им е на ум оној свет |
وَإِنَّهُمْ عِندَنَا لَمِنَ الْمُصْطَفَيْنَ الْأَخْيَارِ (47) и тие, навистина, кај Нас се од одбраните добри луѓе |
وَاذْكُرْ إِسْمَاعِيلَ وَالْيَسَعَ وَذَا الْكِفْلِ ۖ وَكُلٌّ مِّنَ الْأَخْيَارِ (48) И сети се на Исмаил и на Елјеса и на Илјас и на Зулкифл, сите тие беа од најдобрите луѓе |
هَٰذَا ذِكْرٌ ۚ وَإِنَّ لِلْمُتَّقِينَ لَحُسْنَ مَآبٍ (49) Ова еубав спомен! А тие штоод гревови ќесечуваат ги чека прекрасно престојувалиште |
جَنَّاتِ عَدْنٍ مُّفَتَّحَةً لَّهُمُ الْأَبْوَابُ (50) еденски градини, чиишто капии за нив ќе бидат отворени |
مُتَّكِئِينَ فِيهَا يَدْعُونَ فِيهَا بِفَاكِهَةٍ كَثِيرَةٍ وَشَرَابٍ (51) во кои ќе бидат потпрени и разновидно овошје и пијалак ќе бараат |
۞ وَعِندَهُمْ قَاصِرَاتُ الطَّرْفِ أَتْرَابٌ (52) Покрај нив ќе бидат хуриите, со исти години, кои пред себе ќе гледаат |
هَٰذَا مَا تُوعَدُونَ لِيَوْمِ الْحِسَابِ (53) „Тоа е она што ви се ветува за Денот на пресметката |
إِنَّ هَٰذَا لَرِزْقُنَا مَا لَهُ مِن نَّفَادٍ (54) тоа, навистина, снабдување Наше ќе биде, кое никогаш нема да престане!“ |
هَٰذَا ۚ وَإِنَّ لِلطَّاغِينَ لَشَرَّ مَآبٍ (55) Ете така! А тие што ќе бидат дрско бесни, ги чека најлошото престојувалиште |
جَهَنَّمَ يَصْلَوْنَهَا فَبِئْسَ الْمِهَادُ (56) џехеннемот, во кој ќе горат, а одвратна постела е тоа |
هَٰذَا فَلْيَذُوقُوهُ حَمِيمٌ وَغَسَّاقٌ (57) Ете така! Па нека ја искусат водата зовриена и ледена |
وَآخَرُ مِن شَكْلِهِ أَزْوَاجٌ (58) и други слични на овие маки, повеќекратни |
هَٰذَا فَوْجٌ مُّقْتَحِمٌ مَّعَكُمْ ۖ لَا مَرْحَبًا بِهِمْ ۚ إِنَّهُمْ صَالُو النَّارِ (59) „Оваа толпа заедно со вас, стискајќи се, во џехеннемот ќе влезе!“ – „Да не им биде пространо! Тие навистина ќе горат во Огнот!“ |
قَالُوا بَلْ أَنتُمْ لَا مَرْحَبًا بِكُمْ ۖ أَنتُمْ قَدَّمْتُمُوهُ لَنَا ۖ فَبِئْسَ الْقَرَارُ (60) „Вам да не ви биде пространо!“ – ќе речат тие – „вие ова ни го подготвивте, а грозно ли е ова живеалиште!“ |
قَالُوا رَبَّنَا مَن قَدَّمَ لَنَا هَٰذَا فَزِدْهُ عَذَابًا ضِعْفًا فِي النَّارِ (61) „Господару наш!“ – ќе речат – „удвои им го страдањето во огнот на тие што ова ни го приредија!“ |
وَقَالُوا مَا لَنَا لَا نَرَىٰ رِجَالًا كُنَّا نَعُدُّهُم مِّنَ الْأَشْرَارِ (62) И ќе речат: „Зошто не ги гледаме луѓето коишто меѓу злобните ги вбројувавме |
أَتَّخَذْنَاهُمْ سِخْرِيًّا أَمْ زَاغَتْ عَنْهُمُ الْأَبْصَارُ (63) и коишто ги исмејувавме? Да не ни се изгубија од вид?“ |
إِنَّ ذَٰلِكَ لَحَقٌّ تَخَاصُمُ أَهْلِ النَّارِ (64) Вистина е, сигурно, дека жителите на џехеннемот меѓу себе ќе се расправаат |
قُلْ إِنَّمَا أَنَا مُنذِرٌ ۖ وَمَا مِنْ إِلَٰهٍ إِلَّا اللَّهُ الْوَاحِدُ الْقَهَّارُ (65) Кажи: „Јас сум само опоменувач; нема бог освен Аллах, Единиот и Моќниот |
رَبُّ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَمَا بَيْنَهُمَا الْعَزِيزُ الْغَفَّارُ (66) Господарот на небесата и на Земјата и тоа што е меѓу нив, Силниот, Простувачот.“ |
