×

Surah Al-Anam in Macedonian

Quran Macedonian ⮕ Surah Anam

Translation of the Meanings of Surah Anam in Macedonian - المقدونية

The Quran in Macedonian - Surah Anam translated into Macedonian, Surah Al-Anam in Macedonian. We provide accurate translation of Surah Anam in Macedonian - المقدونية, Verses 165 - Surah Number 6 - Page 128.

بسم الله الرحمن الرحيم

الْحَمْدُ لِلَّهِ الَّذِي خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ وَجَعَلَ الظُّلُمَاتِ وَالنُّورَ ۖ ثُمَّ الَّذِينَ كَفَرُوا بِرَبِّهِمْ يَعْدِلُونَ (1)
Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Кој небесатаи Земјата ги создаде и темнини и светлина даде, па повторно тие што не веруваат - други со Господарот свој изедначуваат
هُوَ الَّذِي خَلَقَكُم مِّن طِينٍ ثُمَّ قَضَىٰ أَجَلًا ۖ وَأَجَلٌ مُّسَمًّى عِندَهُ ۖ ثُمَّ أَنتُمْ تَمْتَرُونَ (2)
Тој од земја ве создава и часот на смртта ви го одредува, и само Тој знае кога Крајот на светот ќе биде, а вие повторно се сомневате
وَهُوَ اللَّهُ فِي السَّمَاوَاتِ وَفِي الْأَرْضِ ۖ يَعْلَمُ سِرَّكُمْ وَجَهْرَكُمْ وَيَعْلَمُ مَا تَكْسِبُونَ (3)
И Тој е Аллах на небесата и на Земјата, Тој знае и што криете и што покажувате, и Тој го знае тоа што го правите
وَمَا تَأْتِيهِم مِّنْ آيَةٍ مِّنْ آيَاتِ رَبِّهِمْ إِلَّا كَانُوا عَنْهَا مُعْرِضِينَ (4)
А на неверниците не им дојде ниту еден доказ од Господарот нивен, а тие главите од него да не ги свртат
فَقَدْ كَذَّبُوا بِالْحَقِّ لَمَّا جَاءَهُمْ ۖ فَسَوْفَ يَأْتِيهِمْ أَنبَاءُ مَا كَانُوا بِهِ يَسْتَهْزِئُونَ (5)
Тие сметаат дека Вистината што им доаѓа е лага, но, нив сигурно ќе ги стигнат последиците од тоа на што тие се потсмеваат
أَلَمْ يَرَوْا كَمْ أَهْلَكْنَا مِن قَبْلِهِم مِّن قَرْنٍ مَّكَّنَّاهُمْ فِي الْأَرْضِ مَا لَمْ نُمَكِّن لَّكُمْ وَأَرْسَلْنَا السَّمَاءَ عَلَيْهِم مِّدْرَارًا وَجَعَلْنَا الْأَنْهَارَ تَجْرِي مِن تَحْتِهِمْ فَأَهْلَكْنَاهُم بِذُنُوبِهِمْ وَأَنشَأْنَا مِن بَعْدِهِمْ قَرْنًا آخَرِينَ (6)
Зарем тие не знаат колку народи пред нив Ние уништивме, на кои на Земјата им дававме можности какви вам не сме ви дале и на кои дожд обилен им испраќавме и дадовме реки покрај нив да течат, па, поради гревовите нивни ги уништувавме, и други поколенија, по нив, создававме
وَلَوْ نَزَّلْنَا عَلَيْكَ كِتَابًا فِي قِرْطَاسٍ فَلَمَسُوهُ بِأَيْدِيهِمْ لَقَالَ الَّذِينَ كَفَرُوا إِنْ هَٰذَا إِلَّا سِحْرٌ مُّبِينٌ (7)
А и Книга од хартија да ти спуштиме и тие со рацете свои да ја опипаат, сигурно тие што не сакаат да веруваат повторно би рекле: „Ова не е ништо друго освен вистинска магија“
وَقَالُوا لَوْلَا أُنزِلَ عَلَيْهِ مَلَكٌ ۖ وَلَوْ أَنزَلْنَا مَلَكًا لَّقُضِيَ الْأَمْرُ ثُمَّ لَا يُنظَرُونَ (8)
Тие велат: „Требаше да му се прати мелек!“ А да им пратиме мелек, со нив свршено ќе биде, ни цел час време немаше да им се даде
وَلَوْ جَعَلْنَاهُ مَلَكًا لَّجَعَلْنَاهُ رَجُلًا وَلَلَبَسْنَا عَلَيْهِم مَّا يَلْبِسُونَ (9)
И мелек да го сториме, повторно како човек би го создале и повторно би им го сториле нејасно тоа што не им е јасно
وَلَقَدِ اسْتُهْزِئَ بِرُسُلٍ مِّن قَبْلِكَ فَحَاقَ بِالَّذِينَ سَخِرُوا مِنْهُم مَّا كَانُوا بِهِ يَسْتَهْزِئُونَ (10)
На Пратениците и пред тебе им се потсмеваа, па на тие што им се исмејуваа ги стигна токму тоа за што се исмејуваа
قُلْ سِيرُوا فِي الْأَرْضِ ثُمَّ انظُرُوا كَيْفَ كَانَ عَاقِبَةُ الْمُكَذِّبِينَ (11)
Кажи: „Патувајте по Земјата, а потоа погледнете како завршија тие што Пратениците за лажни ги сметаа!“
قُل لِّمَن مَّا فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۖ قُل لِّلَّهِ ۚ كَتَبَ عَلَىٰ نَفْسِهِ الرَّحْمَةَ ۚ لَيَجْمَعَنَّكُمْ إِلَىٰ يَوْمِ الْقِيَامَةِ لَا رَيْبَ فِيهِ ۚ الَّذِينَ خَسِرُوا أَنفُسَهُمْ فَهُمْ لَا يُؤْمِنُونَ (12)
Прашај: „Чие е сето тоа што е на небесата и на Земјата?“ – и одговори: „Аллахово!“ Тој Себеси си пропишал да биде милостив. Тој на Судниот ден ќе ве собере, во тоа нема никаков сомнеж; тие што себеси се упропастиле, па, тие нема да веруваат
۞ وَلَهُ مَا سَكَنَ فِي اللَّيْلِ وَالنَّهَارِ ۚ وَهُوَ السَّمِيعُ الْعَلِيمُ (13)
Нему Му припаѓа сè штопостоивоноќтаиводенот; Тој сè слуша и сè знае
قُلْ أَغَيْرَ اللَّهِ أَتَّخِذُ وَلِيًّا فَاطِرِ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَهُوَ يُطْعِمُ وَلَا يُطْعَمُ ۗ قُلْ إِنِّي أُمِرْتُ أَنْ أَكُونَ أَوَّلَ مَنْ أَسْلَمَ ۖ وَلَا تَكُونَنَّ مِنَ الْمُشْرِكِينَ (14)
Кажи: „Зарем за заштитник да земам некој друг освен Аллах, Создателот на небесата и на Земјата? Тој храни, а Него никој не Го храни!“ Кажи: „Мене ми е наредено да бидам прв меѓу тие што се покоруваат“, - и: „Никако немој да бидеш од многубошците!“
قُلْ إِنِّي أَخَافُ إِنْ عَصَيْتُ رَبِّي عَذَابَ يَوْمٍ عَظِيمٍ (15)
Кажи: „Ако не Му бидам послушен на својот Господар, јас се плашам од страдањето на Големиот ден“
مَّن يُصْرَفْ عَنْهُ يَوْمَئِذٍ فَقَدْ رَحِمَهُ ۚ وَذَٰلِكَ الْفَوْزُ الْمُبِينُ (16)
А оној што тој ден ќе биде поштеден, Тој му се смилувал, и тоа е очигледен успех
وَإِن يَمْسَسْكَ اللَّهُ بِضُرٍّ فَلَا كَاشِفَ لَهُ إِلَّا هُوَ ۖ وَإِن يَمْسَسْكَ بِخَيْرٍ فَهُوَ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ قَدِيرٌ (17)
Ако од Аллах некоја неволја те погоди, - па, никој освен Него не може да ја отстрани; а ако некакво добро ти подари, па, само Тој е Семоќен
وَهُوَ الْقَاهِرُ فَوْقَ عِبَادِهِ ۚ وَهُوَ الْحَكِيمُ الْخَبِيرُ (18)
и Тој е Единиот Владетел над робовите Свои; Тој е Мудриот и Сезнајниот
قُلْ أَيُّ شَيْءٍ أَكْبَرُ شَهَادَةً ۖ قُلِ اللَّهُ ۖ شَهِيدٌ بَيْنِي وَبَيْنَكُمْ ۚ وَأُوحِيَ إِلَيَّ هَٰذَا الْقُرْآنُ لِأُنذِرَكُم بِهِ وَمَن بَلَغَ ۚ أَئِنَّكُمْ لَتَشْهَدُونَ أَنَّ مَعَ اللَّهِ آلِهَةً أُخْرَىٰ ۚ قُل لَّا أَشْهَدُ ۚ قُلْ إِنَّمَا هُوَ إِلَٰهٌ وَاحِدٌ وَإِنَّنِي بَرِيءٌ مِّمَّا تُشْرِكُونَ (19)
Кажи: „Кој е најголемиот по сведочењето?“ – и одговори: „Аллах, Тој меѓу мене и вас сведок ќе биде. А мене овој Куран ми се објавува за со него вас и тие до кои тој ќе допре да ги опоменам. Зарем вие, навистина, тврдите дека покрај Аллах има и други божества?“ Кажи: „Јас не тврдам!“ Кажи: „Само Тој е Бог, и јас немам ништо со тоа што вие Му здружувате Нему.“
الَّذِينَ آتَيْنَاهُمُ الْكِتَابَ يَعْرِفُونَهُ كَمَا يَعْرِفُونَ أَبْنَاءَهُمُ ۘ الَّذِينَ خَسِرُوا أَنفُسَهُمْ فَهُمْ لَا يُؤْمِنُونَ (20)
Тие на кои Книгата им ја дадовме го познаваат Пратеникот како што ги познаваат синовите свои; тие кои себеси се упропастија, па, тие нема да веруваат
وَمَنْ أَظْلَمُ مِمَّنِ افْتَرَىٰ عَلَى اللَّهِ كَذِبًا أَوْ كَذَّبَ بِآيَاتِهِ ۗ إِنَّهُ لَا يُفْلِحُ الظَّالِمُونَ (21)
Има ли понеправеден од тој што за Аллах говори лаги или не ги признава доказите Негови? Неправедните, навистина нема да успеат
وَيَوْمَ نَحْشُرُهُمْ جَمِيعًا ثُمَّ نَقُولُ لِلَّذِينَ أَشْرَكُوا أَيْنَ شُرَكَاؤُكُمُ الَّذِينَ كُنتُمْ تَزْعُمُونَ (22)
А на Денот кога сите ќе ги собереме, па ќе ги прашаме тие што здруженици Му припишуваа: „Каде ви се божествата ваши кои за богови ги зедовте?“
ثُمَّ لَمْ تَكُن فِتْنَتُهُمْ إِلَّا أَن قَالُوا وَاللَّهِ رَبِّنَا مَا كُنَّا مُشْرِكِينَ (23)
Нема ништо друго да им преостане освен да кажат: „Се колнеме во Аллах, во Господарот наш, ние никого не Му здружувавме на Аллах!“
انظُرْ كَيْفَ كَذَبُوا عَلَىٰ أَنفُسِهِمْ ۚ وَضَلَّ عَنْهُم مَّا كَانُوا يَفْتَرُونَ (24)
Гледај како тие самите себе ќе се лажат, а нема да ги има тие што самите ги измислија
وَمِنْهُم مَّن يَسْتَمِعُ إِلَيْكَ ۖ وَجَعَلْنَا عَلَىٰ قُلُوبِهِمْ أَكِنَّةً أَن يَفْقَهُوهُ وَفِي آذَانِهِمْ وَقْرًا ۚ وَإِن يَرَوْا كُلَّ آيَةٍ لَّا يُؤْمِنُوا بِهَا ۚ حَتَّىٰ إِذَا جَاءُوكَ يُجَادِلُونَكَ يَقُولُ الَّذِينَ كَفَرُوا إِنْ هَٰذَا إِلَّا أَسَاطِيرُ الْأَوَّلِينَ (25)
Има такви кои доаѓаат да те слушаат, но Ние на срцата нивни перде им ставивме, за да не го разберат Куранот, и глуви ги направивме, па и сите докази да ги виделе, повторно во нив не би поверувале. А кога доаѓаат со тебе да се расправаат, тие што не веруваат велат: „Тоа се само измислици на дамнешните народи!“
