×

سورة الأعراف باللغة المقدونية

ترجمات القرآنباللغة المقدونية ⬅ سورة الأعراف

ترجمة معاني سورة الأعراف باللغة المقدونية - Macedonian

القرآن باللغة المقدونية - سورة الأعراف مترجمة إلى اللغة المقدونية، Surah Araf in Macedonian. نوفر ترجمة دقيقة سورة الأعراف باللغة المقدونية - Macedonian, الآيات 206 - رقم السورة 7 - الصفحة 151.

بسم الله الرحمن الرحيم

المص (1)
Елиф-лам-мим-сад
كِتَابٌ أُنزِلَ إِلَيْكَ فَلَا يَكُن فِي صَدْرِكَ حَرَجٌ مِّنْهُ لِتُنذِرَ بِهِ وَذِكْرَىٰ لِلْمُؤْمِنِينَ (2)
Ова е Книга која ти се објавува и во градите немој да имаш никаква тешкотија поради неа, со неа да опоменуваш, и на верниците да им биде поука
اتَّبِعُوا مَا أُنزِلَ إِلَيْكُم مِّن رَّبِّكُمْ وَلَا تَتَّبِعُوا مِن دُونِهِ أَوْلِيَاءَ ۗ قَلِيلًا مَّا تَذَكَّرُونَ (3)
Следете го тоа што ви се објавува од вашиот Господар и не земајте, покрај Него, некој друг како заштитник! А колку малку примате поука
وَكَم مِّن قَرْيَةٍ أَهْلَكْنَاهَا فَجَاءَهَا بَأْسُنَا بَيَاتًا أَوْ هُمْ قَائِلُونَ (4)
Колку само градови Ние разоривме! И казната Наша им доаѓаше и ноќе и дење кога би прилегнувале
فَمَا كَانَ دَعْوَاهُمْ إِذْ جَاءَهُم بَأْسُنَا إِلَّا أَن قَالُوا إِنَّا كُنَّا ظَالِمِينَ (5)
а кога Нашата казна би ги затекнала, плачот нивен се сведуваше само на зборовите: „Навистина бевме насилници!“
فَلَنَسْأَلَنَّ الَّذِينَ أُرْسِلَ إِلَيْهِمْ وَلَنَسْأَلَنَّ الْمُرْسَلِينَ (6)
И сигурно ќе ги прашаме тие на кои им испраќавме Пратеници, а ќе ги прашаме и Пратениците
فَلَنَقُصَّنَّ عَلَيْهِم بِعِلْمٍ ۖ وَمَا كُنَّا غَائِبِينَ (7)
и ќе им изложиме сè што знаеме веродостојно за нив, бидејќи Ние не бевме отсутни
وَالْوَزْنُ يَوْمَئِذٍ الْحَقُّ ۚ فَمَن ثَقُلَتْ مَوَازِينُهُ فَأُولَٰئِكَ هُمُ الْمُفْلِحُونَ (8)
Мерењето тој ден ќе биде праведно: тие чиишто добри дела ќе бидат потешки, тие ќе постигнат што сакаат
وَمَنْ خَفَّتْ مَوَازِينُهُ فَأُولَٰئِكَ الَّذِينَ خَسِرُوا أَنفُسَهُم بِمَا كَانُوا بِآيَاتِنَا يَظْلِمُونَ (9)
а тие чиишто добри дела ќе бидат лесни, тие, затоа што доказите Наши не ги признаваа, ќе страдаат
وَلَقَدْ مَكَّنَّاكُمْ فِي الْأَرْضِ وَجَعَلْنَا لَكُمْ فِيهَا مَعَايِشَ ۗ قَلِيلًا مَّا تَشْكُرُونَ (10)
Ние на Земјата ве сместивме и на неа сè што ви е потребно за живот ви дадовме. А вие премалку заблагодарувате
وَلَقَدْ خَلَقْنَاكُمْ ثُمَّ صَوَّرْنَاكُمْ ثُمَّ قُلْنَا لِلْمَلَائِكَةِ اسْجُدُوا لِآدَمَ فَسَجَدُوا إِلَّا إِبْلِيسَ لَمْ يَكُن مِّنَ السَّاجِدِينَ (11)
Ние Адем го создадовме и потоа облик му дадовме, а потоа на мелеците им рековме: „Поклонете му се на сеџда!“ - и тие му се поклонија на сеџда, освен Иблис; тој не беше од тие што сторија сеџда
قَالَ مَا مَنَعَكَ أَلَّا تَسْجُدَ إِذْ أَمَرْتُكَ ۖ قَالَ أَنَا خَيْرٌ مِّنْهُ خَلَقْتَنِي مِن نَّارٍ وَخَلَقْتَهُ مِن طِينٍ (12)
„Што те наведе да не му се поклониш со сеџда кога ти наредив?“ – праша Тој. „Јас сум подобар од него; мене од оган ме создаде, а него од глина.“ – одговори тој
قَالَ فَاهْبِطْ مِنْهَا فَمَا يَكُونُ لَكَ أَن تَتَكَبَّرَ فِيهَا فَاخْرُجْ إِنَّكَ مِنَ الصَّاغِرِينَ (13)
„Е тогаш излегувај од џеннетот!“ – рече Тој - „Не ти прилега во него да си вообразен; излегувај, ти си од презрените!“
قَالَ أَنظِرْنِي إِلَىٰ يَوْمِ يُبْعَثُونَ (14)
„Дај ми време до денот на нивното оживување!“ - замоли тој
قَالَ إِنَّكَ مِنَ الْمُنظَرِينَ (15)
„Ти се дава време!“ – рече Тој
قَالَ فَبِمَا أَغْوَيْتَنِي لَأَقْعُدَنَّ لَهُمْ صِرَاطَكَ الْمُسْتَقِيمَ (16)
„Е, затоа што одреди, па во заблуда паднав,“ – рече - „се колнам дека на Твојот Вистински пат ќе ги пресретнувам
ثُمَّ لَآتِيَنَّهُم مِّن بَيْنِ أَيْدِيهِمْ وَمِنْ خَلْفِهِمْ وَعَنْ أَيْمَانِهِمْ وَعَن شَمَائِلِهِمْ ۖ وَلَا تَجِدُ أَكْثَرَهُمْ شَاكِرِينَ (17)
па ќе им приоѓам и пред нив, и зад нив, и оддесно и одлево, и Ти ќе востановиш дека мнозинството од нив нема да биде благодарно!“
قَالَ اخْرُجْ مِنْهَا مَذْءُومًا مَّدْحُورًا ۖ لَّمَن تَبِعَكَ مِنْهُمْ لَأَمْلَأَنَّ جَهَنَّمَ مِنكُمْ أَجْمَعِينَ (18)
„Излегувај од него, покуден и понижен!“ – рече Тој. „Со тебе и со сите тие што ќе те следат ќе го наполнам џехенемот!“
وَيَا آدَمُ اسْكُنْ أَنتَ وَزَوْجُكَ الْجَنَّةَ فَكُلَا مِنْ حَيْثُ شِئْتُمَا وَلَا تَقْرَبَا هَٰذِهِ الشَّجَرَةَ فَتَكُونَا مِنَ الظَّالِمِينَ (19)
„О, Адеме, ти и жената твоја во џеннетот живејте и од каде што сакате јадете, само на ова дрво не му се приближувајте, за кон себеси да не згрешите!“
فَوَسْوَسَ لَهُمَا الشَّيْطَانُ لِيُبْدِيَ لَهُمَا مَا وُورِيَ عَنْهُمَا مِن سَوْآتِهِمَا وَقَالَ مَا نَهَاكُمَا رَبُّكُمَا عَنْ هَٰذِهِ الشَّجَرَةِ إِلَّا أَن تَكُونَا مَلَكَيْنِ أَوْ تَكُونَا مِنَ الْخَالِدِينَ (20)
И шејтанот почна да им дошепнува за да им ги разоткрие срамните места нивни, кои им беа скриени, и рече: „Господарот ваш ви го забранува ова дрво само за да не станете мелеци или за да не бидете бесмртни!“
وَقَاسَمَهُمَا إِنِّي لَكُمَا لَمِنَ النَّاصِحِينَ (21)
и им се колнеше: „Јас сум ви, навистина, искрен советник!“
فَدَلَّاهُمَا بِغُرُورٍ ۚ فَلَمَّا ذَاقَا الشَّجَرَةَ بَدَتْ لَهُمَا سَوْآتُهُمَا وَطَفِقَا يَخْصِفَانِ عَلَيْهِمَا مِن وَرَقِ الْجَنَّةِ ۖ وَنَادَاهُمَا رَبُّهُمَا أَلَمْ أَنْهَكُمَا عَن تِلْكُمَا الشَّجَرَةِ وَأَقُل لَّكُمَا إِنَّ الشَّيْطَانَ لَكُمَا عَدُوٌّ مُّبِينٌ (22)
И со измама ги заведе. А кога тие од дрвото вкусија, срамните места нивни им се покажаа и тие на себе џеннетско лисје да ставаат почнаа. „Зарем тоа дрво не ви го забранив?!“ – ги повика Господарот нивен - „и ви реков: ‚Шејтанот ви е, навистина, отворен непријател. ‘“
قَالَا رَبَّنَا ظَلَمْنَا أَنفُسَنَا وَإِن لَّمْ تَغْفِرْ لَنَا وَتَرْحَمْنَا لَنَكُونَنَّ مِنَ الْخَاسِرِينَ (23)
„Господару наш,“ - рекоа тие - „самите себеси насилство си сторивме, и ако Ти не ни простиш и не ни се смилуваш, сигурно ќе бидеме изгубени.“
قَالَ اهْبِطُوا بَعْضُكُمْ لِبَعْضٍ عَدُوٌّ ۖ وَلَكُمْ فِي الْأَرْضِ مُسْتَقَرٌّ وَمَتَاعٌ إِلَىٰ حِينٍ (24)
„Излегувајте!“ – рече Тој - „Меѓусебно непријатели ќе бидете! На Земјата ќе престојувате и до одредено време ќе уживате
قَالَ فِيهَا تَحْيَوْنَ وَفِيهَا تَمُوتُونَ وَمِنْهَا تُخْرَجُونَ (25)
На неа ќе живеете, на неа ќе умирате и од неа оживеани ќе бидете“. – рече Тој
يَا بَنِي آدَمَ قَدْ أَنزَلْنَا عَلَيْكُمْ لِبَاسًا يُوَارِي سَوْآتِكُمْ وَرِيشًا ۖ وَلِبَاسُ التَّقْوَىٰ ذَٰلِكَ خَيْرٌ ۚ ذَٰلِكَ مِنْ آيَاتِ اللَّهِ لَعَلَّهُمْ يَذَّكَّرُونَ (26)
О, синови Адемови, ви дадовме облека која ќе ги покрива срамните места ваши, а и раскошни костуми, но облеката на богобојазноста е најдобрата. Тоа се некои Аллахови докази за тие да се опаметат
يَا بَنِي آدَمَ لَا يَفْتِنَنَّكُمُ الشَّيْطَانُ كَمَا أَخْرَجَ أَبَوَيْكُم مِّنَ الْجَنَّةِ يَنزِعُ عَنْهُمَا لِبَاسَهُمَا لِيُرِيَهُمَا سَوْآتِهِمَا ۗ إِنَّهُ يَرَاكُمْ هُوَ وَقَبِيلُهُ مِنْ حَيْثُ لَا تَرَوْنَهُمْ ۗ إِنَّا جَعَلْنَا الشَّيَاطِينَ أَوْلِيَاءَ لِلَّذِينَ لَا يُؤْمِنُونَ (27)
О, синови Адемови, нека не ве заведе шејтанот никако, како што ги изведе родителите ваши од џеннетот, соблекувајќи ја од нив облеката нивна за да им ги покаже срамните места нивни! Тој ве гледа, тој и војските негови, од каде што вие нив не ги гледате. Ние шејтаните ги направивме заштитници на тие што не веруваат
وَإِذَا فَعَلُوا فَاحِشَةً قَالُوا وَجَدْنَا عَلَيْهَا آبَاءَنَا وَاللَّهُ أَمَرَنَا بِهَا ۗ قُلْ إِنَّ اللَّهَ لَا يَأْمُرُ بِالْفَحْشَاءِ ۖ أَتَقُولُونَ عَلَى اللَّهِ مَا لَا تَعْلَمُونَ (28)
А кога ќе сторат некое лошо дело, велат: „Ги затекнавме предците наши дека тоа го прават, а и Аллах тоа ни го заповедал“. Кажи: „Аллах не заповедува да се прават лоши дела! Зошто за Аллах го зборувате тоа што не го знаете?“
قُلْ أَمَرَ رَبِّي بِالْقِسْطِ ۖ وَأَقِيمُوا وُجُوهَكُمْ عِندَ كُلِّ مَسْجِدٍ وَادْعُوهُ مُخْلِصِينَ لَهُ الدِّينَ ۚ كَمَا بَدَأَكُمْ تَعُودُونَ (29)
Кажи: „Господарот мој наредува праведност! И обраќајте Му се само Нему кога го извршувате намазот (молитвата), и молете Му се искрено исповедајќи Му ја верата! Како што првиот пат ве создаде, на истиот начин повторно ќе ве оживее
فَرِيقًا هَدَىٰ وَفَرِيقًا حَقَّ عَلَيْهِمُ الضَّلَالَةُ ۗ إِنَّهُمُ اتَّخَذُوا الشَّيَاطِينَ أَوْلِيَاءَ مِن دُونِ اللَّهِ وَيَحْسَبُونَ أَنَّهُم مُّهْتَدُونَ (30)
Тој, на едните на Вистинскиот пат им укажува, а другите, со право, во заблуда ги остава, бидејќи тие, наместо Аллах, шејтаните за заштитници ги земаат и мислат дека прават добрина
۞ يَا بَنِي آدَمَ خُذُوا زِينَتَكُمْ عِندَ كُلِّ مَسْجِدٍ وَكُلُوا وَاشْرَبُوا وَلَا تُسْرِفُوا ۚ إِنَّهُ لَا يُحِبُّ الْمُسْرِفِينَ (31)
О, синови Адемови, облечетесеубавокогасакате намазот (молитвата) да го извршите! И јадете и пијте, но не претерувајте! Тој не ги сака тие што претеруваат
