سَبِّحِ اسْمَ رَبِّكَ الْأَعْلَى (1) Слави го името на Господарот свој Севишен |
الَّذِي خَلَقَ فَسَوَّىٰ (2) Кој сè создава и прави складно |
وَالَّذِي قَدَّرَ فَهَدَىٰ (3) и Кој сè со мера одреди и упати |
وَالَّذِي أَخْرَجَ الْمَرْعَىٰ (4) и Кој прави пасиштата да растат |
فَجَعَلَهُ غُثَاءً أَحْوَىٰ (5) а потоа прави да станат суви, потемнети |
سَنُقْرِئُكَ فَلَا تَنسَىٰ (6) Ние ќе те научиме да учиш, па ништо нема да заборавиш |
إِلَّا مَا شَاءَ اللَّهُ ۚ إِنَّهُ يَعْلَمُ الْجَهْرَ وَمَا يَخْفَىٰ (7) освен тоа што Аллах ќе сака – бидејќи, Тој го знае тоа што јавно го изнесувате и тоа што го криете |
وَنُيَسِّرُكَ لِلْيُسْرَىٰ (8) и сè што е добро Ние тебе достапно ќе ти го направиме |
فَذَكِّرْ إِن نَّفَعَتِ الذِّكْرَىٰ (9) Затоа опоменувај – ако опомената веќе од корист ќе биде |
سَيَذَّكَّرُ مَن يَخْشَىٰ (10) Ќе се одѕвие на опомената тој што се плаши од Аллах |
وَيَتَجَنَّبُهَا الْأَشْقَى (11) а ќе ја избегнува најлошиот |
الَّذِي يَصْلَى النَّارَ الْكُبْرَىٰ (12) кој во огнот голем ќе гори |
ثُمَّ لَا يَمُوتُ فِيهَا وَلَا يَحْيَىٰ (13) па во него нема ниту да умре ниту да живее |
قَدْ أَفْلَحَ مَن تَزَكَّىٰ (14) Ќе го постигне тоа што го сака тој што ќе се исчисти |
وَذَكَرَ اسْمَ رَبِّهِ فَصَلَّىٰ (15) и ќе го спомне името на Господарот свој, па намазот (молитвата) ќе го изврши |
بَلْ تُؤْثِرُونَ الْحَيَاةَ الدُّنْيَا (16) Но, вие на животот од овој свет повеќе му давате предност |
وَالْآخِرَةُ خَيْرٌ وَأَبْقَىٰ (17) а оној свет е подобар и вечен е |
إِنَّ هَٰذَا لَفِي الصُّحُفِ الْأُولَىٰ (18) Ова, навистина, го има во листовите дамнешни |
صُحُفِ إِبْرَاهِيمَ وَمُوسَىٰ (19) во листовите на Ибрахим и на Муса |