وَهُمْ يَنْهَوْنَ عَنْهُ وَيَنْأَوْنَ عَنْهُ ۖ وَإِن يُهْلِكُونَ إِلَّا أَنفُسَهُمْ وَمَا يَشْعُرُونَ (26)
Тие забрануваат да се верува во Куранот, и самите од него се оддалечуваат, исамите себеси сеупропастуваат, аи да незабележуваат
وَلَوْ تَرَىٰ إِذْ وُقِفُوا عَلَى النَّارِ فَقَالُوا يَا لَيْتَنَا نُرَدُّ وَلَا نُكَذِّبَ بِآيَاتِ رَبِّنَا وَنَكُونَ مِنَ الْمُؤْمِنِينَ (27)
А да ти се даде да ги видиш како, кога пред Огнот ќе бидат задржани, ќе речат: „Камо да бевме вратени, па доказите на Господарот наш да не ги негираме и верници да станеме!“
بَلْ بَدَا لَهُم مَّا كَانُوا يُخْفُونَ مِن قَبْلُ ۖ وَلَوْ رُدُّوا لَعَادُوا لِمَا نُهُوا عَنْهُ وَإِنَّهُمْ لَكَاذِبُونَ (28)
Не, не! На нив очигледно ќе им стане тоа што претходно го криеја; а и кога би биле вратени, повторно би продолжиле да го прават тоа што им беше забрането, бидејќи тие се навистина лажговци
وَقَالُوا إِنْ هِيَ إِلَّا حَيَاتُنَا الدُّنْيَا وَمَا نَحْنُ بِمَبْعُوثِينَ (29)
и би рекле: „Нема живот освен на овој свет и ние нема да бидеме оживеани!“
وَلَوْ تَرَىٰ إِذْ وُقِفُوا عَلَىٰ رَبِّهِمْ ۚ قَالَ أَلَيْسَ هَٰذَا بِالْحَقِّ ۚ قَالُوا بَلَىٰ وَرَبِّنَا ۚ قَالَ فَذُوقُوا الْعَذَابَ بِمَا كُنتُمْ تَكْفُرُونَ (30)
А да ти се даде да ги видиш како, кога пред Господарот свој ќе бидат запрени и кога Тој ќе ги запраша: „Зарем ова не е вистина?“ – ќе одговорат: „Да, се колнеме во Господарот наш!“ – а и како Тој ќе каже: „Е па искусете ја тогаш казната заради тоа што не верувавте!“
قَدْ خَسِرَ الَّذِينَ كَذَّبُوا بِلِقَاءِ اللَّهِ ۖ حَتَّىٰ إِذَا جَاءَتْهُمُ السَّاعَةُ بَغْتَةً قَالُوا يَا حَسْرَتَنَا عَلَىٰ مَا فَرَّطْنَا فِيهَا وَهُمْ يَحْمِلُونَ أَوْزَارَهُمْ عَلَىٰ ظُهُورِهِمْ ۚ أَلَا سَاءَ مَا يَزِرُونَ (31)
Тие што не веруваат дека пред Аллах ќе застанат, ќе настрадаат кога ненадејно Часот на оживувањето ќе им дојде, и ќе речат: „О, мако наша, што сè на Земјата пропуштивме!“ и гревовите свои на грбовите свои ќе ги носат, а ужасно е тоа што ќе го натоварат
وَمَا الْحَيَاةُ الدُّنْيَا إِلَّا لَعِبٌ وَلَهْوٌ ۖ وَلَلدَّارُ الْآخِرَةُ خَيْرٌ لِّلَّذِينَ يَتَّقُونَ ۗ أَفَلَا تَعْقِلُونَ (32)
Животот на овој свет е само игра и забава, а оној свет, навистина, е подобар за тие што се плашат од Аллах. Зошто не се опаметите
قَدْ نَعْلَمُ إِنَّهُ لَيَحْزُنُكَ الَّذِي يَقُولُونَ ۖ فَإِنَّهُمْ لَا يُكَذِّبُونَكَ وَلَٰكِنَّ الظَّالِمِينَ بِآيَاتِ اللَّهِ يَجْحَدُونَ (33)
Ние знаеме дека тебе, навистина те растажува тоа што тие го говорат. Тие, навистина, не те обвинуваат тебе дека ти си лажливец, туку неверниците ги негираат Аллаховите зборови
وَلَقَدْ كُذِّبَتْ رُسُلٌ مِّن قَبْلِكَ فَصَبَرُوا عَلَىٰ مَا كُذِّبُوا وَأُوذُوا حَتَّىٰ أَتَاهُمْ نَصْرُنَا ۚ وَلَا مُبَدِّلَ لِكَلِمَاتِ اللَّهِ ۚ وَلَقَدْ جَاءَكَ مِن نَّبَإِ الْمُرْسَلِينَ (34)
А Пратениците и пред тебе за лажни беа сметани, па трпеа што за лаги ги клеветеа и што ги мачеа сè додека не им дојде помошта Наша - а никој не може Аллаховите зборови да ги измени – и до тебе допреа некои вести за Пратениците
وَإِن كَانَ كَبُرَ عَلَيْكَ إِعْرَاضُهُمْ فَإِنِ اسْتَطَعْتَ أَن تَبْتَغِيَ نَفَقًا فِي الْأَرْضِ أَوْ سُلَّمًا فِي السَّمَاءِ فَتَأْتِيَهُم بِآيَةٍ ۚ وَلَوْ شَاءَ اللَّهُ لَجَمَعَهُمْ عَلَى الْهُدَىٰ ۚ فَلَا تَكُونَنَّ مِنَ الْجَاهِلِينَ (35)
Ако ти е тешко тоа што тие се свртуваат, тогаш, ако можеш, побарај каков било отвор во Земјата или скалила на небото, па донеси им едно чудо! Да сака Аллах, Тој сите на Вистинскиот пат би ги собрал; затоа немој никако да бидеш од тие што не знаат
۞ إِنَّمَا يَسْتَجِيبُ الَّذِينَ يَسْمَعُونَ ۘ وَالْمَوْتَىٰ يَبْعَثُهُمُ اللَّهُ ثُمَّ إِلَيْهِ يُرْجَعُونَ (36)
Ќе ти се одѕвијат само тие што се послушни. А Аллах мртвите ќе ги оживее; потоа, Нему сите ќе Му се вратат
وَقَالُوا لَوْلَا نُزِّلَ عَلَيْهِ آيَةٌ مِّن رَّبِّهِ ۚ قُلْ إِنَّ اللَّهَ قَادِرٌ عَلَىٰ أَن يُنَزِّلَ آيَةً وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَهُمْ لَا يَعْلَمُونَ (37)
Тие велат: „Зошто Господарот негов не му прати некакво чудо?“ Кажи: „Аллах е способен да испрати чудо, но повеќето од нив не знаат“
وَمَا مِن دَابَّةٍ فِي الْأَرْضِ وَلَا طَائِرٍ يَطِيرُ بِجَنَاحَيْهِ إِلَّا أُمَمٌ أَمْثَالُكُم ۚ مَّا فَرَّطْنَا فِي الْكِتَابِ مِن شَيْءٍ ۚ ثُمَّ إِلَىٰ رَبِّهِمْ يُحْشَرُونَ (38)
Сите животни кои по Земјата одат и сите птици кои со крилјата свои летаат се светови како вас – во Книгата Ние ништо не изоставивме – и потоа ќе се соберат пред својот Господар
وَالَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا صُمٌّ وَبُكْمٌ فِي الظُّلُمَاتِ ۗ مَن يَشَإِ اللَّهُ يُضْلِلْهُ وَمَن يَشَأْ يَجْعَلْهُ عَلَىٰ صِرَاطٍ مُّسْتَقِيمٍ (39)
А тие што доказите Наши ги негираат глуви се и неми, во темнините се. Кого сака, Аллах во заблуда го остава, а кого сака, на Вистинскиот пат го изведува
قُلْ أَرَأَيْتَكُمْ إِنْ أَتَاكُمْ عَذَابُ اللَّهِ أَوْ أَتَتْكُمُ السَّاعَةُ أَغَيْرَ اللَّهِ تَدْعُونَ إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ (40)
Кажи: „Кажете ми вие мене, ако вистината ја зборувате, кога би ви дошла Аллаховата казна или би ве изненадил Крајот на светот, дали, некој друг освен Аллах би повикувале?“
بَلْ إِيَّاهُ تَدْعُونَ فَيَكْشِفُ مَا تَدْعُونَ إِلَيْهِ إِن شَاءَ وَتَنسَوْنَ مَا تُشْرِكُونَ (41)
Само Него би Го молеле, ако сака, да го отстрани од вас тоа за што сте Го молеле, а не би ви паднале ни на ум тие што Му ги здружувавте
وَلَقَدْ أَرْسَلْنَا إِلَىٰ أُمَمٍ مِّن قَبْلِكَ فَأَخَذْنَاهُم بِالْبَأْسَاءِ وَالضَّرَّاءِ لَعَلَّهُمْ يَتَضَرَّعُونَ (42)
Аинанародите пред тебе им испраќавме Пратеници исо сиромаштво и со болест ги казнувавме, за да станат послушни
فَلَوْلَا إِذْ جَاءَهُم بَأْسُنَا تَضَرَّعُوا وَلَٰكِن قَسَتْ قُلُوبُهُمْ وَزَيَّنَ لَهُمُ الشَّيْطَانُ مَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (43)
Требаше послушни да станат кога казната Наша ќе им дојдеше! Но, срцата нивни остануваа тврди, а шејтанот им го прикажуваше како убаво тоа што го правеа
فَلَمَّا نَسُوا مَا ذُكِّرُوا بِهِ فَتَحْنَا عَلَيْهِمْ أَبْوَابَ كُلِّ شَيْءٍ حَتَّىٰ إِذَا فَرِحُوا بِمَا أُوتُوا أَخَذْنَاهُم بَغْتَةً فَإِذَا هُم مُّبْلِسُونَ (44)
И кога ќе го заборавеа тоа со што беа опоменувани, Ние портите на сите добри нешта ќе им ги отворевме, а кога на тоа што им е дадено ќе се израдуваа, ненадејно ќе ги казневме и тие одеднаш ќе изгубеа надеж
فَقُطِعَ دَابِرُ الْقَوْمِ الَّذِينَ ظَلَمُوا ۚ وَالْحَمْدُ لِلَّهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ (45)
и ќе се прекинеше трагата на народот кој правеше неправда, и благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите
قُلْ أَرَأَيْتُمْ إِنْ أَخَذَ اللَّهُ سَمْعَكُمْ وَأَبْصَارَكُمْ وَخَتَمَ عَلَىٰ قُلُوبِكُم مَّنْ إِلَٰهٌ غَيْرُ اللَّهِ يَأْتِيكُم بِهِ ۗ انظُرْ كَيْفَ نُصَرِّفُ الْآيَاتِ ثُمَّ هُمْ يَصْدِفُونَ (46)
Кажи: „Кажете ми вие мене, ако Аллах ве лиши од слухот ваш и од видот ваш и ако срцата ваши ги запечати, кој бог, освен Аллах, тоа би ви го вратил?“ Погледни како изнесуваме докази, а тие повторно се свртуваат
قُلْ أَرَأَيْتَكُمْ إِنْ أَتَاكُمْ عَذَابُ اللَّهِ بَغْتَةً أَوْ جَهْرَةً هَلْ يُهْلَكُ إِلَّا الْقَوْمُ الظَّالِمُونَ (47)
Кажи: „Кажете ми вие мене, ако Аллаховата казна би ве стигнала неочекувано или јавно, зарем некој друг би настрадал, освен, народот насилнички?“
وَمَا نُرْسِلُ الْمُرْسَلِينَ إِلَّا مُبَشِّرِينَ وَمُنذِرِينَ ۖ فَمَنْ آمَنَ وَأَصْلَحَ فَلَا خَوْفٌ عَلَيْهِمْ وَلَا هُمْ يَحْزَنُونَ (48)
Ние испраќаме Пратеници само за да носат радосни вести и за да опоменуваат; затоа нека не се плашат од ништо и за ништо нека не тагуваат тие што веруваат и прават добри дела
وَالَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا يَمَسُّهُمُ الْعَذَابُ بِمَا كَانُوا يَفْسُقُونَ (49)
А тие што не веруваат во доказите Наши ќе ги стигне казна затоа што грешно постапуваат
قُل لَّا أَقُولُ لَكُمْ عِندِي خَزَائِنُ اللَّهِ وَلَا أَعْلَمُ الْغَيْبَ وَلَا أَقُولُ لَكُمْ إِنِّي مَلَكٌ ۖ إِنْ أَتَّبِعُ إِلَّا مَا يُوحَىٰ إِلَيَّ ۚ قُلْ هَلْ يَسْتَوِي الْأَعْمَىٰ وَالْبَصِيرُ ۚ أَفَلَا تَتَفَكَّرُونَ (50)
Кажи: „Јас не ви велам: ‚Кај мене се Аллаховите ризници.‘, ниту: ‚Мене ми е познат невидливиот свет‘, ниту ви велам: ‚Јас сум мелек‘ – јас го следам само тоа што ми се објавува.“ Кажи: „Зарем се исти слепиот и тој што гледа? Зошто не размислите?“
وَأَنذِرْ بِهِ الَّذِينَ يَخَافُونَ أَن يُحْشَرُوا إِلَىٰ رَبِّهِمْ ۙ لَيْسَ لَهُم مِّن دُونِهِ وَلِيٌّ وَلَا شَفِيعٌ لَّعَلَّهُمْ يَتَّقُونَ (51)
И опоменувај ги со Куранот тие што стравуваат што пред Господарот свој собрани ќе бидат, кога освен Него ни заштитник ниту посредник нема да имаат – за да се плашат од Аллах
وَلَا تَطْرُدِ الَّذِينَ يَدْعُونَ رَبَّهُم بِالْغَدَاةِ وَالْعَشِيِّ يُرِيدُونَ وَجْهَهُ ۖ مَا عَلَيْكَ مِنْ حِسَابِهِم مِّن شَيْءٍ وَمَا مِنْ حِسَابِكَ عَلَيْهِم مِّن شَيْءٍ فَتَطْرُدَهُمْ فَتَكُونَ مِنَ الظَّالِمِينَ (52)
И не терај ги од себе тие кои наутро и навечер на Господарот свој Му се молат посакувајќи го лицето Негово, ти нема за нив да одговараш, а ни тие нема за тебе да одговараат, затоа што, кога би ги истерал, насилник би бил
وَكَذَٰلِكَ فَتَنَّا بَعْضَهُم بِبَعْضٍ لِّيَقُولُوا أَهَٰؤُلَاءِ مَنَّ اللَّهُ عَلَيْهِم مِّن بَيْنِنَا ۗ أَلَيْسَ اللَّهُ بِأَعْلَمَ بِالشَّاكِرِينَ (53)
И така Ние едни со други ве искушуваме за да речат неверниците: „Зарем тоа се тие на кои Аллах, помеѓу нас, милост им укажа?“ А зарем Аллах не ги познава добро тие што се благодарни
وَإِذَا جَاءَكَ الَّذِينَ يُؤْمِنُونَ بِآيَاتِنَا فَقُلْ سَلَامٌ عَلَيْكُمْ ۖ كَتَبَ رَبُّكُمْ عَلَىٰ نَفْسِهِ الرَّحْمَةَ ۖ أَنَّهُ مَنْ عَمِلَ مِنكُمْ سُوءًا بِجَهَالَةٍ ثُمَّ تَابَ مِن بَعْدِهِ وَأَصْلَحَ فَأَنَّهُ غَفُورٌ رَّحِيمٌ (54)
А кога ќе ти дојдат тие кои во зборовите Наши веруваат, ти кажи: „Мир со вас!“ Господарот ваш самиот на Себеси си пропиша да биде Милостив: ако некој од вас стори лошо дело од небрежност, па потоа се покае и се поправи, па, Аллах, навистина, ќе прости и Милостив ќе биде
وَكَذَٰلِكَ نُفَصِّلُ الْآيَاتِ وَلِتَسْتَبِينَ سَبِيلُ الْمُجْرِمِينَ (55)
Така Ние во детали ги изнесуваме доказите, за да ви биде очигледен патот по кој одат грешниците
قُلْ إِنِّي نُهِيتُ أَنْ أَعْبُدَ الَّذِينَ تَدْعُونَ مِن دُونِ اللَّهِ ۚ قُل لَّا أَتَّبِعُ أَهْوَاءَكُمْ ۙ قَدْ ضَلَلْتُ إِذًا وَمَا أَنَا مِنَ الْمُهْتَدِينَ (56)
Кажи: „Мене ми е забрането да ги обожувам тие на кои вие, покрај Аллах, ги молите“. Кажи: „Јас не ги следам желбите ваши, бидејќи тогаш би заталкал и не би бил на Вистинскиот пат“
قُلْ إِنِّي عَلَىٰ بَيِّنَةٍ مِّن رَّبِّي وَكَذَّبْتُم بِهِ ۚ مَا عِندِي مَا تَسْتَعْجِلُونَ بِهِ ۚ إِنِ الْحُكْمُ إِلَّا لِلَّهِ ۖ يَقُصُّ الْحَقَّ ۖ وَهُوَ خَيْرُ الْفَاصِلِينَ (57)
Кажи: „Јас сум на Јасното Упатство од Господарот мој, а вие го негирате. Не е во моја власт тоа што вие го избрзувате; само Аллах се прашува, Тој суди според правдата и Тој е најдобриот судија.“
قُل لَّوْ أَنَّ عِندِي مَا تَسْتَعْجِلُونَ بِهِ لَقُضِيَ الْأَمْرُ بَيْنِي وَبَيْنَكُمْ ۗ وَاللَّهُ أَعْلَمُ بِالظَّالِمِينَ (58)
Кажи: „Да е во моја власт тоа што го избрзувате, меѓу мене и вас би било свршено, а Аллах добро ги знае насилниците“
۞ وَعِندَهُ مَفَاتِحُ الْغَيْبِ لَا يَعْلَمُهَا إِلَّا هُوَ ۚ وَيَعْلَمُ مَا فِي الْبَرِّ وَالْبَحْرِ ۚ وَمَا تَسْقُطُ مِن وَرَقَةٍ إِلَّا يَعْلَمُهَا وَلَا حَبَّةٍ فِي ظُلُمَاتِ الْأَرْضِ وَلَا رَطْبٍ وَلَا يَابِسٍ إِلَّا فِي كِتَابٍ مُّبِينٍ (59)
Кај Него се клучевите на сите тајни, само Тој ги знае, и Тој Единиот знае што има на копното и што е во морето, и ниту еден лист не паѓа, а Тој за него да не знае; и нема зрно во темнините на Земјата, ниту нешто посвежо ниту нешто посуво, ништо што не е во Јасната Книга
وَهُوَ الَّذِي يَتَوَفَّاكُم بِاللَّيْلِ وَيَعْلَمُ مَا جَرَحْتُم بِالنَّهَارِ ثُمَّ يَبْعَثُكُمْ فِيهِ لِيُقْضَىٰ أَجَلٌ مُّسَمًّى ۖ ثُمَّ إِلَيْهِ مَرْجِعُكُمْ ثُمَّ يُنَبِّئُكُم بِمَا كُنتُمْ تَعْمَلُونَ (60)
Тој ноќе ве умртвува - а знае што сте правеле преку ден - потоа ве буди, сè додека не дојде часот на смртта. На крајот, Нему ќе Му се вратите и Тој ќе ве извести за тоа што сте го правеле
وَهُوَ الْقَاهِرُ فَوْقَ عِبَادِهِ ۖ وَيُرْسِلُ عَلَيْكُمْ حَفَظَةً حَتَّىٰ إِذَا جَاءَ أَحَدَكُمُ الْمَوْتُ تَوَفَّتْهُ رُسُلُنَا وَهُمْ لَا يُفَرِّطُونَ (61)
Тој е Владетел над робовите Свои и ви праќа чувари; а кога на некој од вас смртта ќе му дојде, Нашите мелеци, без колебање, душата му ја земаат
ثُمَّ رُدُّوا إِلَى اللَّهِ مَوْلَاهُمُ الْحَقِّ ۚ أَلَا لَهُ الْحُكْمُ وَهُوَ أَسْرَعُ الْحَاسِبِينَ (62)
Тие потоа ќе бидат вратени кај Аллах, кај својот вистински Господар. Само Тој ќе се прашува и Тој најбрзо сметката ќе ја сведе
قُلْ مَن يُنَجِّيكُم مِّن ظُلُمَاتِ الْبَرِّ وَالْبَحْرِ تَدْعُونَهُ تَضَرُّعًا وَخُفْيَةً لَّئِنْ أَنجَانَا مِنْ هَٰذِهِ لَنَكُونَنَّ مِنَ الشَّاكِرِينَ (63)
Кажи: „Кој од стравотиите на копното и на морето ве избавува кога и јавно итајно понизно Мусемолите: ‚Ако Тој нè избави одова, сигурно ќе бидеме благодарни!‘“
قُلِ اللَّهُ يُنَجِّيكُم مِّنْهَا وَمِن كُلِّ كَرْبٍ ثُمَّ أَنتُمْ تُشْرِكُونَ (64)
Кажи: „Аллах од нив и од секоја неволја ве избавува, па вие сепак Му припишувате здруженици.“
قُلْ هُوَ الْقَادِرُ عَلَىٰ أَن يَبْعَثَ عَلَيْكُمْ عَذَابًا مِّن فَوْقِكُمْ أَوْ مِن تَحْتِ أَرْجُلِكُمْ أَوْ يَلْبِسَكُمْ شِيَعًا وَيُذِيقَ بَعْضَكُم بَأْسَ بَعْضٍ ۗ انظُرْ كَيْفَ نُصَرِّفُ الْآيَاتِ لَعَلَّهُمْ يَفْقَهُونَ (65)
Кажи: „Тој е способен да испрати казна против вас, над вашите глави или под вашите нозе или во групи да ве подели и да направи силата меѓусебно да ја искусите“. Погледни само како Ние детално изнесуваме докази за тие да се вразумат
وَكَذَّبَ بِهِ قَوْمُكَ وَهُوَ الْحَقُّ ۚ قُل لَّسْتُ عَلَيْكُم بِوَكِيلٍ (66)
Твојот народ го негира (Куранот), а тој е вистина. Кажи: „Јас не сум ваш чувар
لِّكُلِّ نَبَإٍ مُّسْتَقَرٌّ ۚ وَسَوْفَ تَعْلَمُونَ (67)
секое наговестување има свое време, и вие ќе знаете!“
وَإِذَا رَأَيْتَ الَّذِينَ يَخُوضُونَ فِي آيَاتِنَا فَأَعْرِضْ عَنْهُمْ حَتَّىٰ يَخُوضُوا فِي حَدِيثٍ غَيْرِهِ ۚ وَإِمَّا يُنسِيَنَّكَ الشَّيْطَانُ فَلَا تَقْعُدْ بَعْدَ الذِّكْرَىٰ مَعَ الْقَوْمِ الظَّالِمِينَ (68)
Кога ќе ги видиш тие што на Нашите зборови се потсмеваат, биди далеку од нив сè додека не прејдат на друг разговор. А ако шејтанот те наведе да заборавиш, тогаш не седи со насилниците кога ќе се сетиш
وَمَا عَلَى الَّذِينَ يَتَّقُونَ مِنْ حِسَابِهِم مِّن شَيْءٍ وَلَٰكِن ذِكْرَىٰ لَعَلَّهُمْ يَتَّقُونَ (69)
Тие штосеплашатод Аллах немаза нив сметка да полагаат, нодолжни се да опоменуваат, со цел да престанат
وَذَرِ الَّذِينَ اتَّخَذُوا دِينَهُمْ لَعِبًا وَلَهْوًا وَغَرَّتْهُمُ الْحَيَاةُ الدُّنْيَا ۚ وَذَكِّرْ بِهِ أَن تُبْسَلَ نَفْسٌ بِمَا كَسَبَتْ لَيْسَ لَهَا مِن دُونِ اللَّهِ وَلِيٌّ وَلَا شَفِيعٌ وَإِن تَعْدِلْ كُلَّ عَدْلٍ لَّا يُؤْخَذْ مِنْهَا ۗ أُولَٰئِكَ الَّذِينَ أُبْسِلُوا بِمَا كَسَبُوا ۖ لَهُمْ شَرَابٌ مِّنْ حَمِيمٍ وَعَذَابٌ أَلِيمٌ بِمَا كَانُوا يَكْفُرُونَ (70)
Остави ги тие што својата вера како игра и забава ја земаат, и кои животот на овој свет ги измамил, а опоменувај со Куранот за да не страда човекот поради тоа што го прави, бидејќи освен Аллах, ни заштитник ни посредник нема да има, бидејќи од него никаква откупнина нема да се прими. Тие, поради тоа што го правеа, во маки ќе бидат држени; нив ги чека пијалак одзовриена вода инеподносливо страдање, затоа што не веруваа