قُلْ مَنْ حَرَّمَ زِينَةَ اللَّهِ الَّتِي أَخْرَجَ لِعِبَادِهِ وَالطَّيِّبَاتِ مِنَ الرِّزْقِ ۚ قُلْ هِيَ لِلَّذِينَ آمَنُوا فِي الْحَيَاةِ الدُّنْيَا خَالِصَةً يَوْمَ الْقِيَامَةِ ۗ كَذَٰلِكَ نُفَصِّلُ الْآيَاتِ لِقَوْمٍ يَعْلَمُونَ (32)
Кажи: „Кој ги забрани Аллаховите украси, кои Тој за робовите Свои ги создаде, и вкусната храна?“ Кажи: „Тие се за верниците на овој свет, а и на оној свет се само за нив“. Ете, така Ние подробно ги изложуваме доказите на луѓето кои знаат
قُلْ إِنَّمَا حَرَّمَ رَبِّيَ الْفَوَاحِشَ مَا ظَهَرَ مِنْهَا وَمَا بَطَنَ وَالْإِثْمَ وَالْبَغْيَ بِغَيْرِ الْحَقِّ وَأَن تُشْرِكُوا بِاللَّهِ مَا لَمْ يُنَزِّلْ بِهِ سُلْطَانًا وَأَن تَقُولُوا عَلَى اللَّهِ مَا لَا تَعْلَمُونَ (33)
Кажи: „Господарот мој го забранува развратот, и јавниот и скриениот, и гревовите, и неоправданата примена на сила, и на Аллах да Му ги здружувате тие за кои Тој никаков доказ не објавил, и за Аллах да го зборувате тоа што не го знаете!“
وَلِكُلِّ أُمَّةٍ أَجَلٌ ۖ فَإِذَا جَاءَ أَجَلُهُمْ لَا يَسْتَأْخِرُونَ سَاعَةً ۖ وَلَا يَسْتَقْدِمُونَ (34)
Секој народ има свој крај, и кога ќе дојде неговиот крај, нема да може ниту за миг да го одложи ниту да го забрза
يَا بَنِي آدَمَ إِمَّا يَأْتِيَنَّكُمْ رُسُلٌ مِّنكُمْ يَقُصُّونَ عَلَيْكُمْ آيَاتِي ۙ فَمَنِ اتَّقَىٰ وَأَصْلَحَ فَلَا خَوْفٌ عَلَيْهِمْ وَلَا هُمْ يَحْزَنُونَ (35)
О, синови Адемови, кога меѓу вас самите ќе ви доаѓаат Пратеници кои прописите Мои ќе ви ги објаснуваат - тогаш тие што ќе се плашат од Аллах и што ќе прават добри дела од ништо нема да се плашат ниту за што било ќе тагуваат
وَالَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا وَاسْتَكْبَرُوا عَنْهَا أُولَٰئِكَ أَصْحَابُ النَّارِ ۖ هُمْ فِيهَا خَالِدُونَ (36)
а тие што доказите Наши ќе ги негираат, и од нив горделиво ќе се свртуваат, ќе бидат жители во Огнот, во него вечно ќе останат
فَمَنْ أَظْلَمُ مِمَّنِ افْتَرَىٰ عَلَى اللَّهِ كَذِبًا أَوْ كَذَّبَ بِآيَاتِهِ ۚ أُولَٰئِكَ يَنَالُهُمْ نَصِيبُهُم مِّنَ الْكِتَابِ ۖ حَتَّىٰ إِذَا جَاءَتْهُمْ رُسُلُنَا يَتَوَفَّوْنَهُمْ قَالُوا أَيْنَ مَا كُنتُمْ تَدْعُونَ مِن دُونِ اللَّهِ ۖ قَالُوا ضَلُّوا عَنَّا وَشَهِدُوا عَلَىٰ أَنفُسِهِمْ أَنَّهُمْ كَانُوا كَافِرِينَ (37)
Има ли, тогаш, понеправеден од тој што за Аллах говори лаги и не ги признава Неговите зборови? Таквите ќе го добијат сето тоа што им е запишано. Но, кога мелеците Наши ќе дојдат душите да им ги земат, ќе запрашаат: „А каде се тие кои, наместо Аллах, ги повикувавте?“ - „Ни се изгубија“. – ќе одговорат, и самите против себе ќе посведочат дека биле неверници
قَالَ ادْخُلُوا فِي أُمَمٍ قَدْ خَلَتْ مِن قَبْلِكُم مِّنَ الْجِنِّ وَالْإِنسِ فِي النَّارِ ۖ كُلَّمَا دَخَلَتْ أُمَّةٌ لَّعَنَتْ أُخْتَهَا ۖ حَتَّىٰ إِذَا ادَّارَكُوا فِيهَا جَمِيعًا قَالَتْ أُخْرَاهُمْ لِأُولَاهُمْ رَبَّنَا هَٰؤُلَاءِ أَضَلُّونَا فَآتِهِمْ عَذَابًا ضِعْفًا مِّنَ النَّارِ ۖ قَالَ لِكُلٍّ ضِعْفٌ وَلَٰكِن لَّا تَعْلَمُونَ (38)
Влегувајте во џехеннемот со народите, со џинните и луѓето кои пред вас постоеја и исчезнаа!“ – ќе рече Тој. И кога и да влезе некој нов народ, ќе го проколнува оној по кој во неверувањето се повел. А кога во него сите ќе се соберат, тогаш обичните луѓе ќе им кажат за предводниците свои: „Господару наш, овие во заблуда нè одведоа, затоа дај им двојна казна во Огнот!“ - „За сите ќе биде двојна!“ – ќе рече Тој - „Но вие не знаете“
وَقَالَتْ أُولَاهُمْ لِأُخْرَاهُمْ فَمَا كَانَ لَكُمْ عَلَيْنَا مِن فَضْلٍ فَذُوقُوا الْعَذَابَ بِمَا كُنتُمْ تَكْسِبُونَ (39)
А предводниците ќе му речат на обичниот народ: „Па вие немате никаква предност пред нас! Затоа искусете ја казната за тоа што го правевте“
إِنَّ الَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا وَاسْتَكْبَرُوا عَنْهَا لَا تُفَتَّحُ لَهُمْ أَبْوَابُ السَّمَاءِ وَلَا يَدْخُلُونَ الْجَنَّةَ حَتَّىٰ يَلِجَ الْجَمَلُ فِي سَمِّ الْخِيَاطِ ۚ وَكَذَٰلِكَ نَجْزِي الْمُجْرِمِينَ (40)
За тие што доказите Наши ќе ги негираат и кон нив со арогантност ќе се однесуваат, портите небески нема да се отворат, и попрво камила низ иглен отвор ќе помине, отколку што тие во џеннетот ќе влезат. Ете, така Ние ќе ги казниме грешниците
لَهُم مِّن جَهَنَّمَ مِهَادٌ وَمِن فَوْقِهِمْ غَوَاشٍ ۚ وَكَذَٰلِكَ نَجْزِي الظَّالِمِينَ (41)
Во џехеннемот постелите и прекривките од оган ќе им бидат. Ете, така Ние ќе ги казниме неверниците
وَالَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ لَا نُكَلِّفُ نَفْسًا إِلَّا وُسْعَهَا أُولَٰئِكَ أَصْحَابُ الْجَنَّةِ ۖ هُمْ فِيهَا خَالِدُونَ (42)
А тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела – Ние никого не задолжуваме над неговите можности – ќе бидат жители на џеннетот, во него вечно ќе останат
وَنَزَعْنَا مَا فِي صُدُورِهِم مِّنْ غِلٍّ تَجْرِي مِن تَحْتِهِمُ الْأَنْهَارُ ۖ وَقَالُوا الْحَمْدُ لِلَّهِ الَّذِي هَدَانَا لِهَٰذَا وَمَا كُنَّا لِنَهْتَدِيَ لَوْلَا أَنْ هَدَانَا اللَّهُ ۖ لَقَدْ جَاءَتْ رُسُلُ رَبِّنَا بِالْحَقِّ ۖ وَنُودُوا أَن تِلْكُمُ الْجَنَّةُ أُورِثْتُمُوهَا بِمَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ (43)
Од нивните гради злобноста ќе ја отстраниме; пред нив реки ќе течат, и тие ќе велат: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Кој на Вистинскиот пат нè упати; ние не би биле на Вистинскиот пат, да не нè упатеше Аллах, Пратениците на Господарот наш, навистина, вистината ја носеа.“- и на нив ќе им се повика: „Тој џеннет во наследство го добивте за тоа што го правевте!“
وَنَادَىٰ أَصْحَابُ الْجَنَّةِ أَصْحَابَ النَّارِ أَن قَدْ وَجَدْنَا مَا وَعَدَنَا رَبُّنَا حَقًّا فَهَلْ وَجَدتُّم مَّا وَعَدَ رَبُّكُمْ حَقًّا ۖ قَالُوا نَعَمْ ۚ فَأَذَّنَ مُؤَذِّنٌ بَيْنَهُمْ أَن لَّعْنَةُ اللَّهِ عَلَى الظَّالِمِينَ (44)
И жителите на џеннетот ќе ги довикуваат жителите на огнот: „Ние видовме дека е вистинито тоа што Господарот наш ни го вети, дали и вие видовте дека е вистинито тоа со што Господарот ваш ви го вети?“ - „Да!“ – ќе одговорат. А тогаш еден гласник меѓу нив ќе викне:„Аллаховото проклетство нека остане врз насилниците
الَّذِينَ يَصُدُّونَ عَن سَبِيلِ اللَّهِ وَيَبْغُونَهَا عِوَجًا وَهُم بِالْآخِرَةِ كَافِرُونَ (45)
кои од Аллаховиот пат одвраќаа и настојуваа да го искриват, и кои во оној свет не веруваа!“
وَبَيْنَهُمَا حِجَابٌ ۚ وَعَلَى الْأَعْرَافِ رِجَالٌ يَعْرِفُونَ كُلًّا بِسِيمَاهُمْ ۚ وَنَادَوْا أَصْحَابَ الْجَنَّةِ أَن سَلَامٌ عَلَيْكُمْ ۚ لَمْ يَدْخُلُوهَا وَهُمْ يَطْمَعُونَ (46)
Помеѓу нив ќе има бедем, а на врвовите ќе бидат луѓе кои секого по белегот негов ќе го познаат. И тие ќе им викнат на жителите на џеннетот: „Мир со вас!“ – додека сè уште не влегле во него, а едвај ќе чекаат
۞ وَإِذَا صُرِفَتْ أَبْصَارُهُمْ تِلْقَاءَ أَصْحَابِ النَّارِ قَالُوا رَبَّنَا لَا تَجْعَلْنَا مَعَ الْقَوْمِ الظَّالِمِينَ (47)
А кога погледите ќе им се свртат кон жителите на Огнот, ќе извикаат: „Господару наш, не давај ни да бидеме со неправедните луѓе!“
وَنَادَىٰ أَصْحَابُ الْأَعْرَافِ رِجَالًا يَعْرِفُونَهُم بِسِيمَاهُمْ قَالُوا مَا أَغْنَىٰ عَنكُمْ جَمْعُكُمْ وَمَا كُنتُمْ تَسْتَكْبِرُونَ (48)
Тие што ќе бидат по врвовите на бедемот ќе ги повикаат луѓето кои по белезите нивни ќе ги познаат и ќе им кажат: „Не ви користеше вашата бројност и тоа што арогантно се однесувавте?“
أَهَٰؤُلَاءِ الَّذِينَ أَقْسَمْتُمْ لَا يَنَالُهُمُ اللَّهُ بِرَحْمَةٍ ۚ ادْخُلُوا الْجَنَّةَ لَا خَوْفٌ عَلَيْكُمْ وَلَا أَنتُمْ تَحْزَنُونَ (49)
Зарем ова не се тие за кои се колневте дека Аллаховата милост нема да ги стигне? Влезете во џеннетот, никаков страв за вас нема да има и за ништо вие нема да тагувате
وَنَادَىٰ أَصْحَابُ النَّارِ أَصْحَابَ الْجَنَّةِ أَنْ أَفِيضُوا عَلَيْنَا مِنَ الْمَاءِ أَوْ مِمَّا رَزَقَكُمُ اللَّهُ ۚ قَالُوا إِنَّ اللَّهَ حَرَّمَهُمَا عَلَى الْكَافِرِينَ (50)
И жителите на Огнот ќе ги повикуваат жителите на џеннетот: „Пролејте на нас вода или нешто од тоа со што Аллах ве обдарил!“ – а тие ќе кажат: „Аллах тие две работи на неверниците им ги забрани!“
الَّذِينَ اتَّخَذُوا دِينَهُمْ لَهْوًا وَلَعِبًا وَغَرَّتْهُمُ الْحَيَاةُ الدُّنْيَا ۚ فَالْيَوْمَ نَنسَاهُمْ كَمَا نَسُوا لِقَاءَ يَوْمِهِمْ هَٰذَا وَمَا كَانُوا بِآيَاتِنَا يَجْحَدُونَ (51)
Тие накоиверата нивна им беше игра изабава икои животот на Земјата ги измами, сега Ние нив ќе ги заборавиме, како што забораваа дека на овој Ден пред Нас ќе стојат, и затоа што доказите Наши ги негираа
وَلَقَدْ جِئْنَاهُم بِكِتَابٍ فَصَّلْنَاهُ عَلَىٰ عِلْمٍ هُدًى وَرَحْمَةً لِّقَوْمٍ يُؤْمِنُونَ (52)
А Ние на нив Книга им објавуваме, којашто ја објаснивме како што Ние знаеме, да биде патоказ и милост на луѓето кои ќе веруваат
هَلْ يَنظُرُونَ إِلَّا تَأْوِيلَهُ ۚ يَوْمَ يَأْتِي تَأْوِيلُهُ يَقُولُ الَّذِينَ نَسُوهُ مِن قَبْلُ قَدْ جَاءَتْ رُسُلُ رَبِّنَا بِالْحَقِّ فَهَل لَّنَا مِن شُفَعَاءَ فَيَشْفَعُوا لَنَا أَوْ نُرَدُّ فَنَعْمَلَ غَيْرَ الَّذِي كُنَّا نَعْمَلُ ۚ قَدْ خَسِرُوا أَنفُسَهُمْ وَضَلَّ عَنْهُم مَّا كَانُوا يَفْتَرُونَ (53)
