يَا أَيُّهَا النَّبِيُّ إِذَا طَلَّقْتُمُ النِّسَاءَ فَطَلِّقُوهُنَّ لِعِدَّتِهِنَّ وَأَحْصُوا الْعِدَّةَ ۖ وَاتَّقُوا اللَّهَ رَبَّكُمْ ۖ لَا تُخْرِجُوهُنَّ مِن بُيُوتِهِنَّ وَلَا يَخْرُجْنَ إِلَّا أَن يَأْتِينَ بِفَاحِشَةٍ مُّبَيِّنَةٍ ۚ وَتِلْكَ حُدُودُ اللَّهِ ۚ وَمَن يَتَعَدَّ حُدُودَ اللَّهِ فَقَدْ ظَلَمَ نَفْسَهُ ۚ لَا تَدْرِي لَعَلَّ اللَّهَ يُحْدِثُ بَعْدَ ذَٰلِكَ أَمْرًا (1) О, Веровеснику, кога ќе сакате да се разведете од сопругите, пуштете ги во времето кога се чисти, а потоа времето што треба да помине бројте го и од Господарот свој, Аллах, плашете се. Не терајте ги од становите нивни, а ни тие нека не излегуваат, освен ако сторат очигледно срамно дело. Тоа се Аллаховите прописи. Тој што ги крши Аллаховите прописи, самиот себеси неправда си чини. Ти не знаеш, Аллах може после тоа да пружи можност за помирување |
فَإِذَا بَلَغْنَ أَجَلَهُنَّ فَأَمْسِكُوهُنَّ بِمَعْرُوفٍ أَوْ فَارِقُوهُنَّ بِمَعْرُوفٍ وَأَشْهِدُوا ذَوَيْ عَدْلٍ مِّنكُمْ وَأَقِيمُوا الشَّهَادَةَ لِلَّهِ ۚ ذَٰلِكُمْ يُوعَظُ بِهِ مَن كَانَ يُؤْمِنُ بِاللَّهِ وَالْيَوْمِ الْآخِرِ ۚ وَمَن يَتَّقِ اللَّهَ يَجْعَل لَّهُ مَخْرَجًا (2) Па кога ќе го достигнат времето на своето чекање, вие или на убав начин задржете ги или великодушно од нив конечно разведете се, и како сведоци двајца ваши праведни луѓе земете, и сведочењето заради Аллах извршете го! Тоа е совет за тој што верува во Аллах и во оној свет – а на тој што се плаши од Аллах, Тој ќе му најде излез |
وَيَرْزُقْهُ مِنْ حَيْثُ لَا يَحْتَسِبُ ۚ وَمَن يَتَوَكَّلْ عَلَى اللَّهِ فَهُوَ حَسْبُهُ ۚ إِنَّ اللَّهَ بَالِغُ أَمْرِهِ ۚ قَدْ جَعَلَ اللَّهُ لِكُلِّ شَيْءٍ قَدْرًا (3) и ќе го снабди од каде што не се надева; тој што се потпира на Аллах, Тој му е доволен. Аллах, навистина, ќе го исполни тоа што го одлучил; Аллах веќе му одредил рок на сè |
وَاللَّائِي يَئِسْنَ مِنَ الْمَحِيضِ مِن نِّسَائِكُمْ إِنِ ارْتَبْتُمْ فَعِدَّتُهُنَّ ثَلَاثَةُ أَشْهُرٍ وَاللَّائِي لَمْ يَحِضْنَ ۚ وَأُولَاتُ الْأَحْمَالِ أَجَلُهُنَّ أَن يَضَعْنَ حَمْلَهُنَّ ۚ وَمَن يَتَّقِ اللَّهَ يَجْعَل لَّهُ مِنْ أَمْرِهِ يُسْرًا (4) А тие ваши сопруги кои надежта во месечниот циклус ја изгубиле и тие што не го ни добиле, тие треба да чекаат три месеци, ако паѓате во сомнеж. Трудниците чекаат сè додека не родат. А тој што се плаши од Аллах, Тој во сè ќе му даде леснотија |
ذَٰلِكَ أَمْرُ اللَّهِ أَنزَلَهُ إِلَيْكُمْ ۚ وَمَن يَتَّقِ اللَّهَ يُكَفِّرْ عَنْهُ سَيِّئَاتِهِ وَيُعْظِمْ لَهُ أَجْرًا (5) Тоа е, ете, Аллаховиот пропис, кој Тој ви го објавува. А на тој што ќе се плаши од Аллах, Тој преку неговите лоши постапки ќе мине и уште голема награда ќе му даде |