قُلْ أَنَدْعُو مِن دُونِ اللَّهِ مَا لَا يَنفَعُنَا وَلَا يَضُرُّنَا وَنُرَدُّ عَلَىٰ أَعْقَابِنَا بَعْدَ إِذْ هَدَانَا اللَّهُ كَالَّذِي اسْتَهْوَتْهُ الشَّيَاطِينُ فِي الْأَرْضِ حَيْرَانَ لَهُ أَصْحَابٌ يَدْعُونَهُ إِلَى الْهُدَى ائْتِنَا ۗ قُلْ إِنَّ هُدَى اللَّهِ هُوَ الْهُدَىٰ ۖ وَأُمِرْنَا لِنُسْلِمَ لِرَبِّ الْعَالَمِينَ (71)
Кажи: „Зарем, покрај Аллах, да ги молиме тие што не можат никаква корист да ни направат ниту некоја штета да отстранат, па да бидеме вратени по стапките наши – а Аллах веќе нè упатил – и да бидеме како тој кого на Земјата шејтаните го завеле па ништо не знае, а кого другарите негови го повикуваат на Вистинскиот пат: ‚Дојди кај нас!‘“ Кажи: „Аллаховиот пат е единствениот Вистински пат, и нам ни е наредено Господарот на световите да Го слушаме
وَأَنْ أَقِيمُوا الصَّلَاةَ وَاتَّقُوهُ ۚ وَهُوَ الَّذِي إِلَيْهِ تُحْشَرُونَ (72)
и намазот (молитвата) да го извршуваме и од Него да се плашиме; Тој е Тој пред Кого ќе бидете собрани
وَهُوَ الَّذِي خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ بِالْحَقِّ ۖ وَيَوْمَ يَقُولُ كُن فَيَكُونُ ۚ قَوْلُهُ الْحَقُّ ۚ وَلَهُ الْمُلْكُ يَوْمَ يُنفَخُ فِي الصُّورِ ۚ عَالِمُ الْغَيْبِ وَالشَّهَادَةِ ۚ وَهُوَ الْحَكِيمُ الْخَبِيرُ (73)
и Тој е Тој Кој небесата и Земјата со Вистината ги создаде: штом Тој за нешто каже: „Биди!“ – тоа бидува; зборот Негов е Вистината; само Тој ќе ја има власта на Денот кога во Рогот ќе се дувне; Тој го познава невидливиот и видливиот свет, и Тој е Мудриот и Сезнајниот!“
۞ وَإِذْ قَالَ إِبْرَاهِيمُ لِأَبِيهِ آزَرَ أَتَتَّخِذُ أَصْنَامًا آلِهَةً ۖ إِنِّي أَرَاكَ وَقَوْمَكَ فِي ضَلَالٍ مُّبِينٍ (74)
А кога Ибрахим му рече на својот татко Азер106: „Зарем статуите ги сметаш за богови?! Гледам дека и ти и народот твој сте во вистинска заблуда!“
وَكَذَٰلِكَ نُرِي إِبْرَاهِيمَ مَلَكُوتَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَلِيَكُونَ مِنَ الْمُوقِنِينَ (75)
И Ние му го покажавме на Ибрахим царството на небесата и на Земјата за да верува цврсто
فَلَمَّا جَنَّ عَلَيْهِ اللَّيْلُ رَأَىٰ كَوْكَبًا ۖ قَالَ هَٰذَا رَبِّي ۖ فَلَمَّا أَفَلَ قَالَ لَا أُحِبُّ الْآفِلِينَ (76)
И кога настапи ноќта, тој здогледа ѕвезда и рече: „Ова е Господарот мој!“ А откако таа зајде, тој рече: „Не ги сакам тие што заоѓаат!“
فَلَمَّا رَأَى الْقَمَرَ بَازِغًا قَالَ هَٰذَا رَبِّي ۖ فَلَمَّا أَفَلَ قَالَ لَئِن لَّمْ يَهْدِنِي رَبِّي لَأَكُونَنَّ مِنَ الْقَوْمِ الضَّالِّينَ (77)
А кога ја здогледа Месечината како излегува, рече: „Ова е Господарот мој!“ А откако таа зајде, тој рече: „Ако Господарот мој не ме упати на Вистинскиот пат, сигурно ќе бидам еден од тие што заталкале.“
فَلَمَّا رَأَى الشَّمْسَ بَازِغَةً قَالَ هَٰذَا رَبِّي هَٰذَا أَكْبَرُ ۖ فَلَمَّا أَفَلَتْ قَالَ يَا قَوْمِ إِنِّي بَرِيءٌ مِّمَّا تُشْرِكُونَ (78)
А кога го здогледа Сонцето како се раѓа, тој извика: „Ова е Господарот мој, ова е поголемо!“ А откако тоа зајде, тој рече: „Народе мој, јас немам ништо со тоа што вие здруженик Му припишувате
إِنِّي وَجَّهْتُ وَجْهِيَ لِلَّذِي فَطَرَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ حَنِيفًا ۖ وَمَا أَنَا مِنَ الْمُشْرِكِينَ (79)
Јас го насочувам лицето свое, како вистински верник, кон Тој што небесата и Земјата ги создал, јас не сум од многубошците!“
وَحَاجَّهُ قَوْمُهُ ۚ قَالَ أَتُحَاجُّونِّي فِي اللَّهِ وَقَدْ هَدَانِ ۚ وَلَا أَخَافُ مَا تُشْرِكُونَ بِهِ إِلَّا أَن يَشَاءَ رَبِّي شَيْئًا ۗ وَسِعَ رَبِّي كُلَّ شَيْءٍ عِلْمًا ۗ أَفَلَا تَتَذَكَّرُونَ (80)
Инародотнеговсонегосерасправаше.„Заремсоменедасерасправате за Аллах, а Тој мене ме упати?“ – рече тој. „Јас не се плашам од тие кои вие Нему Му ги здружувате, освен што се плашам дека мојот Господар ќе сака нешто. Господарот мој со Своето знаење опфаќа сè. Зошто не се вразумите
وَكَيْفَ أَخَافُ مَا أَشْرَكْتُمْ وَلَا تَخَافُونَ أَنَّكُمْ أَشْرَكْتُم بِاللَّهِ مَا لَمْ يُنَزِّلْ بِهِ عَلَيْكُمْ سُلْطَانًا ۚ فَأَيُّ الْفَرِيقَيْنِ أَحَقُّ بِالْأَمْنِ ۖ إِن كُنتُمْ تَعْلَمُونَ (81)
А како би се плашел јас од тие кои со Него ги изедначувате, кога вие не се плашите што вие на Аллах здруженици Му припишувате, иако Тој за тоа никаков доказ не ви дал? И знаете ли вие кои, ние или вие, ќе бидат сигурни
الَّذِينَ آمَنُوا وَلَمْ يَلْبِسُوا إِيمَانَهُم بِظُلْمٍ أُولَٰئِكَ لَهُمُ الْأَمْنُ وَهُم مُّهْتَدُونَ (82)
Ќе бидат сигурни само тие што веруваат и верувањето свое со многубоштвото не го мешаат: тие ќе бидат на Вистинскиот пат!“
وَتِلْكَ حُجَّتُنَا آتَيْنَاهَا إِبْرَاهِيمَ عَلَىٰ قَوْمِهِ ۚ نَرْفَعُ دَرَجَاتٍ مَّن نَّشَاءُ ۗ إِنَّ رَبَّكَ حَكِيمٌ عَلِيمٌ (83)
Тоа се доказите Наши кои му ги дадовме на Ибрахим за народот негов. Ние повисоки степени им даваме на тие на кои Ние сакаме. Господарот твој е, навистина, Мудар и сè знае
وَوَهَبْنَا لَهُ إِسْحَاقَ وَيَعْقُوبَ ۚ كُلًّا هَدَيْنَا ۚ وَنُوحًا هَدَيْنَا مِن قَبْلُ ۖ وَمِن ذُرِّيَّتِهِ دَاوُودَ وَسُلَيْمَانَ وَأَيُّوبَ وَيُوسُفَ وَمُوسَىٰ وَهَارُونَ ۚ وَكَذَٰلِكَ نَجْزِي الْمُحْسِنِينَ (84)
И Ние му ги подаривме и Исхаки Јакуб; исекого упативме – а Нухуште претходно го упативме – и од потомците негови Давуд, и Сулејман, и Ејјуб, и Јусуф107, и Муса, и Харун – ете, така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела
وَزَكَرِيَّا وَيَحْيَىٰ وَعِيسَىٰ وَإِلْيَاسَ ۖ كُلٌّ مِّنَ الصَّالِحِينَ (85)
и Зекеријја, и Јахја, и Иса, и Илјас108 – сите тие беа добри
وَإِسْمَاعِيلَ وَالْيَسَعَ وَيُونُسَ وَلُوطًا ۚ وَكُلًّا فَضَّلْنَا عَلَى الْعَالَمِينَ (86)
и Исмаил и Елјеса109, и Јунус и Лут110 – и на сите им дадовме предност над останатите луѓе
وَمِنْ آبَائِهِمْ وَذُرِّيَّاتِهِمْ وَإِخْوَانِهِمْ ۖ وَاجْتَبَيْنَاهُمْ وَهَدَيْنَاهُمْ إِلَىٰ صِرَاطٍ مُّسْتَقِيمٍ (87)
и некои предци нивни и потомци нивни и браќата нивни – нив ги одбравме и на Вистинскиот пат им укажавме
ذَٰلِكَ هُدَى اللَّهِ يَهْدِي بِهِ مَن يَشَاءُ مِنْ عِبَادِهِ ۚ وَلَوْ أَشْرَكُوا لَحَبِطَ عَنْهُم مَّا كَانُوا يَعْمَلُونَ (88)
Тоа е Аллаховото упатство на кое Тој им укажува на тие на кои сака од робовите Свои. А да Му припишуваа здруженик, сигурно ќе им пропаднеше тоа што го правеа
أُولَٰئِكَ الَّذِينَ آتَيْنَاهُمُ الْكِتَابَ وَالْحُكْمَ وَالنُّبُوَّةَ ۚ فَإِن يَكْفُرْ بِهَا هَٰؤُلَاءِ فَقَدْ وَكَّلْنَا بِهَا قَوْمًا لَّيْسُوا بِهَا بِكَافِرِينَ (89)
Тоа се тие на кои Ние Книги и мудрост и веровесништво им дадовме. Па ако потомците нивни не веруваат во тоа, Ние задолживме луѓе кои ќе веруваат во тоа
أُولَٰئِكَ الَّذِينَ هَدَى اللَّهُ ۖ فَبِهُدَاهُمُ اقْتَدِهْ ۗ قُل لَّا أَسْأَلُكُمْ عَلَيْهِ أَجْرًا ۖ إِنْ هُوَ إِلَّا ذِكْرَىٰ لِلْعَالَمِينَ (90)
Нив Аллах ги упати, затоа следи го нивниот Вистински пат. Кажи: „Јас од вас не барам награда за Куранот, тој е само поука на човештвото.“
وَمَا قَدَرُوا اللَّهَ حَقَّ قَدْرِهِ إِذْ قَالُوا مَا أَنزَلَ اللَّهُ عَلَىٰ بَشَرٍ مِّن شَيْءٍ ۗ قُلْ مَنْ أَنزَلَ الْكِتَابَ الَّذِي جَاءَ بِهِ مُوسَىٰ نُورًا وَهُدًى لِّلنَّاسِ ۖ تَجْعَلُونَهُ قَرَاطِيسَ تُبْدُونَهَا وَتُخْفُونَ كَثِيرًا ۖ وَعُلِّمْتُم مَّا لَمْ تَعْلَمُوا أَنتُمْ وَلَا آبَاؤُكُمْ ۖ قُلِ اللَّهُ ۖ ثُمَّ ذَرْهُمْ فِي خَوْضِهِمْ يَلْعَبُونَ (91)
Тие не го познават Аллах како што треба, штом велат: „На ниту еден човек Аллах не му објавил ништо!“ Кажи: „А кој ја објавил Книгата која ја донел Муса како светлина и патоказ за луѓето, која на листови ја ставате и ја покажувате, а многу и криете, и земате поука за тоа што ниту вие ниту предците ваши не сте го знаеле?“ Кажи: „Аллах!“ Потоа остави ги нека се забавуваат со своите лаги
وَهَٰذَا كِتَابٌ أَنزَلْنَاهُ مُبَارَكٌ مُّصَدِّقُ الَّذِي بَيْنَ يَدَيْهِ وَلِتُنذِرَ أُمَّ الْقُرَىٰ وَمَنْ حَوْلَهَا ۚ وَالَّذِينَ يُؤْمِنُونَ بِالْآخِرَةِ يُؤْمِنُونَ بِهِ ۖ وَهُمْ عَلَىٰ صَلَاتِهِمْ يُحَافِظُونَ (92)
А оваа Книга, која ја објавуваме, е благословена, таа ја потврдува онаа пред неа, за да ја опоменуваш Мека и останатиот свет. А тие што веруваат во оној свет, веруваат во неа и за намазите (молитвите) свои водат грижа