Чекаат ли тие да се остварат заканите нејзини? Тој ден кога ќе се остварат, ќе кажат тие што претходно заборавиле: „Пратениците од Господарот наш Вистината ја носеа! Камо да имаме некаков заговорник, па да се заземе за нас или да ни биде дозволено да се вратиме, па да постапуваме поинаку од тоа како што претходно постапувавме!“ Но, тие самите се упропастија, а нема да ги има ни тие што ги измислуваа
إِنَّ رَبَّكُمُ اللَّهُ الَّذِي خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ فِي سِتَّةِ أَيَّامٍ ثُمَّ اسْتَوَىٰ عَلَى الْعَرْشِ يُغْشِي اللَّيْلَ النَّهَارَ يَطْلُبُهُ حَثِيثًا وَالشَّمْسَ وَالْقَمَرَ وَالنُّجُومَ مُسَخَّرَاتٍ بِأَمْرِهِ ۗ أَلَا لَهُ الْخَلْقُ وَالْأَمْرُ ۗ تَبَارَكَ اللَّهُ رَبُّ الْعَالَمِينَ (54)
Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот112 се возвиши. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на Неговата волја. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите
ادْعُوا رَبَّكُمْ تَضَرُّعًا وَخُفْيَةً ۚ إِنَّهُ لَا يُحِبُّ الْمُعْتَدِينَ (55)
Молете Му се понизно и во себе на Господарот свој, Тој, навистина, не ги сака тие што претеруваат
وَلَا تُفْسِدُوا فِي الْأَرْضِ بَعْدَ إِصْلَاحِهَا وَادْعُوهُ خَوْفًا وَطَمَعًا ۚ إِنَّ رَحْمَتَ اللَّهِ قَرِيبٌ مِّنَ الْمُحْسِنِينَ (56)
И не правете неред на Земјата, кога на неа редот е веќе воспоставен, а молете Му се со страв и со надеж; милоста на Аллах е навистина блиску до тие што прават добри дела
وَهُوَ الَّذِي يُرْسِلُ الرِّيَاحَ بُشْرًا بَيْنَ يَدَيْ رَحْمَتِهِ ۖ حَتَّىٰ إِذَا أَقَلَّتْ سَحَابًا ثِقَالًا سُقْنَاهُ لِبَلَدٍ مَّيِّتٍ فَأَنزَلْنَا بِهِ الْمَاءَ فَأَخْرَجْنَا بِهِ مِن كُلِّ الثَّمَرَاتِ ۚ كَذَٰلِكَ نُخْرِجُ الْمَوْتَىٰ لَعَلَّكُمْ تَذَكَّرُونَ (57)
Тој е Тој што ги праќа ветровите како радосна вест на милоста Своја; а кога тие ќе ги понесат тешките облаци, Ние кон мртвиот предел ги потеруваме, па на него дожд спуштаме и правиме со негова помош да израснат разновидни плодови; исто така и мртвите ќе ги оживееме, опаметете се
وَالْبَلَدُ الطَّيِّبُ يَخْرُجُ نَبَاتُهُ بِإِذْنِ رَبِّهِ ۖ وَالَّذِي خَبُثَ لَا يَخْرُجُ إِلَّا نَكِدًا ۚ كَذَٰلِكَ نُصَرِّفُ الْآيَاتِ لِقَوْمٍ يَشْكُرُونَ (58)
Во плодните предели растат растенија со волјата на Господарот нивен, а во неплодните дури со мака. Ете така Ние, на разни начини, им ги повторуваме доказите на луѓето кои забораваат
لَقَدْ أَرْسَلْنَا نُوحًا إِلَىٰ قَوْمِهِ فَقَالَ يَا قَوْمِ اعْبُدُوا اللَّهَ مَا لَكُم مِّنْ إِلَٰهٍ غَيْرُهُ إِنِّي أَخَافُ عَلَيْكُمْ عَذَابَ يَوْمٍ عَظِيمٍ (59)
Ние го испративме Нух на народот негов, па тој им говореше: „О, народе мој, само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Јас навистина стравувам за вас од страданието на Големиот ден!“
قَالَ الْمَلَأُ مِن قَوْمِهِ إِنَّا لَنَرَاكَ فِي ضَلَالٍ مُّبِينٍ (60)
А главешините на народот негов одговараа: „Ние сметаме дека ти си во вистинска заблуда.“
قَالَ يَا قَوْمِ لَيْسَ بِي ضَلَالَةٌ وَلَٰكِنِّي رَسُولٌ مِّن رَّبِّ الْعَالَمِينَ (61)
„О, народе мој,“ – говореше тој - „не сум јас во никаква заблуда, туку сум Пратеник од Господарот на световите
أُبَلِّغُكُمْ رِسَالَاتِ رَبِّي وَأَنصَحُ لَكُمْ وَأَعْلَمُ مِنَ اللَّهِ مَا لَا تَعْلَمُونَ (62)
посланија од Господарот свој ви доставувам и секое добро ви посакувам; а јас од Аллах го знам тоа што вие не го знаете.“
أَوَعَجِبْتُمْ أَن جَاءَكُمْ ذِكْرٌ مِّن رَّبِّكُمْ عَلَىٰ رَجُلٍ مِّنكُمْ لِيُنذِرَكُمْ وَلِتَتَّقُوا وَلَعَلَّكُمْ تُرْحَمُونَ (63)
Зарем ви е чудно што поуката од Господарот ваш ви доаѓа преку човек, еден од вас, да ве опоменува за да се тргнете од гревовите и за да бидете помилувани
فَكَذَّبُوهُ فَأَنجَيْنَاهُ وَالَّذِينَ مَعَهُ فِي الْفُلْكِ وَأَغْرَقْنَا الَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا ۚ إِنَّهُمْ كَانُوا قَوْمًا عَمِينَ (64)
Но, тие залажен го сметаа, пасамо него и тие штобеасонего во бродот ги спасивме, а тие кои во доказите Наши не веруваа ги потопивме! Навистина, тие беа вистински слепци
۞ وَإِلَىٰ عَادٍ أَخَاهُمْ هُودًا ۗ قَالَ يَا قَوْمِ اعْبُدُوا اللَّهَ مَا لَكُم مِّنْ إِلَٰهٍ غَيْرُهُ ۚ أَفَلَا تَتَّقُونَ (65)
А на народот Ад им го испративме нивниот брат Худ113. „О, народе мој,“ - говореше тој - „само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате, зарем не се плашите?“
قَالَ الْمَلَأُ الَّذِينَ كَفَرُوا مِن قَوْمِهِ إِنَّا لَنَرَاكَ فِي سَفَاهَةٍ وَإِنَّا لَنَظُنُّكَ مِنَ الْكَاذِبِينَ (66)
Главешините на народот негов, кои не веруваа, одговараа: „Ние сметаме дека ти си навистина во лудило и ние мислиме дека ти си навистина лажливец.“
قَالَ يَا قَوْمِ لَيْسَ بِي سَفَاهَةٌ وَلَٰكِنِّي رَسُولٌ مِّن رَّبِّ الْعَالَمِينَ (67)
„О, народе мој,“ - говореше тој - „јас не сум луд, туку сум Пратеник од Господарот на световите
أُبَلِّغُكُمْ رِسَالَاتِ رَبِّي وَأَنَا لَكُمْ نَاصِحٌ أَمِينٌ (68)
посланија од Господарот свој ви доставувам, и јас сум ви искрен советник
أَوَعَجِبْتُمْ أَن جَاءَكُمْ ذِكْرٌ مِّن رَّبِّكُمْ عَلَىٰ رَجُلٍ مِّنكُمْ لِيُنذِرَكُمْ ۚ وَاذْكُرُوا إِذْ جَعَلَكُمْ خُلَفَاءَ مِن بَعْدِ قَوْمِ نُوحٍ وَزَادَكُمْ فِي الْخَلْقِ بَسْطَةً ۖ فَاذْكُرُوا آلَاءَ اللَّهِ لَعَلَّكُمْ تُفْلِحُونَ (69)
Зарем ви е чудно што поуката од Господарот ваш ви доаѓа преку човек, еден од вас, за да ве опоменува? Сетете се дека Тој наследници на народот Нухов ве направи и ве создаде крупни по раст. И затоа секогаш нека ви се на ум Аллаховите благодати, за да го постигнете тоа што ќе го посакате.“
قَالُوا أَجِئْتَنَا لِنَعْبُدَ اللَّهَ وَحْدَهُ وَنَذَرَ مَا كَانَ يَعْبُدُ آبَاؤُنَا ۖ فَأْتِنَا بِمَا تَعِدُنَا إِن كُنتَ مِنَ الصَّادِقِينَ (70)
„Зарем ни дојде заради тоа само Аллах да Го обожуваме, а тие кои ги обожуваа нашите предци да ги напуштиме?“ – говореа тие. „Стори нека нè снајде тоа со што ни се закануваш, ако е вистина тоа што го зборуваш!“
قَالَ قَدْ وَقَعَ عَلَيْكُم مِّن رَّبِّكُمْ رِجْسٌ وَغَضَبٌ ۖ أَتُجَادِلُونَنِي فِي أَسْمَاءٍ سَمَّيْتُمُوهَا أَنتُمْ وَآبَاؤُكُم مَّا نَزَّلَ اللَّهُ بِهَا مِن سُلْطَانٍ ۚ فَانتَظِرُوا إِنِّي مَعَكُم مِّنَ الْمُنتَظِرِينَ (71)
„Веќе ве снајде казна и гнев од Господарот ваш!“ - говореше тој. „Зарем со мене да се препирате за некакви имиња кои вие и вашите предци ги измисливте, а за кои Аллах никаков доказ не објавил? Затоа чекајте, и јас со вас ќе чекам!“
فَأَنجَيْنَاهُ وَالَّذِينَ مَعَهُ بِرَحْمَةٍ مِّنَّا وَقَطَعْنَا دَابِرَ الَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا ۖ وَمَا كَانُوا مُؤْمِنِينَ (72)
И Ние од милоста Наша, него и тие што беа со него ги спасивме, а до последен ги истребивме тие кои доказите Наши не ги признаваа и кои не веруваа
وَإِلَىٰ ثَمُودَ أَخَاهُمْ صَالِحًا ۗ قَالَ يَا قَوْمِ اعْبُدُوا اللَّهَ مَا لَكُم مِّنْ إِلَٰهٍ غَيْرُهُ ۖ قَدْ جَاءَتْكُم بَيِّنَةٌ مِّن رَّبِّكُمْ ۖ هَٰذِهِ نَاقَةُ اللَّهِ لَكُمْ آيَةً ۖ فَذَرُوهَا تَأْكُلْ فِي أَرْضِ اللَّهِ ۖ وَلَا تَمَسُّوهَا بِسُوءٍ فَيَأْخُذَكُمْ عَذَابٌ أَلِيمٌ (73)
А на Семуд им го испративме нивниот брат Салих114. „О, народе мој,“ – говореше тој - „само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Еве ви знак од Господарот ваш: оваа Аллахова камила за вас е знак. Пуштете ја нека пасе по Аллаховата земја и не злоставувајте ја, па неиздржливо страдање да ве стигне
وَاذْكُرُوا إِذْ جَعَلَكُمْ خُلَفَاءَ مِن بَعْدِ عَادٍ وَبَوَّأَكُمْ فِي الْأَرْضِ تَتَّخِذُونَ مِن سُهُولِهَا قُصُورًا وَتَنْحِتُونَ الْجِبَالَ بُيُوتًا ۖ فَاذْكُرُوا آلَاءَ اللَّهِ وَلَا تَعْثَوْا فِي الْأَرْضِ مُفْسِدِينَ (74)
И сетете се дека со Негова волја станавте наследници на Ад и дека Тој на Земјата венасели; ворамниците нејзини палати градите, аво брдата куќи клесате. И нека ви се секогаш на ум Аллаховите благодати, и не правете зло по Земјата, правејќи неред!“
قَالَ الْمَلَأُ الَّذِينَ اسْتَكْبَرُوا مِن قَوْمِهِ لِلَّذِينَ اسْتُضْعِفُوا لِمَنْ آمَنَ مِنْهُمْ أَتَعْلَمُونَ أَنَّ صَالِحًا مُّرْسَلٌ مِّن رَّبِّهِ ۚ قَالُوا إِنَّا بِمَا أُرْسِلَ بِهِ مُؤْمِنُونَ (75)
А главешините на народот негов, тие што се вообразија, ги запрашаа угнетените, тие меѓу нив кои веруваа: „Верувате ли вие дека Салих е пратен од Господарот свој?“ - „Ние, навистина, веруваме во сè што е по него објавено.“ – одговорија тие
قَالَ الَّذِينَ اسْتَكْبَرُوا إِنَّا بِالَّذِي آمَنتُم بِهِ كَافِرُونَ (76)
„А ние, навистина, не веруваме во тоа во што вие верувате.“ – рекоа вообразените
فَعَقَرُوا النَّاقَةَ وَعَتَوْا عَنْ أَمْرِ رَبِّهِمْ وَقَالُوا يَا صَالِحُ ائْتِنَا بِمَا تَعِدُنَا إِن كُنتَ مِنَ الْمُرْسَلِينَ (77)