أَسْكِنُوهُنَّ مِنْ حَيْثُ سَكَنتُم مِّن وُجْدِكُمْ وَلَا تُضَارُّوهُنَّ لِتُضَيِّقُوا عَلَيْهِنَّ ۚ وَإِن كُنَّ أُولَاتِ حَمْلٍ فَأَنفِقُوا عَلَيْهِنَّ حَتَّىٰ يَضَعْنَ حَمْلَهُنَّ ۚ فَإِنْ أَرْضَعْنَ لَكُمْ فَآتُوهُنَّ أُجُورَهُنَّ ۖ وَأْتَمِرُوا بَيْنَكُم بِمَعْرُوفٍ ۖ وَإِن تَعَاسَرْتُمْ فَسَتُرْضِعُ لَهُ أُخْرَىٰ (6) Оставете ги нив да живеат таму каде што живеете и вие, според своите можности, ине правете им тешкотии соцел притисок да им извршите. Ако се трудни, дајте им издршка сè додека не се породат; а ако ви ги дојат децата, тогаш дајте им ја заслужената награда и договорајќи се меѓусебно на убав начин. А ако настанат недоразбирања, тогаш друга нека му го дои детето |
لِيُنفِقْ ذُو سَعَةٍ مِّن سَعَتِهِ ۖ وَمَن قُدِرَ عَلَيْهِ رِزْقُهُ فَلْيُنفِقْ مِمَّا آتَاهُ اللَّهُ ۚ لَا يُكَلِّفُ اللَّهُ نَفْسًا إِلَّا مَا آتَاهَا ۚ سَيَجْعَلُ اللَّهُ بَعْدَ عُسْرٍ يُسْرًا (7) Богатиот нека троши според богатството свое, а тој што е сиромашен – според тоа колку што Аллах му дал, бидејќи Аллах никого не задолжува повеќе отколку што му дал; Аллах сигурно по тешкотијата ќе даде олеснување |
وَكَأَيِّن مِّن قَرْيَةٍ عَتَتْ عَنْ أَمْرِ رَبِّهَا وَرُسُلِهِ فَحَاسَبْنَاهَا حِسَابًا شَدِيدًا وَعَذَّبْنَاهَا عَذَابًا نُّكْرًا (8) А колку ли села и градови се оглушија на заповедта на Господарот нивен и на Пратеникот Негов? Па со нив жестоко се пресметавме, а и ќе ги казниме со ужасно страдание |
فَذَاقَتْ وَبَالَ أَمْرِهَا وَكَانَ عَاقِبَةُ أَمْرِهَا خُسْرًا (9) Тие ја искусија погубноста на постапките свои, а пропаста ќе биде - нивниот крај |
أَعَدَّ اللَّهُ لَهُمْ عَذَابًا شَدِيدًا ۖ فَاتَّقُوا اللَّهَ يَا أُولِي الْأَلْبَابِ الَّذِينَ آمَنُوا ۚ قَدْ أَنزَلَ اللَّهُ إِلَيْكُمْ ذِكْرًا (10) Аллах за нив подготви неиздржливо страдање, затоа плашете се од Аллах, о, вие коишто сте обдарени со разум, вие коишто верувате! Аллах веќе ви прати опомена |
رَّسُولًا يَتْلُو عَلَيْكُمْ آيَاتِ اللَّهِ مُبَيِّنَاتٍ لِّيُخْرِجَ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ مِنَ الظُّلُمَاتِ إِلَى النُّورِ ۚ وَمَن يُؤْمِن بِاللَّهِ وَيَعْمَلْ صَالِحًا يُدْخِلْهُ جَنَّاتٍ تَجْرِي مِن تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ خَالِدِينَ فِيهَا أَبَدًا ۖ قَدْ أَحْسَنَ اللَّهُ لَهُ رِزْقًا (11) Пратеник, кој Аллаховите јасни ајети ви ги кажува, за од темнини на светлина да ги изведе тие што веруваат и што прават добри дела. А тој што ќе верува во Аллах и ќе прави добри дела, ќе го воведе во џеннетските градини, низ кои реки течат, и во нив за навек ќе останат, Аллах ќе му дава прекрасно снабдување |
اللَّهُ الَّذِي خَلَقَ سَبْعَ سَمَاوَاتٍ وَمِنَ الْأَرْضِ مِثْلَهُنَّ يَتَنَزَّلُ الْأَمْرُ بَيْنَهُنَّ لِتَعْلَمُوا أَنَّ اللَّهَ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ قَدِيرٌ وَأَنَّ اللَّهَ قَدْ أَحَاطَ بِكُلِّ شَيْءٍ عِلْمًا (12) Аллах создаде седум небеса и исто толку земји; Неговата наредба до сите нив достигнува за да знаете дека Аллах е моќен за сè и дека Аллах со знаењето Свое опфаќа сè |