وَمَنْ أَظْلَمُ مِمَّنِ افْتَرَىٰ عَلَى اللَّهِ كَذِبًا أَوْ قَالَ أُوحِيَ إِلَيَّ وَلَمْ يُوحَ إِلَيْهِ شَيْءٌ وَمَن قَالَ سَأُنزِلُ مِثْلَ مَا أَنزَلَ اللَّهُ ۗ وَلَوْ تَرَىٰ إِذِ الظَّالِمُونَ فِي غَمَرَاتِ الْمَوْتِ وَالْمَلَائِكَةُ بَاسِطُو أَيْدِيهِمْ أَخْرِجُوا أَنفُسَكُمُ ۖ الْيَوْمَ تُجْزَوْنَ عَذَابَ الْهُونِ بِمَا كُنتُمْ تَقُولُونَ عَلَى اللَّهِ غَيْرَ الْحَقِّ وَكُنتُمْ عَنْ آيَاتِهِ تَسْتَكْبِرُونَ (93)
Кој е понеправеден од тој кој за Аллах изнесува лаги или кој вели: „Ми се објавува“, а ништо не му се објавува, или кој вели: „И јас ќе кажам исто како што Аллах објавува“. А да ти се даде да ги видиш неверниците во смртните маки, кога мелеците ќе ги испружат рацете свои кон нив: „Извадете ги своите души! Отсега сонеиздржлива казна ќе бидете казнувани затоа што за Аллах изнесувавте лаги и затоа што кон доказите Негови арогантно се однесувавте“
وَلَقَدْ جِئْتُمُونَا فُرَادَىٰ كَمَا خَلَقْنَاكُمْ أَوَّلَ مَرَّةٍ وَتَرَكْتُم مَّا خَوَّلْنَاكُمْ وَرَاءَ ظُهُورِكُمْ ۖ وَمَا نَرَىٰ مَعَكُمْ شُفَعَاءَكُمُ الَّذِينَ زَعَمْتُمْ أَنَّهُمْ فِيكُمْ شُرَكَاءُ ۚ لَقَد تَّقَطَّعَ بَيْنَكُمْ وَضَلَّ عَنكُم مَّا كُنتُمْ تَزْعُمُونَ (94)
А ќе Ни дојдете поединечно, такви какви што првиот пат ве создадовме, напуштајќи ги добрата кои ви ги даривме. „Ние не ги гледаме со вас божествата ваши кои за здруженици Му ги припишувавте, прекинати се врските меѓу вас и ви ги нема тие кои за посредници ги држевте“
۞ إِنَّ اللَّهَ فَالِقُ الْحَبِّ وَالنَّوَىٰ ۖ يُخْرِجُ الْحَيَّ مِنَ الْمَيِّتِ وَمُخْرِجُ الْمَيِّتِ مِنَ الْحَيِّ ۚ ذَٰلِكُمُ اللَّهُ ۖ فَأَنَّىٰ تُؤْفَكُونَ (95)
Аллах прави зрната и семките да изртат. Тој од неживото изведува живо, а од живото неживо; тоа ви е, ете, Аллах, па тогаш каде се одметнувате
فَالِقُ الْإِصْبَاحِ وَجَعَلَ اللَّيْلَ سَكَنًا وَالشَّمْسَ وَالْقَمَرَ حُسْبَانًا ۚ ذَٰلِكَ تَقْدِيرُ الْعَزِيزِ الْعَلِيمِ (96)
Тој прави зората да осамне, Тој ноќта за починок ја одреди, а Сонцето и Месечината за сметање на времето; тоа е одредбата на Силниот и Сезнајниот
وَهُوَ الَّذِي جَعَلَ لَكُمُ النُّجُومَ لِتَهْتَدُوا بِهَا فِي ظُلُمَاتِ الْبَرِّ وَالْبَحْرِ ۗ قَدْ فَصَّلْنَا الْآيَاتِ لِقَوْمٍ يَعْلَمُونَ (97)
Тој ви ги создаде ѕвездите за во мракот да се ориентирате според нив, на копно и море. Ние детално им ги објаснуваме знаците Наши на луѓето кои знаат
وَهُوَ الَّذِي أَنشَأَكُم مِّن نَّفْسٍ وَاحِدَةٍ فَمُسْتَقَرٌّ وَمُسْتَوْدَعٌ ۗ قَدْ فَصَّلْنَا الْآيَاتِ لِقَوْمٍ يَفْقَهُونَ (98)
Тој ве создаде од еден човек, а потоа ви ја даде Земјата за престојување и за во неа закопани да бидете. Ние детално им ги пружаме доказите на луѓето кои разбираат
وَهُوَ الَّذِي أَنزَلَ مِنَ السَّمَاءِ مَاءً فَأَخْرَجْنَا بِهِ نَبَاتَ كُلِّ شَيْءٍ فَأَخْرَجْنَا مِنْهُ خَضِرًا نُّخْرِجُ مِنْهُ حَبًّا مُّتَرَاكِبًا وَمِنَ النَّخْلِ مِن طَلْعِهَا قِنْوَانٌ دَانِيَةٌ وَجَنَّاتٍ مِّنْ أَعْنَابٍ وَالزَّيْتُونَ وَالرُّمَّانَ مُشْتَبِهًا وَغَيْرَ مُتَشَابِهٍ ۗ انظُرُوا إِلَىٰ ثَمَرِهِ إِذَا أَثْمَرَ وَيَنْعِهِ ۚ إِنَّ فِي ذَٰلِكُمْ لَآيَاتٍ لِّقَوْمٍ يُؤْمِنُونَ (99)
Тој од небото спушта вода, па Ние потоа со нејзина помош правиме да никнат сите видови растенија и од него да израсне зеленило, а од него класје густо, и од палмите, од семките, гроздови лесни за берење, и градини со лоза засадени, особено маслинки и шипинки, слични и различни. Набљудувајте ги, затоа, плодовите нивни, кога ќе се појават и кога зреат. Тоа е, навистина, доказ за луѓето кои веруваат
وَجَعَلُوا لِلَّهِ شُرَكَاءَ الْجِنَّ وَخَلَقَهُمْ ۖ وَخَرَقُوا لَهُ بَنِينَ وَبَنَاتٍ بِغَيْرِ عِلْمٍ ۚ سُبْحَانَهُ وَتَعَالَىٰ عَمَّا يَصِفُونَ (100)
Неверниците ги сметаат џинните111 за рамни на Аллах, а Тој нив ги создал, и измислија, не мислејќи што зборуваат, дека Тој има синови и ќерки. Славен и чист е Тој и многу високо над тоа како што тие Го опишуваат
بَدِيعُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۖ أَنَّىٰ يَكُونُ لَهُ وَلَدٌ وَلَمْ تَكُن لَّهُ صَاحِبَةٌ ۖ وَخَلَقَ كُلَّ شَيْءٍ ۖ وَهُوَ بِكُلِّ شَيْءٍ عَلِيمٌ (101)
Тој е Создателот на небесата и на Земјата! Од каде Му Нему дете кога нема жена, Тој создава сè и само Тој знае сè
ذَٰلِكُمُ اللَّهُ رَبُّكُمْ ۖ لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ ۖ خَالِقُ كُلِّ شَيْءٍ فَاعْبُدُوهُ ۚ وَهُوَ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ وَكِيلٌ (102)
Тоа е Аллах, Господарот ваш, нема друг бог освен Него, Создателот на сè; затоа Него обожувајте Го; Тој бдее над сè
لَّا تُدْرِكُهُ الْأَبْصَارُ وَهُوَ يُدْرِكُ الْأَبْصَارَ ۖ وَهُوَ اللَّطِيفُ الْخَبِيرُ (103)
Погледите до Него не можат да допрат, а Тој допира до погледите; Тој е Милостив и упатен во сè
قَدْ جَاءَكُم بَصَائِرُ مِن رَّبِّكُمْ ۖ فَمَنْ أَبْصَرَ فَلِنَفْسِهِ ۖ وَمَنْ عَمِيَ فَعَلَيْهَا ۚ وَمَا أَنَا عَلَيْكُم بِحَفِيظٍ (104)
„Од Господарот ваш ви доаѓаат докази, па тој што гледа – тоа во своја корист го прави, а тој што е слеп – на своја штета е слеп, а јас не сум ваш чувар“
وَكَذَٰلِكَ نُصَرِّفُ الْآيَاتِ وَلِيَقُولُوا دَرَسْتَ وَلِنُبَيِّنَهُ لِقَوْمٍ يَعْلَمُونَ (105)
И ете, така Ние на разни начини ги изложуваме доказите за тие да кажат: „Ти го учеше тоа!“ - и за да им го објасниме тоа на луѓето што знаат
اتَّبِعْ مَا أُوحِيَ إِلَيْكَ مِن رَّبِّكَ ۖ لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ ۖ وَأَعْرِضْ عَنِ الْمُشْرِكِينَ (106)
Ти следи го тоа што ти го објавува Господарот твој – друг бог освен Него нема! – и многубошците избегнувај ги
وَلَوْ شَاءَ اللَّهُ مَا أَشْرَكُوا ۗ وَمَا جَعَلْنَاكَ عَلَيْهِمْ حَفِيظًا ۖ وَمَا أَنتَ عَلَيْهِم بِوَكِيلٍ (107)
Да сака Аллах, тие не би Му здружувале никого, а Ние не те сторивме нивен чувар, ниту си ти нивни старател
وَلَا تَسُبُّوا الَّذِينَ يَدْعُونَ مِن دُونِ اللَّهِ فَيَسُبُّوا اللَّهَ عَدْوًا بِغَيْرِ عِلْمٍ ۗ كَذَٰلِكَ زَيَّنَّا لِكُلِّ أُمَّةٍ عَمَلَهُمْ ثُمَّ إِلَىٰ رَبِّهِم مَّرْجِعُهُمْ فَيُنَبِّئُهُم بِمَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (108)
Не навредувајте ги тие на кои, покрај Аллах, им се молат, за и тие да не Го навредат Аллах, неправедно и не размислувајќи што зборуваат. Како и на овие, така на секој народ постапките нивни им ги претставувавме како убави. Тие, на крајот, на својот Господар ќе Му се вратат, па Тој ќе ги извести за тоа што го работеле
وَأَقْسَمُوا بِاللَّهِ جَهْدَ أَيْمَانِهِمْ لَئِن جَاءَتْهُمْ آيَةٌ لَّيُؤْمِنُنَّ بِهَا ۚ قُلْ إِنَّمَا الْآيَاتُ عِندَ اللَّهِ ۖ وَمَا يُشْعِرُكُمْ أَنَّهَا إِذَا جَاءَتْ لَا يُؤْمِنُونَ (109)
Тие секолнат во Аллах, сонајтешката заклетва, дека ако им дојде чудо, сигурно поради тоа верници ќе станат. Кажи: „Сите чуда се само кај Аллах!“ А од каде знаете вие, можеби тие, кога тоа би им дошло, би станале верници
وَنُقَلِّبُ أَفْئِدَتَهُمْ وَأَبْصَارَهُمْ كَمَا لَمْ يُؤْمِنُوا بِهِ أَوَّلَ مَرَّةٍ وَنَذَرُهُمْ فِي طُغْيَانِهِمْ يَعْمَهُونَ (110)
А Ние срцата нивни и очите нивни ги вртиме, па нема да веруваат како што не веруваа ни претходно, и ги оставивме да талкаат збунети во својата заблуда
۞ وَلَوْ أَنَّنَا نَزَّلْنَا إِلَيْهِمُ الْمَلَائِكَةَ وَكَلَّمَهُمُ الْمَوْتَىٰ وَحَشَرْنَا عَلَيْهِمْ كُلَّ شَيْءٍ قُبُلًا مَّا كَانُوا لِيُؤْمِنُوا إِلَّا أَن يَشَاءَ اللَّهُ وَلَٰكِنَّ أَكْثَرَهُمْ يَجْهَلُونَ (111)
Кога би им ги испратиле мелеците, икога мртвите би им проговориле, и кога пред нив очигледно сите докази би ги собрале, тие пак не би верувале, освен ако би сакал Аллах, но мноштвото од нив не знае
وَكَذَٰلِكَ جَعَلْنَا لِكُلِّ نَبِيٍّ عَدُوًّا شَيَاطِينَ الْإِنسِ وَالْجِنِّ يُوحِي بَعْضُهُمْ إِلَىٰ بَعْضٍ زُخْرُفَ الْقَوْلِ غُرُورًا ۚ وَلَوْ شَاءَ رَبُّكَ مَا فَعَلُوهُ ۖ فَذَرْهُمْ وَمَا يَفْتَرُونَ (112)