И тие ја заклаа камилата, изаповедта од Господарот свој не ја послушаа и рекоа: „О, Салих, стори да нè снајде тоа со што се закануваш, ако си Пратеник!“
فَأَخَذَتْهُمُ الرَّجْفَةُ فَأَصْبَحُوا فِي دَارِهِمْ جَاثِمِينَ (78)
И страшен потрес ги снајде и тие во земјата своја осамнаа мртви, неподвижни
فَتَوَلَّىٰ عَنْهُمْ وَقَالَ يَا قَوْمِ لَقَدْ أَبْلَغْتُكُمْ رِسَالَةَ رَبِّي وَنَصَحْتُ لَكُمْ وَلَٰكِن لَّا تُحِبُّونَ النَّاصِحِينَ (79)
А тој веќе ги напушти и рече: „О, народе мој, ви го пренесов посланието од Господарот свој и ве опоменував, но вие не ги сакате тие што опоменуваат.“
وَلُوطًا إِذْ قَالَ لِقَوْمِهِ أَتَأْتُونَ الْفَاحِشَةَ مَا سَبَقَكُم بِهَا مِنْ أَحَدٍ مِّنَ الْعَالَمِينَ (80)
И Лут – кога му рече на народот свој: „Зошто правите разврат каков никој пред вас на светот не го чинел
إِنَّكُمْ لَتَأْتُونَ الرِّجَالَ شَهْوَةً مِّن دُونِ النِّسَاءِ ۚ بَلْ أَنتُمْ قَوْمٌ مُّسْرِفُونَ (81)
Вие со страст им приоѓате на машките, наместо на женските. Вие сте народ кој сите граници на злото ги преминува!“
وَمَا كَانَ جَوَابَ قَوْمِهِ إِلَّا أَن قَالُوا أَخْرِجُوهُم مِّن قَرْيَتِكُمْ ۖ إِنَّهُمْ أُنَاسٌ يَتَطَهَّرُونَ (82)
А одговорот на народот негов гласеше: „Истерајте ги од градот ваш, тие се чисти луѓе!“
فَأَنجَيْنَاهُ وَأَهْلَهُ إِلَّا امْرَأَتَهُ كَانَتْ مِنَ الْغَابِرِينَ (83)
И Ние него и семејството негово го спасивме, освен сопругата негова; таа остана со тие кои казната ја искусија
وَأَمْطَرْنَا عَلَيْهِم مَّطَرًا ۖ فَانظُرْ كَيْفَ كَانَ عَاقِبَةُ الْمُجْرِمِينَ (84)
И на нив спуштивме дожд, па погледни како завршија развратниците
وَإِلَىٰ مَدْيَنَ أَخَاهُمْ شُعَيْبًا ۗ قَالَ يَا قَوْمِ اعْبُدُوا اللَّهَ مَا لَكُم مِّنْ إِلَٰهٍ غَيْرُهُ ۖ قَدْ جَاءَتْكُم بَيِّنَةٌ مِّن رَّبِّكُمْ ۖ فَأَوْفُوا الْكَيْلَ وَالْمِيزَانَ وَلَا تَبْخَسُوا النَّاسَ أَشْيَاءَهُمْ وَلَا تُفْسِدُوا فِي الْأَرْضِ بَعْدَ إِصْلَاحِهَا ۚ ذَٰلِكُمْ خَيْرٌ لَّكُمْ إِن كُنتُم مُّؤْمِنِينَ (85)
А на Медјен – нивниот брат Шуајб115. „О, народе мој,“ - говореше тој - „само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Ви доаѓа јасен доказ од Господарот ваш, затоа правилно на литарот и на кантарот мерете и на луѓето работите нивни не кратете им ги, и редот на Земјата не нарушувајте го кога е веќе на неа воспоставен! Тоа е подобро за вас, ако верувате
وَلَا تَقْعُدُوا بِكُلِّ صِرَاطٍ تُوعِدُونَ وَتَصُدُّونَ عَن سَبِيلِ اللَّهِ مَنْ آمَنَ بِهِ وَتَبْغُونَهَا عِوَجًا ۚ وَاذْكُرُوا إِذْ كُنتُمْ قَلِيلًا فَكَثَّرَكُمْ ۖ وَانظُرُوا كَيْفَ كَانَ عَاقِبَةُ الْمُفْسِدِينَ (86)
И не поставувајте заседи на патот, заканувајќи се и одвраќајќи ги од Аллаховиот пат тие што веруваат во Него, сакајќи го лошиот пат. И сетете се дека бевте малкумина и дека Тој ве умножи, а погледнете како завршија тие што правеа неред
وَإِن كَانَ طَائِفَةٌ مِّنكُمْ آمَنُوا بِالَّذِي أُرْسِلْتُ بِهِ وَطَائِفَةٌ لَّمْ يُؤْمِنُوا فَاصْبِرُوا حَتَّىٰ يَحْكُمَ اللَّهُ بَيْنَنَا ۚ وَهُوَ خَيْرُ الْحَاكِمِينَ (87)
Иакоедните одвас веруваат вотоаштоеиспратено помене, а другите не веруваат, па причекајте додека Аллах не ни пресуди, бидејќи Тој е најдобриот судија!“
۞ قَالَ الْمَلَأُ الَّذِينَ اسْتَكْبَرُوا مِن قَوْمِهِ لَنُخْرِجَنَّكَ يَا شُعَيْبُ وَالَّذِينَ آمَنُوا مَعَكَ مِن قَرْيَتِنَا أَوْ لَتَعُودُنَّ فِي مِلَّتِنَا ۚ قَالَ أَوَلَوْ كُنَّا كَارِهِينَ (88)
Главешините на народот негов, тие што беа вообразени, рекоа: „Или безусловно верата наша ќе ја прифатите, или ние, о, Шуајбе, ќе ве истераме од градот наш, и тебе и тие што веруваат со тебе!“ - „Зарем и против нашата волја?“ – рече тој
قَدِ افْتَرَيْنَا عَلَى اللَّهِ كَذِبًا إِنْ عُدْنَا فِي مِلَّتِكُم بَعْدَ إِذْ نَجَّانَا اللَّهُ مِنْهَا ۚ وَمَا يَكُونُ لَنَا أَن نَّعُودَ فِيهَا إِلَّا أَن يَشَاءَ اللَّهُ رَبُّنَا ۚ وَسِعَ رَبُّنَا كُلَّ شَيْءٍ عِلْمًا ۚ عَلَى اللَّهِ تَوَكَّلْنَا ۚ رَبَّنَا افْتَحْ بَيْنَنَا وَبَيْنَ قَوْمِنَا بِالْحَقِّ وَأَنتَ خَيْرُ الْفَاتِحِينَ (89)
„Кога би ја прифатиле верата ваша откако Аллах нè спаси од неа, тогаш, за Аллах би изнеле лага. Ние не треба во неа да се враќаме, тоа не го сака Аллах, Господарот наш. Господарот наш со Своето знаење опфаќа сè; на Аллах се потпираме! Господару наш, Ти пресуди ни нам и на народот наш, Ти си најправедниот судија!“
وَقَالَ الْمَلَأُ الَّذِينَ كَفَرُوا مِن قَوْمِهِ لَئِنِ اتَّبَعْتُمْ شُعَيْبًا إِنَّكُمْ إِذًا لَّخَاسِرُونَ (90)
А главешините на народот негов, неверниците, рекоа: „Ако појдете со Шуајб, сигурно ќе бидете изгубени.“
فَأَخَذَتْهُمُ الرَّجْفَةُ فَأَصْبَحُوا فِي دَارِهِمْ جَاثِمِينَ (91)
И ги снајде потоа страшен потрес и тие осамнаа во земјата своја, мртви, неподвижни
الَّذِينَ كَذَّبُوا شُعَيْبًا كَأَن لَّمْ يَغْنَوْا فِيهَا ۚ الَّذِينَ كَذَّبُوا شُعَيْبًا كَانُوا هُمُ الْخَاسِرِينَ (92)
Тие што го сметаа Шуајб за лажливец – како никогаш во неа да не ни биле; тие што го сметаа Шуајб за лажливец, тие настрадаа
فَتَوَلَّىٰ عَنْهُمْ وَقَالَ يَا قَوْمِ لَقَدْ أَبْلَغْتُكُمْ رِسَالَاتِ رَبِّي وَنَصَحْتُ لَكُمْ ۖ فَكَيْفَ آسَىٰ عَلَىٰ قَوْمٍ كَافِرِينَ (93)
А тој ги напушти и рече: „О, народе мој, ви ги пренесов посланијата од Господарот свој, и ве советував, па зошто да тагувам за народ невернички?!“
وَمَا أَرْسَلْنَا فِي قَرْيَةٍ مِّن نَّبِيٍّ إِلَّا أَخَذْنَا أَهْلَهَا بِالْبَأْسَاءِ وَالضَّرَّاءِ لَعَلَّهُمْ يَضَّرَّعُونَ (94)
И Ние ниеден веровесник во некој град не сме пратиле, а жителите негови со болест и со сиромаштија да не ги казниме за да се покајат
ثُمَّ بَدَّلْنَا مَكَانَ السَّيِّئَةِ الْحَسَنَةَ حَتَّىٰ عَفَوا وَّقَالُوا قَدْ مَسَّ آبَاءَنَا الضَّرَّاءُ وَالسَّرَّاءُ فَأَخَذْنَاهُم بَغْتَةً وَهُمْ لَا يَشْعُرُونَ (95)
А потоа казната со благосостојба би ја замениле сè додека не би се намножиле и рекле: „И нашите предци ги погодувале и жалости и радости!“ – и тогаш, без да претчувствуваат, неочекувано би ги казниле
وَلَوْ أَنَّ أَهْلَ الْقُرَىٰ آمَنُوا وَاتَّقَوْا لَفَتَحْنَا عَلَيْهِم بَرَكَاتٍ مِّنَ السَّمَاءِ وَالْأَرْضِ وَلَٰكِن كَذَّبُوا فَأَخَذْنَاهُم بِمَا كَانُوا يَكْسِبُونَ (96)
А да веруваа жителите на населбите и од гревови да се чуваа, Ние би им праќале благослови и од небо и од земја, но, тие негираа, па ги казнувавме за тоа што го заработуваа
أَفَأَمِنَ أَهْلُ الْقُرَىٰ أَن يَأْتِيَهُم بَأْسُنَا بَيَاتًا وَهُمْ نَائِمُونَ (97)
А зарем жителите на населбите се сигурни дека Нашата казна нема да ги снајде во ноќта додека спијат
أَوَأَمِنَ أَهْلُ الْقُرَىٰ أَن يَأْتِيَهُم بَأْسُنَا ضُحًى وَهُمْ يَلْعَبُونَ (98)
Или, зарем жителите на населбите се сигурни дека Нашата казна нема да ги снајде дење, додека се забавуваат
أَفَأَمِنُوا مَكْرَ اللَّهِ ۚ فَلَا يَأْمَنُ مَكْرَ اللَّهِ إِلَّا الْقَوْمُ الْخَاسِرُونَ (99)
ЗаремтиеможатдабидатсигурниодАллаховатаказна?ОдАллаховата казна не се плаши само народот кому му претстои пропаст
أَوَلَمْ يَهْدِ لِلَّذِينَ يَرِثُونَ الْأَرْضَ مِن بَعْدِ أَهْلِهَا أَن لَّوْ نَشَاءُ أَصَبْنَاهُم بِذُنُوبِهِمْ ۚ وَنَطْبَعُ عَلَىٰ قُلُوبِهِمْ فَهُمْ لَا يَسْمَعُونَ (100)
Зарем не им е јасно на тие што ја наследуваат земјата на претходните жители нејзини дека и нив, ако сакаме, поради гревовите нивни ќе ги казниме и срцата нивни ќе ги запечатиме, па нема да можат да слушнат
تِلْكَ الْقُرَىٰ نَقُصُّ عَلَيْكَ مِنْ أَنبَائِهَا ۚ وَلَقَدْ جَاءَتْهُمْ رُسُلُهُم بِالْبَيِّنَاتِ فَمَا كَانُوا لِيُؤْمِنُوا بِمَا كَذَّبُوا مِن قَبْلُ ۚ كَذَٰلِكَ يَطْبَعُ اللَّهُ عَلَىٰ قُلُوبِ الْكَافِرِينَ (101)
Ние за тие населби ти кажуваме некои од нивните случувања. Пратениците нивни јасни докази им носеа, но тие не сакаа да поверуваат затоа што ниту претходно не веруваа. Ете така Аллах ги запечати срцата на неверниците
وَمَا وَجَدْنَا لِأَكْثَرِهِم مِّنْ عَهْدٍ ۖ وَإِن وَجَدْنَا أَكْثَرَهُمْ لَفَاسِقِينَ (102)
а Ние знаевме дека мнозинството од нив до заветот нема да се придржуваат, и знаевме дека повеќето, навистина, ќе бидат грешници
ثُمَّ بَعَثْنَا مِن بَعْدِهِم مُّوسَىٰ بِآيَاتِنَا إِلَىٰ فِرْعَوْنَ وَمَلَئِهِ فَظَلَمُوا بِهَا ۖ فَانظُرْ كَيْفَ كَانَ عَاقِبَةُ الْمُفْسِدِينَ (103)
Потоа, по нив, го пративме Муса со доказите Наши кај фараонот и кај главешините негови, но тие не поверуваа во нив, па погледни како завршија тие што правеа безредија
وَقَالَ مُوسَىٰ يَا فِرْعَوْنُ إِنِّي رَسُولٌ مِّن رَّبِّ الْعَالَمِينَ (104)
И Муса рече: „О, фараоне, јас сум Пратеник од Господарот на световите
حَقِيقٌ عَلَىٰ أَن لَّا أَقُولَ عَلَى اللَّهِ إِلَّا الْحَقَّ ۚ قَدْ جِئْتُكُم بِبَيِّنَةٍ مِّن رَّبِّكُمْ فَأَرْسِلْ مَعِيَ بَنِي إِسْرَائِيلَ (105)
Должност ми е само вистината да ја кажам за Аллах. Ви донесов јасен доказ од Господарот ваш, затоа пушти ги синовите Израилови да одат со мене!“
قَالَ إِن كُنتَ جِئْتَ بِآيَةٍ فَأْتِ بِهَا إِن كُنتَ مِنَ الصَّادِقِينَ (106)
