إِذَا جَاءَكَ الْمُنَافِقُونَ قَالُوا نَشْهَدُ إِنَّكَ لَرَسُولُ اللَّهِ ۗ وَاللَّهُ يَعْلَمُ إِنَّكَ لَرَسُولُهُ وَاللَّهُ يَشْهَدُ إِنَّ الْمُنَافِقِينَ لَكَاذِبُونَ (1) Кога лицемерите ти доаѓаат, велат: „Ние тврдиме дека ти навистина си Аллахов Пратеник!“ – И Аллах знае дека ти навистина си Негов Пратеник, а Аллах тврди и дека лицемерите се вистински лажливци |
اتَّخَذُوا أَيْمَانَهُمْ جُنَّةً فَصَدُّوا عَن سَبِيلِ اللَّهِ ۚ إِنَّهُمْ سَاءَ مَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (2) Тие своите заклетви за штит ги земаат, па од Аллаховиот пат одвраќаат. Навистина е лошо како постапуваат |
ذَٰلِكَ بِأَنَّهُمْ آمَنُوا ثُمَّ كَفَرُوا فَطُبِعَ عَلَىٰ قُلُوبِهِمْ فَهُمْ لَا يَفْقَهُونَ (3) Тоа е затоа што беа верници, па станаа неверници, и тогаш срцата им се запечатија, па не сфаќаат |
۞ وَإِذَا رَأَيْتَهُمْ تُعْجِبُكَ أَجْسَامُهُمْ ۖ وَإِن يَقُولُوا تَسْمَعْ لِقَوْلِهِمْ ۖ كَأَنَّهُمْ خُشُبٌ مُّسَنَّدَةٌ ۖ يَحْسَبُونَ كُلَّ صَيْحَةٍ عَلَيْهِمْ ۚ هُمُ الْعَدُوُّ فَاحْذَرْهُمْ ۚ قَاتَلَهُمُ اللَّهُ ۖ أَنَّىٰ يُؤْفَكُونَ (4) Кога ќе ги погледнеш, нивниот изглед те восхитува; а кога ќе проговорат, ти ги слушаш зборовите нивни – но, тие се како потпрени шупливи трупци, и мислат дека секој повик е против нив. Тие се вистински непријатели, па причувај се од нив! Аллах да ги убие, каде се одметнуваат |
وَإِذَا قِيلَ لَهُمْ تَعَالَوْا يَسْتَغْفِرْ لَكُمْ رَسُولُ اللَّهِ لَوَّوْا رُءُوسَهُمْ وَرَأَيْتَهُمْ يَصُدُّونَ وَهُم مُّسْتَكْبِرُونَ (5) А кога ќе им се каже: „Дојдете, Аллаховиот Пратеник ќе моли да ви се прости.“ – тие главите свои ги тресат и ги гледаш како надмено одбиваат |
سَوَاءٌ عَلَيْهِمْ أَسْتَغْفَرْتَ لَهُمْ أَمْ لَمْ تَسْتَغْفِرْ لَهُمْ لَن يَغْفِرَ اللَّهُ لَهُمْ ۚ إِنَّ اللَّهَ لَا يَهْدِي الْقَوْمَ الْفَاسِقِينَ (6) Сеедно им е – молел ти прошка за нив или не, Аллах навистина нема да им прости, Аллах навистина нема да му укаже на Вистинскиот пат на непослушниот народ |
هُمُ الَّذِينَ يَقُولُونَ لَا تُنفِقُوا عَلَىٰ مَنْ عِندَ رَسُولِ اللَّهِ حَتَّىٰ يَنفَضُّوا ۗ وَلِلَّهِ خَزَائِنُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَلَٰكِنَّ الْمُنَافِقِينَ لَا يَفْقَهُونَ (7) Тие говорат: „Не давајте им ништо на тие што се со Аллаховиот Пратеник, за да го напуштат!“ А ризниците на небесата и на Земјата се Аллахови, но лицемерите не сфаќаат |
يَقُولُونَ لَئِن رَّجَعْنَا إِلَى الْمَدِينَةِ لَيُخْرِجَنَّ الْأَعَزُّ مِنْهَا الْأَذَلَّ ۚ وَلِلَّهِ الْعِزَّةُ وَلِرَسُولِهِ وَلِلْمُؤْمِنِينَ وَلَٰكِنَّ الْمُنَافِقِينَ لَا يَعْلَمُونَ (8) Тие велат: „Ако се вратиме во Медина, сигурно посилниот ќегоистера послабиот од неа!“ А силата е кај Аллах и кај Пратеникот Негов и кај верниците, но лицемерите не знаат |
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا لَا تُلْهِكُمْ أَمْوَالُكُمْ وَلَا أَوْلَادُكُمْ عَن ذِكْرِ اللَّهِ ۚ وَمَن يَفْعَلْ ذَٰلِكَ فَأُولَٰئِكَ هُمُ الْخَاسِرُونَ (9) О, верници, нека не ве занесат богатствата ваши и децата ваши од сеќавањето на Аллах. А тие што ќе го сторат тоа, ќе бидат изгубени |
وَأَنفِقُوا مِن مَّا رَزَقْنَاكُم مِّن قَبْلِ أَن يَأْتِيَ أَحَدَكُمُ الْمَوْتُ فَيَقُولَ رَبِّ لَوْلَا أَخَّرْتَنِي إِلَىٰ أَجَلٍ قَرِيبٍ فَأَصَّدَّقَ وَأَكُن مِّنَ الصَّالِحِينَ (10) Давајте од тоа со што Ние ве снабдуваме пред некому од вас смртта да му дојде, па тогаш да каже: „Господару мој, само уште за кратко време да ја одложиш, па милостина да давам и добар да бидам!“ |
وَلَن يُؤَخِّرَ اللَّهُ نَفْسًا إِذَا جَاءَ أَجَلُهَا ۚ وَاللَّهُ خَبِيرٌ بِمَا تَعْمَلُونَ (11) Аллах сигурно нема да му го одложи на никој кому смртниот час негов ќе му дојде; а Аллах добро го знае тоа што вие го правите |