Така на секој веровесник непријатели му одредувавме, шејтани во вид на луѓе и џинни кои едни на други украсени разговори им зборуваа за да ги измамат; а да сакаше Господарот твој, тие тоа немаше да го сторат; затоа ти остави ги нив и тоа што го измислуваат
وَلِتَصْغَىٰ إِلَيْهِ أَفْئِدَةُ الَّذِينَ لَا يُؤْمِنُونَ بِالْآخِرَةِ وَلِيَرْضَوْهُ وَلِيَقْتَرِفُوا مَا هُم مُّقْتَرِفُونَ (113)
и за срцата на тие што во оној свет не веруваат да бидат склони кон тоа и задоволни со тоа, и за да ги сторат гревовите коишто ги сторија
أَفَغَيْرَ اللَّهِ أَبْتَغِي حَكَمًا وَهُوَ الَّذِي أَنزَلَ إِلَيْكُمُ الْكِتَابَ مُفَصَّلًا ۚ وَالَّذِينَ آتَيْنَاهُمُ الْكِتَابَ يَعْلَمُونَ أَنَّهُ مُنَزَّلٌ مِّن رَّبِّكَ بِالْحَقِّ ۖ فَلَا تَكُونَنَّ مِنَ الْمُمْتَرِينَ (114)
„Зошто покрај Аллах да барам друг судија, кога Тој ви ја објавува Книгата во детали?“ А тие на коишто Ние им ја дадовме Книгата, добро знаат дека Куранот го објавува Господарот твој, со Вистината, затоа ти никако не се сомневај
وَتَمَّتْ كَلِمَتُ رَبِّكَ صِدْقًا وَعَدْلًا ۚ لَّا مُبَدِّلَ لِكَلِمَاتِهِ ۚ وَهُوَ السَّمِيعُ الْعَلِيمُ (115)
Зборовите на Господарот твој се врв на вистината и правдата; Неговите зборoви никој не може да ги измени и Тој сè слуша и сè знае
وَإِن تُطِعْ أَكْثَرَ مَن فِي الْأَرْضِ يُضِلُّوكَ عَن سَبِيلِ اللَّهِ ۚ إِن يَتَّبِعُونَ إِلَّا الظَّنَّ وَإِنْ هُمْ إِلَّا يَخْرُصُونَ (116)
Кога ти би им се покорувал на мноштвото од жителите на Земјата, тие од Аллаховиот пат би те одвратиле; тие само по претпоставките се поведуваат и тие само невистината ја говорат
إِنَّ رَبَّكَ هُوَ أَعْلَمُ مَن يَضِلُّ عَن سَبِيلِهِ ۖ وَهُوَ أَعْلَمُ بِالْمُهْتَدِينَ (117)
На Господарот твој добро Му се познати тие што скршнале од Неговиот пат и Тој најдобро ги знае тие што се на Вистинскиот пат
فَكُلُوا مِمَّا ذُكِرَ اسْمُ اللَّهِ عَلَيْهِ إِن كُنتُم بِآيَاتِهِ مُؤْمِنِينَ (118)
Затоа јадете го тоа при чие колење е спомнато Аллаховото име, ако верувате во Неговите ајети
وَمَا لَكُمْ أَلَّا تَأْكُلُوا مِمَّا ذُكِرَ اسْمُ اللَّهِ عَلَيْهِ وَقَدْ فَصَّلَ لَكُم مَّا حَرَّمَ عَلَيْكُمْ إِلَّا مَا اضْطُرِرْتُمْ إِلَيْهِ ۗ وَإِنَّ كَثِيرًا لَّيُضِلُّونَ بِأَهْوَائِهِم بِغَيْرِ عِلْمٍ ۗ إِنَّ رَبَّكَ هُوَ أَعْلَمُ بِالْمُعْتَدِينَ (119)
А зошто да не го јадете тоа при чие колење е спомнато Аллаховото име кога Тој ви го објасни тоа што ви го забрани - освен кога сте присилени; многумина, според желбите свои, немајќи за тоа никакви докази, ги заведуваат другите во заблуда. А Господарот твој добро ги знае тие што во злото секаква мерка преминуваат
وَذَرُوا ظَاهِرَ الْإِثْمِ وَبَاطِنَهُ ۚ إِنَّ الَّذِينَ يَكْسِبُونَ الْإِثْمَ سَيُجْزَوْنَ بِمَا كَانُوا يَقْتَرِفُونَ (120)
Не грешете ниту јавно ниту тајно! Тие што грешат сигурно ќе бидат казнети за тоа за што згрешиле
وَلَا تَأْكُلُوا مِمَّا لَمْ يُذْكَرِ اسْمُ اللَّهِ عَلَيْهِ وَإِنَّهُ لَفِسْقٌ ۗ وَإِنَّ الشَّيَاطِينَ لَيُوحُونَ إِلَىٰ أَوْلِيَائِهِمْ لِيُجَادِلُوكُمْ ۖ وَإِنْ أَطَعْتُمُوهُمْ إِنَّكُمْ لَمُشْرِكُونَ (121)
Не јадете го тоа при чие колење не е спомнато Аллаховото име, тоа е навистина, грев! А шејтаните ги наведуваат штитениците свои да се расправаат со вас, па кога би им се покориле, и вие, сигурно, многубошци би станале
أَوَمَن كَانَ مَيْتًا فَأَحْيَيْنَاهُ وَجَعَلْنَا لَهُ نُورًا يَمْشِي بِهِ فِي النَّاسِ كَمَن مَّثَلُهُ فِي الظُّلُمَاتِ لَيْسَ بِخَارِجٍ مِّنْهَا ۚ كَذَٰلِكَ زُيِّنَ لِلْكَافِرِينَ مَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (122)
Зарем е ист тој што бил во заблуда, а кого Ние го оживеавме и му дадовме светло со помош на кое меѓу луѓето се движи, со тој што е во темнината одкоја не излегува? Ананеверниците им се чини убавотоа што го прават
وَكَذَٰلِكَ جَعَلْنَا فِي كُلِّ قَرْيَةٍ أَكَابِرَ مُجْرِمِيهَا لِيَمْكُرُوا فِيهَا ۖ وَمَا يَمْكُرُونَ إِلَّا بِأَنفُسِهِمْ وَمَا يَشْعُرُونَ (123)
И исто така Ние сторивме во секој град првенците да станат грешници и во него замки да поставуваат, но тие само себеси замки си поставуваат, а да не забележуваат
وَإِذَا جَاءَتْهُمْ آيَةٌ قَالُوا لَن نُّؤْمِنَ حَتَّىٰ نُؤْتَىٰ مِثْلَ مَا أُوتِيَ رُسُلُ اللَّهِ ۘ اللَّهُ أَعْلَمُ حَيْثُ يَجْعَلُ رِسَالَتَهُ ۗ سَيُصِيبُ الَّذِينَ أَجْرَمُوا صَغَارٌ عِندَ اللَّهِ وَعَذَابٌ شَدِيدٌ بِمَا كَانُوا يَمْكُرُونَ (124)
А кога ним им доаѓа доказ, тие велат: „Ние нема да веруваме сè додека и нам не ни се даде нешто слично на тоа што им е дадено на Аллаховите Пратеници“. А Аллах најдобро знае кому ќе му го довери пратеништвото Свое. Тие што грешат сигурно ќе ги стигне понижување и страдање големо од Аллах, затоа што прават интриги
فَمَن يُرِدِ اللَّهُ أَن يَهْدِيَهُ يَشْرَحْ صَدْرَهُ لِلْإِسْلَامِ ۖ وَمَن يُرِدْ أَن يُضِلَّهُ يَجْعَلْ صَدْرَهُ ضَيِّقًا حَرَجًا كَأَنَّمَا يَصَّعَّدُ فِي السَّمَاءِ ۚ كَذَٰلِكَ يَجْعَلُ اللَّهُ الرِّجْسَ عَلَى الَّذِينَ لَا يُؤْمِنُونَ (125)
Тој што Аллах сака да го упати, Тој срцето негово кон исламот му го расположува, а тој што сака во заблуда да го остави, Тој срцето негово го стегнува и уморно го прави, како кога прави напор на небото да летне. Ете, така Аллах прави шејтанот да ги надвладее тие што не веруваат
وَهَٰذَا صِرَاطُ رَبِّكَ مُسْتَقِيمًا ۗ قَدْ فَصَّلْنَا الْآيَاتِ لِقَوْمٍ يَذَّكَّرُونَ (126)
Ова е Вистинскиот пат од Господарот твој. А Ние им ги објаснуваме доказите на луѓето кои примаат поука
۞ لَهُمْ دَارُ السَّلَامِ عِندَ رَبِّهِمْ ۖ وَهُوَ وَلِيُّهُم بِمَا كَانُوا يَعْمَلُونَ (127)
Нив ги чека Куќата на спасот кај Господарот нивен; Тој ќе биде нивен заштитник поради тоа што го правеле
وَيَوْمَ يَحْشُرُهُمْ جَمِيعًا يَا مَعْشَرَ الْجِنِّ قَدِ اسْتَكْثَرْتُم مِّنَ الْإِنسِ ۖ وَقَالَ أَوْلِيَاؤُهُم مِّنَ الْإِنسِ رَبَّنَا اسْتَمْتَعَ بَعْضُنَا بِبَعْضٍ وَبَلَغْنَا أَجَلَنَا الَّذِي أَجَّلْتَ لَنَا ۚ قَالَ النَّارُ مَثْوَاكُمْ خَالِدِينَ فِيهَا إِلَّا مَا شَاءَ اللَّهُ ۗ إِنَّ رَبَّكَ حَكِيمٌ عَلِيمٌ (128)
А на Денот кога Тој сите ќе ги собере: „О, групо шејтани, вие многу луѓезаведовте!“ „Господару наш,“ – ќеречатлуѓето, штитеници нивни - „ние меѓусебно си бевме од корист и стигнавме до рокот наш кој Ти ни го одреди!“ „Огнот ќе биде престојувалиштето ваше,“ – ќе рече Тој - „во него вечно ќе останете, освен ако Аллах не одреди поинаку“. Господарот твој е навистина Мудар и Сезнаен
وَكَذَٰلِكَ نُوَلِّي بَعْضَ الظَّالِمِينَ بَعْضًا بِمَا كَانُوا يَكْسِبُونَ (129)
Ете така Ние им ја препуштаме власта на едни насилници над други поради тоа што го заработија
يَا مَعْشَرَ الْجِنِّ وَالْإِنسِ أَلَمْ يَأْتِكُمْ رُسُلٌ مِّنكُمْ يَقُصُّونَ عَلَيْكُمْ آيَاتِي وَيُنذِرُونَكُمْ لِقَاءَ يَوْمِكُمْ هَٰذَا ۚ قَالُوا شَهِدْنَا عَلَىٰ أَنفُسِنَا ۖ وَغَرَّتْهُمُ الْحَيَاةُ الدُّنْيَا وَشَهِدُوا عَلَىٰ أَنفُسِهِمْ أَنَّهُمْ كَانُوا كَافِرِينَ (130)
„О, групо од џинни и луѓе, зарем не ви доаѓаа Пратеници од редовите ваши кои ајетите Мои ви ги кажуваа и ве опоменуваа дека овој ваш ден ќе го дочекате?“ Нив животот на Земјата ги беше измамил и тие сами против себе ќе посведочат дека биле неверници
ذَٰلِكَ أَن لَّمْ يَكُن رَّبُّكَ مُهْلِكَ الْقُرَىٰ بِظُلْمٍ وَأَهْلُهَا غَافِلُونَ (131)
Така е, бидејќи Господарот твој не уништуваше села и градови поради насилството нивно, без претходни опомени кон нивните жители
وَلِكُلٍّ دَرَجَاتٌ مِّمَّا عَمِلُوا ۚ وَمَا رَبُّكَ بِغَافِلٍ عَمَّا يَعْمَلُونَ (132)
На сите ќе им припадне награда или казна, според тоа како постапувале, а Господарот Твој не е немарен кон тоа што го правеа
وَرَبُّكَ الْغَنِيُّ ذُو الرَّحْمَةِ ۚ إِن يَشَأْ يُذْهِبْكُمْ وَيَسْتَخْلِفْ مِن بَعْدِكُم مَّا يَشَاءُ كَمَا أَنشَأَكُم مِّن ذُرِّيَّةِ قَوْمٍ آخَرِينَ (133)
Господарот твој е Независен и Милостив. Ако сака, ќе ве тргне, и по вас, тие кои Тој сака ќе ги донесе, како што ве создаде вас од потомствата на другите народи
إِنَّ مَا تُوعَدُونَ لَآتٍ ۖ وَمَا أَنتُم بِمُعْجِزِينَ (134)
Тоа со што ви се заканува, навистина ќе дојде и вие нема да стигнете да избегате