„Ако си донел некаков доказ“ – рече - „покажи го, ако ја зборуваш вистината.“
فَأَلْقَىٰ عَصَاهُ فَإِذَا هِيَ ثُعْبَانٌ مُّبِينٌ (107)
И тој го фрли својот стап – кога тој, вистинско змииште
وَنَزَعَ يَدَهُ فَإِذَا هِيَ بَيْضَاءُ لِلنَّاظِرِينَ (108)
и ја извади раката своја – таа за присутните стана бела
قَالَ الْمَلَأُ مِن قَوْمِ فِرْعَوْنَ إِنَّ هَٰذَا لَسَاحِرٌ عَلِيمٌ (109)
Главешините на народот фараонов викнаа: „Овој, навистина, е вешт волшебник
يُرِيدُ أَن يُخْرِجَكُم مِّنْ أَرْضِكُمْ ۖ فَمَاذَا تَأْمُرُونَ (110)
тој сака да ве изведе од земјата ваша, па што предлагате?“
قَالُوا أَرْجِهْ وَأَخَاهُ وَأَرْسِلْ فِي الْمَدَائِنِ حَاشِرِينَ (111)
„Задржи го него и братот негов,“ - рекоа - „а прати ги во градовите тие што ќе собираат
يَأْتُوكَ بِكُلِّ سَاحِرٍ عَلِيمٍ (112)
пред тебе сите вешти волшебници ќе ги донесат.“
وَجَاءَ السَّحَرَةُ فِرْعَوْنَ قَالُوا إِنَّ لَنَا لَأَجْرًا إِن كُنَّا نَحْنُ الْغَالِبِينَ (113)
И кај фараонот волшебниците дојдоа. „Дали, навистина, награда ќе добиеме ако бидеме победници?“ – запрашаа
قَالَ نَعَمْ وَإِنَّكُمْ لَمِنَ الْمُقَرَّبِينَ (114)
„Да,“ - рече - „и ќе ми бидете, навистина, блиски.“
قَالُوا يَا مُوسَىٰ إِمَّا أَن تُلْقِيَ وَإِمَّا أَن نَّكُونَ نَحْنُ الْمُلْقِينَ (115)
„О, Муса,“ - рекоа - „сакаш ли ти, или ние ќе фрлиме?“
قَالَ أَلْقُوا ۖ فَلَمَّا أَلْقَوْا سَحَرُوا أَعْيُنَ النَّاسِ وَاسْتَرْهَبُوهُمْ وَجَاءُوا بِسِحْرٍ عَظِيمٍ (116)
„Фрлете вие.“ – рече тој. И кога фрлија тие, очите на луѓето им ги маѓепсаа и многу ги преплашија, и големо волшепство приредија
۞ وَأَوْحَيْنَا إِلَىٰ مُوسَىٰ أَنْ أَلْقِ عَصَاكَ ۖ فَإِذَا هِيَ تَلْقَفُ مَا يَأْفِكُونَ (117)
И Ние му наредивме на Муса: „Фрли го стапот свој!“ – и тој одеднаш го проголта сето тоа со кое тие измамата ја изведоа
فَوَقَعَ الْحَقُّ وَبَطَلَ مَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (118)
И така вистината изби на виделина и се покажа дека беше лажно тоа што тие го приредија
فَغُلِبُوا هُنَالِكَ وَانقَلَبُوا صَاغِرِينَ (119)
и тука тие беа победени и останаа понижени
وَأُلْقِيَ السَّحَرَةُ سَاجِدِينَ (120)
а маѓепсниците се поклонија на сеџда
قَالُوا آمَنَّا بِرَبِّ الْعَالَمِينَ (121)
„Ние веруваме во Господарот на световите!“ – викнаа
رَبِّ مُوسَىٰ وَهَارُونَ (122)
„Господарот на Муса и на Харун!“
قَالَ فِرْعَوْنُ آمَنتُم بِهِ قَبْلَ أَنْ آذَنَ لَكُمْ ۖ إِنَّ هَٰذَا لَمَكْرٌ مَّكَرْتُمُوهُ فِي الْمَدِينَةِ لِتُخْرِجُوا مِنْهَا أَهْلَهَا ۖ فَسَوْفَ تَعْلَمُونَ (123)
„Зарем да му поверувате пред јас да ви дозволам?!“ – викна фараонот. - „Ова е, навистина, измама која во градот ја смисливте за од него жителите негови да ги изведете. Ќе запомните вие
لَأُقَطِّعَنَّ أَيْدِيَكُمْ وَأَرْجُلَكُم مِّنْ خِلَافٍ ثُمَّ لَأُصَلِّبَنَّكُمْ أَجْمَعِينَ (124)
Ќе ви ги исечам вкрстено рацетеваши инозетеваши, сигурно, апотоа сите ќе ве распнам!“
قَالُوا إِنَّا إِلَىٰ رَبِّنَا مُنقَلِبُونَ (125)
А тие рекоа: „Ние, навистина, на нашиот Господар ќе Му се вратиме
وَمَا تَنقِمُ مِنَّا إِلَّا أَنْ آمَنَّا بِآيَاتِ رَبِّنَا لَمَّا جَاءَتْنَا ۚ رَبَّنَا أَفْرِغْ عَلَيْنَا صَبْرًا وَتَوَفَّنَا مُسْلِمِينَ (126)
Ти ни забележуваш само затоа што поверувавме во доказите на Господарот наш кога ни дојдоа. Господару наш, дај ни сила да издржиме и направи да умреме како предани верници!“
وَقَالَ الْمَلَأُ مِن قَوْمِ فِرْعَوْنَ أَتَذَرُ مُوسَىٰ وَقَوْمَهُ لِيُفْسِدُوا فِي الْأَرْضِ وَيَذَرَكَ وَآلِهَتَكَ ۚ قَالَ سَنُقَتِّلُ أَبْنَاءَهُمْ وَنَسْتَحْيِي نِسَاءَهُمْ وَإِنَّا فَوْقَهُمْ قَاهِرُونَ (127)
А главешините од народот фараонов рекоа: „Зарем ќе го оставиш Муса и народот негов во земјата неред да прави и тебе и божествата твои да ги напушти?“ – Тој рече: „Ќе ги убиваме машките деца нивни, а женските живи ќе им ги оставаме; ние, навистина, владееме со нив.“
قَالَ مُوسَىٰ لِقَوْمِهِ اسْتَعِينُوا بِاللَّهِ وَاصْبِرُوا ۖ إِنَّ الْأَرْضَ لِلَّهِ يُورِثُهَا مَن يَشَاءُ مِنْ عِبَادِهِ ۖ وَالْعَاقِبَةُ لِلْمُتَّقِينَ (128)
Муса му рече на народот свој: „Молете Го Аллах да ви помогне и бидете трпеливи, Земјата е Аллахова, Тој ја дава во наследство кому Тој сака од робовите Свои, а убав ќе биде исходот за тие што ќе се плашат од Аллах.“
قَالُوا أُوذِينَا مِن قَبْلِ أَن تَأْتِيَنَا وَمِن بَعْدِ مَا جِئْتَنَا ۚ قَالَ عَسَىٰ رَبُّكُمْ أَن يُهْلِكَ عَدُوَّكُمْ وَيَسْتَخْلِفَكُمْ فِي الْأَرْضِ فَيَنظُرَ كَيْفَ تَعْمَلُونَ (129)
„Злоставувани сме“ – рекоа тие - „пред да ни дојдеш, а и откако ни дојде!“ А Муса рече: „Господарот ваш ќе го уништи непријателот ваш, а вас наследници на Земјата ќе ве направи, за да види како ќе постапите.“
وَلَقَدْ أَخَذْنَا آلَ فِرْعَوْنَ بِالسِّنِينَ وَنَقْصٍ مِّنَ الثَّمَرَاتِ لَعَلَّهُمْ يَذَّكَّرُونَ (130)
И Ние го казнивме народот фараонов со глад и неродни години, за да се опаметат
فَإِذَا جَاءَتْهُمُ الْحَسَنَةُ قَالُوا لَنَا هَٰذِهِ ۖ وَإِن تُصِبْهُمْ سَيِّئَةٌ يَطَّيَّرُوا بِمُوسَىٰ وَمَن مَّعَهُ ۗ أَلَا إِنَّمَا طَائِرُهُمْ عِندَ اللَّهِ وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَهُمْ لَا يَعْلَمُونَ (131)
И кога им беше добро, тие велеа: „Ова го заслуживме.“, а кога ќе ги снајдеше некаква неволја, тие на Муса и на верниците таа неволја ќе им ја препишеа. Но, не! Нивната неволја беше од Аллах, само што повеќето од нив не знаеја
وَقَالُوا مَهْمَا تَأْتِنَا بِهِ مِنْ آيَةٍ لِّتَسْحَرَنَا بِهَا فَمَا نَحْنُ لَكَ بِمُؤْمِنِينَ (132)
И велеа: „Каков доказ и да ни донесеш, и со него да не маѓепсаш, ние нема да ти веруваме!“
فَأَرْسَلْنَا عَلَيْهِمُ الطُّوفَانَ وَالْجَرَادَ وَالْقُمَّلَ وَالضَّفَادِعَ وَالدَّمَ آيَاتٍ مُّفَصَّلَاتٍ فَاسْتَكْبَرُوا وَكَانُوا قَوْمًا مُّجْرِمِينَ (133)
Затоа Ние на нив им испративме и поплави, и скакулци, и вошки, и жаби, и крв – сè јасни знаци, но тие се вообразуваа, тие злосторнички народ беа
وَلَمَّا وَقَعَ عَلَيْهِمُ الرِّجْزُ قَالُوا يَا مُوسَى ادْعُ لَنَا رَبَّكَ بِمَا عَهِدَ عِندَكَ ۖ لَئِن كَشَفْتَ عَنَّا الرِّجْزَ لَنُؤْمِنَنَّ لَكَ وَلَنُرْسِلَنَّ مَعَكَ بَنِي إِسْرَائِيلَ (134)
И кога би ги снашла неволја, би говореле: „О Муса, моли се за нас, на Господарот свој, така како што Тој ти наредил; ако нè ослободиш од неволјата, ние, навистина ќе веруваме и со тебе сигурно синовите Израилови ќе ги пратиме.“
فَلَمَّا كَشَفْنَا عَنْهُمُ الرِّجْزَ إِلَىٰ أَجَلٍ هُم بَالِغُوهُ إِذَا هُمْ يَنكُثُونَ (135)
И откако од неволјата ќе ги ослободевме – до времето до кога им беше одредено да ја издржуваат – тие наеднаш, ветувањето свое го прекршуваа
فَانتَقَمْنَا مِنْهُمْ فَأَغْرَقْنَاهُمْ فِي الْيَمِّ بِأَنَّهُمْ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا وَكَانُوا عَنْهَا غَافِلِينَ (136)
Затоа Ние ги казнивме и во морето ги потопивме, бидејќи знаците Наши ги негираа и кон нив рамнодушни беа
وَأَوْرَثْنَا الْقَوْمَ الَّذِينَ كَانُوا يُسْتَضْعَفُونَ مَشَارِقَ الْأَرْضِ وَمَغَارِبَهَا الَّتِي بَارَكْنَا فِيهَا ۖ وَتَمَّتْ كَلِمَتُ رَبِّكَ الْحُسْنَىٰ عَلَىٰ بَنِي إِسْرَائِيلَ بِمَا صَبَرُوا ۖ وَدَمَّرْنَا مَا كَانَ يَصْنَعُ فِرْعَوْنُ وَقَوْمُهُ وَمَا كَانُوا يَعْرِشُونَ (137)
а на угнетениот народ му ги дадовме во наследство источните изападните краеви наземјата кои ги благословивме, иубавотоветување на Господарот твој кон синовите Израилови беше исполнето затоа што трпеа, а со земја го срамнивме тоа што фараонот и народот негов го изградија и тоа што го кренаа
وَجَاوَزْنَا بِبَنِي إِسْرَائِيلَ الْبَحْرَ فَأَتَوْا عَلَىٰ قَوْمٍ يَعْكُفُونَ عَلَىٰ أَصْنَامٍ لَّهُمْ ۚ قَالُوا يَا مُوسَى اجْعَل لَّنَا إِلَٰهًا كَمَا لَهُمْ آلِهَةٌ ۚ قَالَ إِنَّكُمْ قَوْمٌ تَجْهَلُونَ (138)
И Ние синовите Израилови преку морето ги пренесовме, па тие наидоа на народ кој се клањаше на идолите свои. „О, Муса,“ – рекоа тие - „направи ни и ти нам божество како што и тие имаат божества!“ - „Вие сте, навистина, народ кој нема памет!“ – рече тој
إِنَّ هَٰؤُلَاءِ مُتَبَّرٌ مَّا هُمْ فِيهِ وَبَاطِلٌ مَّا كَانُوا يَعْمَلُونَ (139)
„Навистина ќе биде поништено тоа што го исповедаат и бескорисно ќе им биде тоа што го прават
قَالَ أَغَيْرَ اللَّهِ أَبْغِيكُمْ إِلَٰهًا وَهُوَ فَضَّلَكُمْ عَلَى الْعَالَمِينَ (140)
Тој рече: „Зарем покрај Аллах да ви барам друго божество, а Тој над останатиот свет ве издигна?“
وَإِذْ أَنجَيْنَاكُم مِّنْ آلِ فِرْعَوْنَ يَسُومُونَكُمْ سُوءَ الْعَذَابِ ۖ يُقَتِّلُونَ أَبْنَاءَكُمْ وَيَسْتَحْيُونَ نِسَاءَكُمْ ۚ وَفِي ذَٰلِكُم بَلَاءٌ مِّن رَّبِّكُمْ عَظِيمٌ (141)
И бидејќи Ние од фараоновите луѓе ве спасивме, кои неизмерно ве измачуваа, вашите машки деца ги убиваа, а женските во живот ги оставаа; тоа беше тешко искушение од Господарот ваш
۞ وَوَاعَدْنَا مُوسَىٰ ثَلَاثِينَ لَيْلَةً وَأَتْمَمْنَاهَا بِعَشْرٍ فَتَمَّ مِيقَاتُ رَبِّهِ أَرْبَعِينَ لَيْلَةً ۚ وَقَالَ مُوسَىٰ لِأَخِيهِ هَارُونَ اخْلُفْنِي فِي قَوْمِي وَأَصْلِحْ وَلَا تَتَّبِعْ سَبِيلَ الْمُفْسِدِينَ (142)
