عَمَّ يَتَسَاءَلُونَ (1) За што тие едни со други се прашуваат |
عَنِ النَّبَإِ الْعَظِيمِ (2) За Веста голема |
الَّذِي هُمْ فِيهِ مُخْتَلِفُونَ (3) за којашто тие различни мислења имаат |
كَلَّا سَيَعْلَمُونَ (4) Не треба така, тие ќе дознаат сигурно |
ثُمَّ كَلَّا سَيَعْلَمُونَ (5) И уште еднаш, не треба така, тие ќе дознаат сигурно |
أَلَمْ نَجْعَلِ الْأَرْضَ مِهَادًا (6) Зарем Земјата не ја направивме постела |
وَالْجِبَالَ أَوْتَادًا (7) и планините столбови |
وَخَلَقْنَاكُمْ أَزْوَاجًا (8) и вас како парови ве создадовме |
وَجَعَلْنَا نَوْمَكُمْ سُبَاتًا (9) и сонот ваш за починка го направивме |
وَجَعَلْنَا اللَّيْلَ لِبَاسًا (10) и ноќта како покривка ја дадовме |
وَجَعَلْنَا النَّهَارَ مَعَاشًا (11) и денот за заработување го одредивме |
وَبَنَيْنَا فَوْقَكُمْ سَبْعًا شِدَادًا (12) и над вас седум силни236 соѕидавме |
وَجَعَلْنَا سِرَاجًا وَهَّاجًا (13) и светилка237 што пламти поставивме |
وَأَنزَلْنَا مِنَ الْمُعْصِرَاتِ مَاءً ثَجَّاجًا (14) Ние од облаците обилна вода спуштаме |
لِّنُخْرِجَ بِهِ حَبًّا وَنَبَاتًا (15) и со нејзина помош правиме да растат житото и растенијата |
وَجَنَّاتٍ أَلْفَافًا (16) и градините густи |
إِنَّ يَوْمَ الْفَصْلِ كَانَ مِيقَاتًا (17) Денот суден е навистина веќе одреден |
يَوْمَ يُنفَخُ فِي الصُّورِ فَتَأْتُونَ أَفْوَاجًا (18) Денот кога во рогот ќе дувне, па вие, сè група по група ќе доаѓате |
وَفُتِحَتِ السَّمَاءُ فَكَانَتْ أَبْوَابًا (19) и небото ќе се отвори и многу порти ќе има |
وَسُيِّرَتِ الْجِبَالُ فَكَانَتْ سَرَابًا (20) и планините ќе се здробат и привидение ќе биде |
إِنَّ جَهَنَّمَ كَانَتْ مِرْصَادًا (21) Џехеннемот заседа ќе стане |
لِّلطَّاغِينَ مَآبًا (22) за насилниците место на враќање |
لَّابِثِينَ فِيهَا أَحْقَابًا (23) каде што вечно ќе останат |
لَّا يَذُوقُونَ فِيهَا بَرْدًا وَلَا شَرَابًا (24) во него свежина нема да осетат, ниту пијалак ќе вкусат |
إِلَّا حَمِيمًا وَغَسَّاقًا (25) освен жешка вода и течности |
جَزَاءً وِفَاقًا (26) казна прикладна |
إِنَّهُمْ كَانُوا لَا يَرْجُونَ حِسَابًا (27) Тие не очекуваа дека ќе полагаат сметка |
وَكَذَّبُوا بِآيَاتِنَا كِذَّابًا (28) и доказите Наши претерано ги негираа |
وَكُلَّ شَيْءٍ أَحْصَيْنَاهُ كِتَابًا (29) а Ние сè избројавме и запишавме |
فَذُوقُوا فَلَن نَّزِيدَكُمْ إِلَّا عَذَابًا (30) па трпете, мачењето сè полошо ќе ви го направиме |
إِنَّ لِلْمُتَّقِينَ مَفَازًا (31) А на богобојазните местото на спасот им припаѓа |
حَدَائِقَ وَأَعْنَابًا (32) градини и лозја |
وَكَوَاعِبَ أَتْرَابًا (33) и девици млади, со години исти |
وَكَأْسًا دِهَاقًا (34) и пехари полни |
لَّا يَسْمَعُونَ فِيهَا لَغْوًا وَلَا كِذَّابًا (35) Таму празни приказни и невистини нема да слушаат |
جَزَاءً مِّن رَّبِّكَ عَطَاءً حِسَابًا (36) тоа им е награда од Господарот твој, дар доволен |
رَّبِّ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَمَا بَيْنَهُمَا الرَّحْمَٰنِ ۖ لَا يَمْلِكُونَ مِنْهُ خِطَابًا (37) Господарот на небесата и на Земјата и на тоа што е меѓу нив, Милостивиот, Кому од страв нема да може да Му се прозбори |
يَوْمَ يَقُومُ الرُّوحُ وَالْمَلَائِكَةُ صَفًّا ۖ لَّا يَتَكَلَّمُونَ إِلَّا مَنْ أَذِنَ لَهُ الرَّحْمَٰنُ وَقَالَ صَوَابًا (38) на Денот кога Џибрил и мелеците ќе бидат во редови наредени, кога само оној на кого Милостивиот ќе му дозволи ќе зборува, а вистината ќе ја каже |
ذَٰلِكَ الْيَوْمُ الْحَقُّ ۖ فَمَن شَاءَ اتَّخَذَ إِلَىٰ رَبِّهِ مَآبًا (39) Тоа е Вистинитиот ден, па кој сака, враќањето кон Господарот свој ќе го прифати |
إِنَّا أَنذَرْنَاكُمْ عَذَابًا قَرِيبًا يَوْمَ يَنظُرُ الْمَرْءُ مَا قَدَّمَتْ يَدَاهُ وَيَقُولُ الْكَافِرُ يَا لَيْتَنِي كُنتُ تُرَابًا (40) Ние на блиска казна ве предупредуваме, на Денот во кој човек делата на рацете свои ќе ги види, а неверникот ќе извика: „Камо среќа прашина да останев!“ |