قُلْ يَا قَوْمِ اعْمَلُوا عَلَىٰ مَكَانَتِكُمْ إِنِّي عَامِلٌ ۖ فَسَوْفَ تَعْلَمُونَ مَن تَكُونُ لَهُ عَاقِبَةُ الدَّارِ ۗ إِنَّهُ لَا يُفْلِحُ الظَّالِمُونَ (135)
Кажи: „О, народе мој, правете сè што можете, а ќе правам и јас; ќе дознаете вие кого го чека среќен крај!“ Насилниците сигурно нема да успеат
وَجَعَلُوا لِلَّهِ مِمَّا ذَرَأَ مِنَ الْحَرْثِ وَالْأَنْعَامِ نَصِيبًا فَقَالُوا هَٰذَا لِلَّهِ بِزَعْمِهِمْ وَهَٰذَا لِشُرَكَائِنَا ۖ فَمَا كَانَ لِشُرَكَائِهِمْ فَلَا يَصِلُ إِلَى اللَّهِ ۖ وَمَا كَانَ لِلَّهِ فَهُوَ يَصِلُ إِلَىٰ شُرَكَائِهِمْ ۗ سَاءَ مَا يَحْكُمُونَ (136)
Тие одредуваат за Аллах дел од реколтата и дел од добитокот, кој Тој го создал, па велат: „Ова е за Аллах,“ – тврдат тие - „а ова за божествата наши!“ Меѓутоа, тоа што е наменето на божествата нивни не доспева до Аллах, додека тоа што е одредено за Аллах доспева до божествата нивни. Како лошо судат тие
وَكَذَٰلِكَ زَيَّنَ لِكَثِيرٍ مِّنَ الْمُشْرِكِينَ قَتْلَ أَوْلَادِهِمْ شُرَكَاؤُهُمْ لِيُرْدُوهُمْ وَلِيَلْبِسُوا عَلَيْهِمْ دِينَهُمْ ۖ وَلَوْ شَاءَ اللَّهُ مَا فَعَلُوهُ ۖ فَذَرْهُمْ وَمَا يَفْتَرُونَ (137)
На голем број многубошци, така исто, шејтаните нивни, убивањето на сопствените деца им го разубавија, за да ги упропастат и во верата нивна да ги збунат. А да сакаше Аллах, тие тоа немаше да го прават. Затоа остави ги и нив и нивните измислици
وَقَالُوا هَٰذِهِ أَنْعَامٌ وَحَرْثٌ حِجْرٌ لَّا يَطْعَمُهَا إِلَّا مَن نَّشَاءُ بِزَعْمِهِمْ وَأَنْعَامٌ حُرِّمَتْ ظُهُورُهَا وَأَنْعَامٌ لَّا يَذْكُرُونَ اسْمَ اللَّهِ عَلَيْهَا افْتِرَاءً عَلَيْهِ ۚ سَيَجْزِيهِم بِمَا كَانُوا يَفْتَرُونَ (138)
Тие велат: „Овој и овој добиток и тие и тие земски плодови се забранети, смеат да ги јадат само тие на кои ние ќе им дозволиме,“ – тврдат тие - „а овие и овие камили е забрането да се јаваат“. А тие што кои при колење на добиток не го спомнуваат Аллаховото име, измислувајќи лаги за Него, Тој сигурно ќе ги казни поради тоа што го измислуваат
وَقَالُوا مَا فِي بُطُونِ هَٰذِهِ الْأَنْعَامِ خَالِصَةٌ لِّذُكُورِنَا وَمُحَرَّمٌ عَلَىٰ أَزْوَاجِنَا ۖ وَإِن يَكُن مَّيْتَةً فَهُمْ فِيهِ شُرَكَاءُ ۚ سَيَجْزِيهِمْ وَصْفَهُمْ ۚ إِنَّهُ حَكِيمٌ عَلِيمٌ (139)
Тие велат: „Тоа што е во утробите на овој и овој добиток дозволено им е само на нашите мажи, а забрането им е на нашите жени. А ако плодот се изјалови, тогаш во тоа се соучесници“. Аллах ќе ги казни за невистините нивни кои ги говорат, Тој е Мудриот и Сезнајниот
قَدْ خَسِرَ الَّذِينَ قَتَلُوا أَوْلَادَهُمْ سَفَهًا بِغَيْرِ عِلْمٍ وَحَرَّمُوا مَا رَزَقَهُمُ اللَّهُ افْتِرَاءً عَلَى اللَّهِ ۚ قَدْ ضَلُّوا وَمَا كَانُوا مُهْتَدِينَ (140)
Тие што од лекоумност и не знаејќи што прават, децата свои ги убиваат и кои тоа што Аллах им го подарил го сметаат за забрането, говорејќи невистини за Аллах, сигурно ќе настрадаат. Тие заталкале и не знаат што прават
۞ وَهُوَ الَّذِي أَنشَأَ جَنَّاتٍ مَّعْرُوشَاتٍ وَغَيْرَ مَعْرُوشَاتٍ وَالنَّخْلَ وَالزَّرْعَ مُخْتَلِفًا أُكُلُهُ وَالزَّيْتُونَ وَالرُّمَّانَ مُتَشَابِهًا وَغَيْرَ مُتَشَابِهٍ ۚ كُلُوا مِن ثَمَرِهِ إِذَا أَثْمَرَ وَآتُوا حَقَّهُ يَوْمَ حَصَادِهِ ۖ وَلَا تُسْرِفُوا ۚ إِنَّهُ لَا يُحِبُّ الْمُسْرِفِينَ (141)
Тој е Тој што ги создава градините, заградени инезаградени, ипалмите и посевите со различни вкусови, и маслинките и шипинките, слични и различни; јадете ги плодовите нивни кога ќе дадат плод, и дадете го на денот на жетвата и на бербата тоа на што другите имаат право, и не трошете неумерено, бидејќи Тој не ги сака неумерените
وَمِنَ الْأَنْعَامِ حَمُولَةً وَفَرْشًا ۚ كُلُوا مِمَّا رَزَقَكُمُ اللَّهُ وَلَا تَتَّبِعُوا خُطُوَاتِ الشَّيْطَانِ ۚ إِنَّهُ لَكُمْ عَدُوٌّ مُّبِينٌ (142)
И добитокот кој се товари и се коле, јадете дел од тоа со што ве снабдува Аллах, а не следете ги шејтановите стапки, бидејќи тој ви е вистински непријател
ثَمَانِيَةَ أَزْوَاجٍ ۖ مِّنَ الضَّأْنِ اثْنَيْنِ وَمِنَ الْمَعْزِ اثْنَيْنِ ۗ قُلْ آلذَّكَرَيْنِ حَرَّمَ أَمِ الْأُنثَيَيْنِ أَمَّا اشْتَمَلَتْ عَلَيْهِ أَرْحَامُ الْأُنثَيَيْنِ ۖ نَبِّئُونِي بِعِلْمٍ إِن كُنتُمْ صَادِقِينَ (143)
и тоа осум вида: пар овци и пар кози. Кажи: „Дали Тој ги забрани мажјаците или женките или тоаштосенаоѓа воутробите наженките? Кажете ми, и докажете, ако е вистина тоа што го велите“
وَمِنَ الْإِبِلِ اثْنَيْنِ وَمِنَ الْبَقَرِ اثْنَيْنِ ۗ قُلْ آلذَّكَرَيْنِ حَرَّمَ أَمِ الْأُنثَيَيْنِ أَمَّا اشْتَمَلَتْ عَلَيْهِ أَرْحَامُ الْأُنثَيَيْنِ ۖ أَمْ كُنتُمْ شُهَدَاءَ إِذْ وَصَّاكُمُ اللَّهُ بِهَٰذَا ۚ فَمَنْ أَظْلَمُ مِمَّنِ افْتَرَىٰ عَلَى اللَّهِ كَذِبًا لِّيُضِلَّ النَّاسَ بِغَيْرِ عِلْمٍ ۗ إِنَّ اللَّهَ لَا يَهْدِي الْقَوْمَ الظَّالِمِينَ (144)
И пар камили и пар говеда. Кажи: „Дали Тој ги забрани мажјаците и женките и тоа што се наоѓа во утробите на женките? Дали вие бевте присутни кога Аллах ви го пропиша тоа?“ Има ли тогашпонеправеден од тој што, незнаејќи ја вистината, измислува лаги за Аллах со цел да ги доведе луѓето во заблуда? Аллах сигурно нема да им укаже на вистинскиот пат на луѓето кои се неправедни
قُل لَّا أَجِدُ فِي مَا أُوحِيَ إِلَيَّ مُحَرَّمًا عَلَىٰ طَاعِمٍ يَطْعَمُهُ إِلَّا أَن يَكُونَ مَيْتَةً أَوْ دَمًا مَّسْفُوحًا أَوْ لَحْمَ خِنزِيرٍ فَإِنَّهُ رِجْسٌ أَوْ فِسْقًا أُهِلَّ لِغَيْرِ اللَّهِ بِهِ ۚ فَمَنِ اضْطُرَّ غَيْرَ بَاغٍ وَلَا عَادٍ فَإِنَّ رَبَّكَ غَفُورٌ رَّحِيمٌ (145)
Кажи: „Јас не гледам во ова што ми се објавува дека на некого му е забрането да јаде што било друго освен мрша, или крв која истекува, или свинско месо, тоа е навистина нечисто, или што како грев е заклано во нечие друго, а не во името на Аллах“. А на тој што ќе биде принуден, но не од желба, туку само колку гладта да ја прекине, Господарот твој навистина ќе му прости и Милостив ќе биде
وَعَلَى الَّذِينَ هَادُوا حَرَّمْنَا كُلَّ ذِي ظُفُرٍ ۖ وَمِنَ الْبَقَرِ وَالْغَنَمِ حَرَّمْنَا عَلَيْهِمْ شُحُومَهُمَا إِلَّا مَا حَمَلَتْ ظُهُورُهُمَا أَوِ الْحَوَايَا أَوْ مَا اخْتَلَطَ بِعَظْمٍ ۚ ذَٰلِكَ جَزَيْنَاهُم بِبَغْيِهِمْ ۖ وَإِنَّا لَصَادِقُونَ (146)
На евреите сите животни кои имаат копита или канџи им ги забранивме, а од говедата и од ситниот добиток, нивниот лој, освен тој од грбот или од цревата, или тој што е помешан со коските. Со тоа поради насилството нивно ги казнивме; и Ние, навистина, ја зборуваме вистината
فَإِن كَذَّبُوكَ فَقُل رَّبُّكُمْ ذُو رَحْمَةٍ وَاسِعَةٍ وَلَا يُرَدُّ بَأْسُهُ عَنِ الْقَوْمِ الْمُجْرِمِينَ (147)
А ако тие нема да ти веруваат, ти кажи: „Господарот ваш е неизмерно Милостив, но казната Негова нема да го заобиколи народот грешен.“
سَيَقُولُ الَّذِينَ أَشْرَكُوا لَوْ شَاءَ اللَّهُ مَا أَشْرَكْنَا وَلَا آبَاؤُنَا وَلَا حَرَّمْنَا مِن شَيْءٍ ۚ كَذَٰلِكَ كَذَّبَ الَّذِينَ مِن قَبْلِهِمْ حَتَّىٰ ذَاقُوا بَأْسَنَا ۗ قُلْ هَلْ عِندَكُم مِّنْ عِلْمٍ فَتُخْرِجُوهُ لَنَا ۖ إِن تَتَّبِعُونَ إِلَّا الظَّنَّ وَإِنْ أَنتُمْ إِلَّا تَخْرُصُونَ (148)
Многубошците ќе велат: „Да сакаше Аллах, ние немаше да Му припишуваме здруженици, а ниту предците наши, ниту ќе сторевме нешто забрането“. Така исто и тие пред нив негираа, сè додека Нашата казна не ја искусија. Кажи: „Имате ли некаков доказ да ни изнесете? Вие само според претпоставките се раководите и вие само невистината ја зборувате“
قُلْ فَلِلَّهِ الْحُجَّةُ الْبَالِغَةُ ۖ فَلَوْ شَاءَ لَهَدَاكُمْ أَجْمَعِينَ (149)
Кажи: „Аллах има потполн доказ, и кога Тој би сакал, на сите би им укажал на Вистинскиот пат!“
قُلْ هَلُمَّ شُهَدَاءَكُمُ الَّذِينَ يَشْهَدُونَ أَنَّ اللَّهَ حَرَّمَ هَٰذَا ۖ فَإِن شَهِدُوا فَلَا تَشْهَدْ مَعَهُمْ ۚ وَلَا تَتَّبِعْ أَهْوَاءَ الَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا وَالَّذِينَ لَا يُؤْمِنُونَ بِالْآخِرَةِ وَهُم بِرَبِّهِمْ يَعْدِلُونَ (150)