Ние одредивме часот на средба со Муса да биде кога ќе се наполнат триесет ноќи, и ги дополнивме со уште десет, па времето кое го одреди Господарот негов се исполни за четириесет ноќи. А Муса му беше рекол на братот свој Харун: „Застапувај ме во народот мој, и воспоставувај ред и не следи ги патиштата на пакосниците!“
وَلَمَّا جَاءَ مُوسَىٰ لِمِيقَاتِنَا وَكَلَّمَهُ رَبُّهُ قَالَ رَبِّ أَرِنِي أَنظُرْ إِلَيْكَ ۚ قَالَ لَن تَرَانِي وَلَٰكِنِ انظُرْ إِلَى الْجَبَلِ فَإِنِ اسْتَقَرَّ مَكَانَهُ فَسَوْفَ تَرَانِي ۚ فَلَمَّا تَجَلَّىٰ رَبُّهُ لِلْجَبَلِ جَعَلَهُ دَكًّا وَخَرَّ مُوسَىٰ صَعِقًا ۚ فَلَمَّا أَفَاقَ قَالَ سُبْحَانَكَ تُبْتُ إِلَيْكَ وَأَنَا أَوَّلُ الْمُؤْمِنِينَ (143)
И кога Муса Ни дојде во одреденото време, и кога Господарот негов му проговори, тој рече: „Господару мој, укажи ми се да Те видам!“ „Не можеш да Ме видиш,“ – рече - „но погледни во планината, па ако таа остане на своето место, ќе Ме видиш!“ И кога Господарот негов на таа планина ѝ се откри, Тој со земја ја срамни, а Муса падна во несвест. Штом се освести, рече: „Возвишен и чист си Ти! Ти се покајувам, јас сум првиот верник!“
قَالَ يَا مُوسَىٰ إِنِّي اصْطَفَيْتُكَ عَلَى النَّاسِ بِرِسَالَاتِي وَبِكَلَامِي فَخُذْ مَا آتَيْتُكَ وَكُن مِّنَ الشَّاكِرِينَ (144)
„О, Муса,“ - рече Тој - „Јас тебе те одликував над останатиот свет со пратеништвото Свое и говорот Свој. Тоа што Ти го давам земи го и благодарен биди!“
وَكَتَبْنَا لَهُ فِي الْأَلْوَاحِ مِن كُلِّ شَيْءٍ مَّوْعِظَةً وَتَفْصِيلًا لِّكُلِّ شَيْءٍ فَخُذْهَا بِقُوَّةٍ وَأْمُرْ قَوْمَكَ يَأْخُذُوا بِأَحْسَنِهَا ۚ سَأُرِيكُمْ دَارَ الْفَاسِقِينَ (145)
И Ние на плочите му напишавме поука за сите, и објаснување за сешто. „Прими ги со одлучност, а на народот свој нареди му да се придржува до најубавото во нив!“ А ќе ви ја покажам и земјата на грешниците
سَأَصْرِفُ عَنْ آيَاتِيَ الَّذِينَ يَتَكَبَّرُونَ فِي الْأَرْضِ بِغَيْرِ الْحَقِّ وَإِن يَرَوْا كُلَّ آيَةٍ لَّا يُؤْمِنُوا بِهَا وَإِن يَرَوْا سَبِيلَ الرُّشْدِ لَا يَتَّخِذُوهُ سَبِيلًا وَإِن يَرَوْا سَبِيلَ الْغَيِّ يَتَّخِذُوهُ سَبِيلًا ۚ ذَٰلِكَ بِأَنَّهُمْ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا وَكَانُوا عَنْهَا غَافِلِينَ (146)
Ќе ги одвратам оддоказите Мои тие коина Земјата без никаква основа се арогантни. И каков било доказ да видат, тие нема да веруваат; и ако го видат Вистинскиот пат - нема да го прифатат, а ако го видат погрешниот пат - како пат ќе го прифатат. Тоа е затоа што доказите Наши ги негираат и затоа што се рамнодушни кон нив
وَالَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا وَلِقَاءِ الْآخِرَةِ حَبِطَتْ أَعْمَالُهُمْ ۚ هَلْ يُجْزَوْنَ إِلَّا مَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (147)
А на тие што ги негираат доказите Наши и средбата на оној свет, делата ќе им бидат поништени. Зарем ќе бидат поинаку казнети од тоа што го правеа
وَاتَّخَذَ قَوْمُ مُوسَىٰ مِن بَعْدِهِ مِنْ حُلِيِّهِمْ عِجْلًا جَسَدًا لَّهُ خُوَارٌ ۚ أَلَمْ يَرَوْا أَنَّهُ لَا يُكَلِّمُهُمْ وَلَا يَهْدِيهِمْ سَبِيلًا ۘ اتَّخَذُوهُ وَكَانُوا ظَالِمِينَ (148)
И народот на Муса, по неговото заминување, од накитот свој направи кип на теле кое рикаше. Зарем не видоа дека тоа не им зборува и дека по Вистинскиот пат не ги води? Тие го прифатија и станаа злосторници
وَلَمَّا سُقِطَ فِي أَيْدِيهِمْ وَرَأَوْا أَنَّهُمْ قَدْ ضَلُّوا قَالُوا لَئِن لَّمْ يَرْحَمْنَا رَبُّنَا وَيَغْفِرْ لَنَا لَنَكُونَنَّ مِنَ الْخَاسِرِينَ (149)
И бидејќи потоа горко се покајаа и увидоа дека се во заблуда, тие рекоа: „Ако Господарот наш не ни се смилува и ако не ни прости, навистина, ќе бидеме изгубени!“
وَلَمَّا رَجَعَ مُوسَىٰ إِلَىٰ قَوْمِهِ غَضْبَانَ أَسِفًا قَالَ بِئْسَمَا خَلَفْتُمُونِي مِن بَعْدِي ۖ أَعَجِلْتُمْ أَمْرَ رَبِّكُمْ ۖ وَأَلْقَى الْأَلْوَاحَ وَأَخَذَ بِرَأْسِ أَخِيهِ يَجُرُّهُ إِلَيْهِ ۚ قَالَ ابْنَ أُمَّ إِنَّ الْقَوْمَ اسْتَضْعَفُونِي وَكَادُوا يَقْتُلُونَنِي فَلَا تُشْمِتْ بِيَ الْأَعْدَاءَ وَلَا تَجْعَلْنِي مَعَ الْقَوْمِ الظَّالِمِينَ (150)
А кога Муса гневен и натажен кај народот свој се врати, повика: „Како ли толку лошо по моето заминување постапувавте! Ја забрзавте ли наредбата од Господарот свој?“ – и ги фрли плочите, и својот брат за коса го фати и почна да го влече кон себе. „О, сине на мојата мајка,“ - рече Харун - „народот не ми беше послушен и за малку не ме уби; немој да ми се осветуваат непријателите и не вбројувај ме мене во неправедниот народ.“
قَالَ رَبِّ اغْفِرْ لِي وَلِأَخِي وَأَدْخِلْنَا فِي رَحْمَتِكَ ۖ وَأَنتَ أَرْحَمُ الرَّاحِمِينَ (151)
„Господару мој,“ - замоли Муса - „прости ми мене и на братот мој и стори да бидеме под закрилата на Твојата милост, Ти си од милостивите, Најмилостивиот!“
إِنَّ الَّذِينَ اتَّخَذُوا الْعِجْلَ سَيَنَالُهُمْ غَضَبٌ مِّن رَّبِّهِمْ وَذِلَّةٌ فِي الْحَيَاةِ الدُّنْيَا ۚ وَكَذَٰلِكَ نَجْزِي الْمُفْتَرِينَ (152)
Тие што го прифатија телето ќе ги стигне гневот од Господарот нивен и понижување уште на овој свет; така Ние ги казнуваме тие што смислуваат лаги
وَالَّذِينَ عَمِلُوا السَّيِّئَاتِ ثُمَّ تَابُوا مِن بَعْدِهَا وَآمَنُوا إِنَّ رَبَّكَ مِن بَعْدِهَا لَغَفُورٌ رَّحِيمٌ (153)
А тие што прават лоши дела, а потоа ќе се покајат и верници ќе станат, Господарот Твој, потоа, сигурно ќе им прости и Милостив ќе биде
وَلَمَّا سَكَتَ عَن مُّوسَى الْغَضَبُ أَخَذَ الْأَلْوَاحَ ۖ وَفِي نُسْخَتِهَا هُدًى وَرَحْمَةٌ لِّلَّذِينَ هُمْ لِرَبِّهِمْ يَرْهَبُونَ (154)
А кога на Муса гневот му мина, тој ги зеде плочите на кои беше испишано упатството за Вистинскиот пат и милоста за тие што од Господарот свој се плашат
وَاخْتَارَ مُوسَىٰ قَوْمَهُ سَبْعِينَ رَجُلًا لِّمِيقَاتِنَا ۖ فَلَمَّا أَخَذَتْهُمُ الرَّجْفَةُ قَالَ رَبِّ لَوْ شِئْتَ أَهْلَكْتَهُم مِّن قَبْلُ وَإِيَّايَ ۖ أَتُهْلِكُنَا بِمَا فَعَلَ السُّفَهَاءُ مِنَّا ۖ إِنْ هِيَ إِلَّا فِتْنَتُكَ تُضِلُّ بِهَا مَن تَشَاءُ وَتَهْدِي مَن تَشَاءُ ۖ أَنتَ وَلِيُّنَا فَاغْفِرْ لَنَا وَارْحَمْنَا ۖ وَأَنتَ خَيْرُ الْغَافِرِينَ (155)
И Муса одбра од својот народ седумдесет луѓе за во одредено време да застанат пред Нас. А кога ги снајде потрес, тој рече: „Господару мој, да сакаше, можеше и мене и нив да нè уништиш уште претходно. Зарем да нè уништиш поради тоа што го сторија безумниците наши? Тоа е само искушение Твое со кое Ти во заблуда оставаш кого сакаш, а кому сакаш, на Вистинскиот пат му укажуваш; Ти си нашиот Господар, па прости ни и смилувај ни се! А Ти си најдобриот Простувач
۞ وَاكْتُبْ لَنَا فِي هَٰذِهِ الدُّنْيَا حَسَنَةً وَفِي الْآخِرَةِ إِنَّا هُدْنَا إِلَيْكَ ۚ قَالَ عَذَابِي أُصِيبُ بِهِ مَنْ أَشَاءُ ۖ وَرَحْمَتِي وَسِعَتْ كُلَّ شَيْءٍ ۚ فَسَأَكْتُبُهَا لِلَّذِينَ يَتَّقُونَ وَيُؤْتُونَ الزَّكَاةَ وَالَّذِينَ هُم بِآيَاتِنَا يُؤْمِنُونَ (156)
И досуди ни добро на овој свет и на оној свет – ние, навистина, Тебе Ти се враќаме!“ „Со казната Своја Јас казнувам кого сакам,“ – рече Тој – „а милоста Моја опфаќа сè; ќе ја дадам на тие кои од гревовите ќе се чуваат и зекат ќе даваат, и на тие кои во доказите Наши ќе веруваат
الَّذِينَ يَتَّبِعُونَ الرَّسُولَ النَّبِيَّ الْأُمِّيَّ الَّذِي يَجِدُونَهُ مَكْتُوبًا عِندَهُمْ فِي التَّوْرَاةِ وَالْإِنجِيلِ يَأْمُرُهُم بِالْمَعْرُوفِ وَيَنْهَاهُمْ عَنِ الْمُنكَرِ وَيُحِلُّ لَهُمُ الطَّيِّبَاتِ وَيُحَرِّمُ عَلَيْهِمُ الْخَبَائِثَ وَيَضَعُ عَنْهُمْ إِصْرَهُمْ وَالْأَغْلَالَ الَّتِي كَانَتْ عَلَيْهِمْ ۚ فَالَّذِينَ آمَنُوا بِهِ وَعَزَّرُوهُ وَنَصَرُوهُ وَاتَّبَعُوا النُّورَ الَّذِي أُنزِلَ مَعَهُ ۙ أُولَٰئِكَ هُمُ الْمُفْلِحُونَ (157)
на тие кои ќе го следат Пратеникот, веровесник, кој нема да знае ни да чита, ниту да пишува, кој тие кај себе, во Тевратот и Инџилот, запишан го наоѓаат, кој од нив ќе бара да прават добри дела, а од лошите ќе ги одвраќа, кој убавата храна ќе им ја дозволи, а лошата ќе им ја забрани, кој од товарот и тешкотиите кои тие ги имаа ќе ги ослободи. Затоа, тие кои во него ќе веруваат, кои ќе го поддржуваат и ќе го помагаат и светлото по него пратено ќе го следат – ќе го постигнат тоа што ќе го сакаат!“
قُلْ يَا أَيُّهَا النَّاسُ إِنِّي رَسُولُ اللَّهِ إِلَيْكُمْ جَمِيعًا الَّذِي لَهُ مُلْكُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۖ لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ يُحْيِي وَيُمِيتُ ۖ فَآمِنُوا بِاللَّهِ وَرَسُولِهِ النَّبِيِّ الْأُمِّيِّ الَّذِي يُؤْمِنُ بِاللَّهِ وَكَلِمَاتِهِ وَاتَّبِعُوهُ لَعَلَّكُمْ تَهْتَدُونَ (158)
Кажи: „О, луѓе, јас сум ви на сите вас Аллахов Пратеник, Неговата власт е и на небесата и на Земјата; нема друг бог освен Него, Тој дава живот и смрт, и затоа верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов, веровесникот, кој не знае да чита и да пишува, кој верува во Аллах и во зборовите Негови; следете го него, за да бидете упатени