قُلْ هُوَ نَبَأٌ عَظِيمٌ (67) Кажи: „Ова е голема вест |
أَنتُمْ عَنْهُ مُعْرِضُونَ (68) а вие од неа главите ги вртите |
مَا كَانَ لِيَ مِنْ عِلْمٍ بِالْمَلَإِ الْأَعْلَىٰ إِذْ يَخْتَصِمُونَ (69) Јас ништо не знаев за Високиот Собир213 кога се препираа |
إِن يُوحَىٰ إِلَيَّ إِلَّا أَنَّمَا أَنَا نَذِيرٌ مُّبِينٌ (70) мене ми се објавува само да сум јасен опоменувач.“ |
إِذْ قَالَ رَبُّكَ لِلْمَلَائِكَةِ إِنِّي خَالِقٌ بَشَرًا مِّن طِينٍ (71) И кога Господарот твој на мелеците им рече: „Ќе го создадам човекот од глина |
فَإِذَا سَوَّيْتُهُ وَنَفَخْتُ فِيهِ مِن رُّوحِي فَقَعُوا لَهُ سَاجِدِينَ (72) па кога совршен облик ќе му дадам и кога живот во него ќе вдахнам од Својот дух, вие на сеџда паднете му!“ |
فَسَجَدَ الْمَلَائِكَةُ كُلُّهُمْ أَجْمَعُونَ (73) Мелеците, сите до последен, заедно на сеџда се поклонија |
إِلَّا إِبْلِيسَ اسْتَكْبَرَ وَكَانَ مِنَ الْكَافِرِينَ (74) освен Иблис; тој се вообрази и неверник стана |
قَالَ يَا إِبْلِيسُ مَا مَنَعَكَ أَن تَسْجُدَ لِمَا خَلَقْتُ بِيَدَيَّ ۖ أَسْتَكْبَرْتَ أَمْ كُنتَ مِنَ الْعَالِينَ (75) „О, Иблис!“ – рече Тој – „Што те наведе да не му направиш сеџда на оној кого Јас со Своите две раце214 го создадов? Се вообрази или мислиш дека си возвишен?“ |
قَالَ أَنَا خَيْرٌ مِّنْهُ ۖ خَلَقْتَنِي مِن نَّارٍ وَخَلَقْتَهُ مِن طِينٍ (76) „Подобар сум од него“ – рече тој – „мене ме создаде од оган, а него од глина.“ |
قَالَ فَاخْرُجْ مِنْهَا فَإِنَّكَ رَجِيمٌ (77) „Е, излегувај тогаш од џеннетот!“ – рече Тој – „Проклет да си |
وَإِنَّ عَلَيْكَ لَعْنَتِي إِلَىٰ يَوْمِ الدِّينِ (78) Моето проклетство до Судниот ден ќе те следи!“ |
قَالَ رَبِّ فَأَنظِرْنِي إِلَىٰ يَوْمِ يُبْعَثُونَ (79) „Господару мој!“ – речетој – „Дај ми време до Денот кога тие оживеани ќе бидат!“ |
قَالَ فَإِنَّكَ مِنَ الْمُنظَرِينَ (80) „Ти давам“ – рече Тој |
إِلَىٰ يَوْمِ الْوَقْتِ الْمَعْلُومِ (81) „до денот веќе одреден.“ |
قَالَ فَبِعِزَّتِكَ لَأُغْوِيَنَّهُمْ أَجْمَعِينَ (82) „Па се колнам во достоинството Твое – рече – „сигурно сите ќе ги наведам да застранат |
إِلَّا عِبَادَكَ مِنْهُمُ الْمُخْلَصِينَ (83) освен, меѓу нив, Твоите искрени робови!“ |
قَالَ فَالْحَقُّ وَالْحَقَّ أَقُولُ (84) „Во вистината се колнам и вистината ја зборувам“ – рече Аллах |
لَأَمْلَأَنَّ جَهَنَّمَ مِنكَ وَمِمَّن تَبِعَكَ مِنْهُمْ أَجْمَعِينَ (85) „сигурно џехеннемот ќе го наполнам со сите, со тебе и со тие кои што ќе се поведат по тебе!“ |
قُلْ مَا أَسْأَلُكُمْ عَلَيْهِ مِنْ أَجْرٍ وَمَا أَنَا مِنَ الْمُتَكَلِّفِينَ (86) Кажи: „Јас не барам од вас за ова (Куранот) никаква награда и јас не се преправам, го пренесувам само тоа што ми се наредува |
إِنْ هُوَ إِلَّا ذِكْرٌ لِّلْعَالَمِينَ (87) Куранот е, навистина, Опомена за целиот свет |
وَلَتَعْلَمُنَّ نَبَأَهُ بَعْدَ حِينٍ (88) И вие наскоро ќе ја дознаете неговата порака!“ |