Кажи: „Доведете ги тие свои сведоци, тие што ќе посведочат дека Аллах тоа го забранил!“ Па ако тие посведочат, ти немој да им поверуваш и не води се по желбите на тие кои Нашите докази ги сметаат за лажни и кои во оној свет не веруваат и кои здруженици на Господарот свој Му припишуваат
۞ قُلْ تَعَالَوْا أَتْلُ مَا حَرَّمَ رَبُّكُمْ عَلَيْكُمْ ۖ أَلَّا تُشْرِكُوا بِهِ شَيْئًا ۖ وَبِالْوَالِدَيْنِ إِحْسَانًا ۖ وَلَا تَقْتُلُوا أَوْلَادَكُم مِّنْ إِمْلَاقٍ ۖ نَّحْنُ نَرْزُقُكُمْ وَإِيَّاهُمْ ۖ وَلَا تَقْرَبُوا الْفَوَاحِشَ مَا ظَهَرَ مِنْهَا وَمَا بَطَنَ ۖ وَلَا تَقْتُلُوا النَّفْسَ الَّتِي حَرَّمَ اللَّهُ إِلَّا بِالْحَقِّ ۚ ذَٰلِكُمْ وَصَّاكُم بِهِ لَعَلَّكُمْ تَعْقِلُونَ (151)
Кажи: „Дојдете да ви кажам што ви пропишува Господарот ваш: ништо да не Му здружувате, на родителите добрина да им правите, децата свои, поради сиромаштија, да не ги убивате, – Ние и вас и нив ги храниме – не прибижувајте им се на лошите дела, било јавни или тајни; не убивајте го тој кого Аллах забранил да се убие, освен кога тоа правдата го бара, - ете, Тој тоа ви го препорачува за да размислите
وَلَا تَقْرَبُوا مَالَ الْيَتِيمِ إِلَّا بِالَّتِي هِيَ أَحْسَنُ حَتَّىٰ يَبْلُغَ أَشُدَّهُ ۖ وَأَوْفُوا الْكَيْلَ وَالْمِيزَانَ بِالْقِسْطِ ۖ لَا نُكَلِّفُ نَفْسًا إِلَّا وُسْعَهَا ۖ وَإِذَا قُلْتُمْ فَاعْدِلُوا وَلَوْ كَانَ ذَا قُرْبَىٰ ۖ وَبِعَهْدِ اللَّهِ أَوْفُوا ۚ ذَٰلِكُمْ وَصَّاكُم بِهِ لَعَلَّكُمْ تَذَكَّرُونَ (152)
и до имотот на сирачето да не се доближувате, освен на најубав начин, сè додека не стане полнолетно, и неправилно на литарот и на кантарот да не мерите, - Ние никого преку неговите можности не го задолжуваме - и кога зборувате, зборувајте праведно, па дури и да се однесува и на роднините, и обврските кон Аллах да не ги кршите!“ - ете, Тој тоа ви го наредува за да го имате тоа на ум
وَأَنَّ هَٰذَا صِرَاطِي مُسْتَقِيمًا فَاتَّبِعُوهُ ۖ وَلَا تَتَّبِعُوا السُّبُلَ فَتَفَرَّقَ بِكُمْ عَن سَبِيلِهِ ۚ ذَٰلِكُمْ وَصَّاكُم بِهِ لَعَلَّكُمْ تَتَّقُونَ (153)
И навистина, ова е Мојот Вистински пат, па следете го него, други патишта не следете, па да ве одвојат од патот Негов; - ете, Тој тоа ви го наредува, за да бидете богобојазни
ثُمَّ آتَيْنَا مُوسَى الْكِتَابَ تَمَامًا عَلَى الَّذِي أَحْسَنَ وَتَفْصِيلًا لِّكُلِّ شَيْءٍ وَهُدًى وَرَحْمَةً لَّعَلَّهُم بِلِقَاءِ رَبِّهِمْ يُؤْمِنُونَ (154)
Ние на Муса Книга му дадовме за да ја направиме потполна благодатта на тој што според неа ќе постапува и како објаснување на сè и упатство и милост, за тие да поверуваат дека пред Господарот свој ќе застанат
وَهَٰذَا كِتَابٌ أَنزَلْنَاهُ مُبَارَكٌ فَاتَّبِعُوهُ وَاتَّقُوا لَعَلَّكُمْ تُرْحَمُونَ (155)
А оваа Книга која ја објавуваме е благословена, затоа следете ја и бидете богобојазни за да ви се укаже милоста
أَن تَقُولُوا إِنَّمَا أُنزِلَ الْكِتَابُ عَلَىٰ طَائِفَتَيْنِ مِن قَبْلِنَا وَإِن كُنَّا عَن دِرَاسَتِهِمْ لَغَافِلِينَ (156)
и за да не кажете: „Книгата е објавена на двете вероисповести пред нас, но ние не знаеме да ја читаме како нив“
أَوْ تَقُولُوا لَوْ أَنَّا أُنزِلَ عَلَيْنَا الْكِتَابُ لَكُنَّا أَهْدَىٰ مِنْهُمْ ۚ فَقَدْ جَاءَكُم بَيِّنَةٌ مِّن رَّبِّكُمْ وَهُدًى وَرَحْمَةٌ ۚ فَمَنْ أَظْلَمُ مِمَّن كَذَّبَ بِآيَاتِ اللَّهِ وَصَدَفَ عَنْهَا ۗ سَنَجْزِي الَّذِينَ يَصْدِفُونَ عَنْ آيَاتِنَا سُوءَ الْعَذَابِ بِمَا كَانُوا يَصْدِفُونَ (157)
И да не кажете: „Нам да ни беше објавена Книгата, ќе се држевме на Вистинскиот патподобро од нив“. Па ви сеобјавува, ете, од Господарот ваш јасен доказ и упатство и милост; и има ли тогаш понеправеден од тој што Аллаховите докази не ги признава и од нив одвраќа? А Ние со тешка мака ќе ги казниме тие што од доказите Наши одвраќаат, затоа што тоа постојано го прават
هَلْ يَنظُرُونَ إِلَّا أَن تَأْتِيَهُمُ الْمَلَائِكَةُ أَوْ يَأْتِيَ رَبُّكَ أَوْ يَأْتِيَ بَعْضُ آيَاتِ رَبِّكَ ۗ يَوْمَ يَأْتِي بَعْضُ آيَاتِ رَبِّكَ لَا يَنفَعُ نَفْسًا إِيمَانُهَا لَمْ تَكُنْ آمَنَتْ مِن قَبْلُ أَوْ كَسَبَتْ فِي إِيمَانِهَا خَيْرًا ۗ قُلِ انتَظِرُوا إِنَّا مُنتَظِرُونَ (158)
Зарем тие чекаат мелеци да им дојдат, или Господарот твој да им дојде, или некои предзнаци од Господарот твој? Тој ден кога некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, на ниту еден човек нема да му биде од корист тоа што тогаш ќе верува, ако претходно не верувал или ако не сторил, како верник, некакво добро. Кажи: „Само вие чекајте, и ние, навистина, ќе чекаме!“
إِنَّ الَّذِينَ فَرَّقُوا دِينَهُمْ وَكَانُوا شِيَعًا لَّسْتَ مِنْهُمْ فِي شَيْءٍ ۚ إِنَّمَا أَمْرُهُمْ إِلَى اللَّهِ ثُمَّ يُنَبِّئُهُم بِمَا كَانُوا يَفْعَلُونَ (159)
Ти немаш ништо со тие кои верата своја ја распарчија и во секти се поделија, Аллах за нив ќе се погрижи. Тој ќе ги извести за тоа што го правеа
مَن جَاءَ بِالْحَسَنَةِ فَلَهُ عَشْرُ أَمْثَالِهَا ۖ وَمَن جَاءَ بِالسَّيِّئَةِ فَلَا يُجْزَىٰ إِلَّا مِثْلَهَا وَهُمْ لَا يُظْلَمُونَ (160)
Кој ќе стори добро дело, ќе биде десетократно награден, а кој ќе стори лошо дело, ќе биде само според заслугата казнет, и нема да им се стори неправда
قُلْ إِنَّنِي هَدَانِي رَبِّي إِلَىٰ صِرَاطٍ مُّسْتَقِيمٍ دِينًا قِيَمًا مِّلَّةَ إِبْرَاهِيمَ حَنِيفًا ۚ وَمَا كَانَ مِنَ الْمُشْرِكِينَ (161)
Кажи: „Мене Господарот мој на Вистинскиот пат ме упати, во вистинската вера, верата на правоверниот Ибрахим, а тој не беше идолопоклоник“
قُلْ إِنَّ صَلَاتِي وَنُسُكِي وَمَحْيَايَ وَمَمَاتِي لِلَّهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ (162)
Кажи: „Клањањето мое, и обредите мои, и животот мој, и смртта моја, навистина Му се посветени на Аллах, Господарот на световите
لَا شَرِيكَ لَهُ ۖ وَبِذَٰلِكَ أُمِرْتُ وَأَنَا أَوَّلُ الْمُسْلِمِينَ (163)
Кој нема соучесник; тоа ми е наредено и јас сум првиот муслиман“
قُلْ أَغَيْرَ اللَّهِ أَبْغِي رَبًّا وَهُوَ رَبُّ كُلِّ شَيْءٍ ۚ وَلَا تَكْسِبُ كُلُّ نَفْسٍ إِلَّا عَلَيْهَا ۚ وَلَا تَزِرُ وَازِرَةٌ وِزْرَ أُخْرَىٰ ۚ ثُمَّ إِلَىٰ رَبِّكُم مَّرْجِعُكُمْ فَيُنَبِّئُكُم بِمَا كُنتُمْ فِيهِ تَخْتَلِفُونَ (164)
Кажи: „Зарем за Господар да барам некој друг освен Аллах, кога Тој е Господар на сè?“ Што и да направи некој, за себе си прави, и секој грешник само својот товар ќе си го носи. На крајот кај Господарот свој ќе се вратите и Тој ќе ве извести за тоа за што не се согласувавте
وَهُوَ الَّذِي جَعَلَكُمْ خَلَائِفَ الْأَرْضِ وَرَفَعَ بَعْضَكُمْ فَوْقَ بَعْضٍ دَرَجَاتٍ لِّيَبْلُوَكُمْ فِي مَا آتَاكُمْ ۗ إِنَّ رَبَّكَ سَرِيعُ الْعِقَابِ وَإِنَّهُ لَغَفُورٌ رَّحِيمٌ (165)
Тој ве направи едни по други на Земјата да се сменувате и Тој според положбата едни над други ве издигнува за да ве искуша во тоа што ви го дава. Господарот твој навистина брзо казнува, но Тој и простува и Милостив е
❮ Previous Next ❯

Surahs from Quran :

1- Fatiha2- Baqarah
3- Al Imran4- Nisa
5- Maidah6- Anam
7- Araf8- Anfal
9- Tawbah10- Yunus
11- Hud12- Yusuf
13- Raad14- Ibrahim
15- Hijr16- Nahl
17- Al Isra18- Kahf
19- Maryam20- TaHa
21- Anbiya22- Hajj
23- Muminun24- An Nur
25- Furqan26- Shuara
27- Naml28- Qasas
29- Ankabut30- Rum
31- Luqman32- Sajdah
33- Ahzab34- Saba
35- Fatir36- Yasin
37- Assaaffat38- Sad
39- Zumar40- Ghafir
41- Fussilat42- shura
43- Zukhruf44- Ad Dukhaan
45- Jathiyah46- Ahqaf
47- Muhammad48- Al Fath
49- Hujurat50- Qaf
51- zariyat52- Tur
53- Najm54- Al Qamar
55- Rahman56- Waqiah
57- Hadid58- Mujadilah
59- Al Hashr60- Mumtahina
61- Saff62- Jumuah
63- Munafiqun64- Taghabun
65- Talaq66- Tahrim
67- Mulk68- Qalam
69- Al-Haqqah70- Maarij
71- Nuh72- Jinn
73- Muzammil74- Muddathir
75- Qiyamah76- Insan
77- Mursalat78- An Naba
79- Naziat80- Abasa
81- Takwir82- Infitar
83- Mutaffifin84- Inshiqaq
85- Buruj86- Tariq
87- Al Ala88- Ghashiya
89- Fajr90- Al Balad
91- Shams92- Lail
93- Duha94- Sharh
95- Tin96- Al Alaq
97- Qadr98- Bayyinah
99- Zalzalah100- Adiyat
101- Qariah102- Takathur
103- Al Asr104- Humazah
105- Al Fil106- Quraysh
107- Maun108- Kawthar
109- Kafirun110- Nasr
111- Masad112- Ikhlas
113- Falaq114- An Nas