وَمِن قَوْمِ مُوسَىٰ أُمَّةٌ يَهْدُونَ بِالْحَقِّ وَبِهِ يَعْدِلُونَ (159)
Во народот на Муса има луѓе кои упатуваат кон вистината и кои според неа праведно судат
وَقَطَّعْنَاهُمُ اثْنَتَيْ عَشْرَةَ أَسْبَاطًا أُمَمًا ۚ وَأَوْحَيْنَا إِلَىٰ مُوسَىٰ إِذِ اسْتَسْقَاهُ قَوْمُهُ أَنِ اضْرِب بِّعَصَاكَ الْحَجَرَ ۖ فَانبَجَسَتْ مِنْهُ اثْنَتَا عَشْرَةَ عَيْنًا ۖ قَدْ عَلِمَ كُلُّ أُنَاسٍ مَّشْرَبَهُمْ ۚ وَظَلَّلْنَا عَلَيْهِمُ الْغَمَامَ وَأَنزَلْنَا عَلَيْهِمُ الْمَنَّ وَالسَّلْوَىٰ ۖ كُلُوا مِن طَيِّبَاتِ مَا رَزَقْنَاكُمْ ۚ وَمَا ظَلَمُونَا وَلَٰكِن كَانُوا أَنفُسَهُمْ يَظْلِمُونَ (160)
И Ние на дванаесет племиња ги поделивме, и на Муса му објавивме, кога народот негов вода му побара: „Удри со стапот свој по карпата!“ – и од неа дванаесет извори протекоа, секое племе го знаеше изворот од кој ќе пие. И Ние од облаците ладовина им правевме и мана и потполошки им дававме: „Јадете од убавите работи со кои ве снабдуваме!“ Тие не Ни сторија неправда Нам, туку самите кон себе беа неправедни
وَإِذْ قِيلَ لَهُمُ اسْكُنُوا هَٰذِهِ الْقَرْيَةَ وَكُلُوا مِنْهَا حَيْثُ شِئْتُمْ وَقُولُوا حِطَّةٌ وَادْخُلُوا الْبَابَ سُجَّدًا نَّغْفِرْ لَكُمْ خَطِيئَاتِكُمْ ۚ سَنَزِيدُ الْمُحْسِنِينَ (161)
А кога им беше речено: „Влезете во овој град и јадете колку што сакате; влезете низ портата со поклонение и кажете: ,Прошка!‘, па ќе ви ги простиме гревовите ваши, а на тие што прават добри дела ќе им дадеме и повеќе од тоа.“
فَبَدَّلَ الَّذِينَ ظَلَمُوا مِنْهُمْ قَوْلًا غَيْرَ الَّذِي قِيلَ لَهُمْ فَأَرْسَلْنَا عَلَيْهِمْ رِجْزًا مِّنَ السَّمَاءِ بِمَا كَانُوا يَظْلِمُونَ (162)
Тогаш неправедните го заменија со друг Зборот кој им беше даден, па Ние нанеправедните казна однебото им спуштивме, затоашто грешеа
وَاسْأَلْهُمْ عَنِ الْقَرْيَةِ الَّتِي كَانَتْ حَاضِرَةَ الْبَحْرِ إِذْ يَعْدُونَ فِي السَّبْتِ إِذْ تَأْتِيهِمْ حِيتَانُهُمْ يَوْمَ سَبْتِهِمْ شُرَّعًا وَيَوْمَ لَا يَسْبِتُونَ ۙ لَا تَأْتِيهِمْ ۚ كَذَٰلِكَ نَبْلُوهُم بِمَا كَانُوا يَفْسُقُونَ (163)
И прашај ги за градот кој се наоѓаше покрај морето кога прописите за саботата ги кршеа; кога рибите, пред очите нивни им доаѓаа додека саботата ја празнуваа, а кога не празнуваа, тие не им доаѓаа. Ете, така во искушение ги воведувавме затоа што постојано грешеа
وَإِذْ قَالَتْ أُمَّةٌ مِّنْهُمْ لِمَ تَعِظُونَ قَوْمًا ۙ اللَّهُ مُهْلِكُهُمْ أَوْ مُعَذِّبُهُمْ عَذَابًا شَدِيدًا ۖ قَالُوا مَعْذِرَةً إِلَىٰ رَبِّكُمْ وَلَعَلَّهُمْ يَتَّقُونَ (164)
А кога некои од нив рекоа: „Зошто опоменувате народ кој Аллах ќе го уништи или со тешки маки ќе го измачи?“ – тие одговорија: „За да се оправдаме пред Господарот ваш и за тие да се оттргнат од гревовите.“
فَلَمَّا نَسُوا مَا ذُكِّرُوا بِهِ أَنجَيْنَا الَّذِينَ يَنْهَوْنَ عَنِ السُّوءِ وَأَخَذْنَا الَّذِينَ ظَلَمُوا بِعَذَابٍ بَئِيسٍ بِمَا كَانُوا يَفْسُقُونَ (165)
И кога го заборавија тоа со што беа опоменувани, Ние ги избавивме тие што одвраќаа од лошите дела, а со тешка казна ги казнивме насилниците, затоа што постојано беа во грев
فَلَمَّا عَتَوْا عَن مَّا نُهُوا عَنْهُ قُلْنَا لَهُمْ كُونُوا قِرَدَةً خَاسِئِينَ (166)
И бидејќи тие дрско одбија да го остават тоа што им се забрануваше, Ние им рековме: „Станете мајмуни презрени!“
وَإِذْ تَأَذَّنَ رَبُّكَ لَيَبْعَثَنَّ عَلَيْهِمْ إِلَىٰ يَوْمِ الْقِيَامَةِ مَن يَسُومُهُمْ سُوءَ الْعَذَابِ ۗ إِنَّ رَبَّكَ لَسَرِيعُ الْعِقَابِ ۖ وَإِنَّهُ لَغَفُورٌ رَّحِيمٌ (167)
И Господарот твој обзнани дека сè до Крајот на светот власта над нив ќему ја препушта на некој кој на најлош начин ќе ги угнетува. Господарот твој, навистина, бргу казнува, а Тој и простува и Милостив е
وَقَطَّعْنَاهُمْ فِي الْأَرْضِ أُمَمًا ۖ مِّنْهُمُ الصَّالِحُونَ وَمِنْهُمْ دُونَ ذَٰلِكَ ۖ وَبَلَوْنَاهُم بِالْحَسَنَاتِ وَالسَّيِّئَاتِ لَعَلَّهُمْ يَرْجِعُونَ (168)
И Ние како народи по Земјата ги расподеливме: ги има добри, а и од тие што не се; и во добро и во зло ги проверувавме, за да се опаметат
فَخَلَفَ مِن بَعْدِهِمْ خَلْفٌ وَرِثُوا الْكِتَابَ يَأْخُذُونَ عَرَضَ هَٰذَا الْأَدْنَىٰ وَيَقُولُونَ سَيُغْفَرُ لَنَا وَإِن يَأْتِهِمْ عَرَضٌ مِّثْلُهُ يَأْخُذُوهُ ۚ أَلَمْ يُؤْخَذْ عَلَيْهِم مِّيثَاقُ الْكِتَابِ أَن لَّا يَقُولُوا عَلَى اللَّهِ إِلَّا الْحَقَّ وَدَرَسُوا مَا فِيهِ ۗ وَالدَّارُ الْآخِرَةُ خَيْرٌ لِّلَّذِينَ يَتَّقُونَ ۗ أَفَلَا تَعْقِلُونَ (169)
И после нив останаа поколенија кои Книгата ја наследија и кои ги собираа тронките одовој минлив свет, ивелеа: „Ќе ни биде простено!“ А доколку повторно би им паднало во раце такво нешто, повторно тоа би го правеле. Зарем од нив не е земен завет во Книгата дека за Аллах само вистината ќе ја зборуваат, а тие го читаат тоа што е во неа? Оној свет е подобар за тие што се чуваат од гревовите; па зарем нема да се опаметите
وَالَّذِينَ يُمَسِّكُونَ بِالْكِتَابِ وَأَقَامُوا الصَّلَاةَ إِنَّا لَا نُضِيعُ أَجْرَ الْمُصْلِحِينَ (170)
А тие кои кон Книгата цврсто се придржуваат и кои намазот (молитвата) го извршуваат – па, Ние, навистина, нема да допуштиме да им пропадне наградата на тие што прават добри дела
۞ وَإِذْ نَتَقْنَا الْجَبَلَ فَوْقَهُمْ كَأَنَّهُ ظُلَّةٌ وَظَنُّوا أَنَّهُ وَاقِعٌ بِهِمْ خُذُوا مَا آتَيْنَاكُم بِقُوَّةٍ وَاذْكُرُوا مَا فِيهِ لَعَلَّكُمْ تَتَّقُونَ (171)
А кога над нив издигнавме планина, се чинеше како облак, тие беа уверени дека над нив ќе падне. „Прифатете го одлучно тоа што ви го дадовме, и нека ви е на ум тоа што е во него, за да бидете побожни!“
وَإِذْ أَخَذَ رَبُّكَ مِن بَنِي آدَمَ مِن ظُهُورِهِمْ ذُرِّيَّتَهُمْ وَأَشْهَدَهُمْ عَلَىٰ أَنفُسِهِمْ أَلَسْتُ بِرَبِّكُمْ ۖ قَالُوا بَلَىٰ ۛ شَهِدْنَا ۛ أَن تَقُولُوا يَوْمَ الْقِيَامَةِ إِنَّا كُنَّا عَنْ هَٰذَا غَافِلِينَ (172)
И кога Господарот твој од ‘рбетите на Адемовите синови го изведе потомството нивно и побара од нив да посведочат против себе: „Зарем Јас не сум Господарот ваш?“ – тие одговараа: „Си, ние сведочиме!“ – и поради тоа на Судниот Ден да не кажете: „Ние за ова ништо не знаевме!“
أَوْ تَقُولُوا إِنَّمَا أَشْرَكَ آبَاؤُنَا مِن قَبْلُ وَكُنَّا ذُرِّيَّةً مِّن بَعْدِهِمْ ۖ أَفَتُهْلِكُنَا بِمَا فَعَلَ الْمُبْطِلُونَ (173)
Или да не кажете: „Нашите предци пред нас, други на Аллах Му здружуваа, а ние сме поколение по нив. Зарем ќе нè казниш за тоа што лажливците го правеа?“
وَكَذَٰلِكَ نُفَصِّلُ الْآيَاتِ وَلَعَلَّهُمْ يَرْجِعُونَ (174)
И ете така Ние опширно ги изнесуваме доказите, за тие да дојдат при себе
وَاتْلُ عَلَيْهِمْ نَبَأَ الَّذِي آتَيْنَاهُ آيَاتِنَا فَانسَلَخَ مِنْهَا فَأَتْبَعَهُ الشَّيْطَانُ فَكَانَ مِنَ الْغَاوِينَ (175)
И кажи им ја веста за тој кому доказите Наши му ги дадовме, а кој од нив се оддалечи, па шејтанот го стигна и тој заталка
وَلَوْ شِئْنَا لَرَفَعْنَاهُ بِهَا وَلَٰكِنَّهُ أَخْلَدَ إِلَى الْأَرْضِ وَاتَّبَعَ هَوَاهُ ۚ فَمَثَلُهُ كَمَثَلِ الْكَلْبِ إِن تَحْمِلْ عَلَيْهِ يَلْهَثْ أَوْ تَتْرُكْهُ يَلْهَث ۚ ذَّٰلِكَ مَثَلُ الْقَوْمِ الَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا ۚ فَاقْصُصِ الْقَصَصَ لَعَلَّهُمْ يَتَفَكَّرُونَ (176)
А да сакавме, можевме со нив да го воздигнеме, но тој на овој свет му се приклони и по својата страст тргна. Неговиот случај е случајот на песот: ако го избркаш, тој со испружен јазик бревта, а ако го оставиш, тој пак бревта. Такви се луѓето кои доказите Наши ги сметаат за лажни; затоа, кажувај ги настаните за тие да размислат
سَاءَ مَثَلًا الْقَوْمُ الَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا وَأَنفُسَهُمْ كَانُوا يَظْلِمُونَ (177)
Лош пример се луѓето кои не ги признаваат Нашите докази, тие самите себеси си прават насилство
مَن يَهْدِ اللَّهُ فَهُوَ الْمُهْتَدِي ۖ وَمَن يُضْلِلْ فَأُولَٰئِكَ هُمُ الْخَاسِرُونَ (178)
На кого Аллах ќе му укаже на Вистинскиот пат - ќе биде на Вистинскиот пат, а кого ќе остави во заблуда - тој ќе биде изгубен
وَلَقَدْ ذَرَأْنَا لِجَهَنَّمَ كَثِيرًا مِّنَ الْجِنِّ وَالْإِنسِ ۖ لَهُمْ قُلُوبٌ لَّا يَفْقَهُونَ بِهَا وَلَهُمْ أَعْيُنٌ لَّا يُبْصِرُونَ بِهَا وَلَهُمْ آذَانٌ لَّا يَسْمَعُونَ بِهَا ۚ أُولَٰئِكَ كَالْأَنْعَامِ بَلْ هُمْ أَضَلُّ ۚ أُولَٰئِكَ هُمُ الْغَافِلُونَ (179)
Ние создадовме многу џинни и луѓе за во џехеннемот; тие срца имаат - но со нив не сфаќаат, тие очи имаат – но со нив не гледаат, тие уши имаат – но со нив не слушаат; тие се како добитокот, дури и полоши - тие навистина се немарни
وَلِلَّهِ الْأَسْمَاءُ الْحُسْنَىٰ فَادْعُوهُ بِهَا ۖ وَذَرُوا الَّذِينَ يُلْحِدُونَ فِي أَسْمَائِهِ ۚ سَيُجْزَوْنَ مَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (180)
На Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и повикувајте Го со нив, и тргнете се од тие што ги искривуваат Неговите имиња - како ќе прават, така ќе бидат казнети
وَمِمَّنْ خَلَقْنَا أُمَّةٌ يَهْدُونَ بِالْحَقِّ وَبِهِ يَعْدِلُونَ (181)
А меѓу тие што ги создаваме има луѓе коишто другите ги упатуваат кон вистината и кои спрема неа праведно судат
وَالَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا سَنَسْتَدْرِجُهُم مِّنْ حَيْثُ لَا يَعْلَمُونَ (182)
А тие што Нашите зборови ќе ги негираат, Ние малку по малку, а да не ни знаат, во пропаст ќе ги водиме
وَأُمْلِي لَهُمْ ۚ إِنَّ كَيْدِي مَتِينٌ (183)
И ќе им давам време; итрината Моја е навистина жестока
أَوَلَمْ يَتَفَكَّرُوا ۗ مَا بِصَاحِبِهِم مِّن جِنَّةٍ ۚ إِنْ هُوَ إِلَّا نَذِيرٌ مُّبِينٌ (184)
Па зошто тие не размислат дека Пратеникот што им е пратен на нив не е луд; тој само отворено опоменува
أَوَلَمْ يَنظُرُوا فِي مَلَكُوتِ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَمَا خَلَقَ اللَّهُ مِن شَيْءٍ وَأَنْ عَسَىٰ أَن يَكُونَ قَدِ اقْتَرَبَ أَجَلُهُمْ ۖ فَبِأَيِّ حَدِيثٍ بَعْدَهُ يُؤْمِنُونَ (185)
И зошто тие не размислат за царството на небесата и на Земјата и за сето тоа што Тој го создал, и дека можеби, крајот нивен им се приближил? Па во кои зборови, освен во Куранот, ќе веруваат
مَن يُضْلِلِ اللَّهُ فَلَا هَادِيَ لَهُ ۚ وَيَذَرُهُمْ فِي طُغْيَانِهِمْ يَعْمَهُونَ (186)
Кого Аллах во заблуда ќе остави, никој не може на Вистинскиот пат да го упати! Тој ќе ги остави во неверството свое да талкаат
يَسْأَلُونَكَ عَنِ السَّاعَةِ أَيَّانَ مُرْسَاهَا ۖ قُلْ إِنَّمَا عِلْمُهَا عِندَ رَبِّي ۖ لَا يُجَلِّيهَا لِوَقْتِهَا إِلَّا هُوَ ۚ ثَقُلَتْ فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۚ لَا تَأْتِيكُمْ إِلَّا بَغْتَةً ۗ يَسْأَلُونَكَ كَأَنَّكَ حَفِيٌّ عَنْهَا ۖ قُلْ إِنَّمَا عِلْمُهَا عِندَ اللَّهِ وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَ النَّاسِ لَا يَعْلَمُونَ (187)
Те прашуваат за Крајот на светот: „Кога ќе се случи?“ Кажи: „Тоа го знае само Господарот мој, Тој во неговото време ќе го открие, а тежок ќе им биде на небесата и на Земјата, сосема неочекувано ќе ви дојде.“ Те прашуваат како да знаеш нешто за тоа? Кажи: „Тоа само Аллах го знае, но повеќето луѓе тоа не го знаат.“
قُل لَّا أَمْلِكُ لِنَفْسِي نَفْعًا وَلَا ضَرًّا إِلَّا مَا شَاءَ اللَّهُ ۚ وَلَوْ كُنتُ أَعْلَمُ الْغَيْبَ لَاسْتَكْثَرْتُ مِنَ الْخَيْرِ وَمَا مَسَّنِيَ السُّوءُ ۚ إِنْ أَنَا إِلَّا نَذِيرٌ وَبَشِيرٌ لِّقَوْمٍ يُؤْمِنُونَ (188)
Кажи: „Јас неможам ни насамиот себеси некаква корист да си сторам, ниту од себеси некаква штета да тргнам; се случува така како што сака Аллах. А да го познавам невидливото, ќе стекнев многу добра, а злото ќе беше далеку од мене; јас само ги донесувам опомените и радосните вести на луѓето кои веруваат
۞ هُوَ الَّذِي خَلَقَكُم مِّن نَّفْسٍ وَاحِدَةٍ وَجَعَلَ مِنْهَا زَوْجَهَا لِيَسْكُنَ إِلَيْهَا ۖ فَلَمَّا تَغَشَّاهَا حَمَلَتْ حَمْلًا خَفِيفًا فَمَرَّتْ بِهِ ۖ فَلَمَّا أَثْقَلَت دَّعَوَا اللَّهَ رَبَّهُمَا لَئِنْ آتَيْتَنَا صَالِحًا لَّنَكُونَنَّ مِنَ الشَّاكِرِينَ (189)
Тој е Оној што од еден човек ве создава, а од него сопругата негова ја создаде за покрај неа да се смири. И кога тој имаше однос со неа, таа лесно бреме занесе и го носеше; а кога тоа ѝ отежна, тие двајца Го замолија Аллах, Господарот свој: „Ако ни подариш здрав потомок, ќе ти бидеме, навистина, благодарни!“
فَلَمَّا آتَاهُمَا صَالِحًا جَعَلَا لَهُ شُرَكَاءَ فِيمَا آتَاهُمَا ۚ فَتَعَالَى اللَّهُ عَمَّا يُشْرِكُونَ (190)
И кога Тој здрав потомок им подари, и двајцата изедначија други со Него во тоа што Тој им го дава, а Аллах е многу високо над тие кои Му ги здружуваат
أَيُشْرِكُونَ مَا لَا يَخْلُقُ شَيْئًا وَهُمْ يُخْلَقُونَ (191)
Зарем да Му ги здружуваат тие коишто не можат ништо да создадат, а и самите се создадени
وَلَا يَسْتَطِيعُونَ لَهُمْ نَصْرًا وَلَا أَنفُسَهُمْ يَنصُرُونَ (192)
и коишто не можат да им помогнат, ниту можат да си помогнат на себеси
وَإِن تَدْعُوهُمْ إِلَى الْهُدَىٰ لَا يَتَّبِعُوكُمْ ۚ سَوَاءٌ عَلَيْكُمْ أَدَعَوْتُمُوهُمْ أَمْ أَنتُمْ صَامِتُونَ (193)
А ако ги замолите на Вистинскиот пат да ве упатат, нема да ви се одѕвијат; исто е дали ги повикувате или молчите
إِنَّ الَّذِينَ تَدْعُونَ مِن دُونِ اللَّهِ عِبَادٌ أَمْثَالُكُمْ ۖ فَادْعُوهُمْ فَلْيَسْتَجِيبُوا لَكُمْ إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ (194)
Тие на кои, покрај Аллах, им се молите, навистина се робови како и вие. Па молете ги и нека ви се одѕвијат ако ја зборувате вистина
أَلَهُمْ أَرْجُلٌ يَمْشُونَ بِهَا ۖ أَمْ لَهُمْ أَيْدٍ يَبْطِشُونَ بِهَا ۖ أَمْ لَهُمْ أَعْيُنٌ يُبْصِرُونَ بِهَا ۖ أَمْ لَهُمْ آذَانٌ يَسْمَعُونَ بِهَا ۗ قُلِ ادْعُوا شُرَكَاءَكُمْ ثُمَّ كِيدُونِ فَلَا تُنظِرُونِ (195)
Имаат ли тие нозе со нив да одат или раце со нив да фаќаат, имаат ли тие очи со нив да гледаат или уши со нив да чујат? Кажи: „Повикајте ги божествата ваши, па против мене каква сакате итрина смислете и не одолговлекувајте
إِنَّ وَلِيِّيَ اللَّهُ الَّذِي نَزَّلَ الْكِتَابَ ۖ وَهُوَ يَتَوَلَّى الصَّالِحِينَ (196)
мој заштитник е Аллах, Кој Книгата ја објавува и Тој за добрите се грижи.“
وَالَّذِينَ تَدْعُونَ مِن دُونِهِ لَا يَسْتَطِيعُونَ نَصْرَكُمْ وَلَا أَنفُسَهُمْ يَنصُرُونَ (197)
А тие на кои вие, покрај Него, им се молите, не можат ни на вас, а ни на себеси да си помогнат
وَإِن تَدْعُوهُمْ إِلَى الْهُدَىٰ لَا يَسْمَعُوا ۖ وَتَرَاهُمْ يَنظُرُونَ إِلَيْكَ وَهُمْ لَا يُبْصِرُونَ (198)
А кога ќе замолите да ве упатат на Вистинскиот пат, тие не слушаат, ги гледаш како да те гледаат, но тие не можат да видат
خُذِ الْعَفْوَ وَأْمُرْ بِالْعُرْفِ وَأَعْرِضْ عَنِ الْجَاهِلِينَ (199)
Ти простувај! Барај да се прават добри дела, а од незналците стој понастрана
وَإِمَّا يَنزَغَنَّكَ مِنَ الشَّيْطَانِ نَزْغٌ فَاسْتَعِذْ بِاللَّهِ ۚ إِنَّهُ سَمِيعٌ عَلِيمٌ (200)
А ако шејтанот настојува да те натера на зло, ти побарај прибежиште кај Аллах, Тој навистина сè слуша и знае
إِنَّ الَّذِينَ اتَّقَوْا إِذَا مَسَّهُمْ طَائِفٌ مِّنَ الشَّيْطَانِ تَذَكَّرُوا فَإِذَا هُم مُّبْصِرُونَ (201)
Тие штосеплашатод Аллах, штомшејтанот ќе ги допре, сепотсетуваат и одеднаш доаѓаат при себе
وَإِخْوَانُهُمْ يَمُدُّونَهُمْ فِي الْغَيِّ ثُمَّ لَا يُقْصِرُونَ (202)
додека пријателите на шејтанот самите шејтани ги поддржуваат во заблудата и тие никако не престануваат
وَإِذَا لَمْ تَأْتِهِم بِآيَةٍ قَالُوا لَوْلَا اجْتَبَيْتَهَا ۚ قُلْ إِنَّمَا أَتَّبِعُ مَا يُوحَىٰ إِلَيَّ مِن رَّبِّي ۚ هَٰذَا بَصَائِرُ مِن رَّبِّكُمْ وَهُدًى وَرَحْمَةٌ لِّقَوْمٍ يُؤْمِنُونَ (203)
Кога нема да им донесеш ниту еден знак, тие велат: „Зошто сам не го измисли?“- Кажи: „Јас го следам само тоа што Господарот мој ми го објавува. Ова се јасни докази од Господарот ваш и упатство и милост за луѓето што веруваат
وَإِذَا قُرِئَ الْقُرْآنُ فَاسْتَمِعُوا لَهُ وَأَنصِتُوا لَعَلَّكُمْ تُرْحَمُونَ (204)
А кога Куранот се рецитира, вие слушајте и молчете за да бидете помилувани“
وَاذْكُر رَّبَّكَ فِي نَفْسِكَ تَضَرُّعًا وَخِيفَةً وَدُونَ الْجَهْرِ مِنَ الْقَوْلِ بِالْغُدُوِّ وَالْآصَالِ وَلَا تَكُن مِّنَ الْغَافِلِينَ (205)
И спомнувај Го Господарот свој наутро и навечер во себе, понизно и со стравопочит и не кревајќи го силно гласот, и не биди немарен
إِنَّ الَّذِينَ عِندَ رَبِّكَ لَا يَسْتَكْبِرُونَ عَنْ عِبَادَتِهِ وَيُسَبِّحُونَهُ وَلَهُ يَسْجُدُونَ ۩ (206)
на тие што Му се блиски на Господарот твој навистина не им е тешко да Го обожуваат; само Него Го фалат и само пред Него со лицето на тло извршуваат сеџда
❮ السورة السابقة السورة التـالية ❯

قراءة المزيد من سور القرآن الكريم :

1- الفاتحة2- البقرة3- آل عمران
4- النساء5- المائدة6- الأنعام
7- الأعراف8- الأنفال9- التوبة
10- يونس11- هود12- يوسف
13- الرعد14- إبراهيم15- الحجر
16- النحل17- الإسراء18- الكهف
19- مريم20- طه21- الأنبياء
22- الحج23- المؤمنون24- النور
25- الفرقان26- الشعراء27- النمل
28- القصص29- العنكبوت30- الروم
31- لقمان32- السجدة33- الأحزاب
34- سبأ35- فاطر36- يس
37- الصافات38- ص39- الزمر
40- غافر41- فصلت42- الشورى
43- الزخرف44- الدخان45- الجاثية
46- الأحقاف47- محمد48- الفتح
49- الحجرات50- ق51- الذاريات
52- الطور53- النجم54- القمر
55- الرحمن56- الواقعة57- الحديد
58- المجادلة59- الحشر60- الممتحنة
61- الصف62- الجمعة63- المنافقون
64- التغابن65- الطلاق66- التحريم
67- الملك68- القلم69- الحاقة
70- المعارج71- نوح72- الجن
73- المزمل74- المدثر75- القيامة
76- الإنسان77- المرسلات78- النبأ
79- النازعات80- عبس81- التكوير
82- الإنفطار83- المطففين84- الانشقاق
85- البروج86- الطارق87- الأعلى
88- الغاشية89- الفجر90- البلد
91- الشمس92- الليل93- الضحى
94- الشرح95- التين96- العلق
97- القدر98- البينة99- الزلزلة
100- العاديات101- القارعة102- التكاثر
103- العصر104- الهمزة105- الفيل
106- قريش107- الماعون108- الكوثر
109- الكافرون110- النصر111- المسد
112- الإخلاص113- الفلق114- الناس